Фудбалската репрезентација на Англија доби необична, но пријатна поддршка во пресрет на четвртфиналниот натпревар против Норвешка на Светското првенство, откако кампот на „Гордиот Албион“ го посети светски познатиот британски музичар Ед Ширан. Фудбалската асоцијација на Англија му приреди изненадување на националниот тим, а Ширан со акустична гитара изведе дел од своите најголеми хитови и им овозможи на репрезентативците барем накратко да се ...

Шпанија е новиот полуфиналист на Светското првенство, откако во драматичен четвртфинален натпревар во Лос Анџелес ја совлада Белгија со 2-1. „Црвената фурија“ беше подобар противник во поголемиот дел од натпреварот и заслужено избори место меѓу четирите најдобри селекции на Мундијалот. Шпанците доминираа уште од самиот почеток, а иницијативата ја крунисаа во 30. минута. По ударот на Дани Олмо, топката се одби до Фабијан Руиз, кој од ...

Екипите на Силекс и Шкендија имаа победнички старт на натпреварите во Конференциската лига на УЕФА, а тоа донесе и нови поени за Македонија на ранг-листата. На листата на европските земји, Македонија доби додатни +0,666 поени. Исто колку Македонија, доби и Андора, а пред нашата земја се Азербејџан и Грузија. Во продолжение, погледнете ги поените кои ги добија клубовите со настапите во првото квалификациско коло во европските купови. Екипите ...

Еден од најдобрите африкански фудбалери на сите времиња, Садио Мане, реши да стави крај на репрезентативната кариера и да се повлече од националниот тим на Сенегал. Во прошталната порака, Мане им се заблагодари на навивачите за поддршката низ годините и истакна дека секогаш давал сè од себе за дресот на својата земја. Искусниот напаѓач за Сенегал одигра 130 натпревари и постигна 54 гола, а беше еден од главните творци на најголемите успеси во ...

Македонскиот второлигаш ГФК Охрид и официјално ги започна подготовките за новата сезона, во која амбициите повторно се насочени кон самиот врв на табелата. Како што пренесе „Охрид Спорт“, во најголем дел е задржан костурот на тимот од минатата сезона, што треба да обезбеди континуитет во играта и стабилност во составот. Во исто време, раководството активно работи на доведување нови засилувања, а во тек се преговори со неколку звучни имиња од ...

Шпанија конечно прими гол на Светско првенство, откако Белгија ја затресе мрежата на „црвената фурија“ во четвртфиналната пресметка на Мундијалот. Со тоа заврши импресивната серија на Шпанците, кои немаа примено погодок на светските првенства уште од натпреварот против Јапонија во групната фаза на Мундијалот во Катар во 2022 година. Во меѓувреме, шпанската репрезентација успеа да ја сочува својата мрежа недопрена во сите натпревари на ...

Женскиот прволигаш од Македонија, екипата на ЖФК Љуботен, нема повеќе забрани и блокади од страна на ФИФА заради долгови. Тетовскиот клуб беше на листата на суспендирани екипи за трансфери во три преодни рока заради неисплатени обврски кон странски побарувачи, но откако клубот ги подмири сите обврски, ФИФА го тргна од листата. На листата на блокирани клубови за регистрација на играчи од страна на ФИФА, од Македонија стојат три клуба во машка ...

Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ призна дека Јаник Синер бил подобар во полуфиналето на Вимблдон и заслужено изборил место во финалето, откако Италијанецот славеше со убедливи 3-0 во сетови (6-4, 6-4, 6-4). По натпреварот, најтрофејниот тенисер во историјата не бараше изговори за поразот. „Не знам што можев да направам поинаку. Искрено, немав многу решенија, ме надигра. Би сакал барем уште еднаш да се вратам на Вимблдон, ќе видиме ...

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години успешно го започна настапот на Европското првенство Б-дивизија, откако во првото коло ја совлада домаќинот Словачка со 71-63. Избраниците на селекторот Никола Велев имаа потежок почеток на натпреварот, па по првите десет минути Словаците имаа минимална предност од 17-15. Сепак, македонските надежи одиграа одлична втора четвртина, во која целосно ја презедоа контролата врз играта. ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер не го криеше задоволството по победата над Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон, истакнувајќи дека секој дуел со српската тениска легенда претставува посебна мотивација. Актуелниот шампион славеше со убедливи 3-0 во сетови (6-4, 6-4, 6-4) и обезбеди место во своето второ последователно финале на Вимблдон. „Неверојатно чувство. Ви благодарам на сите што дојдовте, атмосферата беше фантастична. Многу ми ...

Новиот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, го даде своето прво интервју по враќањето на клупата на „кралскиот клуб“, нагласувајќи дека неговата главна цел е да создаде победничка култура и да го издигне клубот на уште повисоко ниво. Португалскиот стратег истакна дека не размислува за личните успеси, туку за доброто на целиот клуб. „Зборовите не се доволни, затоа што ова за мене е мисија. Не сум овде за да се грижам за себе или за тоа колку ќе ...

