Екипата на Шкендија има негатива на домашен терен против словенечки Браво (0-1) во рамки на второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Наивно примија тетовчани гол откако дозволија на противникот да се „прошета“ низ одбраната. Стрелец беше центарфорот Јован Станковиќ. Првата средба одиграна во Љубљана на двете екипи заврши со победа од 2-1 на словенечкиот тим. Екипата на Шкендија има негатива на домашен терен против ...

По огромен притисок во првото полувреме, Шкендија успеа да постигне гол против Браво (1-1) во Конференциската лига на УЕФА и се врати во натпреварот. Имаа тетовчани многу шанси, а падна автогол во 36. минута кога по проигрувања по корнер, Крејзиу се обиде да центрира во казнениот простор, но топката зафати еден од играчите на Браво, Гашпер Јован, кој беше во трк, и заради силината се одби во мрежата на гостинот. Првиот натпревар во Словенија ...

Екипата на Шкендија го продолжи патот во Конференциската лига на УЕФА. Тимот од Тетово на домашен терен го победи Браво со 3-1, ја анулира негативата од еден гол од првиот меч во Словенија и се пласира во третото квалификациско коло каде ќе игра со Хибернијан од Шкотска или Малишева од Албанија. Домашниот состав уште од самиот почеток целосно ја презеде иницијативата и постојано се играше пред голот на словенечкиот тим. И покрај бројните ...