Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ги извести своите навивачи дека од 31 јули во 14:00 часот официјално започнува продажбата на сезонските билети за сезоната 2026/27. Продажбата ќе трае до 18 август, а со сезонскиот билет љубителите на ракометот ќе имаат можност да ги следат сите домашни натпревари на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 во текот на сезоната. За цена од 4.000 денари, навивачите ќе добијат пристап до сите домашни натпревари ...

Екипата на Шкендија има негатива на домашен терен против словенечки Браво (0-1) во рамки на второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Наивно примија тетовчани гол откако дозволија на противникот да се „прошета“ низ одбраната. Стрелец беше центарфорот Јован Станковиќ. Првата средба одиграна во Љубљана на двете екипи заврши со победа од 2-1 на словенечкиот тим. Екипата на Шкендија има негатива на домашен терен против ...

Македонскиот репрезентативец Дамјан Робев и во новата сезона ќе го носи дресот на Работнички, откако потпиша нов договор со најтрофејниот македонски кошаркарски клуб. Од таборот на клубот од Градски парк соопштија дека искусниот бек кој има 29 години останува дел од тимот и ќе продолжи да биде еден од лидерите на составот. „Со задоволство ви соопштуваме дека македонскиот репрезентативец Дамјан Робев потпиша нов договор со КК Работнички и ќе ...

Новак Ѓоковиќ повторно ќе биде дел од спектакуларниот егзибициски турнир „Слем на шест кралеви“ во Ријад, каде што за само неколку дена учество, тенисерите можат да заработат огромни суми. Турнирот во Саудиска Арабија ќе се одржи од 21 до 24 октомври, а покрај српскиот ас, настап ќе имаат и најголемите млади ѕвезди на светскиот тенис - Јаник Синер и Карлос Алкараз. Составот ќе го дополнат и Александар Зверев, Тејлор Фриц и Алекс Де Минер. ...

Американскиот кошаркар Џош Ричардсон донесе изненадувачка одлука да се повлече од професионалната кошарка на само 32 години. Искусниот бек преку социјалните мрежи потврди дека ја завршува десетгодишната НБА кариера, во која настапуваше за шест различни тимови. Ричардсон порача дека нема за што да жали и дека секогаш го давал максимумот на теренот. „Секогаш давав сè од себе и поради тоа оваа одлука ја носам без никакво жалење. Благодарен сум ...

Францускиот кошаркарски плејмејкер Силвен Франциско е новото големо засилување за Панатинаикос.Трансферот е комплетиран по ненадејните финансиски проблеми на францускиот тим Асвел Вилербан, кој не успеа да ги обезбеди првичните парични гаранции за неговиот договор. Грчкиот гигант веднаш ја искористи ситуацијата, плати откупна клаузула од 450.000 евра на Асвел и потпиша тригодишен договор со кошаркарот вреден 3,5 милиони евра по сезона. ...

Иако веќе неколкупати се пензионираше, Клаудио Раниери повторно се враќа во италијанскиот фудбал. Искусниот 74-годишен стратег ја прифати функцијата технички директор на италијанската репрезентација, откако Паоло Малдини поднесе оставка само две недели по назначувањето. Покрај работата со сениорската репрезентација, Раниери ќе биде задолжен и за надзор на сите младински селекции, како и за развојот на фудбалските академии низ Италија. Нов ...

Новиот прволигаш Брегалница соопшти дека поставувањето на ВАР-системот на „Градскиот стадион“ во Штип е во завршна фаза. Штипскиот клиб до Фудбалска федерација на Македонија достави барање натпреварот од второто коло во Првата македонска фудбалска лига против Арсими да се одигра во вечерен термин под светлото на рефлектори. Шампионатот овој викенд нема да се игра заради големиот празник Илинден, па второто коло е поместено за 7,8 и 9 август. ...

Управата на Јувентус постигна договор со ПСЖ за нов ангажман на Рандал Коло Муани. Францускиот напаѓач повторно ќе го облече дресот на „бјанконерите“, овојпат како позајмен фудбалер со задолжителен откуп на договорот. Италијанскиот клуб за 27-годишниот голгетер ќе плати сума која се очекува да биде меѓу 40 и 50 милиони евра, а Коло Муани повторно ќе биде важна опција во нападот на тимот од Торино. Јувентус, исто така, работи на уште едно ...

Фудбалската федерација на Македонија се приклучи на ставот на Европската куќа (УЕФА) по однос на потегот на ФИФА за оттуѓување на дел од правата за Светското првенство на трети комерцијални субјекти, целосно поддржувајќи ја заедничката позиција на УЕФА: Светското првенство не е на продажба! „УЕФА и нејзините 55 национални асоцијации стојат обединети. Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за пренесување на сопственички удели ...

