Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Амбициозниот второлигаш Скопје претстави две нови засилувања за вториот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига. По Кристијан Наумовски во Скопје зимава се преселија уште Симеон Христов и Бесмир Даци. Поточно, Христов и Даци се враќаат на добро позната средина. Искусниот напаѓач есенскиот дел од сезоната го мина во редовите на Македонија ЃП, каде забележа шест гола на дванаесет натпревари, додека Даци во Скопје доаѓа по ...
Во Истанбул немаше дилеми, Фенербахче со одлична игра во второто полувреме ја победи Басконија со 84-71. Фенербахче во првиот натпревар од 2026 година, славеше на гости кај Басконија, а во истиот месец, турскиот тим повторно играше против истиот ривал во Евролигата и резултатот беше ист, овој пат во Истанбул. Басконија сили за надигрување имашесамо во првото полувреме, отиде на пауза со само четири поени негатива (42-38), но потоа, уште во ...
Македонскиот прволигаш Башкими се пофали со уште едно ново име оваа зима. Клубот од Куманово пазареше од „Чаир“ и своите редови ги засили со Луис Рибеиро. Португалскиот играч за врска по само шест месеци го напушти тимот на Шкупи, но остана во Првата македонска фудбалска лига. Од Башкими имаат големи очекувања од 25-годишниот Рибеиро, кој со своето искуство и квалитет треба да придонесе во офанзивната на тимот. Според „Трансфермаркт“ Рибеиро, ...
Звонимир Срна и неговата Хрватска се изборија за херојски триумф над Исланд на Европското првенство, со кој „каубоите“ останаа во игра за пласман меѓу четирите најдобри селекции. Високиот ракометар на францускиот Монпелје изјави дека е пресреќен за победата и најави уште поголема борба во клучните натпревари на континенталниот собир. „Во првото полурвеме бевме одлични, бевме полетни и водевме. Во вториот дел се мачевме, имавме резултатски ...
Челниците на хрватскиот ракометен шампион Загреб го составуваат тимот за следната сезона, а тамошните медиуми објавуваат сензационална вест Даниел Душебаев треба да биде засилувањето на левата бековска позиција. „Преговорите за доаѓањето на Даниел Душебајев во РК Загреб се во напредна фза. Сè уште не е официјално, но договорот е многу блиску“, објави познатиот ракометен агент Хен Ливгот на социјалните мрежи. Секако дека ова би било ...
Репрезентацијата на Швајцарија испушти голема шанса за победа и ремизираше со Унгарија (29-29) во натпреварот од втората група во главната фаза на Европското ракометно првенство. Унгарците не беа на потребното ниво во првото полувреме, имаа неколку неизнудени грешки, а не им одеше ниту во нападот. Швајцарија го искористи моментот, се разлета на сите страни од теренот, доаѓајќи до убава предност од шест гола на паузата (20-14). Второто ...
Екипата на Пролет ги стартуваше подготовките за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона што ќе продолжи во текот на следниот месец. За нов тренер беше именуван доскорешниот ракометар во тимот, Доне Мајнов, кој ќе го води тимот во наредниот период најпрвин во преостанатите рунди од Суперлигата, а потоа и во плеј-аут натпреварувањето. Во меѓувреме, во текот на паузата редовите на Пролет ги напуштија Марко Мишевски, Стефан Јовевски и Марко ...
Македонскиот прволигаш Арсими се пофали со ново засилување за остатокот од сезоната. Нов член на тимот од Чегране е Ремзифаик Реми Селмани, кој доаѓа од редовите на косовскиот Феризај. Се работи за искусен 28-годишен напаѓач, кој претходно во кариерата настапуваше за повеќе клубови, меѓу кои се Беса 1976, Гостивар, Брегалница, Шкендија и Ренова, а на меѓународно ниво играше за Ујпешт, Мезоковешд, Партизани и косовскиот Лапи. Арсими го заврши ...
Во очекување на разрешница на „случајот Мато“, есенскиот првак Вардар го донесе првото засилување за вториот дел на сезоната. Аргентинскиот фудбалер Лукас Иан Пулеио Араја е нов фудбалер на скопскиот клуб, откако денес стави потпис на двегодишен договор. Станува збор за 27-годишен аргентински крилен фудбалер, кој се одликува со брзина, директна игра и изразена креативност. Во минатата сезона, Аргентинецот настапуваше за црногорски Дечиќ, каде ...
Реал Мадрид стана првиот фудбалски клуб во светот кој во една сезона оствари вкупни приходи над една милијарда евра, што претставува нов историски рекорд во фудбалската индустрија. Оваа „круна“ на финансиската листа на најбогати клубови е резултат на значителен раст на приходи од комерцијални договори, продажба на сезонски карти, ТВ-права и маркетиншки активности. Приходите на Реал се движат околу 1,16 милијарди евра, што го издвојува пред ...
