Пари Сен Жермен го договори трансферот на јапонскиот голман Зион Сузуки од Парма. Според информациите францускиот шампион за неговиот потпис ќе плати 35 милиони евра. Сепак, 23-годишниот Сузуки би можел веднаш да замине на позајмица. ПСЖ сака голманот да продолжи редовно да брани и да го развива потенцијалот, а како најсериозна опција се појавува Јувентус, кој наскоро треба да донесе конечна одлука. Италијанскиот гигант воедно се подготвува ...

Претседателот на европската зона на ФИБА, Хорхе Гарбахоса, повторно е во Македонија, овојпат во посета на Гевгелија, каде ја проследи средбата меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Украина. Откако пред извесен период беше гостин на Младинската кошаркарска конвенција во Скопје, првиот човек на ФИБА Европа повторно допатува во нашата земја, овојпат на покана на раководството на Кошаркарската федерација на Македонија и градоначалникот на ...

Новата сезона во италијанската Серија А е сè поблиску, а поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Фабио Капело, даде интересна анализа за состојбата во двата гиганти. Во својата колумна за „Газета дело Спорт“, искусниот стратег посочи што според него мора да се поправи во Јувентус и Милан, а воедно го откри и својот фаворит за освојување на шампионската титула. Кога станува збор за Јувентус, Капело смета дека најголемата дилема во моментов е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, откако во јавноста се појавија сомнежи околу неговата иднина на чело на светската фудбалска организација. Трамп преку социјалните мрежи порача дека евентуалната смена на Инфантино би била голема грешка и оцени дека Швајцарецот стои зад исклучително успешен период за ФИФА. „ФИФА би направила ужасна грешка ако, од која било причина, воопшто ...

Дејан Станковиќ повеќе не е тренер на Црвена звезда, откако Управниот одбор на клубот одржа итна седница и ја потврди неговата разделба по завршувањето на вториот мандат на клупата. Главната причина за оваа експресна одлука е неуспехот за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Црвена звезда доживеа елиминација во третото квалификациско коло од израелскиот тим Хапоел Бер Шева. Ова беше четврти последователен пат како Станковиќ не ...

Лионел Меси би можел во финишот од својата кариера да добие шанса за нешто што досега не успеал да го направи - да заигра во Копа Либертадорес. Иако засега нема официјална потврда, се појавија информации дека Интер Мајами би можел да биде поканет во јужноамериканското елитно клупско натпреварување во 2027 година. Според повеќе информации, во КОНМЕБОЛ постои идеја повторно да се отворат вратите на Либертадорес за клубови од КОНКАКАФ зоната. Во ...

Пелистер продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Ново име во редовите на битолскиот клуб е Кире Стојанов, кој потпиша договор со „зелено-белите“. Станува збор за 20-годишно лево крило кое пристигнува од Брера Струмица, каде што настапуваше во изминатиот период и важи за еден од перспективните млади фудбалери на својата позиција. Со ангажманот на Стојанов, Пелистер дополнително го засилува ...

Белградска Црвена Звезда доживеа голем шок пред своите гледачи откако загуби со конечни 0-2 од израелскиот првак Хапоел Беер Шева во реваншот од квалификациите за Лигата на шампионите. Српскиот претставник имаше негатива од еден гол по првиот меч, но вечерва прикажа бледо издание и мораше да се помири со болен пораз и елиминација од елитниот ранг на УЕФА. Хапоел одигра одлично и го завери триуфот со погодоците на Игор Златановиќ и Џавон Ист, ...

Еден од најпознатите парови во светот, конечно го направи чекорот што јавноста долго време го чекаше. Кристијано Роналдо и Георгина Родригез стапија во брак, откако денес, 11 август, ја официјализираа својата долгогодишна врска на интимна граѓанска церемонија во Кашкаиш, Португалија. Роналдо и Георгина се заедно од 2017 година, а во август минатата година ја потврдија свршувачката. Оттогаш во јавноста постојано се шпекулираше кога и каде ќе ...

Екипата на Динамо Загреб се пласираше во плеј-офот од Лигата на шампионите, откако го потврди учеството со уште една победа над литванскиот Спирис Каунас, овој пат со конечни 1-2. Хрватскиот гигант со вкупни 7-1 минува во последната рунда пред групната фаза, каде ќе има двомеч со норвешкииот Викинг. Лукас Качавенда и Јосип Мишиќ стрелаа за „модрите“ вечерва, а единствениот гол за Литванците го постигна уште еден Хрват, Габриел Дебељух. ...

Македонската машка кадетска репрезентација го заврши настапот во групната фаза на Европското првенство од Дивизијата Б со пораз од Украина од 84-70. Во последниот натпревар од групата Б, украинската селекција стигна до третата победа на турнирот и со скор 3-2 го освои третото место на табелата, зад Хрватска и Исланд. Македонија групната фаза ја заврши пред Кипар и Швајцарија. По релативно израмнето прво полувреме, кое Украина го доби со ...

