Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Шефот на УЕФА за судии, Роберто Росети, најави промени во начинот на користење на ВАР технологијата со цел да се намали бројот на интервенции и да се избегне анализирањето на секој можен детаљ од натпреварите. Италијанецот смета дека видео-технологијата треба да се користи само за јасни и очигледни грешки, а не за ситуации кои можат да се толкуваат на повеќе начини. Росети призна дека низ Европа постои незадоволство од начинот на кој ВАР ...
Кошаркарскиот клуб „Зоран Петковски – Петкото“ ќе биде организатор на првиот Меморијален кошаркарски турнир посветен на битолската кошаркарска легенда Зоран Петковски, кој ќе се одржи на 16 и 17 септември во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Турнирот ќе ги обедини најдобрите македонски кошаркарски клубови во чест на човекот кој остави голема трага во битолската и македонската кошарка. Организаторот во наредните денови ќе ги објави ...
Екипата на Новаци промовира уште едно засилување за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Нов член на клубот е Стефан Ивановски. Станува збор за 22-годишен десен бек кој доаѓа во редовите на Новаци од локалниот Пелистер. Ивановски е дете на Пелистер и беше член на битолскиот тим од 2017 година, а веќе зад себе има и прволигашко искуство. Новаци гради тим со високи амбиции за новата сезона и во претходниот период промовира доста ...
Фудбалерите на Јувентус ја забележаа четвртата победа во подготовителниот период. „Старата дама“ во Перт беше подобра од поранешниот прволигаш Палермо со 2-0 (1-0). Тимот од Торино стигна до сигурна победа со по еден гол во двете полувремиња. За овој меч Лучијано Спалети одбра силен состав, па неговите избраници ја оправдаа довербата против тимот кој се натпреварува во Серија Б. Палермо парираше до пред крајот на полувремето, но тогаш Кенан ...
Расел Вестбрук би можел да стане најголемото име кое ова лето ќе пристигне во европската кошарка, а Хапоел Тел Авив започнал преговори со поранешниот МВП на НБА лигата. Информацијата ја пренесоа повеќе американски и европски кошаркарски инсајдери, главно бидејќи за 37-годишниот Вестбрук во моментов нема сериозен интерес од НБА екипите. Минатата сезона во дресот на Сакраменто Кингс просечно бележеше околу 15 поени и седум асистенции. Вестбрук ...
Хулијан Алварез отвори воен фронт со Атлетико Мадрид, откако Аргентинецот реши да притисне за трансфер во Барселона по секоја цена. Напаѓачот се врати во тренинг-центарот по одморот и очекувал разговор со Диего Симеоне и претседателот Мигел Анхел Хил Марин за својата иднина. Сепак, ниту еден од нив не бил присутен, што дополнително го разочарало ѕвездениот напаѓач. Според „Мундо Депортиво“, Алварез бил бесен и јасно ставил до знаење дека не ...
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе ја напушти екипата на РБ Лајпциг до крајот на летниот преоден рок, а неговата желба е повторно да заигра во италијанскиот фудбал. Според последните информации, 26-годишниот офанзивен играч за врска во изминатите денови бил понуден на Фиорентина, која ја разгледува можноста за негов ангажман. Интересот од клубот од Фиренца постои, преговорите се во тек, тврдат од Италија. Елмас пристигна во РБ Лајпциг ...
Македонскиот прволигаш Арсими го официјализираше враќањето на Маркел Гони во своите редови. Шпанскиот фудбалер повторно ќе го носи жолто-црниот дрес, откако во вториот дел од минатата сезона остави одличен впечаток со своите настапи и беше еден од позабележителните играчи во тимот. Иако имал понуди од други клубови, Гони одлучил повторно да ја избере онаа на Арсими и да дојде во добропознатата средина во која лани одигра 13 натпревари во ПМФЛ ...
Екипата на Пелистер продолжува да го гради тимот за новата сезона со ангажман на уште еден перспективен македонски кошаркар. Нов член на битолскиот клуб е 24-годишниот Лука Савичевиќ, кој го прифати предизвикот да стане дел од проектот на „зелено-белите“. Савичевиќ во Битола пристигнува од Феникс 2010, а претходно настапуваше и за Шпанската кошаркарска академија (СБА). Дел од својата кариера мина и во Соединетите Американски Држави, каде што ...
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку е на чекор до трансфер во турскиот гигант Фенербахче, пренесуваат италијанските медиуми. Според информациите, 33-годишниот фудбалер веќе ги договорил личните услови со клубот од Истанбул и во моментов го очекува финалниот договор меѓу Наполи и Фенербахче за реализација на трансферот. Лукаку пристигна во Наполи во 2024 година, каде што под водство на Антонио Конте освои две значајни титули, шампионската круна ...