Тренерите на тетовска Шкендија и словенечкиот Браво, Артим Положани и Алеш Арнол ги „отворија картите“ за реванш дуелот во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Македонскиот претставник ќе „брка“ негатива од еден гол по поразот со 2-1 во Словенија, иако мисијата нема да биде лесна, зашто Браво на првиот меч се покажа како квалитетен противник. Шкендија: Амзаи, Димовски, Мељичи, Исљами, Трумчи, Рафа, Зејнулаи, Криезиу, Спахиу, Тамба, ...

Промените на тренерските позиции во Премиер лигата не се ништо ново, но она што ќе се случи пред сезоната 2026/27 е нешто што досега не било видено во историјата на англискиот фудбал. Дури девет клубови ќе влезат во новата сезона со нов тренер, што претставува рекорд за најсилната англиска и светска лига. Последната промена која ја зголеми бројката беше заминувањето на Еди Хоу од клупата на Њукасл, информација која пристигна неочекувано и ...

Маркус Рашфорд повеќе нема да го носи дресот на Барселона, откако каталонскиот клуб одлучи да не ја активира опцијата за негов целосен трансфер. Англискиот напаѓач по истекот на позајмицата се врати во Манчестер Јунајтед. Рашфорд минатата сезона пристигна на „Камп Ноу“ со желба да ја врати старата форма и имаше солидни настапи за Барса, но раководството на клубот процени дека нема да продолжи со неговиот ангажман. Манчестер Јунајтед сега ...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, успешно го реши здравствениот проблем поради кој мораше итно да биде опериран. Лапорта имаше нарушување на срцевиот ритам, поради што го откажа патувањето во Англија и наместо тоа заврши во болница во Барселона. Интервенцијата поминала во најдобар ред, а самиот претседател на каталонскиот клуб потврди дека се чувствува добро. „Сè помина одлично. Аритмијата е отстранета и моето срце повторно чука во ...

Новак Ѓоковиќ ќе се врати на тениските терени на Мастерс турнирот во Синсинати, каде ќе го одигра првиот официјален настап по елиминацијата на Вимблдон. Српскиот ас го потврди своето учество на престижниот турнир од серијата АТП 1000, на кој последен пат настапи во 2023 година. Тогаш Ѓоковиќ и Карлос Алкараз одиграа финале кое многумина го сметаат за едно од најдобрите во историјата на Мастерс турнирите. Поради желбата што подобро да се ...

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, потврди дека германскиот шампион нема намера да доведува нови фудбалери до крајот на летниот преоден рок. Еберл истакна дека тимот е комплетиран на сите позиции, а доколку се појави потреба од дополнителни решенија, клубот ќе им даде шанса на играчите од сопствената академија. „Со трансферите на Нене Браун од Ајнтрахт и Исмаел Саибари од ПСВ го завршивме нашиот летен преоден рок. Работата ја ...

Европските фудбалски федерации постигнале договор за бојкот на Светските првенства во организација на ФИФА, како реакција на плановите дел од сопственоста на турнирот да биде продадена на приватни инвеститори. Според извори запознаени со состанокот, одлуката била донесена на виртуелен состанок на сите 55 национални федерации кои се членки на УЕФА. Доколку не дојде до промена на ставот на ФИФА за продавање на акции и менување на светскиот ...

Калчолигашот Рома официјално го промовираше аргентинскиот напаѓач Сантијаго Кастро како свое ново засилување. 21-годишниот фудбалер стави потпис на договор со римскиот клуб до летото 2031 година. Според италијанските медиуми, Рома за неговиот трансфер на Болоња платила околу 35 милиони евра. Кастро зад себе има одлична сезона, во која на 51 натпревар постигна 11 голови и запиша четири асистенции. Во Болоња пристигна во 2024 година од ...

Ненад Белистојановски доби шанса во првиот тим на Еурофарм Пелистер откако имаше добри партии во „двојката“. Сега младинскиот репрезентативец на Македонија ќе заигра со сениорите и веќе ги почна подготовките со екипата која од ова лето ја предводи искусниот Лино Червар. По првиот тренинг Белистојановски ги сподели очекувањата. „Мислам дека сум физички подготвен за предизвикот. Се чувствувам многу убаво со првиот тим на Пелистер, со сите ...

Бугарскиот прволигаш Спартак Варна ќе го продаде напаѓачот Георг Стојановски на клуб од Катар, потврди спортскиот директор на клубот Енгибар Енгибаров. Енгибаров ја објави веста на прес-конференција, на која присуствуваа и поранешниот тренер на тимот и Алекс Илиев. 22-годишниот напаѓач се приклучи на Спартак во септември 2025 година. Тој одигра 29 натпревари, во кои постигна десет гола и имаше пет асистенции. Оваа сезона, Стојановски има два ...