Најтрофејниот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Вимблдон во полуфиналето, откако актуелниот шампион Јаник Синер славеше со максимални 3-0 во сетови (6-4, 6-4, 6-4) и обезбеди место во големото финале. Дуелот на Централниот терен траеше два часа и 20 минути, а светскиот рекет број еден уште еднаш покажа зошто е главен фаворит за титулата. Иако седумкратниот шампион на Вимблдон одигра квалитетен меч, 15 години ...

Шпанија и Белгија ја продолжуваат четвртфиналната програма на Светското првенство (СП) и ќе го дадат следниот полуфиналист. Селекторите Луис Де Ла Фуенте и Руди Гарсија, ги одредија тимовите за мечот кој ни следи. Во составот на Шпанија има едно изненадување, го нема Педри, кој беше стартер на сите останати натпревари. Шпанија (4-3-3): Симон; Поро, Кубарси, Лапорт, Кукуреља; Родри, Руиз, Олмо; Баена, Јамал, Ојарзабал Белгија (4-2-3-1): ...

Фудбалската федерација на Португалија и официјално го потврди назначувањето на Жорже Жезус за нов селектор на националната репрезентација. Искусниот 71-годишен стратег го наследува Роберто Мартинез и потпиша договор до 2030 година. „Денес започнува ново поглавје. Добредојдовте во репрезентацијата, мистер Жорже Жезус“, објави Португалската федерација на своите официјални канали. За Жезус ова ќе биде прв ангажман како селектор во богатата ...

Неколку дена по елиминацијата од Франција во осминафиналето на Светското првенство, дел од навивачите на Парагвај приредија скандалозен потег и на фестивал го запалија ликот на Килијан Мбапе. Француската ѕвезда беше стрелец на единствениот гол во победата од 1-0, а уште за време на натпреварот беше мета на груби стартови и провокации од противничките фудбалери. По мечот тензиите не стивнаа, туку дополнително се зголемија. На тоа претходеа и ...

По назначувањето на Горан Симов за нов тренер, третолигашот Илинден доведе капитално засилување во својот ростер. Нов член на амбициозниот клуб е Дарио Десниќ, фудбалер кој минатата сезона ја мина во редовите на Шкендија Арачиново со која обезбеди историски пласман во ПМФЛ. „Со големо задоволство го објавуваме нашето прво летно засилување – Дарио Десниќ, кој пристигнува од екипата на Шкендија Арачиново. Дарио е искусен фудбалер со богато ...

Фудбалскиот клуб Работнички, кој зад себе ја остави една од најлошите сезони во клупската историја, со нови сили ги започна подготовките за тешката мисија која што ќе ја има во новиот шампионат. Некогашниот првак на Македонија сега ќе игра во Втората македонска фудбалска лига и денеска означи старт на подготовките за идните предизвици. Клубот од Дебар Маало го потврди Баже Јанакиевски е нов шеф на стручниот штаб на Работнички, кој на ...

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, ја потврди и втората донација од столчиња која ќе заврши на неколку игралишта ширум државата. Тој на социјалните мрежи објави дека втората донација брои околу 9000 столчиња, кои ќе бидат поставени на терените во Кисела Вода, Велес, Гостивар, Радовиш, Гевгелија, Гази Баба... „Ветивме дека ќе инвестираме во подобри услови за фудбалот. И тоа го правиме. Продолжуваме со ...

Александар Зверев е првиот финалист на овогодишното издание на Вимблдон, откако во полуфиналето без поголеми проблеми го совлада британскиот тенисер Артур Фери со 3-0 во сетови (7-6, 6-2, 6-4). Германецот најголем отпор доби во првиот сет, кој беше решен во тај-брејк. Таму Зверев одигра маестрално и со убедливи 7-0 го направи првиот чекор кон победата. Во продолжението целосно го контролираше натпреварот, не му дозволи на домашниот миленик да ...

Мароко го заврши настапот на Светското првенство со пораз од Франција (2-0) во четвртфиналето, а селекторот Мохамед Оуахби не го криеше разочарувањето по натпреварот. Стратегот смета дека првиот погодок на „триколорите“ не требало да биде признат поради играње со рака во акцијата што му претходела. Оуахби тврди дека Адриен Рабио играл со рака пред топката да стигне до Килијан Мбапе, кој ја затресе мрежата и ја доведе Франција во водство. ...

Новиот претседател на фудбалскиот клуб Пелистер, Димитар Митревски, го имаше своето прво официјално обраќање по преземањето на функцијата, при што порача дека неговата главна цел е стабилизација на клубот и создавање цврсти темели за иднината. Митревски истакна дека е благодарен за укажаната доверба и дека со голема мотивација ја прифатил новата улога, а како еден од првите потези го посочи ангажманот на Борче Христов за шеф на стручниот ...

