
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Сензационалниот пораз од Финска ѝ донесе на Србија втора последователна елиминација во осминафиналето на Евробаскетот. Разочарувачкиот настап на континенталниот турнир покрена повеќе прашања отколку што одговори, особено имајќи ги предвид предвидувањата и очекувањата поставени за „орлите“. Иднината е маглива, а сигурно е дека Финска ќе биде последниот ривал за некои од учесниците - само прашање е за кого. Шпанската „Марка“ го даде својот одговор ...
Македонскиот кошаркарски прволигаш Гостивар го затвори кругот на странци во својот ростер, откако договори уште едно ново име. Во Гостивар се сели искусниот крилен центар Кенан Карахоџиќ, кој минатата сезона ги бранеше боите на хрватскиот второлигаш Самобор. Карахоџиќ уште од 15 години го напушти матичниот клуб Спартак Суботица и премина во Уникаха. Таму остана седум години, но честопати бил праќан на позајмици, меѓу кои и во Партизан. ...
Ракометарите на Охрид за неколку дена ја започнуваа новата сеозна во македонската Суперлига со мечот против екипата на Алкалоид на гости во Скопје. Дуелот против третопласираната екипа од минатата сезона го најави капитенот на охриѓани, Гоце Ојлески. „Ни следи стартот на сезоната кој сите со нетрпените го очекуваме. Мислам дека ги одработивме доста квалитетно подготовките и спремни сме за натпреварување. На стартот следи дерби натпревар со ...
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го освои Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави во тенис, откако вечерва во финалето ја победи Американката Аманда Анисимова со 6-3, 7-6/3. Мечот траеше 94 минути и имаше драматични моменти. Сабаленка на тој начин потврди дека е тенисерка број еден во светот, додека Аманда Анисимова се искачи на четвртото место на АТП листата по уште едно финале на Гренд слем турнир. По триумфот, Сабаленка ...
Женскиот фудбал има нова светска рекордерка во трансфер инвестиција, Англискиот клуб Лондон Сити ја направи француската интернационалка Грејс Гејоро најскапата фудбалерка во историјата, ангажирајќи ја од редовите на Пари Сен Жермен за рекордни 1,4 милиони фунти (1,89 милиони долари). Цената што ја плати тимот од англиската женска Суперлига ја надминува сумата од 1,5 милиони долари (1,1 милион фунти) колку што издвои американски Орландо за ...
Ракометарките на Ѓорче Петров со сигурна игра во второто полувреме славеа над Куманово со 31-21 во првото коло од женската Суперлига. На паузата „лавиците“ имаа предност од еден гол (13-12), а разликата за победа се направи во второто полувреме. Главната серија на голови падна кога фаворитот се одлепи наа 21-15 и целосно ја презеде контролата на натпреварот и до крајот не дозволија никаква неизвесност. Емилијана Ризоска и Катерина Дамјановска со ...
Кошаркарската репрезентација на Србија важеше за прв фаворит за златото, но ги заврши настапите на Евробаскетот уште во осминафиналето, со сензационален пораз од селекцијата на Финска (86-92) која е една од домаќините на настанот. На овој турнир селекцијата на Пешиќ дојде со големи очекувања. Важеше за главен кандидат за првото место, ја нарекуваа најкомплетен тим, но по повредата на Богдан Богдановиќ, работите се сменија. Играта беше далеку од ...
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина во четвртото коло од квалификациите за Светското првенство 2026, во рамки на групата Х, славеше убедлива победа на гостувањето кај Сан Марино со 6-0. Со оваа победа, избраниците на босанскиот селектор остануваат на максимални четири победи од четири натпревари, а веќе во вторник во Зеница ги очекува можеби и клучниот дуел за првото место во групата против Австрија. Домаќините уште во 16. минута ...
Хрватскиот тим Сесвете обезбеди историски пласман во групната фаза на ЕХФ Лига Европа, каде што ќе биде и еден од ривалите на македонскиот вицепрвак Вардар. Составот од Загреб е предводен од искусниот тренер Жељко Бабиќ, добро познат на македонската јавност поради својата претходна работа во Еурофарм Пелистер. Сесвете до групната фаза стигна преку двомеч со Дуго Село. По поразот на првиот натпревар (32-29), хрватскиот претставник реваншот ...
Ракометарите на македонскиот суперлигаш Алкалоид не успеаја да се пласираат во главната рунда на Европската лига на ЕХФ, откако германскиот Хановер-Бургдорф беше подобар и на реваншот во Скопје (28-29) и си обезбеди место меѓу најдобрите. По мечот, анализа на дуелот во Скопје направи тренерот Кирил Лазаров. „Честитки до Хановер, заслужија да победат. Јас сум разочаран, затоа што промашивме девет пенали, а со такво нешто е невозможно да победиш ...