Еди Хоу и официјално ја заврши својата етапа на клупата на Њукасл Јунајтед, откако спогодбено се раздели со англискиот премиерлигаш по речиси пет години. Англискиот стратег го презеде тимот во 2021 година и беше еден од најзаслужните за враќањето на Њукасл меѓу најдобрите екипи во Англија. Под негово водство клубот двапати избори пласман во Лигата на шампионите, а во 2025 година го освои и Лига купот, со што ја прекина долгата серија без ...

Новиот прволигаш Брегалница преку соопштение најавија дека во периодот што следи ќе се засилат на сите позиции. Ова соопшение доаѓа по доцното екипирање на штипјани и долгата неизвесност околу тоа кој ќе го води клубот во Првата лига. „ФК Брегалница упатува благодарност до навивачките групи „Фаланга“ и „Ултра Банда“ и сите искрени поддржувачи на клубот за поддршката и љубовта која безрезервно ја пружате и го следите клубот секаде. Во периодот ...

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) постигна одличен резултат откако на турнирот за играчи до 18 години Ј30 Солун преку квалификациите стигна до финалето, каде му недостасуваше малку среќа да заврши и како победник. Алексовски на патот до финалето одигра осум мечеви, постигна седум победи и го елиминираше првиот носител на кој му препушти само четири гема. Во најголемиот дел од мечевите Алексовски играше против тенисери, ...

Челзи продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона, а нов член на лондонскиот клуб и официјално е францускиот стопер Максенс Лакроа. Дефанзивецот пристигнува од Кристал Палас во трансфер вреден 60 милиони евра, а веќе го потпиша долгорочниот договор со „сините“. Лакроа зад себе има одлична сезона во дресот на Кристал Палас, каде беше еден од најстандардните играчи во одбраната. Со своите физички предиспозиции, брзина и сигурност во ...

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Србија, откако во натпреварот од второто коло загуби од Франција со 36-25. Со овој неуспех избраниците на селекторот значително си ги намалија шансите за пласман во главната рунда, иако расплетот во групата ќе зависи и од останатите резултати. Македонија успеваше да одржи чекор во воведните минути. По почетните 4-4, ривалот првпат се ...

Брзилскиот репрезентативен фудбал минува низ тешки моменти. Бразилската фудбалска конфедерација најави организирање на проштален натпревар за напаѓачот Нејмар со репрезентацијата. Иницијативата сè уште е во прелиминарна фаза на дискусија. 34-годишниот фудбалер претходно го објави своето повлекување од бразилската репрезентација. Неговиот прв натпревар за петкратните шампиони беше во 2010 година. Тој одигра 130 натпревари за репрезентацијата ...

Селекторот Арамис Наглиќ за претстојните квалификациски натпревари на Австрија повика поширок список од 28 кошаркари, предводен од НБА центарот Јакоб Поелтл од Торонто Репторс. Во конкуренција се и искусните Силвен Ландесберг, Лука Брајковиќ, Ерол Ерсек, Тимо Ланмилер, Томас Клепеис, како и повеќе интернационалци кои настапуваат во Германија, Србија, Словенија и австриското првенство. Првиот собир пред новиот ФИБА „прозорец“ ќе го имаат на ...

Босанскиот интернационалец Едвин Џелиловиќ се адаптира на атмосферата и средината во тимот на Еурофарм Пелистер. 23-годишното десно крило од Тузла со клубот потпиша тригодишен договор со Еурофарм Пелистер и доаѓа во најракометниот град со големи очекувања. „Изненаден сум колку градот е жив, колку живее за ракомет и навистина ми се допаѓа се откако дојдов нема ниедна маана, се е супер, од соиграчи до тренер. Не треба да трошам зборови за Лино ...

По слободното прво коло, машката сениорска репрезентација на Македонија квалификацискиот циклус во втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029 ќе го започне на 30 август, кога ќе гостува кај Австрија. Натпреварот ќе се одигра во Виена со почеток од 16:05 часот во „Спорт Арена Виена“ и ќе претставува прв сериозен тест за избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал во битката за првото место во групата „Ф“, во ...

Македонскиот вицепрвак Шкендија ќе се обиде да го надомести минималниот пораз од првиот натпревар против словенечки Браво и да обезбеди место во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Тетовци во првиот натпревар во Словенија долго време имаа контрола врз играта и водеа, но поради дефанзивни грешки на крајот загубија со 2-1. Сепак, во клубот владее оптимизам дека со поддршката од трибините можат да направат пресврт и да се ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34