УЕФА ги одреди официјалните лица за реванш-натпреварот од третото квалификациско коло во Конференциската лига меѓу Шкендија и Хибернијан. Главен судија на натпреварот ќе биде Казахстанецот Болат Сариев. Негови помошници ќе бидат сонародниците Сергеј Васјутин и Денис Лабашов, додека четврти судија е Данил Горда. Во ВАР-собата ќе работи Ајдин Тасибаев од Казахстан, а негов асистент ќе биде унгарскиот арбитар Тамаш Боњар. За судењето ќе биде ...
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е на чекор до нов предизвик во кариерата, откако постигнал договор со турскиот гигант Бешикташ. Истанбулскиот клуб ова лето е исклучително активен на трансфер-пазарот и продолжува со ангажирање на звучни имиња, а Влаховиќ треба да биде најновото засилување во нападот. По долги преговори, 26-годишниот фудбалер ја прифатил понудата на Бешикташ и наскоро се очекува да биде официјално претставен. Според најавите, ...
По 18 години минати на европската фудбалска сцена, Алексис Санчез ја продолжува кариерата во Северна Америка. Најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Чиле потпиша двегодишен договор со Монтреал, клуб кој се натпреварува во МЛС-лигата. Со овој трансфер завршува неговото долго и богато европско поглавје, во кое настапуваше за неколку од најпознатите клубови на Стариот континент, меѓу кои Барселона, Арсенал, Интер и Севиља. ...
Мастерс турнирот во Монтреал испиша нова страница во тениската историја. За првпат во четвртфиналето на еден турнир од серијата Мастерс 1000 се пласираа осум тенисери родени по 2000 година, што е јасен показател за генерациската смена на самиот врв на светскиот тенис. Највозрасен меѓу четвртфиналистите е Американецот Брендон Накашима, роден во 2001 година. По него следуваат Бен Шелтон и Лучано Дардери, кои се родени во 2002 година. Артур Фис ...
Хонда подготви значително подобрување на погонската единица на Астон Мартин, кое треба да дебитира на Големата награда на Холандија по летната пауза во Формула 1. Јапонскиот производител имаше тежок почеток на сезоната, а болидот на Астон Мартин се мачеше со сериозни проблеми и перформанси. Сепак, по првото подобрување на болидот во Будимпешта, сега на ред е и новата спецификација на моторот. Главниот Ф1 инженер на Хонда, Шинтаро Орихара, ...
Притисокот врз ФИФА и нејзиниот претседател Џани Инфантино продолжува да расте, откако Европската фудбалска унија (УЕФА) доби поддршка од Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) и КОНКАКАФ во спорот со првиот човек на светскиот фудбал. Трите организации објавија заедничко соопштение во кое упатија сериозни критики кон начинот на кој Инфантино ја води ФИФА, обвинувајќи го за нетранспарентност и манипулативни практики. Овој потег доаѓа само ...
АБА-вицешампионот Црвена Звезда го потврди трансферот на кошаркарот, Ник Вајлер-Баб кој дојде од турскиот состав Анадолу Ефес. Белграѓани истакнаа дека неколку тимови од Евролигата го барале бекот но, тој изразил желба да игра за српскиот гигант. Вајлер-Баб во изминатата сезона имаше просек 7,7 поени, 4,8 асистенции и 3,4 скока во 37 натпревари во Евролигата. Тој е шесттото летно засилувањ за „црвено-белите“ кои ги купија: Крис Џонс, Џонатан ...
Македонската кадетска кошаркарска репрезентација стигна до втората победа на Европското првенство во Дивизија-Б, откако со 89-76 ја совлада Швајцарија во четвртото коло. Нашите кошаркари имаа кошмарен почеток и по првите 10 минути заостануваа со 14 поени (16-30). На стартот на вториот период гостите имаа водство од 21 разлика. Швајцарците продолжија во ист ритам и на одмор заминаа со убедлива предност од 53-38. Сепак, во второто полувреме ...
Тиквеш продолжува да го засилува ростерот пред новата сезона, а најново име во кавадаречкиот тим е Чамал Абдула. Станува збор за десен бек од Франција, кој во Кавадарци пристигнува од редовите на Ал Ахли Бенгази од Либија. Абдула минатата сезона настапуваше за либискиот клуб, а претходно има искуство и од тунискиот ракомет, каде што во сезоната 2024/25 го носеше дресот на Масакен. Новиот ракометар на Тиквеш има и богато искуство од ...
Кендрим Исмајли е најновото име во редовите на Струга Трим Лум. Македонскиот прволигаш се пофали со потписот со косовскиот лев бек кој е седми новајлија ова лето. Откако беше промовиран, Исмајли ги сподели своите очекувања. 27-годишниот фудбалер веќе има искуство со тренерот Бледи Шкемби, со кого соработуваше во Тирана. „Дојдов во Струга Трим Лум поради добрата организација на клубот. Со директорот имав контакти и во минатото, па ја користам ...
