Гевгелиски Кожуф ги започна подготовките за новата сезона во Втората лига. Клубот од југот на земјата ќе има нов шеф на стручниот штаб во името Благој Дуганов, додека пак негови помошници ќе бидат Стојче Крчев и Трајче Ников. Саше Дуков се врати во Кожуф од Детонит Плачковица, а повратник е и Марио Симоски од Осогово. Кожуф договори и пријателски натпревари против Новаци на 25 јули, а три дена подоцна следува тест против Беласица. На 1 август ...

По само една година во францускиот тим Кретеј, српскиот пивотмен Урош Павловиќ ја менува средината. 28-годишниот кружен напаѓач, кој доби целосна афирмација во домашниот ракомет во дресовите на Динамо Панчево и Металопластика Шабац, потпиша договор со турски Бешикташ. Клубот од Истанбул го доведе шпанскиот тренер, кој минатата година работеше во Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја како свој тренер. Еден од потписите на Гарабаја е и поранешниот ...

Американскиот центар со словенечки пасош, Џош Нибо, официјално е нов кошаркар на Барселона, објави шпанскиот гигант. Нибо потпиша тригодишен договор со каталонскиот клуб, каде што пристигнува од Олимпија Милано. Во италијанскиот клуб се пресели во 2024 година, по успешниот настап за Макаби од Тел Авив. Неговата епизода во Милано беше нарушена од повреди, поради кои одигра само 30 натпревари во Евролигата. Во сезоната 2025/26 настапи на 26 ...

Македонскиот прволигаш Силекс го очекува возвратниот дуел во Конференциската лига на УЕФА против Динамо Минск, а домашните гледачи ќе имаат можност да го проследат натпреварот на каналот Арена М1 Премиум. Силекс се врати дома со минимална победа во Белорусија (0-1), но повторно ќе има тешка задача да го елиминира ривалот и да се пласира во следната фаза. Ако тимот на Александар Васоски успее да го мине Динамо Минск, во второто коло ќе се ...

Голот на Педро Поро против Франција ја потврди победата на Шпанија и пласманот во финалето на Светското првенство, но зад успехот на десниот бек на Тотенхем се крие инспиративна животна приказна исполнета со жртви, финансиски тешкотии и огромна семејна поддршка. Поро како дете го напуштил родниот Дон Бенито за да ја оствари својата фудбалска мечта, а развојот го продолжил во академиите на Рајо Ваљекано и Џирона, далеку од семејството. ...

ГРК Охрид го затвори ростерот за сезоната 2026/27 и со 22 ракометари ќе ги започне подготовките за новите предизвици. Избраниците на тренерот Борис Ројевиќ првата прозивка ќе ја имаат на 24 јули, кога официјално ќе стартуваат подготовките. Охриѓани ги очекува исклучително возбудлива сезона, во која покрај настапите во домашниот шампионат повторно ќе играат и на европската сцена. „Гладијаторите“ ќе го бранат трофејот во ЕХФ Купот, освоен ...

Сонот на Усман Дембеле да стане првиот фудбалер кој ќе ја освои светската титула како актуелен добитник на Златната топка заврши во полуфиналето на Светското првенство, откако Франција загуби од Шпанија со 0-2. Напаѓачот на ПСЖ беше на два чекори до рушење на долгогодишното „проклетство“, но наместо тоа се приклучи на листата легендарни фудбалери кои не успеале да стигнат до трофејот. Неколкумина добитници на Златната топка стигнаа и до ...

Амбициозниот третолигаш Илинден му посака добредојде на Кристијан Ристовски, искусен фудбалер кој настапува на позицијата последен играч за врска. 29-годишен Пеле е дете на клубот и потекнува од Општина Илинден. По настапите во неколку второлигашки екипи, повторно се враќа таму каде што ги направи своите први фудбалски чекори. Во Илинден доаѓа од екипата на БВК Коњаре, носејќи со себе богато искуство, лидерски квалитети и победнички ...

Интересот за финалето на Светското првенство достигнува невидени размери, а со тоа вртоглаво растат и цените на билетите на платформите за препродажба. Според актуелните огласи, најскапиот билет за големото финале се нуди за неверојатни 188.803 евра (околу 240 просечни македонски плати), додека и најевтината опција не е достапна за просечниот навивач, бидејќи чини 4.451 евра. Станува збор за цени поставени од сопствениците на билетите на ...

Златан Ибрахимовиќ жестоко ја искритикува Франција по поразот од Шпанија (2-0) во полуфиналето на Светското првенство, оценувајќи дека „црвената фурија“ одржала вистинска фудбалска лекција. „Луѓето постојано зборуваат за интензитет и трчање, но фудбалот никогаш не се играл со километри. Ако постојано ја бркаш топката, тоа значи дека веќе си ја изгубил контролата над натпреварот. Шпанија не направи Франција да изгледа бавно, туку секогаш чекор ...

