Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Шкендија по поразот од 2-1 на гостувањето кај Хибернијан на реваншот ќе брка пласман во плеј-офот за Конференциската лига на УЕФА на домашен терен, но во Скопје. На денешната прес-конференција освен тренерот Артим Положани своите очекувања ги изнесе и Александар Трумчи. „Атмосферата во тимот е позитивна. Природно по дербито со Вардар енергијата во тимот е поинаква. Успеавме да доминираме и да победиме, па поради тоа сме во добар моментум пред ...
Фудбалерите на Шкендија ќе се обидат да анулираат гол негатива од гостувањето во Шкотска во третото коло од квалификациите за Конференциската лига против Хибернијан. Пред реванш дуелот на прес-конференцијата се обрати шефот на стручниот штаб Артим Положани. „Ова е важен натпревар и може да не одведе до плеј-офот во Конференциската лига. Дефинитивно ќе биде тежок натпревар, противникот доаѓа од првенство каде што физичката подготвеност е ...
Генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, на денешната прес-конференција откри дека во декември ќе бидат одржани вонредни избори за раководните позиции во клубот. Терзиќ истакна дека одлуката е донесена и покрај тоа што во мај актуелното раководство доби нов четиригодишен мандат. „Го слушаме народот и донесовме одлука во декември да распишеме нови избори за раководните места во Црвена Звезда. Им испраќам порака на сите ...
Ромелу Лукаку официјално ја продолжува кариерата во турската Суперлига. Белгискиот голгетер постигна договор со Фенербахче и по две сезони го напушта Наполи. Фенербахче и Наполи постигнале договор за трансферот на 33-годишниот напаѓач, а обесштетувањето ќе изнесува околу шест милиони евра, плус дополнителни бонуси. Белгиецот во Неапол пристигна во 2024 година од Челзи, но последната сезона беше тешка за него поради повредите и конфликтот со ...
Челзи продолжува со својата политика на ангажирање млади и перспективни фудбалери, а најновото име во проектот на лондонскиот клуб е Дастан Сатпаев. Казахстанскиот напаѓач денес наполни 18 години, со што и официјално беше реализиран неговиот трансфер од Каират Алмати. Лондонскиот клуб за неговиот потпис ќе плати околу четири милиони евра со бонуси, сума која претставува рекорд во историјата на казахстанската Премиер лига. Сатпаев со Челзи се ...
Македонскиот суперлигаш Работнички го продолжи договорот со капитенот и еден од најдобрите поединци во екипата, Виктор Ефремовски. Плејмејкерот имаше одлична сезона зад себе, беше лидер на тимот и просечно бележеше 22,2 поени во македонското првенство, додека во АБА2 лигата имаше просек од 11,2 поени за 26 одиграни минути во сезоната 2024/25. Во 2018 година беше прогласен за најдобар млад кошаркар од Кошаркарската федерација на Македонија, а ...
Голем скандал го потресе престојот на Сао Паоло во Боливија, откако тамошната полиција запленила 86,5 килограми марихуана во автобус кој бил ангажиран за превоз на експедицијата на бразилскиот клуб. Според информациите од бразилските медиуми, дрогата била пронајдена во четири вреќи во автобусот, кој бил запрен во близина на Кочабамба. Во акцијата биле приведени тројца возачи, а случајот го презела боливиската единица за борба против ...
Натпреварот меѓу Бодо Глимт и Унион Сент Жилоа во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите заврши со драматичен пласман на Норвежаните, но и со непријатни сцени по последниот свиреж. Бодо/Глимт славеше со 3-2 по продолженијата и со вкупни 6-5 обезбеди место во плеј-офот. Сепак, по натпреварот дошло до тензии на теренот и во тунелот кон соблекувалните. Според норвешките медиуми, еден фудбалер на Унион наводно удрил во лице член на ...
Иднината на Рафаел Леао повторно е тема во фудбалските кругови. Напаѓачот на Милан во последно време се поврзува со трансфер во Галатасарај, иако неговиот договор со италијанскиот гигант е со важност до 2028 година. И покрај тоа што секој преоден рок се појавуваат нови информации за негово можно заминување, Леао сега реши лично да реагира. Португалецот преку социјалните мрежи испрати јасна порака и посочи дека не сака други да зборуваат во ...
Напаѓачот Луис Суарез би можел повторно да го облече дресот на Уругвај, откако нов селектор на националниот тим стана легендарниот Диего Форлан. Форлан јавно ја отвори вратата за можно враќање на искусниот напаѓач во репрезентацијата. „Имам огромна почит кон Луис. Ако е достапен, зошто да не повикаме играч кој постигнува голови, има искуство и продолжува да се докажува од недела во недела?“, изјави Форлан на својата промоција како селектор на ...
