Заврши одморот за суперигашките екипи, секако, освен оние кои имаа обврски во натпреварите од АБА 2 конкуренцијата, двете водечки ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром. Овој викенд продолжуваат натпреварите во МТЕЛ Суперлигата, а на програмата е 12. коло, или првото од вториот дел од сезоната. Во кој следуваат уште 11. првенствени кола по кои ќе бидат формирани натпреварувачките двојки за доигрувањето за шампионската титула. А првиот првенствен натпревар ...

Германија ја совлада Португалија со 32:-30 во првото коло од главната рунда на Европското првенство во ракомет, но натпреварот доби продолжение надвор од теренот поради контроверзниот погодок постигнат во последните пет секунди. Спорниот гол на Германија во финишот: Германците реализираа по изведување од центар, иако дел од нивните играчи прерано ја минаа централната линија, што предизвика жестоки реакции од португалската страна. Од ЕХФ ...

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперси славеа во дербито против Лос Анџелес Лејкерси (112-104) во НБА лигата. ЛА Клиперс - ЛА Лејкерс: Калифорниското дерби во „Интуит Доме“ во Инглвуд му припадна на домаќинот. Уште во првата четвртина Клиперси најавија дека се порасположени, а потоа и до полувремето се одлепија. Лејкерси во вториот дел се обидоа да се вратат, бидејќи веќе разликата достигна максимални „плус 26“. Најефикасен играч на мечот беше ...

Арина Сабаленка си ја заврши задачата и се пласира во осминафиналето на Австралија Опен, победувајќи ја Анастасија Потапова со 2-0. Летонската тенисерка ѝ пружи отпор на првата фаворитка во Мелбурн, бидејќи се бореше и играше два тај-брејка. Првиот сет понуди по еден ран брејк, па израмнета игра и Сабаленка со 7-4 го доби првото доигрување. Во вториот таа отвори со огромни 4-0, но Потапенко направи два рибрејка за 4-4. Следуваше уште по една ...

Првиот светски рекет Карлос Алкараз без премногу потешкотии се пласира во осминафиналето на Австралија Опен, откако го победи Корентин Муте со сигурни 3-0. Мечот на „Род Лејвер Арената“ траеше два часа и седум минути, а Шпанецот одигра одличен меч. Алкараз тргна одлично и во првиот сет направи два брејка за 6-2. Шпанскиот ас ги освои и трите воведни гема во вториот сет, меѓутоа Муте се врати до 3-3 со два брејка. До крајот на сетот Алкараз ...

Каталонскиот гигант Барселона ја има поставено својата главна цел за следниот преоден рок - тоа е Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид! Информацијата ја потврдија повеќе шпански медиуми. Со оглед на тоа што легендарниот Роберт Левандовски ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, Барселона бара ново решение во нападот, а Алварез се смета за идеален наследник поради својата техника, брзина и способност да постигнува голови. Раководството на ...

Селекторот на репрезентацијата на Сенегал, Папе Тијав, откри дека одлуката неговиот тим да го напушти теренот за време на финалниот натпревар на Африканскиот Куп на нации била емотивна и донесена во хаотичниот момент на мечот против Мароко. Сенегал славеше со 1-0 по продолженијата и го освои трофејот, но натпреварот беше запаметен по контроверзните сцени во завршницата. Поради спорна одлука на судиите, кои доделија пенал на Мароко веднаш ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе настапи на еден од најсилните турнири во серијата АТП 500 во Доха, каде ќе се судри со некои од најголемите ѕвезди и ривали. На терените во Катар, од 16. до 22. февруари, Алкараз ќе биде дел од славната „екипа“, меѓу кои се и Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер - двајца од неговите најголеми ривали и тенисери кои се на самиот врв на АТП листата. Овој турнир со награден фонд од над 2,8 милиони долари, најавува ...

Ентони Гордон од Њукасл Јунајтед постави нов рекорд за клубот во Лигата на шампиони, надминувајќи го учинокот што цели 23 години го држеше легендарниот Алан Ширер. Младиот англиски крилен играч имаше одлична вечер на теренот, впиша гол и асистенција, што му донесе заслужено признание и го вброи меѓу најзначајните играчи во историјата на клубот во европските натпреварувања. Гордон стигна до вкупно десет асистенции во Лигата на шампионите, со ...

Екипата на Динамо Загреб ја прекина лошата серија во Лигата на Европа и по трите врзани порази вечерва со убедливи 4-1 славеше над ФЦСБ и се искачи во плеј-оф зоната, на едно коло до крајот на лигашкиот дел. „Модрите“ отворија перфектно, поведоа со голот на Монсеф Бакар по седум минути, а само четири подоцна следуваше нова радост за фановите на „Максимир“. Дион Дрена Бељо стрела по асистенција од Арбер Хоџа и Динамо успеа да стигне до двојна ...

