Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, порача дека неговиот тим ќе мора да одигра речиси безгрешно доколку сака да ја совлада Франција во вечерашното полуфинале на Светското првенство. Шпанскиот стратег истакна дека дуелот е достоен и за финале, нагласувајќи дека сите четири преостанати селекции се меѓу најсилните во светот. „Ова е исклучително тежок натпревар. Полуфинале на Светско првенство секогаш носи огромен притисок. ...
Аргентина ќе настапи во сини дресови на полуфиналниот натпревар против Англија на Светското првенство, откако ФИФА потврди дека „гаучосите“ ќе бидат формално гости на дуелот во Атланта. Избраниците на Лионел Скалони ќе ја носат резервната гарнитура, составена од син дрес, црни шорцеви и црни чорапи. Во истата комбинација Аргентина веќе одигра еден натпревар на овој Мундијал, кога ја совлада Јордан со 3-1 во третото коло од групната фаза. ...
По неуспешниот настап на Светското првенство, во Сенегал се отвори голема полемика околу медицинскиот тим на репрезентацијата. Претседателот на Фудбалската федерација на Сенегал, Абдулаје Фал, изјави дека дури за време на Мундијалот дознале оти репрезентативниот лекар по основна специјализација е гинеколог, поради што дел од фудбалерите ја изгубиле довербата во медицинската поддршка. „Играчите не беа уверени дека ја имаат потребната ...
Екипата на Вардар гостува кај КуПС во рамки на реваншот од квалификациите за Лигата на шампионите, а тренерите веќе ги одредија стартните состави. Кристијан Фабијани се реши за нова формација, 3-4-2-1, со која ќе биде поофанзивно поставен на теренот. Новитет на левата бековска позиција е Маневски, исто така ќе стартува и Најдовски. КуПС (4-2-3-1): Креидл; Пуко, Магаса, Нуху, Антви; Пенанен, Гасц; Јуру, Енгвал, Армах; Морено Вардар (3-4-2-1): ...
Брајтон го потврди трансферот на хрватскиот репрезентативец Лука Вушковиќ од Тотенхем во зделка вредна до 58 милиони евра, сума која претставува клупски рекорд. We are delighted to confirm the signing of defender Luka Vuskovic from Tottenham Hotspur! — Brighton & Hove Albion (@OfficialBHAFC) July 14, 2026 Англискиот клуб веднаш ќе плати 53 милиони евра за 19-годишниот стопер, а дополнителни пет милиони евра се предвидени преку бонуси ...
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, го потврди трансферот на Карим Адејеми од Борусија Дортмунд, иако преминот уште не е официјализиран. Лапорта не сакаше да изнесе финансиски детали од договорот со играчот, но прецизираше дека „милионерите“ ја прифатиле понудата на Барселона. „Навистина сме возбудени поради доаѓањето на Адејеми, тој е играч со многу квалитети и сметаме дека може да биде огромно засилување за нашиот тим. Го следиме ...
Полицијата во Јужна Африка официјално отвори истрага по смртта на репрезентативецот Џејден Адамс, чие тело беше пронајдено минатиот викенд во Кејптаун. 25-годишниот фудбалер почина само две недели откако ѝ помогна на Јужна Африка за првпат во историјата да се пласира во нокаут фазата на Светското првенство. Засега не е соопштена причината за неговата смрт. „Полицијата во Кејптаун отвори истрага откако во саботата беше пронајдено телото на ...
И покрај елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство, репрезентацијата на Норвешка беше пречекана како шампион по враќањето во татковината. Повеќе од 100.000 навивачи се собраа во Осло за да им приредат спектакуларен пречек на фудбалерите, кои беа поразени од Англија со 2-1 по продолженија. Репрезентативците прво беа примени од кралот Харалд, а потоа ги поздравија насобраните навивачи од балконот на Кралската палата. ¡NORUEGA ...
Македонската младинска ракометна репрезентација ја запиша првата победа на Европското првенство во Романија, откако ја совлада Летонија со 35-31. Македонија имаше контрола во поголемиот дел од натпреварот, иако во второто полувреме дозволи ривалот накратко да направи пресврт. Сепак, избраниците на Игор Илиевски брзо се вратија во ритам, повторно ја презедоа иницијативата и без поголеми проблеми стигнаа до заслужен триумф. Најефикасни во ...
Силекс објави дека сите билети за реванш натпреварот против Динамо Минск во првото квалификациско коло од Конференциската лига се распродадени. Кратовци ќе имаат силна поддршка од трибините на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Според најавите од Силекс распродадени се сите билети, а капацитетот на стадионот е нешто над 2.000 седишта. Од клубот им се заблагодарија на навивачите за големиот интерес и поддршката, со порака дека ...