Со натпреварите од 1. коло претстојниот викенд стартува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Во новото првенство ќе настапат поранешни шампиони како Македонија ЃП и Шкупи, како и клубови со богата традиција како Работнички и Пелистер, што дополнително ја зголемува неизвесноста и интересот за сезоната. Седум од осумте натпревари од воведното коло ќе се одиграат во сабота со почеток од 17:00 часот, додека Пелистер својот прв меч ...

Најскапото засилување на Реал Мадрид во летниот преоден рок, Јан Диоманде, ќе мора да почека за своето деби во дресот на „кралскиот клуб“. Младиот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска нема да биде во составот за утрешниот пријателски натпревар против Депортиво Ла Коруња. Диоманде во Реал пристигна како големо засилување и му се приклучи на тимот во средината на минатата недела, но и покрај интензивните тренинзи, нема да биде дел од ...

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов изјави дека победата на Левски над Кајрат од 1-0 во Казахстан е најубавиот подарок што можел да го добие за својот роденден. Со овој триумф бугарскиот тим обезбеди пласман во плејофот за влез во главната фаза на Лигата на шампионите, а Серафимов не го криеше задоволството по натпреварот. „Нема поголем подарок за мојот роденден од резултатот. Дојдовме со јасна цел да се пласираме во следната рунда ...

Екипата на Тиквеш договори уште едно засилување и не застанува на трансфер-пазарот. Тоа е Бесар Гуџуфи, поранешниот младински репрезентативец на Македонија. Гуџуфи доаѓа во Македонија како слободен, откако раскина со Партизани Тирана од Албанија. Неговиот договор важеше до летото 2029 година, двете страни постигнаа договор за прекин на соработката. Гуџуфи во Партизани пристигна во јануари 2025 година од редовите на Шкупи, а во изминатиот ...

Францускиот гигант ПСЖ во среда го очекува првиот голем натпревар во новата сезона, а пред дуелот со Астон Вила во Суперкупот на УЕФА, капитенот Маркињос зборуваше за амбициите на екипата и улогата на тренерот Луис Енрике. ПСЖ во натпреварот влегува како освојувач на Лигата на шампионите, додека Астон Вила го освои трофејот во Лига Европа. Бразилецот со пофални зборови зборуваше за Енрике, истакнувајќи дека шпанскиот стратег и покрај големите ...

Учеството на Карлос Алкараз на претстојниот УС Опен е сè понеизвесно, откако водечки експерт за спортска наука и превенција на повреди предупреди дека враќањето на теренот директно на последниот Грен слем во сезоната би можело да биде премногу ризично за шпанскиот тенисер. Алкараз повеќе од четири месеци е надвор од терените поради сериозна повреда на зглобот, а во моментов нема потврдено настап на ниту еден турнир пред УС Опен. Токму поради ...

Фудбалска Европа е во очекување на расплетот за првиот трофеј во сезоната на евро-куповите - титулата во Суперкупот на УЕФА. На официјалната прес-конференција пред натпреварот од во Салцбург, шведскиот дефанзивец на Астон Вила, Виктор Линделоф, ја истакна огромната мотивација на тимот да го започне новиот циклус со европски трофеј. Како победник на Лига Европа, Линделоф потенцираше дека тимот со голем респект, но без страв влегува во дуелот ...

Уште една тренерска смена во ПМФЛ по само две одиграни кола. По Вардар, промена на клупата направи и Башкими, откако Шабан Сулејмани е назначен за нов тренер на клубот од Куманово. Клубот постигна договор со македонскиот стратег, кој во изминатиот период беше дел од стручниот штаб на Работнички во улога на помошен тренер. Сулејмани работеше во косовска Лирија од Призрен, каде што даде значаен придонес во пласманот на клубот во Суперлигата, а ...

Анадолу Ефес продолжува да создава исклучително моќен состав за новата сезона, а турскиот евролигаш е пред уште едно интересно засилување во надворешната линија. По ангажманите на Мајк Џејмс и Метју Стразел, во Истанбул би требало да пристигне и Дерон Расел, досегашниот плејмејкер на Клуж. Расел зад себе има одлична сезона во дресот на романскиот клуб, со што го привлече вниманието на повеќе европски екипи. Тој претходно постигнал договор со ...

Францускиот Пари Сен Жермен и англискиот гигант Астон Вила се комплетно подготвени за пресметката во Суперкупот на Европа. Домаќин на овој престижен дуел е стадионот „Ред Бул Арена“ во Салцбург, Австрија. Како актуелен освојувач на Лигата на шампионите, ПСЖ ќе ја брани титулата во Суперкупот освоена минатата година. Од друга страна, Астон Вила влегува во овој меч со огромна мотивација по нивниот историски триумф во Лига Европа. На средбата со ...