Хрватскиот ракометен репрезентативец, Матео Мараш, ја прокоментира победата на „каубоите“ над Исланд на Европското првенство (30-29), истакнувајќи дека овој резултат е исклучително важен за неговиот тим. Хрватска по голема борба успеа да ги совлада „рибарите“ и остана со теоретски шанси за полуфинале, нешто што го радува и Мараш, кој беше најефикасен на мечот со седум постигнати голови. „Имаме дваесет ракометари, а селекторот одлучува кој ќе ...
Идниот голман на Охрид, Дино Славиќ е еден од хероите на Хрватска во денешната огромна победа над Исланд во главната фаза од Европското првенство во ракомет. Одличниот голман доби шанса од првата минута, но за само неколку минути се повреди. Хрватска играше без голман, а откако противникот проба да погоди од центар, Славиќ истрча да спречи и со коленото удри во стативата. Хрватот веднаш легна на теренот, а неговите соиграчи истрчаа до него. ...
Четвртопласираната екипа по есенскиот дел на Првата фудбалска лига, Силекс од Кратово, доведе уште едно ново име во зимскиот преоден рок. 23-годишниот Михаил Димитриевски е нов фудбалер на Силекс. Во Кратово доаѓа од редовите на Работнички од Скопје. Димитриевски ги покрива крилните позиции во нападот и одбраната од двете страни, во есенската полусезона настапуваше за Работнички. Во кариерта има настапувано исто така за: Њу Старс, Локомотива, ...
Македонскиот кошаркарски суперлигаш Маџари продолжува со збогатување на ростерот за остатокот од сезоната. Новајлијата во елитното друштво вчера потпиша договор со двајца Американци, а од денес на тимот му се приклучува и Оливер Двојаковски, кој деновиве замина од таборот на МЗТ Скопје. Маџари во првиот дел од сезоната забележа учинок од шест победи и пет порази, но очигледно е дека амбициите на управата и стручниот штаб се многу повисоки. ...
Репрезентацијата на Хрватска ја оствари првата победа во главната фаза на Европското првенство, откако ја совлада селекцијата на Исланд со 30-29 во натпреварот од втората група. „Каубоите“ одиграа пеколно прво полувреме, ги искористија сите грешки на Исланѓаните и на паузата заминаа со предност од четири гола (19-15), но „рибарите“ потоа се соземаа и внесоа мала неизвесност пред почетокот на последните десетина минути. Исланд успеа да се ...
Репрезентативецот Стојан Ѓуровски е најновото засилување во редовите на МКК Куманово во пресрет на вториот дел од сезоната кој започнува викендов. Како што истакнуваат од управата на клубот постигнат е договор со искусниот Ѓуровски, кој пристугнува од редовите на Работнички. „Стојан Ѓуровски со своето искуство и квалитет ќе биде значајно засилување за тимот во продолжение од сезоната. Веруваме дека неговиот придонес ќе помогне во остварување ...
Македонскиот второлигаш ГФК Охрид Лихнидос се огласи по повод шпекулациите за наводна „местенка“ на пријателскиот натпревар против Работнички, на кој „романтичарите“ победија со огромни 8-2. Управата жестоко ги демантира овие гласини, а нејзиното соопштение ви го пренесуваме во целост. „Градскиот фудбалски клуб Охрид Лихнидос се оградува од сите невистини и јавниот линч кој што се случува во текот на денешниот ден. ГФК Охрид е амбициозен клуб ...
Доне Мајнов ќе биде предводник на Пролет на стартот од втората полусезона од Супер-лигата, откако ракометарот со најголем стаж во клубот реши да ја заврши играчката кариера. Очекувано, цел на сите во клубот беше Мајнов да остане дел од Пролет, а по кратки разговори беше најден заеднички јазик, тој во наредниот период да седне на клупата и токму во клубот каде мина најдолго време како играч, сега да ја стартува и тренерската кариера. Доне ...
Фудбалскиот клуб ФК Арсими 1973 ја информира јавноста дека донесе одлука за откажување на пријателскиот натпревар кој беше планиран да се одигра против ГФК Охрид. Оваа одлука е донесена како резултат на појавата и циркулацијата на неодамнешни информации во јавноста, кои се однесуваат на сомнежи поврзани со интегритетот на еден пријателски натпревар одигран од противничкиот тим. „Со цел да го зачуваме интегритетот на нашиот клуб, да ги ...
Американската фудбалска ѕвезда Тринити Родман, ќерка на легендарниот НБА кошаркар Денис Родман, испиша нова страница во историјата на женскиот фудбал. Таа стана најплатената фудбалерка на светот, откако потпиша нов, исклучително вреден договор со екипата на Вашингтон Спирит. Родман на 31 декември минатата година стана слободна агентка по истекот на претходниот договор, а клубот од американската престолнина реагираше експресно и ѝ понуди нов ...
