Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Тензична ситуација се случи во продолженијата од натпреварот меѓу Рига и Вардар, непосредно откако домашниот тим постигна гол за водство од 3-2 во 105. минута. По третиот примен погодок, тренерот на „црвено-црните“, Кристијан Фабијани, бурно реагираше и од засега непознати причини влезе во конфликт крај клупите, по што главниот судија му покажа директен црвен картон. Следуваше мешаница во која мораа да реагираат и фудбалерите на двете екипи. ...
Работнички ја забележа втората победа во подготовките за новата сезона во која тимот од Дебар Маало ќе се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига. По минималниот триумф над Брера пред неколку дена, денеска совладан беше новиот второлигаш Еуромолк Горно Лисиче. Скопското соочување заврши со победа на поискусниот со 2-1. Стрелци на головите за Работнички беа Кудијан и Исмаили во финишот од првиот дел. Работнички ја забележа втората ...
Екипата на Вардар има предност од два гола на гостувањето кај Рига во Летонија (0-2) откако втор гол во мрежата на ривалот постигна Азер Омерагиќ. Капитенот на вардарци даде нов европски гол откако по еден шут на Герсон Родригеш и одбранета топка на Френкс Оролс, топката заврши до него и ја смести зад грбот на противникот. Вардар со два гола предност има резултат кој го води во следната рунда на Конференциската лига на УЕФА, но во мечот е со ...
Второлигашот Пелистер продолжува со формирањето на екипата за новата сезона, а ново име во битолскиот состав е добро познато лице за навивачите. Благојче Спиркоски по пет години се враќа меѓу „зелено-белите“. Искусниот фудбалер во изминатите шест месеци го носеше дресот на ГФК Охрид, а сега повторно ќе настапува за клубот од Битола и треба да претставува значајно засилување за екипата во амбициите на Пелистер и желбата за експресно враќање во ...
Работнички АД Скопје ја известува јавноста дека нов член на клубот, воедно и едно од најголемите засилувања за сезоната 2026/27, е Дарин Говенс. Говенс зад себе има богата интернационална кариера, настапувајќи во првенствата на Исланд, Израел, Грција, Унгарија, Белорусија, Русија, Франција и Македонија, а во Работнички пристигнува од редовите на ТФТ Скопје. Во својата кариера беше прогласен за MVP на Унгарската лига (2017), ја освои ...
Вардар гостува кај Рига во Конференциската лига на УЕФА, а на трибините има малкубројни македонски навивачи. Меѓу гостите е и еден од поранешните капитени. Филип Гачевски, поранешниот вардаров голман и капитен на тимот кој беше шампион на Македонија, се наоѓа во ВИП-ложата и навива за Вардар во Рига. Моментално поранешната вардарова „единица“ и репрезентативец на Македонија е без ангажман. Вардар гостува кај Рига во Конференциската лига на ...
Македонскиот првак Вардар има водство на гостувањето кај Рига во Летонија (0-1) со погодок кој го постигна Давид Бабунски. По една супер-акција на десната страна, топката по центаршут на Пулејо, топката во мрежата ја закова Давид Бабунски со волеј. Со овој погодок, Вардар се враќа во игра за следна рунда во Конференциската лига, резултатот во меѓусебниот дуел е 3-3. Македонскиот првак Вардар има водство на гостувањето кај Рига во Летонија ...
Екипата на Вардар по прекрасна акција и супер-завршница на Бабунски поведе на гостувањето во Рига, но две минути подоцна македонскиот шок доживеа посакуван удар. Имено, дефанзивецот Филип Најдовски стартуваше врз домашниот напаѓач .... и затоа што беше последен играч, главниот судија сметаше дека има доволно елементи за црвен картон и го прати вардаровиот стопер во соблекувалната. Инаку, со голот на Бабунски нашиот шампион го израмни ...
Италијанската фудбалска репрезентација повторно ќе биде предводена од Роберто Манчини, откако Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) и официјално го потврди неговото враќање на селекторската функција. Искусниот стратег се враќа на кормилото на „аѕурите“ по три години, а паралелно со оваа одлука Федерацијата направи уште една важна промена. За нов технички директор е именуван Клаудио Раниери, кој ќе има значајна улога во креирањето на идната ...
Реал Мадрид летово направи сериозни промени во тимот и со новите засилувања испрати јасна порака дека сака да остане на врвот во сите натпреварувања. Сепак, големиот број квалитетни фудбалери создаде проблем со местата во составот, па клубот ќе мора да се „помири“ и со неколку заминувања. „Кралевите“ веќе работат на освежување на ростерот, а со пристигнувањето на нови играчи конкуренцијата за место во тимот стана уште поголема. Поради тоа, ...
