Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид ја засили бековската линија со потписот на 24-годишниот Максим Шулга. Украинскиот бек потпиша двегодишен договор со шпанскиот гигант и по една сезона во Бостон и неговите филијали во Џи-лигата се враќа во Шпанија. Шулга, кој е висок 193 сантиметри, поголемиот дел од минатата сезона го помина во Мејн Селтикс, каде што во просек бележеше 15,7 поени, 6,7 асистенции и 4,4 скока по натпревар. Тој доби шанса и во НБА, ...

Македонскиот второлигаш Беласица се пофали со четири нови засилувања за претстојната сезона, со што повторно најавува високи амбиции и атак на погорните позиции на табелата. Во Струмица пристигнаа Рон Мемеди (напаѓач кој може да ги покрие и крилните позиции), Давид Спасов - офанзивен поливалентен играч, Михаил Танчев, кој игра по крилните позиции, како и Елмаз Емуш (уште едно офанзивно крило). Од новите аквизиции се очекува значително да го ...

Леандро Паредес ја одби можноста за трансфер во Милан и донесе одлука да остане во Бока Јуниорс, со што ги прекина шпекулациите за негово враќање во Серија А. Според информациите на „ТајК Спортс“, претставници на Милан директно контактирале со 32-годишниот аргентински репрезентативец за да ја проверат неговата достапност, но Паредес веднаш ја отфрлил можноста за трансфер. Светскиот шампион од 2022 година побарал италијанскиот клуб воопшто да ...

Лукас Тореира побара од својот агент итно да му пронајде нов клуб надвор од Турција, откако стравот за безбедноста на неговото семејство достигна сериозно ниво. Причината е нов инцидент со маж кој наводно е опседнат со сопругата на уругвајскиот репрезентативец. Истиот човек пред неколку месеци физички го нападнал Тореира и му се заканувал со смрт, поради што завршил во затвор. Откако вчера бил пуштен на слобода, повторно предизвикал инцидент, ...

Следната седмица ќе се одржи турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, кој ќе биде најквалитетниот тест за амбициите на два од четирите фаворити во мак-ракометот. Од нашите претставници ќе настапат Вардар 1961 и домаќинот Охрид. Во групата А ќе играат охриѓани против Загреб, Војводина и Египет У20, додека во Б-конкуренцијата ќе се судрат Вардар со Нексе, Олимпијакос и Тримо Требње. Веќе се познати и одредени и термините за одигрувањето на ...

Македонскиот голман Дејан Илиев го напушта Рапид Букурешт по само шест месеци и 16 настапи за романскиот клуб и во моментов е без ангажман. Илиев во јануари пристигна во Рапид од УТА Арад, а минатата пролет беше стандарден на голот на тимот од Букурешт. Сепак, по завршувањето на сезоната дојде до разделба. Според неофицијални информации од Романија, причината за одлуката се неисплатените плати. Илиев случајот го пријавил во ФИФА, преку која ...

Црвена Звезда официјално го потврди Алберт Риера за нов тренер, а Шпанецот потпиша двегодишен договор со актуелниот шампион на Србија. Риера е само петтиот странски тренер во историјата на Црвена звезда кој доаѓа надвор од просторот на поранешна Југославија. Пред него тимот го водеа Валтер Зенга, Здењек Земан, Рикардо Са Пинто и Барак Бахар. Fudbalski klub Crvena zvezda obaveštava javnost da je novi trener našeg kluba španski stručnjak Albert ...

Родри предизвика внимание со потег кој ретко се гледа кај фудбалери од негов калибар. Шпанскиот репрезентативец е снимен на аеродромот во Мадрид како чека во ред за лет на „Рајанер“ кон Ливерпул. Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, со оглед на тоа што ѕвездата на Манчестер Сити има можност за далеку полуксузен начин на патување. Интересно е дека оваа компанија спаѓа меѓу оние кои нудат ефтини летови, па поради тоа ситуацијата ...

„Нашите идни шампиони“ продолжува со нова серија приказни за младите спортисти кои ја градат иднината на македонскиот спорт. Powerade и Gol.mk повторно им даваат простор на оние кои допрва треба да го кажат своето име на големата сцена. Во второто издание на оваа кампања, запознаваме осум перспективни македонски спортисти, млади луѓе кои секојдневно тренираат, се жртвуваат и растат низ спортот. Преку нивните лични приказни, откриваме и дел од ...

Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) на 24 и 25 август во Скопје ќе организира задолжителна тренерска клиника, наменета за континуирана едукација и професионално усовршување на македонските тренери. Програмата ќе понуди предавања од неколку реномирани имиња од кошарката, меѓу кои легендарниот српски стручњак Светислав Пешиќ, шпанскиот тренер Хосе Мариа Берокал и Саша Грујиќ. На клиниката ќе се обработуваат повеќе теми поврзани со ...

Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе добие ново освежување на инфраструктурата, откако Фудбалската федерација на Македонија додели донација од 1.300 столчиња за потребите на стадионот. Претседателот на ОФС Кочани, Александар Андов, потпиша договор со кој донацијата официјално му е доделена на Општинскиот фудбалски сојуз Кочани. Со поставувањето на новите столчиња значително ќе се подобрат условите на трибините на „Никола Мантов“, ...

Ига Швјонтек го освои првиот трофеј во 2026 година, откако во финалето на турнирот во Торонто убедливо ја совлада Елена Рибакина со 6-2, 6-3. За полската тенисерка ова е 26. титула во кариерата и 12. Мастерс трофеј. Швјонтек до титулата стигна без загубен сет, а во финалето целосно ја контролираше играта. Со победата го подобри и меѓусебниот скор со Рибакина на 7-6. Триумфот во Канада доаѓа по период во кој Швјонтек имаше послаб настап, но ...

Сантос славеше со 2-1 против еквадорска Макара во првиот натпревар од осминафиналето на Копа Судамерикана, а главна фигура на бразилскиот тим беше Нејмар. Капитенот на Сантос запиша две асистенции и беше најзаслужен за пресвртот. Во 44. минута со фантастичен пас од прва го проигра Габриел Барбоса, кој погоди за 1-1. Нејмар повторно беше во центарот на вниманието и во 76. минута. Изведе корнер, а Вилиан Арао со пета на прва статива успеа да ја ...

Младата ракометна голманка Симона Грујовска е принудена да го заврши својот кариерен пат во овој спорт. 22-годишната девојка која последно настапуваше за ЖРК Куманово мораше да направи долга пауза од ракометот поради потешка повреда. Сега поради истата причина принудно заминува во спортска пензија, иако е доста млада и родена во 2003 година. Своевремено Грујовска беше голема надеж на македонскиот женски ракомет. Таа на само 15 години редовно ...

Арсими и Башкими денес во Гостивар ќе се соочат во дуел на две екипи кои по првите две кола во Првата лига сè уште немаат освоено бодови. Домашниот тим ќе ја бара првата победа во сезоната, со која би го започнал посакуваниот пресврт по лошиот старт. Алајдин Цуцули во пресрет на денешниот натпревар испрати порака до навивачите и побара поддршка од трибините. „По поразот од Брегалница, сакаме да им се извиниме на нашите навивачи. Знаеме дека ...

Работнички со значително изменет состав ќе ја започне новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, во која „романтичарите“ ќе се обидат експресно да се вратат во елитното друштво. Скопскиот клуб летово ангажираше дури десет нови фудбалери. Новите имиња во составот се Дамјан Спасовски, Андреј Кудијан, Христијан Пецов, Виктор Серафимовски, Христијан Митровски, Христијан Поп-Антоски, Давид Манасиевски, Александар Богданоски, Амар ...

Башкими сè уште е без освоен бод во новата сезона од Првата лига, откако претрпе два тешки пораза во првите две кола. Со дури 11 примени гола и ниту еден постигнат, клубот од Куманово имаше лош старт, но во екипата веруваат дека со промената на стручниот штаб и доаѓањето на новиот шеф, Шабан Сулејмани, работите ќе тргнат во позитивна насока. Следен ривал на кумановчани е екипата на Арсими, која исто така е без бодови по воведните кола, со гол ...

Манчестер Сити е пред продажба на Холанѓанецот Тијани Реијндерс, кој би требало кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Англискиот клуб постигнал договор со Ал Кадисија за трансфер вреден околу 60 милиони евра, но конечната одлука сè уште зависи од самиот фудбалер. Рејндерс во Сити пристигна во 2025 година од Милан, но по само една сезона би можел да го напушти „Етихад“. Интересот на Ал-Кадсија е сериозен, а преговорите меѓу клубовите ...

Американскиот тенисер Бен Шелтон ја одбрани титулата на Мастерсот во Канада, победувајќи го својот сонародник Брендон Накашима во големото финале во Монтреал. Шелтон триумфираше во два сета со 6-3, 7-6/4, во меч кој траеше 87 минути. Тој стигна до трофејот без ниту еден загубен сет во текот на целиот турнир во Монтреал. 23-годишниот Шелтон стана првиот тенисер кој успеал да ја одбрани титулата на канадскиот Мастерс по Рафаел Надал во 2019 ...

Ракометните федерации на Србија, Македонија и Словенија официјално поднесоа заедничка кандидатура за организација на машкото Европско првенство во 2034 година. Трите земји со богата ракометна традиција ги здружија силите со јасна амбиција заеднички да бидат домаќини на еден од најголемите настани во европскиот ракомет. Сите три федерации ја истакнуваат својата целосна подготвеност во процесот на кандидатурата и евентуалната организација на ...