Англија и Аргентина вечерва ќе се судрат во полуфиналето на Светското првенство, а победникот ќе обезбеди место во финалето против Шпанија. Англија и Аргентина ќе го одиграат шестиот меѓусебен натпревар на Светските првенства, а досегашните пет пресметки донесоа некои од најнезаборавните моменти во историјата на фудбалот. Англичаните славеа во 1962 (3-1), 1966 (1-0) и 2002 година (1-0), додека Аргентина беше подобра во 1986 (2-1), на мечот ...

Македонската ракометарка Елена Ѓорѓиевска и официјално е нов засилување на Црвена Звезда, клуб кој што во новата сезона влегува со многу повисоки амбиции како на домашна така и на меѓународна сцена. Ѓорѓиевска во српскиот клуб пристигнува по настапите за турски Одунпазари, а зад себе има богата интернационална кариера. Во своето богато ракометно „CV“ има и освоена титула во Лигата на шампионите со црногорскиот гигант Будуќност, а со своето ...

Босанскиот ракометар Босанскиот ракометар Алем Хаџиќ повеќе не е дел од семејството Еурофарм Пелистер, откако двете страни се договорија за предвремен спогодбен прекин на соработката. Младиот централен бек помина три години во Битола, оставајќи значаен белег во младинските категории, а повремено настапуваше и за првиот тим. Хаџиќ пристигна во Еурофарм Пелистер во август 2023 година како 16-годишен талент од босанскиот клуб Коњух. Тој беше ...

И покрај убедливата победа од 5-0 на првиот натпревар, тренерот на Шкендија, Артим Положани, порача дека неговиот тим нема да влезе опуштено во реваншот против Европа во првото квалификациско коло од Конференциската лига. На денешната прес-конференција во Скопје, Положани истакна дека целта е тимот да одигра на високо ниво и да продолжи да ја гради формата за следните европски предизвици. „Имаме добар резултат од првиот меч, но тоа не значи ...

Македонскиот прволигаш Тиквеш продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во тимот од Кавадарци е српскиот дефанзивец Никола Влајковиќ. Станува збор за искусен и докажан стопер, кој добро го познава балканскиот фудбал и ќе претставува значајно засилување за составот на Тиквеш во претстојната сезона. 30-годишниот дефанзивец има искуство во македонскиот фудбал, бидејќи беше дел од тимот на Струга ТЛ, а последно настапуваше за ...

Иако Шпанија со победата од 2-0 над Франција обезбеди место во финалето на Светското првенство, селекторот Луис де ла Фуенте не го криеше незадоволството од начинот на кој француските фудбалери го третираа Ламин Јамал. Младиот шпански ас беше мета на бројни остри стартови во текот на полуфиналниот дуел, а по натпреварот Де ла Фуенте го критикуваше судењето на Салвадорецот Иван Бартон. „Ламин многу ретко се жали, но судијата во одредени ...

Македонскиот шампион во кошарка, МЗТ Скопје Аеродром, се пријави за настап во евро-куповите и веќе е во исчекување на своите први ривали. Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ги обелодени барабаните пред ждрепката во Минхен за регуларната сезона и за квалификациите на Европскиот куп за сезоната 2026/2027. Новиот систем на ова натпреварување вклучува 48 клуба, поделени во осум групи, а 21 клуб ќе се приклучат по квалификациите за Лигата ...

ФИФА донесе несекојдневна одлука во пресрет на финалето на Светското првенство, откако потврди дека паузата меѓу двете полувремиња наместо вообичаените 15 ќе трае дури 30 минути. Причината за ваквиот потег е спектакуларното музичко шоу што ќе се одржи за време на полувремето, а според најавите на сцената треба да настапат светски музички ѕвезди како Џастин Бибер, Шакира, Мадона, BTS, Бурна Бој и групата „Колдплеј“. Шпанските медиуми пишуваат ...

Женскиот ракометен клуб Астибо од Штип донесе одлука за повлекување од натпреварување во Суперлигата, иако клубот минатата година избори опстанок во елитното друштво. Така штипскиот клуб ќе игра во Првата лига, а причината за ваквата одлука е недостатокот на финансиски средства. Клубот од градот од Исарот оваа одлука ја потврди преку официјално соопштение. „Управата на Ракометниот клуб Астибо ја известува јавноста дека во претстојната сезона ...

Второлигашот Брера Струмица ги започна подготовките за новата сезона. На првата прозивка на Ѓорѓе Стојчев беа присутни сите фудбалери на кој стратегот ќе може да смета за време на подготовките, но и за новата сезона. Подготовките струмичани ќе ги реализриаат дома, а планирани се шест контролни средби преку кои стручниот штаб ќе има можност да ја проверува формата. Во стручниот штаб на Стојчев влегува и Христи Бикоски, кој ќе работи како ...

Поразот на Франција од Шпанија со 2-0 во полуфиналето на Светското првенство предизвика хаос на улиците на Париз и Лион. Наместо спортско разочарување, вечерта заврши со сериозни инциденти и судири со полицијата. Според француските медиуми, приведени се дури 141 лице поради нарушување на јавниот ред и учество во тепачки со безбедносните сили. Paris is burning right now after France's World Cup semifinal loss to Spain. Few hours earlier, ...

