Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Челзи е пред ангажман на искусниот англиски напаѓач Дани Велбек, кој добил дозвола од Брајтон да ги мине задолжителните лекарски прегледи пред реализација на трансферот. Според најавите, 35-годишниот Велбек треба во текот на следната седмица да им се приклучи на новите соиграчи во Хонгконг, каде лондонскиот тим ќе одработи дел од подготовките за новата сезона. Доколку сè мине според планот, напаѓачот ќе потпише двегодишен договор со „сините“. ...
Италијанскиот Милан ја продолжува политиката на ангажирање млади таленти, откако официјално го промовираше францускиот стопер Санкун Диавара, кој потпиша договор до летото 2031 година. 20-годишниот дефанзивец пристигнува од Троа, клуб во кој ја мина младинската школа и минатата сезона се наметна како еден од најважните играчи во тимот што избори пласман во Лига 1. Од Милан го опишаа Диавара како фудбалер кој поседува одлична техника, физичка ...
Фудбалската федерација на Тунис официјално го назначи Моин Шабани за нов селектор на националниот тим. 45-годишниот стратег потпиша договор со важност до 2030 година и ќе има задача да ја врати репрезентацијата на победнички патеки. Шабани доаѓа на местото на Ерв Ренар, кој привремено ја водеше селекцијата по отказот на Сабри Ламуши за време на Светското првенство. Ламуши беше разрешен по убедливиот пораз од Шведска (5-1), а ниту Ренар не ...
Во европската фудбалска куќа (УЕФА) сериозно се разгледуваат следните чекори по информациите дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, планира да продаде дел од комерцијалните права од Светското првенство на приватни инвеститори. Според британскиот „Скај Спортс“, во УЕФА се разговара дури и за можност европските репрезентации да го бојкотираат Мундијалот доколку ФИФА продолжи со реализација на овој проект. Наводно, челниците на европските ...
Машката јуниорска репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на Европското првенство од Дивизијата Б во Хрватска, откако во директниот дуел за четвртата позиција во групата „Д“ ја совлада селекцијата на Шведска со конечен резултат 69-60. По неколкуте тешки натпревари во групната фаза, нашите млади кошаркари покажаа карактер, истрајност и верба во сопствените можности. Токму тие квалитети беа пресудни за заслужениот триумф кој ја ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, започна офанзива за да обезбеди поддршка за својот контроверзен план за продажба на дел од комерцијалните права на Светското првенство, а според информациите, сите 211 национални федерации добиле рок до 19 септември да се изјаснат по ова прашање. Федерациите што ќе го поддржат предлогот ќе добијат дополнителни 40 милиони долари финансиска помош, додека оние што ќе гласаат против ќе останат на веќе ...
Славниот Нејмар и официјално стави крај на репрезентативната кариера. Бразилската фудбалска ѕвезда потврди дека повеќе нема да настапува за националниот тим по елиминацијата на „кариоките“ од Светското првенство. „Моето време во репрезентацијата заврши. Испишав историја, бев пресреќен што го носев дресот на Бразил и секогаш го давав максимумот. Го оставив срцето на теренот, но сега е време да ставам крај“, изјави Нејмар по победата на ...
Македонската кадетска репрезентација започна со пораз од Словенија (33-30) на Европското првенство кое се одржува во Белград. Нашите надежи прикажаа одлична игра на дуелот со силниот противник. Бевме максимално пожртвувани во првите 30 минути од натпреварот, но дозволивме голем пресврт на ривалот во вториот дел. Првото полувреме беше скоро целосно во полза на Македонија, репрезентативците одиграа маестрално и создадоа предност од шест гола на ...
Новото засилување на Еурофарм Пелистер, Мартин Серафимов, изјави дека доаѓањето во Битола била негова голема желба во кариерата. Репрезентативецот на Македонија изрази задоволство што ќе игра во овој силен колектив, за кој рече дека е исполнет со многу квалитетни домашни, но и странски ракометари. „Нема да лажам, Еурофарм Пелистер и Битола беа моја голема желба во текот на кариерата. Секогаш доаѓав тука како противник и ја чувствував ...
РК Младост 1977 интензивно се подготвува за враќањето во македонската Суперлига, а паралелно со екипата се работи и на подобрување на условите во спортската сала „Млаз“ во Богданци. Со поддршка од Општина Богданци, локалната бизнис-заедница и поединци, реализиран е значаен дел од планираното реновирање, со што салата добива нов изглед и подобри услови за ракометарите и навивачите. Од клубот упатија благодарност до сите кои помогнаа во ...