Евролигашот Хапоел Тел Авив има несекојдневна идеја за подобрување на играта под кошевите. Клубот од Израел сака да ја доведе НБА легендата Денис Родман во Тел Авив, каде што поранешниот ас на Чикаго Булс би одржал специјална работилница за скок-играта со играчите. Сопственикот на Хапоел, Офер Јанај, веќе испратил конкретна понуда до Родман. Клубот е подготвен да ги покрие авионските билети во бизнис-класа и хотелското сместување за Родман и ...

Премиерлигашот Челзи во новата сезона влегува со многу поинаква атмосфера. По турбулентниот период со чести промени и незабележителни резултати, лондонскиот клуб направи сериозни потези и му ја довери екипата на Шпанецот Чаби Алонсо. Овојпат на „Стемфорд Бриџ“ не пристигнаа само млади фудбалери со потенцијал за иднината, туку и играчи од кои веднаш се очекува придонес. Максенс Лакроа треба да донесе стабилност во одбраната, додека враќањето ...

Пред стартот на новата сезона во француската Лига 1, најголемо внимание привлекува трансфер-политиката на фудбалскиот клуб Париз ФЦ, кој до овој момент потроши повеќе од сите останати клубови во првенството. Според последните податоци, клубот досега вложил околу 79,5 милиони евра во нови играчи. Париз ангажираше повеќе засилувања, со јасна намера да изгради поконкурентен тим и да се наметне во Лига 1. Клубот летово го презеде Лиам Розениор, ...

Македонски ГРК Охрид дојде до втората победа во групната фаза на струшкиот турнир, ја победи српска Дубочица со резултат 26-21 и обезбеди место во мечот за трофеј. Потешко од очекуваното, избраниците на Борис Ројевиќ ја запишаа посакуваната победа. Покажа Дубочица голема борбеност, но во вториот дел еден пад кога девет минути не даде гол, го одлучија победникот. ГРК Охрид зачекори кон победата кога направи серија од 4-0 во периодот од 42. до ...

Иако одигра достоинствен натпревар и беше подобар ривал во текот на сите деведесет минути во Скопје, тетовска Шкендија го заврши настапот во Европа. Шкотски Хибернијан имаше повеќе спортска среќа и ги задржа оние 2-1 од првиот натпревар во Единбург пред една недела. По возвратниот дуел не го криеше своето разочарување младиот тренер на Шкендија, Артим Положани. „Мислам дека нашиот настап денес беше поделен. Во првото полувреме имавме ...

Македонскиот вицепрвак Шкендија го заврши својот европски настап во квалификациите за Конференциската лига, што значи дека тетовскиот клуб го заокружи финансискиот ефект од летната европска авантура. Според системот за распределба на наградниот фонд на УЕФА, клубовите добиваат по 175.000 евра за секое одиграно квалификациско коло, а дополнително следува и бонус за елиминација во зависност од фазата во која завршува настапот. Тетовци летово ...

Последниот македонски претставник во евро-куповите на УЕФА - тетовска Шкендија го заврши својот настап во третото коло на Конференциската лига. Избраниците на Артим Положани одиграа 0-0 во Скопје против Хибернијан и примениот гол во финишот во Единбург скапо го платија. Со вкупни 2-1 шкотскиот тим продолжува во плеј-офот против белгиски Гент. Шкендија, на крилата на африканските напаѓачи, прва се закани и по акцијата на Тамба, првата шанса ја ...

Црвена Звезда доби нов шеф на стручниот штаб. Алберт Риера официјално потпиша договорот со белградскиот клуб, а информација која ја потврди и познатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо. Шпанскиот стратег веќе беше желба на Црвена Звезда во минатото, особено по успешниот период во Целје, но тогаш не дојде до договор. Наместо во Белград, Риера продолжи во Ајнтрахт Франкфурт, каде што имаше кратка и неуспешна епизода. Сега добива нова можност и ...

Методи Максимов во првиот негов официјален натпревар оваа сезона, покажа дека ќе биде одлично засилување за штипската чета и секако важна алка во мозаикот на тренерот Кузманов. За клубските медиуми, Максимов ја долови атмосферата во соблекувална и очекувањата на тимот. „Шкендија е одлична екипа, го имаат можеби најдобриот тим во лигата. Јас поминав прекрасни година и половина во Тетово, за екипата можам да кажам само суперлативи, големи ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години доживеа пораз од Ирска (58-83) во првиот од мечевите за разигрување за пласман на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Македонија. По настапите во групата во Гевгелија, тимот дојде во Скопје каде ќе разигрува за од 9 до 16 место на шампионатот. Имаа егал старт македонските кошаркари, по првата четвртина беше 19-20, на полувремето нашиот национален тим имаше само два поени ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32