Франција го заврши настапот на Светското првенство во полуфиналето, откако загуби од Шпанија со 2-0, а капитенот Килиан Мбапе призна дека неговата репрезентација не одиграла на потребното ниво за да избори место во големото финале. Напаѓачот на Реал Мадрид истакна дека Французите потфрлиле и тактички и технички, додека Шпанците целосно го наметнале својот препознатлив стил на игра. „Мислам дека не одигравме натпревар каков што посакувавме, ...

Шпанија се пласираше во финалето на Светското првенство, откако во полуфиналето ја совлада Франција со 2-0, а на патот дотаму „црвената фурија“ испиша и неколку рекорди. Со триумфот над Французите, Шпанците го израмнија рекордот на Италија за најдолга серија без пораз во репрезентативниот фудбал, со вкупно 37 натпревари без неуспех. Дополнително, пет европски фудбалери со најмногу настапи на Светски и Европски првенства без ниту еден пораз се ...

Франција не успеа да избори место во финалето на Светското првенство, откако во полуфиналето загуби од Шпанија со 2-0, а по натпреварот селекторот Дидие Дешамп призна дека противникот бил подобар, но истовремено упати забелешки и за судењето на Салвадорецот Иван Бартон. Францускиот стратег истакна дека неговите фудбалери се разочарани затоа што имале големи амбиции, но призна дека Шпанија заслужено победила. „Секако дека сме разочарани. ...

Шпанија со победата од 2-0 над Франција обезбеди пласман во финалето на Светското првенство. По натпреварот селекторот Луис де ла Фуенте истакна дека неговата репрезентација заслужено стигнала до борбата за трофејот и дека во моментов е најдобриот тим во светот. Шпанскиот стратег потенцираше дека успехот е резултат на јасната идеја од која не отстапиле уште од самиот почеток. „Пред речиси четири години тргнавме со една идеја и ѝ останавме ...

Новиот второлигаш Еуромилк Горно Лисиче одигра нерешени 1-1 против новиот прволигаш Шкендија Арачиново. Натпреварот кој се одигра од пријателски карактер во Горно Лисиче заврши без победник. Домашната екипа поведе во првиот дел со погодокот на Хусеин Демири, а овој резултат беше активен на полувремето. Во продолжението Шкендија Арачиново стигна до израмнување, но не и до победата. Новата сезона за арачиновци стартува набргу, за десет дена со ...

Фудбалската репрезентација на Англија е на чекор до финалето на Светското првенство, а последната пречка на патот до мечот за титулата е актуелниот светски шампион, Аргентина. Иако дуелот носи голема историска тежина, голманот на Англија, Џордан Пикфорд, порача дека неговиот тим гледа на натпреварот исклучиво како на спортски предизвик. „Тоа е само фудбалски натпревар. Две репрезентации и две групи страсни навивачи ќе уживаат во врвен ...

Познатиот шпански фудбалер, Андер Херера, се врати во клубот каде што ја започна својата кариера, откако потпиша договор со третолигашот Реал Сарагоса. Како што соопшти клубот, 36-годишниот играч за врска стави потпис на едногодишен договор со цел да ѝ помогне на Сарагоса експресно да се врати во Втората шпанска лига. Се претпоставува дека Херера по завршувањето на следната сезона ќе стави крај на кариерата, освен ако не добие понуда за ...

Белгискиот репрезентативец Леандро Тросард и официјално стави крај на престојот во Арсенал и ќе биде нов фудбалер на Бешикташ. Турскиот гигант потврди дека е постигнат договор за негов постојан трансфер, без да ја открие вредноста на зделката. Тросард пристигна во Лондон во јануари 2023 година од Брајтон, а во изминатите три и пол сезони се наметна како еден од поважните играчи во составот на Арсенал. Тој даде значаен придонес во шампионската ...

Хапоел Хаифа, Макаби Петах Тиква, Панатинаикос, Вардар, Работнички, Брегалница и уште многу квалитетни противници ги очекуваат младите категории во подготвителниот период. Во пресрет на новата натпреварувачка сезона 2026/27, младинските категории на битолскиот клуб, кои заедно со Вардар и Брера се најдобри во земјата, ги очекува богат и квалитетен распоред исполнет со контролни натпревари и настапи на домашни и меѓународни турнири. Сите ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.58
30%
1016
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.09
46%
1019
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
1.37
35%
1019
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.32
39%
1017
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.13
39%
1018
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.5
51%
1019
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
7.15
47%
1012
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
2.78
24%
1013
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.04
34%
1015
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
3.58
41%
1018
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
37%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
6.96
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Злато

139576.04

Калај

56.36

Иридиум

252383.36

Платина

56038.75

Кобалт

56.29

Сребро

2044.16

Алуминиум

3.28

Паладиум

43628.56

Родиум

278103.96

Бакар

13.23