Ракометарите на македонскиот суперлигаш Алкалоид не успеаја да се пласираат во главната рунда на Европската лига на ЕХФ, откако германскиот Хановер-Бургдорф беше подобар и на реваншот во Скопје (28-29) и си обезбеди место меѓу најдобрите. Македонскиот претставник одигра борбено и динамично, публиката уживаше во брз ракомет со многу убавини, но и неизбежни грешки што ги носи таквиот стил. Германците, предводени од расположениот голман Бирлем, ...
Екипата на Пролет 62 со победа ја отвори Суперлигата и на домашен терен го совлада ГРК Тиквеш со резултат 22-19 (12-10). Дуелот на двата суперлигаши почна рамноправно, а Тиквеш имаше неколку нереализирани напади и шутеви во стативата или крај голот, моменти кои донесоа 8-4 за Пролет. До финишот на првиот дел, кавадарчани успеаја да ја преполоват негативата (12-10). Потоа преку Тајник и Манасков, ракометарите на Тиквеш дојдоа на минус еден ...
Во резултаска нишалка и голема драма во текот на сите шеесет минути, Куманово го совлада Радовиш со 34-32 (15-17), во дуелот од првото коло на новата Суперлига. Дуелот во Куманово, кој го следеа неколку стотици љубители на ракометот беше на задоволително ниво, со видливо индивидуална игра кај двете екипи. Во таква бркотница и послаби одбрани од напади, подобро се снајдоа кумановчани. Ова е прва победа на Аце Станковски на клупата на Куманово, ...
Две недели по турнирската победа, ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го совладаа Прилеп и во натпревар за бодови во салата „Ристе Ристевски-Ричко“. Младите битолчани славеа со 29-32 (15-16), во дуел кој го решија со одлични последни петнаесет минути. Првото коло од новата Суперлига донесе гледливо и драматично пелагониско дерби, кое го следеше исполнета трибина и околу илјада љубители на ракометот. Дуелот започна израмнето и наликуваше на ...
Кошаркарската репрезентација на Литванија е третиот патник во четвртфиналето на Евробаскетот, по победата во „балтичкото дерби“ против домаќинот Летонија во Рига со резултат 88-79. Литванците со тоа закажаа борба за полуфинале со победникот од дуелот Грција – Израел, додека Летонија доживеа тежок дебакл на турнирот, иако влезе со големи амбиции како домаќин. Литванија влезе во мечот без две големи ѕвезди – повредениот Јокубаитис и отсуствувањето ...
Фудбалската репрезентација на Англија забележа победа од 2-0 против Андора во Бирмингем, во рамките на четвртото коло од квалификациската група К за Светското првенство 2026. Иако Англичаните важea за голем фаворит, на нивен погодок се чекаше до 66. минута. Резултатот го отворија во 25. минута со несреќен автогол на Гарсија по удар на Мадуеке, а конечните 2-0 ги постави Деклан Рајс со удар со глава по центаршут на Рис Џејмс. Селекторот Томас ...
Ракометарите на Бутел Скопје направија голем исчекор кон второто коло на ЕХФ Европскиот Куп, откако на гостувањето во Луксембург го совладаа Дуделанж со 27-31 (13-17). Дуелот започна израмнето, Киселовски и Николов први погодија за македонскиот претставник и четири пати резултато беше израмнет во раната фаза. Следеше серија од три неодговорени гола на Филип Николов и бутелчани се одлепија на 5-9. Нашиот претставник ја одржа таа предност од 4-5 ...
Екипата на Алкалоид по долго чекање конечно го доби европскиот трофеј од Европскиот Куп на ЕХФ кој го освои со победа над АЕК Атина во финалето. Заради неодиграниот дуел во Скопје заради гостинот, ЕХФ имаше работа и титулата ја додели на „зелена маса“. Пехарот на Алкалоид му го додели Божидар Ѓурковиќ, претставник на ЕХФ. За Алкалоид, ова е трет освоен трофеј во историјата, по Суперкупот и Купот на Македонија. Воедно, тимот на Лазаров е трет ...
Марк Маркез стигна до својата четиринаесетта победа во 15 спринт-трки сезонава во МотоГП, триумфирајќи на патеката „Каталуња“ во Барселона. Светскиот шампион ја искористи грешката на својот брат Алекс, кој водеше убедливо, но падна во 9. круг од 12-те предвидени. Алекс Маркез имаше над секунда предност и комплетно го контролираше ритамот, но падот во десеттиот свиок ја отвори вратата за неговиот брат да дојде до нов триумф, иако немаше одговор ...
Македонската фудбалска репрезентација ќе го дочека Лихтенштајн во натпреварот од квалификацискиот циклус за следниот Мундија. Нашиот национален тим ќе ја брка првата домашна победа во квалификациите, откако претходно во Скопје ремизираше со Велс и Белгија. На средбата со новинарите освен селекторот Милевски зборуваше и капитенот Енис Барди, кој кажа: „Мислам дека ќе имаме тежок натпревар, така беше и во Вадуц додека го отворивме резултатот. Сите ...