Грчките кошаркарски гиганти Панатинаикос и Олимпијакос забележаа половичен успех во вечерашната програма во Евролигата. „Црвено-белите“ славеа на гостувањето во Турција, додека шампионот од пред две сезони загуби во Тел Авив. Олимпијакос продолжува со позитивните резултати во последниот период во европската елита и против Анадолу Ефес ја потврдија улогата на фаворит и славеа со сигурни 68-74. За грчкиот тим ова беше петнаесетти триумф ...

Екипата на Рома конечно успеа се искачи на местата на кои што припаѓа во Лигата на Европа. Калчолигашот вечерва ја впиша четвртата победа во низа во второто по ранг натпреварување на УЕФА и на „Олимпико“ падна Штутгарт со 2-0. Вечерашните три бода на Рома ѝ донесе скок од шест места на табелата и место меѓу екипите кои ќе играат во осминафиналето, додека Штутгарт падна на 11 позиција. Домашните фудбалери енергично го отворија натпреварот пред ...

Скопскиот кошаркарски клуб Бутел промовира големо засилување во борбата за пласман во Суперлигата на Македонија. Бутелци за пролетниот дел од сезоната го договорија Марјан Јанесски. Станува збор за 37-годишен кошаркар кој има огромно искуство во најсилните македонски клубови. Јанески доаѓа во редовите на Бутел по настапите за Куманово. View this post on Instagram A post shared by KK-Butel (@kkbutel) Во минатото беше дел од МЗТ Скопје, ...

Ракометарите на Данска по огромна драма и голема борба го добија дербито против Франција 29-32 (12-11) и триумфално ја отворија главната фаза на Европското првенство. Ова беше натпревар за Данците „да се биде или не“, бидејќи не пренесоа бодови во втората групна фаза, па пораз ќе значеше веројатно и крај за амбициите за полуфинале. „Триколорите“ отворија подобро, од стартот се наметнаа и диктираа темпо во воведните минути (4-2). На тоа ...

Ракометата селекција на Шпанија беше на прагот да извлече бод во драматичната пресметка со Норвешка, но на крајот си пукаше сама во нога и загуби со минимални 34-35 во натпревар од втората фаза на Европското првенство. „Црвената фурија“ имаше напад за израмнување, откако на семафорот останаа уште само 11 секунди. Наместо сигурно и едноставно решение, Шпанците се одлучија за комплицирана и атрактивна акција, која требаше да донесе херојски ...

Ракометната селекција на Хрватска втората фаза од Европското првенство ја започнува со натпревар против Исланд. Тоа ќе биде посебен момент за Дагур Сигурдсон, Исланѓанецот на хрватската клупа. Сепак, ова не е првпат Сигурдсон да предводи репрезентација против својата татковина, а тој со Хрватска веќе забележа клучна победа против Исланд на Светското првенство минатата година. Новинарската екипа од исландскиот портал „Визир“ разговараше со ...

Фудбалерите на Астон Вила со победа тргнаа во новата година во Лигата на Европа. Премиерлигашот, кој важи за еден од главните фаворити за трофејот во ова натпреварување го преживеа тешкото гостување кај Фенербахче во Истанбул и со минимални 0-1 (0-1) го запишаа шестиот триумф во лигашкиот дел. На „Шукру Сараџоглу“ фудбалерите на Унаи Емери до посакуваните три бода стигна со гол во првото полувреме, а стрелец на истиот беше поранешниот ас на ...

Фудбалерите на Црвена Звезда се изборија за многу важен триумф (0-1) на гостувањето кај Малме во натпреварот од седмото коло на Лига Европа. Белградскиот тим одигра солидно и расположено, а мотивираниот пристап резултираше со нови три бода во второто најважно евро-натпреварување. Српскиот претставник победи со голот на талентот со македонски корени, Василије Костов, кој биеше во шеснаесеттата минута и воедно го постави конечниот резултат на ...

Репрезентацијата на Норвешка ја совлада Шпанија со конечни 35-34 во драматичен натпревар од првата група во главната фаза на Европското ракометно првенство. Првото полувреме понуди многу неизвесна игра, ниту еден тим немаше повеќе од два гола предност, а на паузата резултатот гласеше 16-16. Шпанија подобро го отвори второто полувреме, па покрај почетното водство на Норвежаните, потоа „фуријата“ имаше и неколку напади за +4, но не успеа да ...

Ракометната селекција на Германија извојува огромен триумф над Португалија со 32-30 во тензичен натпревар од првото коло од Групата И од втората фаза на Европското првенство. Португалците по новиот неуспех, одново покажаа дека се лоши губитници и удрија по судиите Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик. Во последните моменти од натпреварот, додека Португалците се обидуваа да израмнат, според нив се случи голем судиски пропуст. Португалците ...

Бразилскиот фудбалер Касемиро сигурно ќе се раздели со Манчестер Јунајтед на крајот од актуелната сезона, откако клубот донел конечна одлука да не му понуди продолжување на договорот. Искусниот играч за врска пристигна на „Олд Трафорд“ во 2022 година и веднаш стана еден од клучните фудбалери во средниот ред, но во последниот период неговата улога значително се намали поради повреди и тактички промени. „Ви благодарам на сите што го направивте ...