Италијанскиот Интер е многу блиску до договор со Џон Стоунс, кој по истекот на соработката со Манчестер Сити треба да пристигне во Милано како слободен агент. Според италијанските медиуми, англискиот дефанзивец прифатил двегодишен договор со „нераѕурите“, со можност за продолжување на уште една сезона. Неговата плата треба да изнесува околу четири милиони евра годишно. Стоунс во Манчестер Сити освои голем број трофеи, меѓу кои и Лигата на ...
Фудбалерите на Вардар ќе бркаат гол негатива против екипата на Рига во второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА. Скопскиот тим дома загуби со 2-3, меѓутоа покажа дека може да му наштети на противникот и тоа треба да го потврди во Летонија. Тренерот на „црвено-црните“ Кристијан Фабијани не правеше многу промени во тимот. Иако добра вест е враќањето на репрезентативниот стопер Дарко Велковски, тој остана на клупата за ...
Виртус Болоња го официјализираше ангажманот на американскиот кошаркар Вендел Мур, кој потпиша едногодишен договор со италијанскиот клуб. 24-годишниот Мур беше избран како 26. пик на НБА драфтот во 2022 година од Далас, а потоа беше испратен во Хјустон и Минесота. Во најсилната кошаркарска лига во светот настапуваше за Минесота Тимбервулвс, Детроит Пистонс и Шарлот Хорнетс. Последниот период го мина во Развојната лига, каде играше за неколку ...
Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша повеќегодишен договор со евролигашот Дубаи, соопшти денес клубот од Обединетите Арапски Емирати. 29-годишниот Диаките минатата сезона настапуваше за Басконија, а во Евролигата просечно бележеше 8,4 поени, 4,2 скока и 1,2 блокади по натпревар за клубот од Виторија. Пред да се пресели во Басконија, играше во НБА лигата за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк, како и во Развојната лига за ...
Искусниот шпански центар Вили Хернангомез ја напушти Барселона и кариерата ќе ја продолжи во редовите на Уникаха, каде веќе стави потпис на едногодишен договор. 32-годишниот кошаркар по три сезони минати во каталонскиот гигант се сели во Малага, каде ќе биде едно од главните засилувања за новата сезона. Минатата сезона во Евролигата, Хернангомез просечно бележеше 5,6 поени и 3,8 скока по натпревар во дресот на Барселона. Во текот на ...
Трансфер-сагата околу Дарко Чурлинов доби нов пресврт, а полските медиуми денес открија дека македонскиот репрезентативец никогаш сериозно не размислувал да потпише за Видзев Лоѓ. Иако претходно се тврдеше дека сопственикот на Погон Шчечин, Алекс Хадитаги, во последен момент го „украл“ Чурлинов пред потписот со Видзев, новите информации велат дека македонскиот фудбалер бил незадоволен од односот на клубот уште за време на преговорите. Łukasz, ...
Римас Куртинаитис е нов селектор на машката кошаркарска репрезентација на Литванија. Легендата доби воверба да го предводи националниот тим најмалку до крајот на квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2027 година. Првичниот план и договор опфаќа континуитет до Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Куртинаитис дојде на позицијата на местото на Казис Максвитис, кој си поднесе оставка по неуспехот на Литванија да се ...
Еден од најдобрите шутери во историјата на НБА лигата, Клеј Томпсон, размислува за промена на средината ова лето. Искусниот кошаркар сака да премине во тим кој ќе има реални амбиции за освојување на шампионската титула. Томпсон последните две сезони ги помина во Далас Маверикс, но според американските медиуми, франшизата од Тексас е отворена за можен трејд. Опцијата за раскин на договорот моментално се смета за помалку веројатна. „Би сакал ...
Македонскиот фудбалски стратег, Југослав Тренчовски, беше претставен како нов тренер на Олимпија Љубљана, каде ќе има сериозен предизвик во најсилното словенечко првенство. Новиот предводник на славниот клуб ја даде првата изјава откако го презема првиот тим, потенцирајќи дека ова е еден од најголемите предизвици во неговата кариера. „Ова е навистина голем, можеби и најголем предизвик во мојата досегашна кариера. Да работиш во најголемиот ...
Легендарниот фудбалски стратег, Фабио Капело, не го гледа Роберто Манчини како вистинско решение за селекторската позиција на Италија. Трофејниот тренер смета дека „аѕурите“ треба да тргнат во друга насока и како подобар избор го посочи Антонио Конте. Капело не го оспорува квалитетот на Манчини, кој со Италија го освои Европското првенство во 2021 година, но смета дека начинот на кој ја напушти репрезентацијата и замина во Саудиска Арабија е ...
