Празникот во чест на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим – Цветници во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар собра голем број верници на Света литургија во богослуќба на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Пред започнувањето на литургијата, според обичајот на православната црква, беа осветени врбовите гранчиња. Во својата беседа по повод празникот Митрополитот г. Јосиф меѓудругото истакна: „Вчера славевме ...

Управата за јавни приходи информира дека активно работи на проектот е-Фактура и во моментов се тестира системот за електронско фактурирање. Се проверува и можноста за директно поврзување (API) на компаниите со системот. УЈП ги повикува сите компании што сè уште не се вклучиле во процесот, особено оние што развиваат или користат системи за фактурирање кои може да се надградат, што побрзо да започнат со тестирање. „Вклучувањето во оваа фаза е ...

Вчера (3.04.2026) во СВР Тетово, Н.Б. (38) од Скопје, вработен во фирма од Врапчиште, пријавил компјутерска измама во правен субјект. „При нарачка на стока од странска фирма, преку пресретната електронска комуникација, оштетените биле доведени во заблуда од страна на непознати сторители да префрлат 13.572 евра на лажна трансакциска сметка.“, информира полицијата. СВР Тетово вели дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера ...

Кога патувате во странство, покрај пасошот и визата, важно е да ги знаете и специфичните закони на земјата во која влегувате. Во некои држави, граничните служби имаат овластување да побараат увид, да запленат или да ја прегледаат содржината на мобилни телефони, лаптопи и други електронски уреди пред да дозволат влез. Во Русија, според предупредувања на американскиот Стејт департмент, патниците не треба да очекуваат приватност на електронските ...

Денеска е забележано заматување на Вардар во Гостивар, што од утрово предизвика реакции и загриженост кај граѓаните. Водата во реката е невообичаено матна и нечиста, а причината за сега не се знае. Од Општина Гостивар информираат дека инспекциски служби се на терен и ја утврдуваат состојбата. „Утрово, загрижени граѓани доставија фотографски материјали кои укажуваат на загадување на реката Вардар. Општина Гостивар, односно инспекциските ...

На 63 годишна возраст во Гостивар вчеравечер почина д-р Стојо Бошкоски, интернист-ендокринолог, меѓу гостиварци познат по посветеноста кон пациентите и хуманиот, искрен однос. Д-р Бошкоски по потекло беше од Македонски Брод. Со семејството се преселиле во Гостивар кога бил дете. Завршил гимназија во Гостивар, а дипломирал Медицински факултет во Скопје, 1989 година. Специјализирал интерна медицина со субспецијализација ендокринологија. Од 1995 ...

По последните снежни врнежи во регионот, има нови снежи наноси на патот кон Галичник. Месната заедница информира дека од вчера повторно е започнато расчистување на патот, кадешто има многу снег. „Станува збор за значително поголема количина снег и работата е во тек со засилен интензитет. Се очекува во текот на наредната недела, непосредно пред Велигден, патот повторно да биде целосно прооден, особено имајќи ја предвид најавената стабилизација ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави нов јавен повик за доделување ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година. „За прв пат, процесот на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб-страницата на Министерството, со што значително се поедноставува постапката за граѓаните. Наместо досегашното доставување документи во ...

Храната е важен дел од културата, традицијата и секојдневниот живот, но она што во една земја се смета за вообичаено, во друга може да биде забрането или строго ограничено. Причините најчесто се поврзани со здравствени ризици, безбедноста на потрошувачите, етички прашања или заштита на животински видови. Еден од најпознатите примери е дурианот – овошје познато по својот исклучително силен мирис. Иако не е целосно забранет како храна, во многу ...

Согласно Законот за празници и Програмата за неработни денови во Република Македонија, понеделник (6 април) е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед. Причина е празикот Велигден, Христовото воскресение кој католиците го слават во недела (5 април). Во следната седмица, петок (10 април, Велики Петок) е неработен за православните граѓани, додека понеделник (13 април) за сите граѓани на Македонија, поради православен Велигден, кој е ...

