И покрај бројните шпекулации дека би можел да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, Хуанчо Хернангомез останува во Панатинаикос. Првиот човек на грчкиот шампион, Димитрис Јанакопулос, јасно стави до знаење дека шпанскиот репрезентативец не е на продажба и дека клубот сака да го задржи што е можно подолго. Јанакопулос во јавноста откри дека веќе разговарал со Хернангомез и му испратил јасна порака дека Панатинаикос смета на него и во иднина. ...

Италијанскиот прволигаш Лацио го потврди ангажманот на холандскиот дефанзивец Данило Духи, кој во Рим пристигнува како слободен играч по истекот на договорот со Унион Берлин. 28-годишниот стопер потпиша тригодишен договор со клубот од „Олимпико“ и ќе биде дел од одбраната на „небесносините“ во наредните сезони. Пред настапите во Германија, Духи ја градеше кариерата во Холандија, каде ги носеше дресовите на Витесе и Ексцелзиор, пред да се ...

Откако стана јасно дека Вардар продолжува во Конференциската лига и во рамки на 2. коло ќе игра против Рига од Летонија, познати се и термините на натпреварите. Првиот натпревар ќе се игра во Скопје, а официјалниот термин на одигрување на мечот е 22 јули. Дуелот ќе се игра на Арената „Тодор Проески“ со почеток од 20:00 часот. Гостувањето во Рига, пак, е закажано на 28 јули, а саатницата ќе ја одреди дополнително домаќинот. Откако стана јасно ...

Полуфиналниот натпревар меѓу Франција и Шпанија на Светското првенство започна во тензична атмосфера, а во центарот на вниманието се најде капитенот на „триколорите“, Килијан Мбапе. Според францускиот „RMC Sport“, во навивачката зона на плоштадот „Плаза де Колон“ во Мадрид, голем број шпански навивачи упатувале навредливи скандирања кон ѕвездата на Реал Мадрид. „Мбапе, кучкин сине“, одекнувало низ улиците на Мадрид пред натпреварот. ...

Чави Пасквал повеќе не е тренер на Барселона, откако шпанскиот кошаркарски стручњак ја искористи клаузулата за предвремен раскин на договорот и стави крај на вториот престој на клупата на каталонскиот гигант. Барселона потврди дека Пасквал заминува и покрај тоа што имаше договор до летото 2028 година. Заедно со него клубот го напушта и неговиот прв асистент Ињиго Зорзано. Со овој потег се стави крај на повеќемесечните шпекулации околу ...

Фудбалската селекција на Шпанија е првиот патник во финалето на Светското првенство! Во првото полуфинале европскиот шампион им одржа лекција на првиот фаворит за тронот и ја испрати Франција во битката за бронзениот медал, победувајќи ја со 2-0 (1-0). Шпанија до овој натпревар играше променливо на Мундијалот, но вечерва покажа неверојатен тимски дух и квалитет и заслужено останува во игра за најпрестижниот фудбалски трофеј. Мирен и тактички ...

Женската јуниорска репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за настапот на Европското првенство од Дивизијата Б, кое од 29 јули до 7 август ќе се одржи во романскиот град Тулчеа. По двата контролни натпревари против Бугарија, стручниот штаб ги анализираше настапите на националниот тим, а во наредниот период следуваат и нови проверки против селекцијата на Косово. Селекторот Виктор Петровски е задоволен од односот и ангажманот на ...

Фудбалерите на Шпанија ѝ зададоа нов удар на Франција во полуфиналето од Светското првенство кое што се игра во Далас. На стартот од вториот дел „триколорите“ дополнително се отворија, но тоа им се удри од глава, затоа што Шпанците ја искористија првата празнина и поведоа со 0-2. Педро Поро и Дани Олмо со еден два додавање ја изиграа противничката одбрана и бекот на Тотенхем излезе сам пред Мањан и со прецизен удар ја смести топката во ...

Новиот македонски прволигаш Шкендија Арачиново испрати амбициозна порака пред почетокот на новата сезона, најавувајќи дека клубот има големи планови и дека неговата приказна допрва ќе се развива. Преку објава на социјалните мрежи, од клубот порачаа дека Шкендија Арачиново ќе продолжи да „сјае силно“, ќе остане во елитата на македонскиот фудбал и нема да дозволи никој да го сопре нејзиниот развој. Во пораката се најавуваат и сериозни проекти ...

По мирниот старт во Бостон, во 20 минута шок за моќната Франција и најстрога казна за Шпанија во првиот полуфинален натпревар од Светското првенство. Лукас Дињ беше невнимателен во својот казнен простор и буквално го шутна Ламин Јамал, по што Бартон без многу размислување покажа на белата точка. Одговорноста ја презеде Ојарзабал, најдобриот стрелец на Шпанците на овој шампионат и не погреши. OYARZABAL OPENS THE SCORING FOR SPAIN! France 0-1 ...

