Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Второлигашот Новаци продолжува со реконструкција на својот тим за новиот шампионат, кој што ќе го отвори со нов тренер. Младиот Иван Варадиновски ја доби довербата од раководството на клубот, тимот веќе е во тренажен процес, а во пресрет на првиот пријателски натпревар пристигна уште едно засилување. Нов член на Новаци е младиот Стефан Спировски, фудбалер кој ја покрива десната страна на теренот (десен бек и десно крило), а во минатиот ...
„Нашите идни шампиони“ продолжува со нова серија приказни за младите спортисти кои ја градат иднината на македонскиот спорт. Powerade и Gol.mk повторно им даваат простор на оние кои допрва треба да го кажат своето име на големата сцена. Во второто издание на оваа кампања, запознаваме осум перспективни македонски спортисти, млади луѓе кои секојдневно тренираат, се жртвуваат и растат низ спортот. Преку нивните лични приказни, откриваме и дел од ...
Нова судиска контроверзија го одбележа полуфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Англија и Аргентина, кој „гаучосите“ го добија со 2-1 по големиот пресврт во завршницата. Англиските навивачи сметаат дека биле оштетени при победничкиот погодок на Енцо Фернандез во самиот финиш. Спорна е позицијата на Лионел Меси пред да ја прими топката и да му асистира на својот соиграч за израмнување на 1-1. На социјалните мрежи се појавија ...
Од следната сезона ќе има промени во системот за пласман во Втората македонска фудбалска лига, заради промените во второлигашкото и третолигашкото друштво кое ќе биде поделено на шест региони. Шесте првопласирани екипи од новоформираните фудбалски региони ќе играат бараж натпревари за влез во второлигашката конкуренција. Победниците од баражите ќе обезбедат место во Втората лига, додека поразените ќе продолжат да се натпреваруваат во Третата ...
Новиот второлигаш Камјани продолжува со засилувањата за новата сезона и официјално го претстави искусниот фудбалер Енис Дервиши како свое најново име. Дервиши зад себе има речиси една деценија настапи на македонската фудбалска сцена, а во својата кариера ги носеше дресовите на Тетекс, Работнички, Гостивар, Воска Спорт и Шкендија Арачиново. Во кариерата освои шампионска титула во ВМФЛ со Гостивар, а со Воска Спорт беше вицешампион на ...
Освојувачот на Купот на Македонија,. екипата на Силекс, со голема самодоверба го очекува реваншот против Динамо Минск во првото квалификациско коло од Конференциската лига. Македонскиот претставник во првиот натпревар славеше со 1-0 против белорускиот тим, а сега на домашен терен ќе има можност да го завери пласманот во следната рунда. На кратовци им е доволно и реми за да ја продолжат европската авантура, а пред своите навивачи ќе се обидат ...
Македонска Шкендија вечерва ќе ја пречека Европа од Гибралтар во реваншот од првото квалификациско коло во Конференциската лига, со огромна предност од првиот натпревар и речиси обезбеден пласман во следната рунда. Тетовскиот тим славеше со убедливи 5-0 на гостувањето во Гибралтар. Двоен стрелец беше Фабрис Тамба, а во листата на стрелците се запишаа и Фахд Ндзенге, Алмир Кријезиу и Бесарт Ибраими. По историскиот настап во лигашката фаза на ...
Неверојатна сцена се случила по полуфиналето на Светското првенство меѓу Аргентина и Англија, кога аргентинските репрезентативци пронашле шише од англискиот голман Џордан Пикфорд со детални белешки за тоа како изведуваат пенали нивните противници. Според читачи од усни, интересен разговор воделе Лионел Меси, Нико Гонзалес, Маркос Сенеси и еден член на стручниот штаб на Аргентина. „Погледнете што најдов. Има белешки за Лаутаро, Хулијан...“, ...
И покрај болната елиминација во полуфиналето на Светското првенство, Томас Тухел ја има целосната доверба од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) и ќе продолжи да ја предводи репрезентацијата најмалку до Европското првенство во 2028 година. Англија остана без пласман во своето прво светско финале по 1966 година, откако со пресврт загуби од Аргентина со 2-1. По натпреварот германскиот стратег се најде на удар на критиките поради ...
Англискиот репрезентативец Џуд Белингем се најде во центарот на вниманието по елиминацијата на Англија од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство, но не поради својата игра, туку поради несоодветното однесување по последниот судиски свиреж. Аргентина со пресврт славеше победа од 2-1 и избори место во големото финале, а разочарувањето кај англиските фудбалери очигледно беше огромно. По завршувањето на натпреварот, Белингем предизвика ...