Нови државни прваци за 2026 година се Сара Митевски и Стефан Мицов, кои во денешните финални мечеви ги совладаа Теона Андова односно Амар Хусеиновиќ. Во машко финале кое траеше 2 часа и 45 минути Мицов успеа да стигне до својата трета титула државен првак (2011 и 2013) откако со 2-1 во сетови (6-1, 6-7/2, 6-4) во меч со пресврти го совлада колегата од Дејвис куп репрезентацијата Хусеиновиќ (го играше првото финале на ДП). По првиот сет кој ...

Второлигашот Новаци под водство на новиот тренер Иван Варадиновски ги стартуваше подготовките за новиот шампионат во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Комплетните подготовки Новаци ќе ги одработи на домашно тло, а веќе и закажа неколку контролни средби со кои новиот стручен штаб ќе ја темпира формата за сезоната. Прв ривал на Новаци во подготовките ќе биде тимот на Охрид (18.07), потоа ќе одигра пријателски натпревари и со Кожув ...

Битолски Пелистер веќе ги започна подготовките за новата сезона во која ќе се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига. „Зелно-белите“ во походот кон експресно враќање во елитата тргнуваат со комплетно нова слика. Клубот доби нов претседател, нов тренер, а денес го објави и комплетниот стручен штаб. На искусниот Борче Христов ќе му асистираат Горан Ганчев и Трајче Стојковски, Илче Петровски ќе биде тренер на голманите, додека ...

Мозес Рајт кој неодамна доби македонско државјанство и пасош направи трансфер во Барселона. Сепак, тој би можел експресно да ја напушти Каталонија. Последните случувања во клубот го натерале американскиот центар со македонски пасош да ја преиспита својата одлука. Според информациите, Рајт ја известил управата на Барселона дека сака да ја прекине соработката по промените во стручниот штаб и заминувањето на Чави Пасквал. Доколку сака да го ...

Колумбиската фудбалска репрезентација се врати во татковината по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство, но меѓу патниците за Богота го немаше Хаминтон Кампаз. Фудбалерот одлучил да не се врати со националниот тим поради сериозни закани по неговата безбедност. Кампаз се најде на удар на јавноста откако во натпреварот против Швајцарија промаши голема шанса во самиот финиш, со која можеше да ѝ донесе победа на Колумбија пред ...

Белгија и во четвртфиналето против Шпанија на Светското првенство нема да смета на повредениит Зено Дебаст. Стоперот на Спортинг пристигна на Мундијалот со повреда на ногата, поради која досега не одигра ниту една минута. Иако лекарскиот тим на белгиската репрезентација смета дека е подготвен, португалскиот клуб не му дозволува да настапи. „Зено Дебаст нема да биде на располагање за четвртфиналето. Неговиот клуб, Спортинг, го извести играчот ...

Белгискиот стратег Хуго Брос стави крај на дилемите околу својата иднина и официјално потврди дека повеќе нема да ја предводи репрезентацијата на Јужна Африка. „Нема да бидам повеќе селектор на Јужна Африка. Ако имаат потреба од некоја друга функција, можеби скаутинг е друга приказна. Фудбалот повеќе нема да биде дел од мојот живот 24 часа“, изјави Брос. Иако по елиминацијата од Канада во осминафиналето на Светското првенство призна дека ...

Франција го славеше пласманот во полуфиналето на Светското првенство, но прославата на северот од земјата заврши со голема трагедија. Во местото Оноа Емери животот го загуби 17-годишно девојче, кое паднало од камион за време на славјето. Според првичните информации, девојката се качила на задниот дел од влекач кој се движел без приколка за да ја прослави победата на француската репрезентација. Во еден момент ја загубила рамнотежата, паднала ...

Франција со победата од 2-0 над Мароко обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство. Килиан Мбапе продолжи да ги поместува границите со своите бројки на најголемата фудбалска сцена. Напаѓачот на Франција повторно беше во центарот на вниманието, иако промаши пенал потоа го даде првиот погодок на средбата. Со тоа францускиот капитен стигна до осум погодоци на актуелниот Мундијал, а според статистиката на „Опта“ стана единствениот ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.48
29%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
41%
1018
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
1.36
34%
1018
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.26
41%
1016
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
4.95
40%
1017
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
1.79
48%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
8.05
44%
1012
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
4.43
25%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.02
34%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
2.68
44%
1020
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
2.24
37%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
7.94
100%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Калај

56.36

Сребро

2044.16

Паладиум

43628.56

Иридиум

252383.36

Бакар

13.23

Родиум

278103.96

Злато

139576.04

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Платина

56038.75

Алуминиум

3.28