Македонскиот кошаркарски суперлигаш Маџари се пофали со две нови засилувања за остатокот од сезоната. Во екипата пристигнаа Американеците Томи Луис и Тери Армстронг, кои ги покриваат бековските позиции. Луис доаѓа од екипата на австрискиот Фурстенфилд, каде просечно бележеше одличен учинок од 17,7 поени по натпревар. Амстронг настапуваше за колумбискиот Торос Дел Вале. Се очекува двајцата да бидат големи засилувања за новиот тим. Маџари во ...

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги објави номинациите за најдобриот играч на светот за 2025 година, а во трката за престижното признание се најдоа тројца врвни ракометари. Матијас Гидсел (Данска) има можност да испише историја, бидејќи може да стане првиот ракометар што ќе ја освои наградата три години по ред. Воедно, тој би бил само трет играч во историјата со вкупно три признанија, по легендарните Никола Карабатиќ и Микел Хансен. ...

Македонскиот прволигаш Брера Струмица го одигра вториот пријателски натпревар во рамки на зимските подготовки за остатокот од сезоната. Струмичани попладнево се сретнаа со грчкиот тим Ксанти и ремизираа со конечен резултат 1-1. Стрелец за Брера беше Кире Стојанов, кој ја затресе мрежата во 36. минута. Екипата ќе одигра уште еден контролен меч и ќе ги одмери силите со српскиот Земун, а претходно спарингуваше со тетовска Шкендија. Првиот ...

Репрезентацијата на Германија долго се бореше, но успеа да ја совлада Португалија со 32-30 во натпреварот од првата група на главната фаза од Европското ракометно првенство. Ова е свовиден реванш за бундес-тимот за поразот во четвртфиналето на Светското првенство минатата година. Се играше цврсто и израмнето, првите триесет минути понудија егал-резултат (11-11), а потоа „панцерите“ долго се мачеа за да го скршат противникот на Португалците, ...

Македонскиот фудбалер Стефан Ашковски официјално го напушти Раднички Ниш и српската Суперлига ја замени со иранскиот шампионат. 33-годишниот лев бек дојде во Раднички од кипарски Етникос, но по четири месеци ја завршува соработката. Следна дестинација е Иран, каде потпиша со клубот Мес Рафсанјан кој се бори за опстанок во најдобрата лига на земјата. Договорот меѓу клубот и Ашковски е до крајот на актуелната сезона, со можност истиот да биде ...

Македонскиот прволигаш Работнички извојува огромна победа во пријателскиот натпревар со второлигашот Охрид Лихнидос, славејќи со убедливи 8-2. „Романтичарите“ комплетно ја покажаа својата сила и се „истурија“ со исклучително офанзивна игра, а стрелци на головите беа Хоџа, Демири, Манојлов и Мухареми Сухел. По два гола постигнаа Дашмир Елези и Ардит Дестани. Двете екипи ги продолжуваат подготовките за остатокот од сезоната. Работнички се бори ...

Одделот за натпреварување во рамките на Фудбалската федерација на Македонија денес ја извести авноста и клубовите дека извлекувањето на четвртфиналните парови од Купот на Македонија ќе се одржи утре со почеток во 12:00 часот. Ждрепката ќе биде извршена во просториите на „Куќата на фудбалот“, а вкупно осум екипи ќе ги дознаат своите ривали во битката за пласман меѓу четирите најдобри. Од прволигашите, во четвртфиналето се најдоа екипите на ...

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изрази големо задоволство од настапот на својот тим по убедливата победа од 3-0 против Олимпик Марсеј, нагласувајќи дека неговите фудбалери одиграле тактички зрел натпревар во тешка атмосфера. „Црвените“ забележаа важна победа во Лигата на шампионите и се проби до четвртата позиција, задржувајќи големи шанси за директен пласман во осминафиналето. „Ова беше натпревар во кој мораше да бидеме трпеливи и ...

Норвешкиот тенисер Каспер Руд се пласираше во третото коло на Австралија Опен, откако во второто коло одигра одличен меч и го победи Шпанецот Жаум Мунар со 2-1, по сетови 6-3, 7-5 и 6-4. Мечот траеше два часа и 28 минути, а Руд направи три брејка, додека Мунар не успеа да направи ниту еден. Ривалот не беше за потценување и пружи силен отпор, но Норвежанецот успеа да ја оправда фаворитската улога. Во третото коло Руд ќе игра против хрватскиот ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
93%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
9.77
75%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
4.63
92%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
87%
1005
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.29
99%
1006
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
994
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
9.26
73%
1004
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
81%
999
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
5.14
95%
1008
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
5.66
96%
1000
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
62%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Сребро

2733.78

Иридиум

221848.72

Цинк

3.29

Калај

48.78

Бакар

12.12

Рутениум

45750.51

Родиум

339994.14

Паладиум

55781.55

Платина

83354.78

Злато

157561.16

Алуминиум

3.09