Закажаното четвртфинале од Купот на Македонија меѓу Струга Трим Лум и Шкендија, кое според актуелниот распоред треба да се одигра на 25 февруари, најверојатно ќе добие нов термин. Причината е густата агенда на тетовскиот клуб на европската сцена, поради што се очекува реакција и официјална одлука од Комисијата за натпревари при ФФМ. Имено, Шкендија веќе наредниот ден, на 26 февруари, ја очекува исклучително важен натпревар, тоа е реваншот од ...
Определени се групите за Медитеранското првенство во ракомет за девојки до 16 години, кое следниот месец ќе се одржи во Приштина, а од кое дел ќе бидат пионерките на Македонија предводени од селекторот Славиша Димитријески. Од Медитеранската ракометна конфедерација во информираа за една важна промена во составот на учесниците, репрезентацијата на Шпанија до 16 години ќе настапи наместо селекцијата на Тунис, која во меѓувреме се повлече од ...
Кошаркарите на Пелистер максимално подготвени го дочекуваат стартот од втората полусезона, решени да го поправат впечатокот по нешто послабите игри и резултати во финишот од ланската календарска година. „Зелено-белите“ работеа напорно во изминатиот период, се со цел во доп-ритам да го дочекаат она што следи во наредниот период. „Задоволен сум од сработеното во овие подготовки. Одигравме и неколку контролни натпревари на кои од различни ...
Поранешниот шведски репрезентативец со потекло од балканските земји, Далибор Додер, во опширно интерјву за „Мондо“ говореше на повеќе теми од својата кариера, а допре и до анализа за моменталната ситуација во ракометот. Медалистот со Шведска од ЛОИ 2012 во Лондон со преку 150 настапи во дресот со државниот грб не се согласува дека во моментов се игра најдобриот ракомет. Во своето мислење го вмета и Кирил Лазаров. „Денес го немаш Кирил ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе има полни раце работа околу пријателскиот натпревар меѓу Работнички и ГФК Охрид, затоа што мечот наводно бил одигран под сомнителни околности и неофицијално веќе е доставена пријава до „куќата на фудбалот“ за регуларноста. Натпреварот понуди вкупно десет гола, заврши со победа од 8-2 на Работнички. И додека целата ситуација трае и се собираат докази околу тоа дали постоеле некакви нерегуларности, ...
Брера Струмица го промовира новото засилување за пролетната полусезона. Нов член на струмичкиот прволигаш е Леонардо Петровиќ. Станува збор за десно крило кое има 22 години и доаѓа од редовите на Змијавци од Хрватска со кој се натпреваруваше во втората лига. Петровиќ е дете на Хајдук, ги мина младинските категории на клубот од Сплит, а беше позајмуван во Змијавци и Јадран. За првиот тим на сплитските „били“ нема официјален настап, а потоа ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку ждрепка ги одреди четвртфиналните парови и потенцијалните полуфиналиња во фудбалскиот Куп на Македонија. Ждрепката посака актуелниот Куп-бранител Вардар да игра со ГФК Охрид. Во второто полуфинале, Струга игра со Шкендија, додека во третото, Шкендија Арачиново оди на мегдан со Работнички. Четвртиот пар е Детонит Плачковица - Силекс. На ждрепката одредени се и полуфиналињата. Во првото ...
Жозе Мурињо повторно привлече внимание со последната изјава. Португалскиот стратег, кој во својата кариера ги предводеше Интер, Челси, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, јавно го искажа своето незадоволство од трендот што владее во светскиот фудбал. На прес-конференција, Мурињо истакна дека со изненадување ја следи ситуацијата во која тренери без значајни резултати и трофеи добиваат шанса да работат во најголемите и најмоќни клубови во светот. ...
Франциско Черундоло ќе игра во фазата на шеснаесетте најдобри на Австралија Опен, откако го изненади и победи Андреј Рубљев во три сета (3-0). Аргентинецот одигра одличен ме и уште во првиот сет тргна убедливо со 6-3. Во вториот Рубљев беше најдобар во вториот, бидејќи пружи најголем отпор и се избори за тај-брејк. Сепак, Черундоло го доби со 7-4 и ја удвои предноста. Во третиот сет аргентинскиот ас дозволи брејк за старт, ама потоа успеа ...
Условите за работа во Анталија во изминатите денови се тешки. Обилните дождови направија големи проблеми и буквално ги „замрзнаа“ активностите на македонските клубови кои престојуваат во овој дел од Турција за своите зимски подготовки. Откако вчера беше одложен натпреварот на српски Партизан против Гангвон, денес истата судбина го доживеа и мечот на Вардар со Мотор Лублин. Слично судбина го чека веројатно и Силекс кој требаше да „спарингува“ ...