Килијан Мбапе сруши уште еден рекорд и официјално стана францускиот фудбалер со најмногу настапи на Светските првенства. Полуфиналниот натпревар против Шпанија беше негов 21. меч на мундијалите, со што го надмина поранешниот голман и капитен Уго Лорис, кој во кариерата запиша 20 настапи на Светските првенства. Мбапе, кој има 27 години, дебитираше на Светското првенство во Русија во 2018 година, кога со Франција ја освои светската титула. ...

Тренерот на КуПС, Мика Нуутинен, не го криеше задоволството по драматичниот двомеч со Вардар и пласманот на неговиот тим во следното квалификациско коло од Лигата на шампионите и покрај поразот во Финска (2-3 победа на Вардар во Куопио, вкупни 4-3 за КуПС во двомечот). „Ова беше вистински трилер. Не верувам дека некој ќе зажали што купил билет за овој натпревар. Вардар прв постигна гол и тогаш на теренот настана вистински хаос. По тоа, мислам ...

Капитенот на финскиот шампион, Петери Пенанен, по натпреварот со Вардар иако неговиот тим загуби, беше радосен за пласманот во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. „Што беше најубаво во овој наш домашен натпревар? Последниот судиски свиреж! Мислам дека подобриот тим оди понатаму во овој двомеч, иако беше возбудливо да се игра во Лигата на шампионите со ваков ривал“, изјави Пенанен. Екипата од Куопио заради победата од 2-0 во ...

Вардар не успеа да ја надополни негативата од првиот натпревар против фински КуПС и го заврши настапот во квалификациите за Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ во Скопје беа поразени со 0-2, а на реваншот во Финска успеаја да ја анулираат таа негатива со победа од 0-2 во регуларниот дел. Сепак, во продолженијата КуПС постигна два гола, Вардар возврати со еден, па натпреварот заврши 2-3, резултат што значеше елиминација на македонскиот ...

Македонскиот фудбалски првак Вардар одигра одличен натпревар против КуПС во Финска, во кој се избори за продолженија со победа од 0-2 во регуларниот дел, ама во екстра-времето триумфот остана минимален (2-3) и така финскиот првак оди во следната рунда на Лигата на шампионите. По мечот, тренерот Кристијан Фабијани беше видно разочаран, но им честита на играта на своите фудбалери. „Предноста на КуПС пред овој двомеч како што кажав и претходно ...

Манчестер Јунајтед го комплетираше трансферот на белгискиот репрезентативец Јури Тилеманс, кој пристигнува од Астон Вила и потпиша петгодишен договор со англискиот великан. „Црвените ѓаволи“ за искусниот играч за врска платија 41 милион евра (35 милиони фунти), откако ја активираа неговата откупна клаузула. „Тешко ми е да опишам колку сум горд што станав фудбалер на Манчестер Јунајтед. Да потпишеш за толку посебен клуб е неверојатно чувство и ...

Македонскиот фудбалски првак Вардар одигра одличен натпревар против КуПС во Финска, во кој се избори за продолженија со победа од 0-2 во регуларниот дел, ама во екстра-времето триумфот остана минимален (2-3) и така финскиот првак оди во следната рунда на Лигата на шампионите. Екипата од Куопио заради победата од 2-0 во Скопје и вкупниот резултат 4-3 останува во елитното друштво и во второто коло ќе игра со Сабах од Азербејџан или ТНС од Велс, ...

Селекторите на Франција и Шпанија, Дидие Дешамп и Луис де ла Фуенте, ги „открија картите“ за мега-полуфиналната пресметка на Светското фудбалско првенство. Двете селекции ќе истрчаат на теренот со своите најсилни тимови, односно со играчите кои досега имаа најголема минутажа во досегашниот дел од турнирот. Франција во нападот оди со Килиан Мбапе и Усман Дембеле, додека „фуријата“ ќе тргне во офанзива со Дани Олмо, Ламин Јамал и Микел ...

Екипата на Охрид Лихнидос го претстави своето ново засилување. На „Билјанини Извори“ пристигна искусниот Валентин Кочоски. 29-годишниот офанзивен играч за врска зад себе има богато искуство на македонската прволигашка сцена, со над 180 натпревари во Првата македонска фудбалска лига, настапувајќи за екипите на Академија Пандев ,Шкупи, Струга Трим Лум, Пелистер, Воска Спорт и Силекс. Во својата кариера има постигнато и значителен број голови и ...

Екипата на Вардар се врати во целост во натпреварот против КуПС (0-2), со гол од пенал во самиот финиш. Се играше самиот финиш, кога во 89. минута по еден контакт во шеснаесетникот, судијата од Шкотска, Метју Мекдермид, покажа на белата точка по прегледување на ВАР. Одговорноста ја презеде нововлезениот Горан Закариќ, кој реализира за 0-2 и тоа донесе продолженија за македонскиот шампион во квалификациите за елитното друштво. Екипата на ...