Европските натпревари на Вардар ова лето минаа без ниту еден инцидент и без финансиски санкции од УЕФА, што претставува значаен исчекор во однос на претходните сезони кога клубот добиваше казни. На домашните средби против КуПС во квалификациите за Лигата на шампионите и Рига во квалификациите за Конференциската лига, трибините беа без употреба на пиротехнички средства и пароли кои можеа да го загрозат клубот на финансиски план, а атмосферата ...
Американскиот бек Ноа Фарахан е најновото засилување на МЗТ Скопје, откако денеска и официјално стави потпис на договорот со македонскиот шампион. Станува збор за квалитетен плејмејкер, кој зад себе веќе има една европска сезона. Истата ја почна во босански Студент, продолжи во Игокеа и Борац Бања Лука, а ја заврши во словачкиот прволигаш Комарно. Универзитетската кариера ја започна во Источна Каролина, по што настапуваше и за Вест Вирџинија, ...
Австралискиот тенис добива ново презиме Хјуит на големата сцена. Круз Хјуит, синот на поранешниот светски рекет број еден Лејтон Хјуит, ја забележа првата победа во кариерата на АТП турот, и тоа пред да наполни 18 години. Младиот Австралиец во првото коло на турнирот во Вашингтон го совлада 15 години повозрасниот Маркос Гирон во два сета (6-3, 6-4) и направи уште еден голем чекор во својата кариера. Хјуит до главниот турнир стигна преку ...
Женската репрезентација на Македонија „Под 18“ години отпатува за Романија, каде од 31 јули до 9 август ќе настапи на Европското првенство од Дивизијата „Б“. На шампионатот, кој ќе се одржи во Тулчеа, ќе учествуваат 20 национални селекции, а трите најдобропласирани репрезентации ќе обезбедат место во елитната Дивизија „А“. Македонските јуниорки ќе се натпреваруваат во групата Д, заедно со селекциите на Данска, грција, велика Британија и ...
Валенсија сè уште нема регистрирано ниту едно од четирите летни засилувања за настап во Ла Лига, а меѓу фудбалерите чија документација допрва треба да биде завршена е и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Според „АС“, Де Хас, Диенг, Сато и Гвидо сè уште не се на списокот на првиот тим, додека новиот договор на Димитриевски до 2028 година не е доставен за регистрација. Поради тоа, во моментов Кристијан Риверо формално е ...
Благој Спиркоски по пет години повторно ќе го носи зелено-белиот дрес. Искусниот офанзвиец се врати во Пелистер и ќе биде дел од битолскиот тим во новата сезона, во која клубот ќе се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига. По потписот, Спиркоски не го криеше задоволството што повторно е во добро позната средина и најави максимална посветеност во обидот Пелистер експресно да се врати во елитата. „Среќен сум што повторно, по пет ...
Марк Кукуреља даде необично ветување за време на Светското првенство, а по освојувањето на титулата со Шпанија дојде време и да го исполни. Левиот бек го истетовира ликот на селекторот Луис де ла Фуенте на својата десна рака. Кукуреља во текот на Мундијалот најави дека доколку „црвената фурија“ стане светски шампион, ликот на Де ла Фуенте ќе добие место меѓу бројните тетоважи на неговото тело. Шпанија стигна до тронот, а фудбалерот на Реал ...
Шпанскиот евролигаш Басконија продолжува да го засилува тимот за новата сезона, а најновото име во ростерот е канадскиот бек, Еј Џеј Лосон. Клубот од Виторија официјално потврди дека со кошаркарот потпишал двегодишен договор, кој ќе трае до летото 2028 година. Лосон игра на позицијата бек-шутер, висок е 198 сантиметри и во Басконија пристигнува со искуство од најсилната кошаркарска лига во светот. Во НБА кариерата запиша 107 настапи, носејќи ...
Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со формирањето на ростерот за сезоната 2026/27 и го потврди третото ново име во своите редови. Нов член на битолскиот состав е младиот Коста Кириловски, еден од перспективните македонски кошаркари. Кириловски настапува на крилната позиција, а своите први кошаркарски чекори ги направи во школата на Водно Санс. Во претходните две сезони искуство собираше во дресовите на Игокеа и Кожув, а сега кариерата ќе ...
Жоао Педро беше апсолутен херој на Челзи во спектакуларната победа над Вестерн Сиднеј Вондерерс од 6-4. Бразилскиот напаѓач блесна во завршницата и со три гола за само девет минути го комплетираше пресвртот на „сините“. Одличното издание на Бразилецот не остана незабележано ниту од новиот менаџер Чаби Алонсо, кој по натпреварот потенцира дека кај неговиот напаѓач гледа огромна желба за уште подобра сезона. „Тој е многу гладен. Жоао е ...