Седум натпревари се одиграа во рамки на Втората македонска лига (ВМФЛ) ова попладне, а на сите од нив имаше голови и тимовите беа расположени. Дербито на денот се одигра во Автокоманда, каде на „Железарница“, тимот на Скопје ја пречека Шкендија Арачиново. Домашните беа на прагот да победат, но примија доцен гол и мечот заврши 2-2. Рекордна победа оваа сезона во ВМФЛ забележа Беласица, која со убедливи 7-1 го декласира новајлијата Горно Коњари. ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа дојде до својата втора турнирска победа оваа сезона. Попладнево таа триумфираше на турнирот во Слобозија, Романија, совладувајќи ја домашната натпреварувачка Елена Руксандра Беретеа во финалето со 2-1 во сетови (3-6, 6-3, 6-4). Иако првиот сет го загуби со 3-6, Ѓорческа успеа брзо да се врати и со ист резултат (6-3) го освои вториот сет, израмнувајќи го мечот. Во одлучувачкиот трет сет, Ѓорческа беше ...
Новата сезона во Лигата на шампионите во ракомет за жени започна со изненадување. Унгарскиот гигант Фенербахче на домашен терен загуби од Одензе од Данска со 32-34, во дуел во кој двете екипи се менуваа во водството во текот на сите шеесет минути. Кристијансен Бакеруд со седум гола беше прво име на натпреварот, а Ардал, Хансен и Дела Рушфелд со по пет гола исто така одиграа одличен натпревар. Во поразениот Ференцварош отскокнаа Вогел и Клујбер ...
Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува нов предизвик во квалификациите за Светското првенство, а тоа ќе биде натпреварот против Лихтенштајн. Иако загубија од Саудиска Арабија на тестот во Прага, нашите фудбалери подготвени го дочекуваат следниот предизвик. На прес-конференцијата стандардно зборуваше селекторот Благоја Милевски, кој го најави дуелот со аутсајдерот, повторно нагласувајќи дека воопшто нема да биде лесно. „Сите се ...
Холандскиот Ф1-возач Макс Верстапен ја освои својата петта пол-позиција сезонава во Формула 1, со победа во квалификациите за трката на ГН на Италија на легендарната патека „Монца“. Актуелниот светски шампион стигна до првото место со најбрзиот круг во историјата. Верстапен запиша време од 1:18.792, со што за 0.095 секунди го подобри претходниот рекорд на „Монца“, кој од 2020 година му припаѓаше на Луис Хамилтон. Просечната брзина на овој ...
Српската фудбалска репрезентација не блескаше, но ја запиша втората победа во квалификациите за следното Светско првенство. По јунските четири бода против Албанија и Андора, момците на Драган Стојковиќ однесоа цел плен од Рига. Против не многу квалитетната, но добро организирана Летонија, „орлите“ славеа со 0-1 (0-1). Дуелот започна одлични и во првите десет минути двете репрезентации креираа по една шанса и Србија поведе. Душан Влаховиќ, кој ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, остана изненаден од тоа колку неговиот тим се мачеше против аутсајдерот Фарски Острови во квалификациите за Мундијалот 2026. „Коцкестите“ славеа со минимални 0-1 на тешкото гостување, а според зборовите на Далиќ, од овој дуел ќе се памети само резултатот. „Се паметат бодовите и ништо друго. Очекувавме тешка средба, но не и ваква. Испадна како да играме против една од најдобрите ...
Можеби се мачеа со центарот Кета и со лошиот шут три четвртини, но германските кошаркари извојуваа победа против најслабо рангираниот осминафиналист, Португалија, со 85-58. Дуелот во Рига беше негледлив и полн со грешки во првите три четвртини, а потоа следеше блесок на фаворитот и висока победа од 27 тазлика. Двете екипи започнаа збркано и се менуваа во водството. Процентот на шут беше лош, а на Мумбру му недостигаше повредениот Фојтман. По ...
Јаник Синер се пласираше во финалето на УС Опен и ќе има шанса да ја одбрани титулата, откако во полуфиналето го совлада Феликс Оже-Алијасим со 3-1 во сетови. По победата тој го анализира одиграното, а го најави и финалето. „Против Оже-Алијасим имав мал проблем со стомачниот мускул, но не беше ништо сериозно и по интервенцијата беше подобро. Најважно ми е тоа што се пласирав во петто последователно финале на грен-слем, конзистентноста да играм ...
Се поголем е бројот на млади македонски фудбалери кои тропаат на вратата на првиот тим на Црвена Звезда. Последниот пример е 16-годишниот Александар Петровски, кој со успех настапува во тимот на момчиња родени 2008 година и помлади. Се работи за талентиран фудбалер за врска, кој веќе е во кругот на младинските репрезентации на Македонија. Петровски е роден во Сиднеј и првите фудбалски чекори ги направи во Австралија. Сепак, брзо е забележан во ...