Копа Америка најверојатно повторно ќе се врати на форматот на одржување на секои четири години, по периодот во кој јужноамериканското првенство се играше на секои две години. Следното издание е планирано за 2028 година, а домаќинството најверојатно ќе им припадне на Соединетите Американски Држави. Со оваа промена, КОНМЕБОЛ има намера да стави крај на згуснатиот распоред и да избегне дополнително оптоварување на календарот на репрезентациите и ...

Новата сезона во НБА лигата ќе започне на 20 октомври, а првиот натпревар ќе го одиграат Детроит Пистонс и Бостон Селтикс, соопштија челните лица на натпреварувањето. На програмата за првиот ден се уште два атрактивни дуели. Њујорк Никс, актуелниот шампион, ќе ја пречека Филаделфија, додека Оклахома Сити Тандер ќе гостува кај Сан Антонио Спарс. Посебно внимание ќе привлече дуелот во Њујорк, каде што Никс ќе го прослават шампионскиот трофеј ...

По промоцијата на Ристе Јанков и Мухарем Мислими, Арсими продолжува со засилувањето на тимот пред продолжението на сезоната. Најново име во составот на кумановскиот клуб е сенегалскиот дефанзивец Ел Хаџи Геј Арфанг. Станува збор за 28-годишен централен дефанзивец кој кариерата ја започна во сенегалски Сакре Кер, по што направи трансфер во Европа и беше дел од младинскиот погон на француски Лил. Потоа следуваше преселба во Белгија, каде што ...

Пари Сен Жермен утре ќе ја започне новата сезона со дуелот против Астон Вила во УЕФА Суперкупот. Тренерот Луис Енрике порача дека неговиот тим повторно има највисоки амбиции по историскиот триумф во Лигата на шампионите. „Малку се одморивме, свежи сме и среќни што се враќаме. Трениравме две седмици, а сега пред нас е уште едно финале на хоризонтот. Се надевам ќе ја одиграме нашата игра. Мора да покажеме на кое ниво сме, а тоа мора да се ...

Актуелниот европски првак, ПСЖ, утре го очекува првиот голем предизвик во новата сезона. Францускиот гигант ќе се соочи со Астон Вила во УЕФА Суперкупот во Салцбург, а пред натпреварот своите очекувања ги сподели еден од клучните играчи на европскиот шампион, Витиња. ПСЖ во дуелот влегува како освојувач на Лигата на шампионите, додека Астон Вила до трофејот стигна со триумфот во Лигата на Европа. Португалскиот репрезентативец истакна дека ...

Нотингем Форест ја засили одбраната со репрезентативецот на Брегот На Слоновата Коска, Усман Диоманде, кој пристигна од лисабонскиот Спортинг. 22-годишниот стопер потпиша четиригодишен договор, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Финансиските детали не се објавени, но британските медиуми наведуваат дека трансферот вреди околу 34,3 милиони фунти. Диоманде во Спортинг пристигна во 2023 година и одигра 132 натпревари, ...

Рајо Ваљекано ќе мора да го напушти „Ваљекас“ за првиот домашен натпревар во новата сезона. Она што се најавуваше, сега доби и потврда. Стадионот „Мунисипал Ел Плантио“ не ги исполнува безбедносните услови за одигрување натпревари. Тимот од предградието на Мадрид на 20 август требаше да го пречека Алавес, но дуелот ќе се игра на стадионот на Леганес. Клубот во изминатите денови бараше алтернативно решение, а како една од опциите се ...

Лос Анџелес Клиперс направија вистинска висинска атракција во својот ростер, откако потпишаа двонасочен договор со 226 сантиметри високиот Џамарион Шарп. Со неговото доаѓање, Клиперси во истиот тим ги имаат и највисокиот и најнискиот кошаркар во НБА лигата. Шарп е висок 226 сантиметри, додека Јуки Кавамура има само 170 сантиметри. Тоа значи дека разликата меѓу двајцата е неверојатни 56 сантиметри. Шарп воедно ќе биде највисокиот играч во НБА ...

Арсими продолжи да го засилува тимот за новата сезона во ПМФЛ. Клубот денес промовира две нови имиња. Нови членови на екипата се голманот Ристе Јанков и дефанзивецот Мухарем Мислими. Мислими е 26-годишен лев бек кој во Арсими пристигнува по ланските настапи за Башкими. Тој ги направи првите чекори во Шкендија, каде што настапуваше за младинскиот тим и играше и во УЕФА Лигата на младинци. Потоа беше дел од Дрита, Велешта, Тетекс и Беса, а ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Родиум

295786.87