ФИФА го одреди главниот судија за второто полуфинале на Светското првенство меѓу Англија и Аргентина, кое ќе се игра во среда на стадионот „Мерцедес Бенз“ во Атланта. Правдата на теренот ќе ја дели американскиот арбитар Исмаил Елфат, кој има 44 години. На досегашниот тек од Мундијалот тој судеше на три натпревари: Јапонија - Холандија, Уругвај - Шпанија и Бразил - Норвешка. На овие средби покажа шест жолти картони и еден црвен, кој му го ...
Клубот кој освои двојна круна во мак-ракометот лани, ЖРК Ѓорче Петров ќе настапи во квалификациите за Европската лига на ЕХФ. Скопскиот тим ќе игра во првата квалификациска фаза (иако официјално се води како втора) и веќе го дозна својот противник. Ѓорчепетровки беа носителки пред извлекувањето во Виена и среќата посака да играат против Баник Мост од Чешка. Сите квалификациски парови во ЕЛ: evropska-liga.png Квалификациската рунда за ...
Ракометниот клуб Тиквеш најрано ќе ја започне авантурата во Европскиот куп на ЕХФ, бидејќи ќе настапи во првото коло од натпреварувањето. ЕХФ во своите простории во Виена ги извлече паровите за оваа рунда. Кавадарчани имаа улога на неносител во првата рунда, па може да се каже дека добро минаа во извлекувањето избегнувајќи ги главните фаворити. Тиквеш во првата рунда од натпреварувањето ќе игра против Еш од Луксембург. Првиот натпревар ќе се ...
Женскиот ракометен клуб Вардар ќе настапи во второто коло на Европскиот куп на ЕХФ. Во просториите на Европската ракометна федерација во Виена беа извлечени паровите за оваа рунда од натпреварувањето. Среќата посака македонскиот тим да налета на италијански противник, а тоа ќе биде Бриксен Судтирол. Целосната ждрепка за второто коло на ЕХФ Купот: ehf-kup-zeni-vardar.png Бидејќи Вардар беше носител во ждрепката ќе ја има предноста на ...
Репрезентацијата на Норвешка се врати дома по успешниот настап на Светското првенство. Скандинавците загубија од Англија во мундијалското четвртфинале. Ерлинг Халанд блесна на големата сцена, а својот прв Мундијал ќе го памети и по интересен сувенир. Норвешкиот голгетер по завршувањето на настапот на својата репрезентација си купил препариран ракун кој држи шише со алкохол, а за необичниот сувенир издвоил околу 750 долари. After a summer to ...
Фудбалскиот клуб Пелистер се подготвува за настап во Втората македонска фудбалска лига. Битолчани имаат цел експресно да се вратат во елитата на мак-фудбалот. За таа цел клубот веќе работи на што е можно подобро подготвување за новата сезона. Пелистер откри дека веќе се закажани четири пријателски средби во екот на подготовките, а првата е за четири дена. „Зелено-белите“ ќе тестираат со грчкиот второлигаш Панионис на 18 јули. Шест дена ...
Светското првенство влегува во својата завршница и највозбудливата фаза, а вечерва ќе го добиеме првиот финалист. Во првото полуфинале силите ќе ги одмерат Франција и Шпанија, две репрезентации кои од самиот почеток на турнирот се вбројуваа меѓу главните фаворити за освојување на титулата. „Триколорите“ до полуфиналето стигнаа со победи над Шведска, Парагвај и Мароко во нокаут рундите. Од друга страна актуелниот европски шампион ги елиминира ...
Вардар ќе му гостува на КуПС во реванш дуелот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, со јасна задача да ја надополни негативата од првиот натпревар и да остане во игра за место во второто коло. „Црвено-црните“ пред една седмица на арената „Тодор Проески“ беа поразени со 0-2, резултат кој значително им ја искомпликува задачата. Вардар оди во Финска со невозможна мисија, и јасно е дека ќе му биде потребен натпревар на високо ...
Поранешниот хрватски репрезентативец Дарио Шимиќ е уапсен во акција на полицијата во Хрватска. Според тамошните медиуми, заедно со Шимиќ е уапсена и поранешната директорка на Одделот за туризам при Службата за стопанство и имотно-правни работи во Шибенско-книнската жупанија, Неда Ливљаниќ. Двајцата се осомничени дека поранешниот фудбалер преку Ливљаниќ незаконски ги добил потребните дозволи за камп во Тисно. „Јутарњи лист“ наведува дека ...
Славен Билиќ и официјално беше промовиран за нов селектор на хрватската репрезентација. На своето прво обраќање пред медиумите порача дека „коцкестите“ оставиле подобар впечаток отколку што покажува резултатот на Светското првенство. Билиќ притоа нагласи дека биле оштетени во елиминацијата од Португалија. „Впечатокот е подобар од резултатот. Основната цел беше исполнета, ја минавме групата која беше многу потешка отколку што изгледаше. Жал ми ...