Калчолигашот Рома официјално го потврди ангажманот на Нахуел Молина, кој во италијанскиот клуб пристигнува од Атлетико Мадрид. Аргентинскиот репрезентативец зад себе има четири сезони во дресот на мадридскиот клуб, а претходно настапуваше и за Удинезе. Во европскиот фудбал досега запиша 249 настапи и 19 голови. Молина има 28 години и е стандарден репрезентативец на Аргентина, за која досега одигра 65 натпревари. Со националниот тим ги освои ...
Ерлинг Халанд нема да ја добие капитенската лента на Манчестер Сити, а новиот тренер Енцо Мареска понуди интересно и необично објаснување за таквата одлука – норвешкиот голгетер постигнува премногу голови. По заминувањето на Бернардо Силва во Реал Мадрид, капитенската функција остана испразнета, а Халанд беше меѓу најсериозните кандидати за наследник на лентата. Сепак, Мареска има специфична филозофија која ја применувал и во Лестер и во ...
Аргентинскиот голман Херонимо Рули се враќа во Манчестер Сити, откако англискиот клуб официјално потврди дека се договорил со управата на Олимпик Марсеј. Рули потпиша двегодишен договор, со важност до летото 2028 година. Според британските медиуми, трансферот е вреден околу 1,7 милиони фунти. За 34-годишниот голман ова ќе биде втор престој на „Етихад“. Рули претходно беше дел од Сити во сезоната 2016/17, но тогаш не запиша настап за првиот ...
Брера Струмица продолжи со засилувањето на тимот пред новата сезона во ВМФЛ и официјализираше две нови имиња. Нови членови на струмичкиот состав се 26-годишниот Стефан Наумчески и Владимир Жоглев, кои треба да донесат дополнителен квалитет и искуство во екипата на Ѓорѓе Стојчев. Наумчески е добро познато лице во Струмица, каде што повторно се враќа по полусезоната помината во косовска Приштина. 26-годишниот дефанзивец претходно го носеше ...
Сопственичката структура на кошаркарскиот клуб Монако би можела да доживее нов голем пресврт, откако бразилската фудбалска легенда Роналдињо се појави како потенцијален инвеститор во францускиот клуб. Според информациите на „Л’Екип“, извршниот директор на Монако, Олексиј Ефимов, во понеделникот вечерта добил писмо за намери поврзано со можна инвестиција поддржана од Роналдињо и андорскиот инвестициски фонд „Клејтон Спорт“. Понудата ...
Фудбалскиот клуб Сараево и Стефан Ристовски се договорија за прекин на меѓусебната соработка. Поранешниот репрезентативен капитен на Македонија беше дел од босанскиот гигант од минатото лето кога бесплатно пристигна од Динамо Загреб. Сега една година подоцна завршува авантурата на Ристовски и во Сараево, па во овој тим ќе остане само Агон Елези од македонските интернационалци. Во својата кариера Ристовски тргна од Вардар, па следуваше ...
Стефен Кики Рамос мина неверојатен пат, од сиропиталиште на Хаити до младинската репрезентација на Аргентина. Талентираниот напаѓач на Велез Сарсфилд сега сонува настап на Светското првенство до 17 години. Младиот фудбалер неодамна дебитираше за аргентинската репрезентација до 17 години, со што привлече големо внимание во јавноста. Не само поради неговиот талент, туку и поради несекојдневната животна приказна. Рамос е роден на 3 април 2009 ...
Англискиот премиерлигаш Челзи официјално го потврди трансферот на шпанскиот лев бек Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано. Дваесет и осумгодишниот фудбалер стави потпис на петгодишен договор со лондонскиот клуб. „Сините“ за неговите услуги ќе платат 16,3 милиони фунти, а договорот вклучува и дополнителни 1,7 милиони фунти преку бонуси. Со доаѓањето на Чаварија, Челзи стигна до бројката од дури 11 засилувања во текот на летниот преоден рок. Чаварија ...
Шпанска Барселона ја зголеми понудата за Родри и сега на Манчестер Сити му нуди околу 60 милиони евра плус бонуси, откако првата понуда од 45 милиони евра плус бонуси била одбиена. Англискиот клуб и натаму бара околу 80 милиони евра за шпанскиот репрезентативец, но преговорите продолжуваат и двете страни се надеваат на компромисно решение. Според повеќе извори, Родри веќе има договорени лични услови со Барселона и е подготвен за враќање во ...
Градот крај езерото Струга повторно ќе биде ракометен центар во Македонија, откако денеска започнува 54. издание на традиционалниот меѓународен турнир „Струга 2026“. Турнирот ќе трае до 15 август и ќе претставува важна подготовка за екипите пред стартот на новата сезона. За да го задржи меѓународниот карактер, на годинашното издание ќе настапи и српскиот тим Дубочица од Лесковац, кој заедно со домаќинот Струга и ГРК Охрид ќе се натпреварува ...