Фудбалерот на Манчестер Сити и шпански репрезентативец, Родри, успешно ја помина операцијата на грбот, соопшти англискиот клуб. Од „Етихад“ информираа дека 30-годишниот играч подолго време чувствувал проблеми и непријатност, па била донесена одлука да се направи помала хируршка интервенција. Родри сега ќе започне со процес на рехабилитација, а клубот му посака што побрзо закрепнување. Засега нема точна информација колку долго ќе биде надвор ...
Фудбалерите на Челзи остварија убедлива победа во првиот пријателски натпревар под водство на новиот менаџер Чаби Алонсо, откако го совладаа Вестерн Сиднеј Вондерерс со убедливи 6-4. Натпреварот во Сиднеј донесе многу голови, а најрасположен беше Жоао Педро, кој постигна хет-трик во завршницата. Бразилецот стрелаше трипати во периодот од 80. до 89. минута и го реши победникот. Во листата на стрелци за лондонскиот клуб се запишаа и Дастан ...
Одлуката на Леброн Џејмс да го облече дресот на Филаделфија 76ерс донесе јасна слика и за иднината на уште неколку искусни НБА ѕвезди. Неговото заминување во нов клуб ги отстрани дилемите околу иднината на Џејмс Харден и Дрејмонд Грин, кои сега се очекува да останат во своите екипи. Според информациите на кошаркарскиот новинар Џејк Фишер, Харден е блиску до нов договор со Кливленд Кавалирс, додека Грин треба да ја продолжи соработката со ...
Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол стави потпис на нов договор со Манчестер Сити, со кој останува во таборот на „граѓаните“ до 2031 година, јави англискиот премиерлигаш. Гвардиол пристигна на „Етихад“ од Лајпциг во 2023 година и брзо се наметна како важна фигура во одбраната. Неговите настапи привлекоа внимание и од други европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид, но Сити сака да ја спречи можноста за негово заминување. Новиот договор ...
Премиер лигата од сезоната 2026/27 ќе воведе експериментално правило со кое ќе се обиде да стави крај на тактичкото одолговлекување преку симулирани повреди на голманите. Според новите насоки, доколку судијата ја прекине играта поради повреда на голман, тренерот веднаш ќе мора да избере еден играч од поле кој ќе го напушти теренот. Тој фудбалер нема да смее да се врати во игра најмалку една минута по продолжувањето на натпреварот, што значи ...
Поранешниот аргентински репрезентативец, Анхел Ди Марија, смета дека Лионел Меси не треба да брза со одлуката за повлекување од националниот тим. Според него, легендарниот фудбалер треба да продолжи да игра сè додека самиот чувствува желба за настапи. Ди Марија истакна дека Меси и на 39 години покажува дека сè уште може да биде меѓу најдобрите играчи во светот и дека нема потреба да докажува ништо повеќе во кариерата. „Лео треба да игра ...
Тиквеш продолжува со комплетирањето на играчкиот кадар и промовира ново засилување за следните предизвици. Нов член на кавадаречкиот клуб е Бразилецот Жоао Габриел Фереира Сантос, попознат како Ренатињо. Станува збор за млад и технички квалитетен фудбалер, од кого во Кавадарци очекуваат да донесе дополнителна енергија и квалитет во екипата. „Млад, технички квалитетен и гладен за успех, тој доаѓа во Кавадарци за да биде дел од новото поглавје ...
Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека Игор Марковиќ е именуван за нов селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија. Марковиќ е роден на 16 декември 1981 година во Цетиње, Црна Гора. Како играч настапуваше на позицијата лево крило и зад себе има богата и успешна кариера, бранејќи ги боите на РК Ловќен, Будуќност Подгорица, Ал-Курине (Кувајт) и унгарскиот Комлои Бањаш. За сениорската репрезентација на ...
Новиот селектор на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Игор Марковиќ, ги сподели првите впечатоци по преземањето на националниот тим. Марковиќ, кој на селекторската функција го наследува Кристијан Грчевски, истакна дека за него претставува голема чест да ја добие довербата да ја предводи Македонија, а најави напорна работа во пресрет на следните предизвици. „Чест и големо задоволство ми е што ја добив довербата да бидам ...
На две недели до почетокот на Втората фудбалска лига (ВМФЛ) клубовите засилено се засилуваат. Ново име пристигна и во кочански Осогово. „Жетварите“ се засилија со Амир Фејзулаи, кој доаѓа од ланскиот второлигаш Преспа од Ресен. Станува збор за 23-годишен фудбалер кој игра како десен бек, а може да ротира и да игра како лев бек и десно крило. Во неговата кариера настапуваше и за Брегалница, Победа, Детонит Плачковица и Пелистер, каде и ја ...