Вчера (2.04.2026) во 9:00 часот, во Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ПО Ростуше ја лишиле од слобода А.А. (45) од Скудриње, врз основа на потерница по судска наредба за издржување казна затвор во траење од пет години и шест месеци, за сторено кривично дело по член 190 и член 45 од Кривичниот законик, соопшти МВР. Таа е спроведена во казнено-поправна установа за издржување на казната. Член 190 од Кривичниот законик ...

Реконструкцијата на Стариот конак во Лешочкиот манастир е во завршна фаза, информираше министерот за култура и туризам, Зоран Љутков кој денеска беше во посета на ова духовно светилиште и оствари средба со Митрополитот на тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф. „Активностите се одвиваат согласно планираната динамика и предвидено е да завршат на крај на јуни. Посветени сме на заштита и унапредување на нашето културно и духовно наследство, ...

Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид воведе нова метода за третман на периферна артериска болест, со што за првпат во Македонија се применува механичка ротациона атеректомија со системот Jetstream Atherectomy. Во болницата вчера беа изведени зафати кај три пациенти со оваа современа метода, која е наменета за третман на изразито калцифицирани периферни артериски крвни садови. Кардиологот д-р Дејан ...

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. „Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни чинители – Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, ЕТФ, Стопанската комора, Швајцарската амбасада, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование, ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 3 до 10 степени. Утре (сабота) нѐ очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Претежно во источните делови ќе има повремен локален дожд и ...

Учениците од основните училишта по неколку часа на ден поминуваат со мобилен телефон – така на анкета одговориле 36 проценти од 703 прашани четвртоодделенци и 63 проценти од 585 прашани осмоодделенци. Истражувањето во кое биле анкетирани вкупно 1288 ученици од четврто и од осмо одделение е спроведено од тим на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) на УКИМ, а податоците ги соопшти неговиот директор, проф. д-р Петар ...

Вчера (1.04.2026) во 11:50 часот на патот Тетово-Гостивар, кај наплатната рампа Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода И.Е.(18) од Врапчиште. „При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува ...

Иако развојот на вештачката интелигенција (АИ) долго време се претставува како пат кон пократок работен ден и повеќе простор за креативност, најновите истражувања покажуваат сосема поинаква слика. Наместо растоварување, АИ алатките сè почесто доведуваат до проширување на обемот на работа и до постепено навлегување на работните задачи во секоја слободна минута од денот. Осуммесечно истражување спроведено во технолошка компанија покажало дека ...

Втори април, Светскиот ден за аутизмот е потсетник дека разбирањето, прифаќањето и поддршката се клучни за подобар живот на лицата со аутизам. Овој ден, воспоставен од Обединетите нации, не е само симболичен, тој е повик за конкретна акција и промена. Аутизмот, односно спектарот на аутистични нарушувања, претставува сложена невроразвојна состојба која влијае врз комуникацијата, социјалната интеракција и однесувањето. Секое лице со аутизам е ...

Вчера (1.04.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.М. од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 48-годишна сопруга дека физички ја нападнал во семејниот дом, информира СВР Тетово. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, додаваат од полицијата. Вчера (1.04.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го ...

Министерството за одбрана објави Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија. Во огласот се надевуваат условите кои кандидатите треба да ги исполнат и тоа општи услови (да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност) и посебни услови (да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за ...

Во изминатите 24 часа според мерењата до 08:00 часот утрово на УХМР, најмногу дожд (6.6 литри на квадратен метар) наврнал во Маврови Анови, 5.4 на Попова Шапка, 4.7 во Крушево, 4.4 во Македонски Брод, 4.1 во Битола, 3.6 во Гевгелија, 3.0 литри во Демир Хисар, 1.8 во Ресен, 1.5 литри во Скопје (Гази Баба), 1.4 во Лазарополе, 0.6 во Охрид и 0.4 литри на квадратен метар во Струмица. Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде облачно со ...