Новиот тренер на Новаци, Иван Варадиновски, со голем оптимизам го очекува почетокот на новата сезона во ВМФЛ и верува дека неговата екипа има квалитет за забележителна улога во првенството. Варадиновски веќе еден месец работи со тимот, а истакнува дека немал дилеми околу прифаќањето на понудата по разговорот со директорот на клубот Пеце Коруновски. „По разговорот со директорот на клубот Пеце Коруновски и со оглед на сè она што се случува во ...
Македонскиот репрезентативец Петар Бошалески (22 години, 197 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона, откако денеска официјално стави потпис на договорот. Станува збор за талентиран бек-шутер, кој откако ги мина сите младински национални селекции, летово ги одигра и првите два натпревари во дресот на сениорската репрезентација на Македонија, во првата фаза од претквалификациите за ЕП 2029. Охриѓанецот своите ...
За ФФМ, воведувањето на Clear Line е продолжение на определбата за поголема едукација, транспарентност и унифицирано толкување на Правилата на фудбалската игра, како и за правилна и контролирана примена на VAR технологијата и протоколот. Особено е важно сите чинители во домашниот фудбал – судии, клубови, играчи, тренери, медиуми и навивачи постепено да развиваат заеднички јазик кога разговараат за судиските одлуки. Целта не е секогаш сите да ...
КК Пелистер го комплетираше стручниот штаб за сезоната 2026/27. По назначувањето на Тане Спасев за шеф на стручниот штаб, битолскиот клуб продолжува со стратегијата за доверба во млади, едуцирани и амбициозни македонски тренери. Во тој правец, Пелистер го продолжи договорот и со Владимир Николовски, кој и во новата сезона ќе ја извршува функцијата помошник-тренер на сениорскиот тим. Николовски веќе неколку години е дел од стручниот штаб на ...
Чекањето заврши – најдобриот европски фудбал се врати! Квалификациите за европските натпреварувања се во полн ек, но вистинските возбудувања допрва следуваат. Пари Сен Жермен и Астон Вила беа најдобрите минатата сезона и токму тие ќе се борат за првиот европски трофеј сезонава – во финалето на Суперкупот на УЕФА. >>> Сите квоти на мечот ПСЖ - Астон Вила во Mozzart Традицијата, а и логиката, вели дека трофејот најчесто завршува кај ...
Црвена Звезда со елиминацијата од Хапоел Бер Шева во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите претрпе и значителен финансиски удар. Српскиот шампион остана без најмалку 4,29 милиони евра, сума што ја носи пласманот во плејофот за елитното натпреварување. Уште поголема е загубата поради пропуштената можност за настап во групната фаза на Лигата на шампионите, каде што приходите започнуваат од околу 25 милиони евра, а можат да ...
Екипата на Вардар остана без главниот тренер Кристијан Фабијани по дерби поразот со Шкендија, а на следниот дуел со Струга Трим Лум, познато е кој ќе го води тимот. Аргентинецот се раздели со македонскиот шампион, а на натпреварот со стружани, тренерите кои ќе го водат Вардар ќе бидат најблиските асистенти на Фабијани. Тоа се Матија Мирков и Христијан Кировски, кои ги работеа последните тренинзи на екипата. Вардар е во потрага на нов стратег, ...
Холандската репрезентација во блиска иднина ќе има нов селектор, но тоа нема да биде Арне Слот. Холандскиот стратег потврди дека имал разговори со челниците на Фудбалската федерација, но решил да не продолжи во процесот бидејќи во овој момент сака да остане фокусиран на клупскиот фудбал. Во последните денови во холандските медиуми се појавија информации дека Слот се повлекол од преговорите, па дури и декa разговарал за платата и времетраењето ...
Почнува новата клупска сезона и веќе вечерва ќе се дели првиот голем пехар. Во Суперкуп финалето во Салцбург ќе се соочат Астон Вила и ПСЖ. На вчерашната средба со новинарите зборуваа капитените и тренерите на двата тима. Капитенот на Астон Вила, Џон Мекгин, на официјалната прес-конференција пред натпреварот во УЕФА Суперкупот против Пари Сен Жермен изјави дека клубот сè уште ги има истите стандарди, „глад и желба“ за успех, без разлика на ...
Досегашниот центар на Црвена Звезда, Џоел Боломбој, ќе остане во Евролигата и во новата сезона, но ќе го промени клубот. Американскиот кошаркар потпиша двегодишен договор со францускиот Асвел. Боломбој по три сезони ја напушта Црвена Звезда, но продолжува со настапите во елитното европско натпреварување. Пред белградскиот клуб, центарот настапуваше и за ЦСКА Москва и Олимпијакос, па со трансферот во Асвел го продолжува континуитетот во ...