Полскиот голгетер Роберт Левандовски и официјално беше претставен како нов фудбалер на Чикаго Фајр, со што започнува ново поглавје во својата богата кариера. По четири сезони минати во Барселона, 37-годишниот напаѓач реши да ја продолжи кариерата во американската МЛС лига. На својата промоција истакна дека никогаш не размислувал да потпише за друг европски клуб. „Не сакав да играм за ниту еден друг европски клуб освен за Барселона. Тоа беше ...
Поранешниот руски тенисер и некогашен лидер на АТП листата, Марат Сафин, изјави дека актуелниот прв светски рекет, Јаник Синер, и второпласираниот Карлос Алкараз, немаше да доминираат со денешниот тенис доколку играа во ерата на Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. „Синер и Алкарас во ерата на Новак, Роџер и Рафа не би биле први и втори на светот. Нивото на тенисот значително опадна. Порано имаше многу играчи со врвен квалитет, додека ...
Белгискиот десен бек Томас Мение официјално е нов играч на Сандерленд, објави англискиот премиерлигаш. Искусниот дефанзивец потпиша двегодишен договор и се очекува да биде солидно засилување за екипата. Мение пристигнува како слободен играч по престојот во Лил, каде што се пресели во 2024 година од турски Трабзонспор. За францускиот тим одигра вкупно 81 натпревар. Во текот на својата кариера настапуваше и за Борусија Дортмунд, ПСЖ, Клуб Бриж ...
Според италијанските медиуми, Андреа Пирло е главниот кандидат за нов селектор на италијанската репрезентација, откако неодамна Паоло Малдини беше именуван за технички директор на националниот тим, а Леонардо ќе ја има улогата на негов советник. Наводно, Малдини и Леонардо сакаат токму Пирло да ја преземе репрезентацијата, оставајќи ги во втор план имињата на Антонио Конте, Роберто Манчини, па дури и Пеп Гвардиола. Двајцата и претходно ...
По драматичната победа над Англија (2-1) и пласманот во финалето на Светското првенство, легендарниот Лионел Меси изјави дека тимот уште еднаш покажал шампионски карактер. Аргентина вторпат во низа ќе игра мундијалско финале, а овој пат тоа ѝ успеа со најслатка победа против најголемиот ривал - Англија. „Овој тим никогаш не се предава. Повторно покажавме дека веруваме до самиот крај. Игравме против одличен противник, но останавме смирени и ја ...
На новото кошаркарско игралиште кај „Авионче“ во населбата Ново Лисиче, синоќа се одржа инклузивен натпревар во кошарка во колички, организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Здружението за спортски активности на лица со телесен инвалидитет – Кошаркари во колички „ХОУП СПОРТ“ Скопје. Настанот се реализираше како интерактивна платформа за промоција на еднаквите можности и инклузија во ...
Англиските медиуми жестоко го критикуваа настапот на репрезентацијата по поразот од Аргентина (2-1) во полуфиналето на Светското првенство, а особено на удар се најде селекторот Томас Тухел. „Изгуби полуфинале и Тухел е само уште еден Саутгејт“ е коментарот на „Телеграф“, во кој се оценува дека германскиот стратег не ја исполнил главната задача поради која бил ангажиран - да ѝ донесе трофеј на Англија. Насловот гласи „Аргентина ја казни ...
Поранешниот бразилски репрезентативец и ѕвезда на Челзи, Оскар, откри дека за време на настапите во Кина заработил огромно богатство, нагласувајќи дека бонусите биле толку високи што практично живеел само од нив. Оскар во 2013 година го напушти Интернасионал и за 30 милиони евра се пресели во Челзи. Само четири години подоцна, иако беше во најдобрите играчки години, направи изненадувачки трансфер во Шангај за околу 60 милиони евра. „Живеевме ...
По поразот од Аргентина (2-1) во полуфиналето на Светското првенство, капитенот на Англија, Хари Кејн, не го криеше разочарувањето. Напаѓачот на Баерн Минхен не сакаше да верува дека ова е последна шанса на оваа генерација, упатувајќи пораки за обединување. „Скршен сум. Ова е навистина болно. Момците дадоа сè. Поминавме долг пат, но ни недостигаше последниот чекор. Мислам дека сите можат да бидат горди на тоа како се боревме, но во вакви ...
Фудбалската репрезентација на Аргентина со пресврт ја победи Англија со 1-2 (0-0) и ќе го брани трофејот на Светското првенство. Натпреварот на „Мерцедез-Бенз Стадион“ не понуди многу во првото полувреме, ама потоа актерите на теренот во Атланта се оддолжија. Англичаните први поведоа, а потоа Томас Тухел реши да го повлече својот тим назад и тоа му се одби од глава. Првиот дел од средбата на понуди апсолутно ништо. Тухел и Лионел Скалони ...