Вработените во средните училишта на подрачјето на Општина Гостивар конечно го добија регресот за годишен одмор за 2025-та година. Како што информираа од општината попладнево, на 31 март завршила исплатата на регресот за наставниците во сите гостиварски училишта, а средствата биле обезбедени од општинскиот буџет. „Оваа обврска беше предвидено да се реализира од страна на администрацијата на владиниот повереник до 31.12.2025 година, но не беше ...

Во светот денеска се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот под темата „Аутизмот и човештвото – секој живот има вредност“. „Во време кога дезинформациите и регресивната реторика за животот на аутистичните лица повторно се појавуваат, овогодишниот виртуелен настан е повик за акција да се надмине ограничувачкиот наратив и да се препознае вроденото достоинство, еднаквите права и безусловната вредност на секое аутистично ...

САД дополнително го засилуваат военото присуство на Блискиот Исток, а според Reuters во новото распоредување се вклучени илјадници падобранци од 82-та воздушнодесантна дивизија, специјални сили, маринци, морнарички персонал и логистички единици. Меѓу најзначајните распоредени формации се 82nd Airborne Division, елитна брзореакциска копнена единица на американската армија, како и U.S. Special Operations Forces, наменети за рации, обезбедување ...

Возачите во Македонија од полноќ ќе дочекаат едно од најголемите поевтинувања на горивата во последните години, откако неофицијални информации упатуваат на преполување на актуелните цени на бензинот и дизелот. Со тоа, малопродажните цени на горивата ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС-95: 42,00 ден/л, ЕУРОСУПЕР БС-98: 42,50 ден/л, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 48,00 ден/л… Вака некако ќе изгледаше историската објава, доколку ова беше вистина и доколку денес ...

Поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, ноќеска во Гостивар биле лишени од слобода две лица. Тие управувале возила пред да се стекнат со право за управување, односно без возачка дозвола, соопшти СВР Тетово. На ул.„Беличица“ во 1 часот и 15 минути од слобода бил лишен А.С.(20) од Дебреше, гостиварско, кој управувал патничко возило „ренџ ровер“ со ...

Возило со охридски регистарски ознаки денеска околу 13 часот излетало во реката Радика, во близина на Ростуше, кај местото викано Вителот, јавуваат за Gostivarpress.mk очевидци. Според нивното кажување, несреќата се случила околу 13 часот, а возачот, иако паднал во провалија длабока околу 15 метри, успеал сам да излезе од автомобилот и да се искачи до патот за да побара помош. Полицијата ја потврди несреќата, при што информира дека возачот ...

Гостиварскиот Црвен крст денеска организираше крводарителна акција во Општина Гостивар, која се спроведе во соработка со Службата за трансфузиологија. Ова е седма по ред акција што ја организира Црвениот крст од почетокот на годината. Општиската администрација и вработени во други институции со својот чин на дарување крв, уште еднаш ја покажаа солидарноста и подготвеноста да помогнат таму каде што е најпотребно. Градоначалникот Валбон Лимани, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информиа утрово Автомото сојузот на Македонија. Снег провејува во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато. Намалена видливост до 20 метри поради магла има на патниот правец Попова Шапка-Лисец. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...

Мајкл клејтон

24 минути - МРТ

Фини момци

24 минути - МРТ
weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
31%
1014
weather icon

Белград

27ᴼ / 24ᴼ
5.14
38%
1012
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
59%
1011
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
29%
1014
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
0.81
41%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.51
93%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.92
43%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
38%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.6
38%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
8.23
39%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
52%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7074

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Алуминиум

3.57

Иридиум

253540.09

Цинк

3.35

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Паладиум

48883.97

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93

Бакар

12.06

Злато

166450.52

Калај

50.03

Платина

64172.89