Фудбалерите на Франција ќе се борат за трето последователно учество во финалето на Светските првенства. „Триколорите“ во полуфиналето ќе се судрат со Шпанија. Пред натпреварот дефанзивецот Ибрахима Конате порача дека неговата репрезентација нема причина да се плаши од европскиот првак. Стоперот на „триколорите“ има голем респект кон европскиот шампион, но е убеден дека Франција има квалитет да избори место во големото финале. „Не смеете да се ...
Еден од најголемите таленти на швајцарскиот фудбал, Јохан Манзамби, е пред трансфер во Астон Вила, иако долго време беше на чекор до преселба во Њукасл. Според Дејвид Орнстајн од „Атлетик“, преговорите меѓу Манзамби и клубот од Бирмингем се во завршна фаза, а швајцарскиот репрезентативец му дал предност на тимот на Унаи Емери. Тоа претставува нов удар за Њукасл, кој со недели работеше на неговиот ангажман. Претходно „страчките“ останаа и без ...
Босанскиот репрезентативец Тарик Мухаремовиќ е пред трансфер во Премиер лигата, јавија повеќе англиски медиуми. Стоперот на Сасуоло летово се поврзуваше со повеќе клубови, меѓу кои беше и италијанскиот шампион, Интер, но реши да го прифати предизивикот од Англија и ќе се пресели во редовите на Лидс Јунајтед. За неговите услуги имаше голем интерес уште од Борнмут и Сандерленд, но според информациите, Лидс му понудил петгодишен договор со плата ...
Новиот селектор на хрватската фудбалска репрезентација, Славен Билиќ, порача дека еден од неговите први потези по преземањето на функцијата ќе биде разговор со капитенот Лука Модриќ околу неговата репрезентативна иднина. Билиќ едногласно беше избран од Извршниот одбор на Хрватскиот фудбалски сојуз за наследник на Златко Далиќ и по 14 години повторно се враќа на клупата на „коцкестите“. Хрватска ја предводеше и во периодот од 2006 до 2012 ...
Турскиот гигант Фенербахче и официјално го претстави Шејн Ларкин како свое ново засилување. Американецот со турски пасош, кој во изминатите осум сезони настапуваше за Анадолу Ефес, потпиша двегодишен договор со турскиот клуб. Ларкин е едно од најголемите имиња во европската кошарка во последната деценија. По завршувањето на Универзитетот во Мајами, во 2013 година беше избран како 18. пик на НБА-драфтот од Атланта Хокс, а потоа настапуваше за ...
Челниците на ФИФА го одредија судискиот тим за полуфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Шпанија и Франција. Главен судија ќе биде Салвадорецот Иван Бартон, додека негови помошници ќе бидат сонародниците Давид Моран и Антонио Пупиро. Улогата на четврти судија му е доверена на Швеѓанецот Глен Ниберг, а петти судија ќе биде Махбод Беиги, исто така од Шведска. Полуфиналната пресметка меѓу Шпанија и Франција ќе го даде првиот финалист ...
Јужноафриканската полиција соопшти дека започнала истрага за смртта на репрезентативецот Џејден Адамс, чие тело бeше пронајдено минатиот викенд на имот во Кејптаун. 25-петгодишниот фудбалер почина само две недели откако ѝ помогна на Јужна Африка за првпат во историјата да обезбеди пласман во нокаут-фазата на Светското првенство. „Полицијата во центарот на Кејптаун отвори истрага откако во саботата беше пронајдено телото на 25-годишен маж. ...
Иако актуелното Светско првенство сè уште не е завршено, вниманието веќе полека се насочува кон Мундијалот во 2030 година. По расплетот во полуфиналето, повторно се отвори прашањето дали Европа треба да има поголема застапеност на најголемата фудбалска сцена. Во борбата за финалето се најдоа три европски репрезентации - Франција, Шпанија и Англија, додека Аргентина е единствениот полуфиналист што не доаѓа од стариот континент. Овој сооднос ...
Норвежанецот Ерлинг Халанд настапил на четвртфиналниот натпревар од Светското првенство против Англија и покрај тоа што бил болен, тврди поранешниот напаѓач на Челзи, Тони Каскарино. Каскарино откри дека за време на полувремето од дуелот, во кој Англија ја совлада Норвешка со 2-1 по продолженија, добил порака од доверлив извор дека Халанд непосредно пред мечот се борел со вирус. „Не изгледаше добро физички. Излезе од игра, а не беше поради ...
Поранешниот светски рекет број еден и тениски аналитичар, Матс Виландер, смета дека Александер Зверев нема причина да се откажува од највисоките амбиции, и покрај поразот во финалето на Вимблдон. Германецот беше поразен од Јаник Синер со 3-1 во сетови, иако во Лондон пристигна со голема самодоверба по освојувањето на својата прва Грен слем титула на Ролан Гарос. „Очекував дека Зверев по титулата на Ролан Гарос ќе игра многу поопуштено и токму ...