Александар Јончевски има нов клуб. Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација е назначен за нов тренер на Влазними од Ѓаковица, со што продолжува интернационалната кариера на искусниот македонски стратег. Јончевски зад себе има богат тренерски стаж, а во Македонија работеше во МЗТ Скопје, Работнички, Кожув и Гостивар. Со МЗТ во сезоната 2015/16 ги освои шампионската титула и Купот на Македонија. Во странство има работено ...
Роналд Араухо е нов фудбалер на Ливерпул. Уругвајскиот репрезентативец пристигнува на „Енфилд“ од Барселона и во новата сезона ќе го носи дресот на англискиот шампион. Двата клуба се договорија за едногодишна позајмица. Покрај тоа, Ливерпул ќе има можност да го откупи договорот на дефанзивецот по истекот на сезоната. Опцијата за откуп следното лето е поставена на 55 милиони евра. Араухо во Барселона не добиваше доволно простор за игра ...
Струга Трим Лум промовира уште едно ново засилување за новата сезона во ПМФЛ која веќе започна. Нов член на двократниот македонски првак е Кендрим Исмајли. Станува збор за 27-годишен лев бек кој доаѓа од редовите на Теута од Албанија. Тој може да покрие повеќе позиции на теренот и ќе понуди доста за тимот предводен од Бледи Шкемби. Во својата кариера Исмајли настапуваше за Ѓилан во Косово, како и за Тирана и Фљамуртари во Албанија. ...
Рони Бардџи заработи тешка повреда на коленото и го очекува повеќемесечна пауза од фудбалските терени. Младиот шведски фудбалер ги повреди предните вкрстени лигаменти за време на тренингот на Барселона. Бардџи не успева да го заврши тренингот поради проблемот со коленото, а дополнителните медицински прегледи ја потврдуваат сериозноста на повредата. За него следува долг процес на рехабилитација пред да може повторно да се врати на теренот. Ова ...
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ сè уште е во потрага по нов клуб, а турскиот гигант Бешикташ испратил исклучително богата понуда за неговите услуги. Според информациите од италијанските медиуми, претставници на Бешикташ веќе оствариле разговори со таткото на Влаховиќ, Милош Влаховиќ, при што на српскиот голгетер му бил понуден четиригодишен договор со годишна плата од 10 милиони евра. Покрај тоа, напаѓачот би добил и дополнителен бонус од 10 ...
Макаби Тел Авив го договори првото засилување во бековската линија. Американскиот кошаркар Кејтон Волас потпиша двегодишен договор со израелскиот гигант. Волас во следниот период ќе заработи 2,5 милиони евра, а во тимот ќе ги дели минутите на позицијата комбо бек со сонародникот Џими Кларк. pic.twitter.com/S7Uy5A0Cpy — Maccabi Tel Aviv BC (@MaccabiTLVBC) August 9, 2026 Новиот играч на Макаби зад себе има две сезони во НБА со Атланта Хокс. ...
Хари Кејн ја продолжи својата голгетерска доминација во Европа и по вторпат во кариерата ја освои „Златната копачка“. Напаѓачот на Баерн Минхен признанието за најдобар стрелец во европските лиги го заслужи со уште една неверојатна сезона во која постигна дури 73 гола. За англискиот напаѓач ова е второ вакво признание, по првото освоено во 2024 година. Со тоа Кејн се искачи меѓу најуспешните голгетери во историјата на наградата, а пред него по ...
Струга Трим Лум ремизира 1-1 на гостувањето кај Скопје во натпревар од второто коло на Првата македонска фудбалска лига, а по средбата своето видување го даде тренерот на стружани, Бледи Шкемби. Струга поведе во 55. минута преку Христијан Малески, а осум минути подоцна капитенот Бесарт Ибраими постигна уште еден погодок, кој по интервенција на ВАР беше поништен. Домаќинот ја искористи една од ретките можности и во 71. минута стигна до ...
Општина Битола ја информира јавноста за актуелната состојба на тревната површина на стадионот „Петар Милошевски“, по концертите што неодамна се одржаа на овој спортски објект. Од локалната самоуправа и ЈП „Комуналец“ посочуваат дека уште пред одржувањето на концертите биле преземени сите неопходни мерки за заштита на теренот, а веднаш по нивното завршување започнал процесот на негово обновување и враќање во првобитна состојба. Како ...
Македонскиот суперлигаш ТФТ Скопје соопшти дека во сезоната 2026/27 своите домашни натпревари во македонската лига и АБА2 лигата ќе ги игра во спортската сала „Т Арена“ (СЦ „Борис Трајковски“). Од клубот истакнуваат дека ова претставува значаен чекор напред во организациски и спортски аспект, како и дополнителна потврда за нивната поврзаност со општина Карпош. Во новата сезона, малата сала во комплексот ќе биде користена како тренинг-база на ...