Англија успеа да го скрши мразот во полуфиналната пресметка со Аргентина на Светското првенство. Долго се играше без конкретни шанси, јужноамериканците дури беа и малку подобри на стартот од вториот дел, но „трите лава“ одиграа една одлична акција, по која Морган Роџерс нафрли прекрасно за Ентони Гордон, а овој без проблеми ја смести топката во мрежата на Емилијано Мартинез. Избраниците на Томас Тухел дадоа одличен одговор во период кога ...
Англискиот играч за врска Хари Винкс (30) е нов фудбалер на Каљари, соопшти италијанскиот клуб. Винкс потпиша двегодишен договор и во Серија А пристигнува од Лестер, за кој настапуваше од 2023 година. Во дресот на поранешниот англиски шампион одигра 109 натпревари и постигна пет голови. Поголемиот дел од кариерата го мина во Тотенхем, каде дебитираше во 2014 година. Беше стартер и во финалето на Лигата на шампионите во 2019 година, кога ...
Шпанскиот репрезентативец Педро Поро не го криеше задоволството по победата над Франција (2-0) и пласманот на неговата селекција во финалето на Светското првенство, истакнувајќи дека тимот одиграл одличен натпревар. „Ова е остварување на сонот. Презадоволен сум од пристапот на целиот тим од почеток до крај. Мислам дека одигравме фантастичен натпревар и направивме сè што беше потребно за да стигнеме до финалето“, изјави десниот бек на ...
Силекс утре ќе се обиде да го потврди пласманот во второто квалификациско коло од Конференциската лига во реваншот против Динамо Минск. кога од 20:00 часот на стадионот на ФФМ ќе го пречека белоруски Динамо Минск. Освојувачот на Купот на Македонија во реваншот влегува со предност од 1-0, стекната на првиот натпревар одигран минатата седмица во Стара Загора. На прес-конференцијата тренерот Александар Васоски истакна дека неговиот тим нема ...
Раководството на Формула 1 активно да истражува опции за замена на трките на Блискиот Исток, кои или веќе се откажани или се на работ да бидат откажани поради тековниот воен конфликт. По откажувањето на трките во Бахреин и Саудиска Арабија, одржувањето на трките во Катар и Абу Даби е доведено во прашање. Доколку сите трки на Блискиот Исток бидат откажани, бројот на трки во сезоната 2026 е намален од планираните 24 на 20 Гран При. Како ...
Македонскиот напаѓач Давид Тошевски би можел да ја продолжи кариерата во Унгарија, затоа што за неговите услуги постои сериозен интерес од Ѓер. Според последните информации, унгарскиот клуб веќе испратил официјална понуда до белгискиот Дендер за ангажман на 24-годишниот напаѓач. Покрај Ѓер, интерес за Тошевски покажува и израелскиот Макаби Хаифа, кој засега само стапил во контакт и се распрашувал за условите околу евентуален трансфер. ...
Селекторите на Англија и Аргентина, Томас Тухел и Лионел Скалони ги обелоденија составите со кои ќе се обидат да стигнат до големото финале на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Англија на теренот ќе истрча со најголемите ѕвезди, предводени од Хари Кејн во нападот, додека „гаучосите“ сонуваат за второ финале во низа и повторно ќе нападнат со Лионел Меси и Хулијан Алварез. Англија: Пикфорд, Стоунс, Геи, Џејмс, Спенс, Рајс, Андерсон, ...
Второлигашите ги започнаа подготовките, а речиси сите и ги договорија пријателските натпревари за проверка на формата пред стартот на официјалните натпревари на 15 август. Беласица договори пет пријателски натпревари преку кои ќе ја проверува формата за новата сезона. Струмичкиот клуб ќе има два меѓународни теста и три домашни контролки. Првиот тест ќе биде против Септември Симитли, кој е закажан за 18 јули, а потоа на 24 јули следува уште ...
Фудбалерот на Вардар, Михаил Маневски, го прокоментира реванш-натпреварот во Лигата на шампионите против финскиот Купс (2-3), изразувајќи разочараност за пропуштената шанса и елиминацијата во првата рунда. Вардарци имаа 0-2 на гостувањето во Куопио, но потклекнаа во дополнителното време и се враќаат во Скопје со пирова победа. „Натпреварот во Финска го одигравме добро. Успеавме да победиме, но за жал со недоволна разлика да одиме понатаму. Во ...
Прволигашот Арсими од Чегране радикално го менува ростерот за следната сезона. Овој клуб се засили со дефанзивецот Фисник Зука, кој доаѓа од редовите на Башкими. Станува збор за 30-годишен фудбалер кој, покрај за кумановскиот прволигаш, настапуваше и за екипите на Гостивар, Македонија ЃП, Ренова и Шкупи, а пак меѓународна кариера градеше во албанскиот фудбал настапувајќи за Фламуртари. Двете страни се договорија за соработка од една година, а ...