Француските медиуми пишуваат дека актуелниот европски шампион, ПСЖ, имал голема желба да го доведе Родри од Манчестер Сити, но доколку шпанскиот играч за врска одлучи да го напушти англискиот клуб, неговата единствена желба би била трансфер во Реал Мадрид. Францускиот гигант ја разгледувал можноста за ангажман на еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот и сакал да го привлече на „Паркот на принцовите“. Сепак, Родри наводно има ...
Поранешниот мексикански репрезентативец Хавиер Ернандез „Чичарито“ ја продолжува кариерата во новоформираниот американски клуб Атлетико Далас. Искусниот 38-годишен напаѓач потпиша двегодишен договор, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона. Чичарито ќе остане запаметен како првото засилување во историјата на Атлетико Далас, кој од 2027 година ќе се натпреварува во УСЛ Чемпионшип, второто ниво на професионалниот фудбал во ...
Бразилската фудбалска ѕвезда Винициус Жуниор сè уште не се приклучил на подготовките на Реал Мадрид, што повторно ги засили гласините дека би можел да ја промени средината. Британските медиуми пренесуваат дека неговиот менаџерски тим и понатаму разговара со раководството на Реал околу продолжување на договорот, кој истекува по завршувањето на следната сезона. Иако преговорите се во тек, засега нема договор меѓу двете страни. Во исто време, ...
Македонскиот фудбалер Димитар Данев доби шанса од клупата во дресот на Вардар против Рига. По поразот во Летонија со кој црвено-црните ги завршија настапите во Европа оваа сезона, Данев истакна дека на мечот црвениот картон бил голем проблем, посебно во продолженијата. „Сите играчи што бевме на терен го дадовме својот максимум за Вардар и се боревме секоја минута. Имавме добар старт, потоа добивме црвен картон ама и покрај тоа тактички бевме ...
Вардар ги заврши настапите во Европа за оваа сезона. Три минути го делеа тимот до место во следната рунда од Конференциската лига и двомечот со Рига, имаа црвено-црните 0-2 и со човек помалку, но погодокот кој летонскиот првак го даде во 87. минута го однесе дуелот во продолженија, во кои македонскиот шампион не можеше да парира со црвен картон. По натпреварот тренерот Кристијан Фабијани ги сподели импресиите и од она што го видел на теренот. ...
Динамо Загреб се пласира во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, откако по голема драма и продолженија го совлада швајцарски Тун со 3-2. По 90 минути резултатот беше 2-2, а хрватскиот шампион славеше со вкупни 4-3. Тун одлично го отвори натпреварот и со головите на Лабо и Бурки до 22. минута поведе со 0-2. Ситуацијата целосно се промени во 67. минута, кога Бурки заработи директен црвен картон. Динамо ја искористи бројчаната ...
Управата на Денвер Нагетс му понуди на Пејтон Вотсон нов петгодишен договор вреден 70 милиони долари, со цел да го задржи во тимот и во наредните сезони. Вотсон ова лето стана ограничено слободен агент, а интерес за него покажаа и Милвоки, Атланта, Лос Анџелес Лејкерс и Лос Анџелес Клиперс. 23-годишниот крилен кошаркар е дел од Денвер од 2022 година, а во 2023 со тимот ја освои шампионската титула во НБА лигата. Минатата сезона одигра ...
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) излезе со остра реакција по текст објавен во британски „Тајмс“, испраќајќи сериозна порака до ФИФА и останатите институции кои управуваат со светскиот фудбал. УЕФА смета дека е премината граница која фудбалските институции никогаш не би смееле да ја преминат и побара реакција од националните федерации, лигите, клубовите, фудбалерите, навивачите и владите. „Ова е преминување на граница која институциите што ...
Македонскиот фудбалски првак Вардар ги заврши настапите во евро-куповите. Иако победи на гостувањето во Рига во регуларниот дел (1-2) што беше доволно за продолженија, сепак, во екстра-времето летонскиот првак ја искористи бројчаната предност на теренот и со триумф од 5-2 се пласира во следната рунда на Конференциската лига на УЕФА. Вардар броеше ситно до сензација, имаше 0-2 дури и со црвен картон кој го доби уште од почетокот на мечот, ама ...
Шведскиот шампион Мјалби продолжува да ја пишува својата фудбалска бајка. Клубот од малото место Хелевик обезбеди европска есен, откако го елиминира Линколн од Гибралтар со вкупни 3-0 во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Прашањето околу патникот понатаму практично беше решено уште на првата средба, на која Мјалби пред својата публика славеше со убедливи 3-0. На реваншот немаше голови (0-0), па Швеѓаните без примен погодок ...