Второлигашот Новаци продолжува да гради конкурентен тим со кој ќе се обиде да им ги „помрси“ сметките на фаворитите во новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Во Новаци пристигна и третото летно засилување, кое е добро познато на фановите. Во тимот се враќа младиот Андреј Сиљаноски, фудбалер кој што дресот на Новаци го носеше и во втората половина од ланската сезона. Но, тогаш беше на позајмица од Пелистер, додека сега младиот ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално го најави „кам-бекот“ на Вардар 1961 во Лигата на шампионите. Двократниот европски првак повторно се враќа на најголемата сцена, а ЕХФ потсети на најдобрите денови, кога вардарци двапати се искачија на покривот на Европа и оставија силен белег во елитното натпреварување. Амбициите на Вардар се секогаш високи, а армијата навивачи на „црвено-црните“ сигурно се надева на нови успеси и што ...

Младата ѕвезда на Шпанија, Ламин Јамал, со доза оптимизам изјави дека мечот со Франција е убедливо најважен во неговата досегашна кариера, потенцирајќи ја огромната желба на „фуријата“ за пласман во финалето на Светското првенство. Франција има исклучително силен ростер, а со тоа се сложува и Јамал, кој најави беспоштедна битка на теренот. Исто така, имаше што да им каже на критичарите, кои сметаат дека игра лош Мундијал. „Ова е најважниот ...

Манчестер Јунајтед има ново име во својот табор. Тоа е голманот Карл Дарлоу, кој пристигна од редовите на Лидс Јунајтед и потпиша договор до јуни 2028 година. 25-годишниот чувар на мрежата пристигна кај „ѓаволите“ како слободен играч и ќе биде дел од ротацијата за оваа позиција. „Горд сум што добив договор од Манчестер Јунајтед. Се придружувам на одлична група голмани и се радувам дека ќе работиме заедно. Овој клуб има високи стандарди кои ...

Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, успеа да помогне да се постигне гол за македонскиот шампион на гостувањето против КуПС (0-1) во реваншот од квалификациите за Лигата на шампионите во кој вардарци бркаат два гола негатива. Течеше 59. минута од мечот, кога Бобан Николов го проигра капитенот на вардарци, а тој успеа да погоди во мрежата на ривалот со помош на дефанзивецот Саку Саволаинен на кого му беше препишан овој погодок подоцна како ...

На само 18 години, Кристијан Јанев веќе има импресивни достигнувања зад себе. Јуниорски шампион на Македонија, член на Македонската Дејвис Куп репрезентација и еден од најперспективните млади тенисери во земјата, Кристијан е пример за млад човек кого го карактеризира дисциплина, посветеност и одговорност. Покрај спортските успеси, тој е и одличен ученик во Гимназијата Орце Николов, каде успешно ги усогласува училишните обврски со интензивните ...

Повратникот во елитното фудбалско друштво, Скопје и официјално го назначи Муарем Муарем за нов шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим. По заминувањето на Александар Таневски, раководството на „пиратите“ брзо најде решение за тренерската позиција и довербата му ја укажа на 37-годишниот стратег. Муарем на клупата на Скопје пристигнува по минатосезонскиот ангажман во Работнички, а во својата досегашна тренерска кариера ги предводеше и екипите ...

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница го претстави првото летно засилување за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Ново име во редовите на „сините“ е добро познатиот Мартин Стојанов. Штипското дете и официјално се враќа во матичниот клуб, откако пристигна од Тиквеш, каде што во изминатиот период беше еден од главните адути во нападот на кавадаречкиот прволигаш. Од Брегалница очекуваат Стојанов да биде едно ...

Машката младинска кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз на Европското првенство од Б-дивизијата во Братислава, откако во натпреварот од четвртото коло во групата А загуби од Шведска со 86-64. Швеѓаните, кои со овој триумф го потврдија првото место во групата, уште од самиот почеток го наметнаа својот ритам. Првата четвртина ја добија со 23-16, а со уште една сигурна делница (22-16) на полувремето заминаа со ...

Екипата на Вардар игра против КуПС во квалификациите за Лигата на шампионите. Реваншот се игра далеку од дома, но и тоа не е пречка за некои навивачи да го следат омилениот клуб. Вардарци има и во Куопио. Десетина навивачи на Вардар се присутни на стадионот на КуПС во секторот наменет за гостите зад еден од головите и со песна навиваат за својот миленик. Некои се нашинци од Финска, но има и навивачи допатувани од Скопје специјално за мечот. ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.58
30%
1016
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.09
46%
1019
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
1.37
35%
1019
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.32
39%
1017
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.13
39%
1018
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.5
51%
1019
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
7.15
47%
1012
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
2.78
24%
1013
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.04
34%
1015
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
3.58
41%
1018
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
37%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
6.96
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Сребро

2044.16

Родиум

278103.96

Платина

56038.75

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Бакар

13.23

Злато

139576.04

Калај

56.36

Рутениум

53852.50

Паладиум

43628.56

Алуминиум

3.28