Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
По десетти пат се врши археолошка кампања на локалитетот Врбјанска Чука, која е резултат на континуираната соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Заводот и музеј – Прилеп. Целта на мултидисциплинaрното истражување, во кое се вклучени и голем број европски институции, е темелно разбирање на неолитската населба на локалитетот и нејзиното подоцнежно функционирање во антиката и средниот век. Проучувањата се насочени кон ...
Поради климатските промени, глечерите во Австрија се топат сè повеќе и повеќе. Се предвидува дека во следните 10 до 15 години оваа земја ќе изгуби дел од глечерите. Глациологот Бернхард Загел предупредува дека некои глечери околу Салцбург веќе изгубиле половина од својот мраз за само 25 години, и како што стојат работите сега, прогнозите за иднината на глечерите во оваа европска земја и пошироко воопшто не се оптимистички. Истражувачите на ...
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а ...
Најмалку три лица загинаа, а 10 се повредени во северниот и централниот дел на Виетнам поради обилни дождови, силни ветрови и поплави предизвикани од тајфунот Каџики, објави денеска Министерството за земјоделство и животна средина на оваа азиска земја. Тајфунот, исто така, оштети повеќе од 6.800 куќи, поплави повеќе од 28.800 хектари оризови полиња, 2.200 хектари други култури и искорени речиси 18.000 дрвја низ погодените провинции, објавија ...
Реките Тополка и Бабуна во долниот тек, не се ниту за капење, ниту за рекреација, објави СДК, по одговор добиен од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес. „После месноста Пешти водата во Бабуна не е за капење. Таа е со загаденост по микрибиолошки индикатори и со присуство на амонијак во трета категорија. Ова јасно кажува дека населбата која таму се изгради директно влијае на квалитетот на водата, во отсуство на систем за собирање на отпадни ...
Невообичаената статуа на дното на морето во заливот Сан Фрутуозо, сместена помеѓу Џенова и Портофино, Италија, во близина на морскиот парк, е една од најпознатите атракции на лигурскиот брег. Статуата е наречена и „Христос од длабочините“. Статуата на Исус Христос стои на пиедестал, со раширени раце, гледајќи кон површината на водата, симболизирајќи помирување, надеж и врска помеѓу човекот и морето. Идејата за статуата потекнува од нуркачот ...
Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев стана петтиот Македонец што го преплива каналот Ла Манш. – Огромни честитки до Евгениј Поп Ацев од Македонија, кој денес го заврши своето пливање во Каналот за неверојатно време од 9 часа и 43 минути. Евгениј е 3-кратен светски шампион и е примен во Меѓународната сала на славните за маратонско пливање. Има учествувано на 107 натпревари од светска класа во кариерата што траеше од 2007 до 2021 година. ...
Празникот го одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, а Црквата го нарекува „успение“ – термин што означува сон, мир и духовно вознесение. Според преданието, Богородица веднаш по смртта била вознесена на небото и станала најголем застапник на луѓето пред Бога. Во македонските цркви и манастири може да се сретнат уметнички претстави на овој настан, најчесто поставени над влезните порти. Вообичаен е и обичајот на тој ден верниците да не ...
Кина разви иновативна технологија за следење на временските услови во ризични планински региони. Во покраината Сечуан официјално е пуштен во употреба нов тип на станица за следење врнежи, наречена „Јушен-1“. Станицата може да се распоредува со дрон, што ја прави особено погодна за области подложни на ненадејни поплави и свлечишта каде што традиционалните уреди е тешко да се постават и одржуваат. Проектот е заеднички развиен од Институтот за ...
На 25 август 1975 година, американскиот рок-изведувач Брус Спрингстин го претстави својот трет студиски албум „Born to Run“. Ова издание се смета за негов голем исчекор кон светската сцена и еден од најзначајните моменти во историјата на рок музиката. Со песни што подоцна ќе станат класики, како „Born to Run“ и „Tenth Avenue Freeze-Out“, албумот ја зацврсти автентичноста на неговиот звук и ја прошири неговата слава далеку надвор од Њу Џерси, ...
Виетнам ги затвори аеродромите и училиштата и започна масовни евакуации додека се подготвува за најсилната бура оваа година. Тајфунот Каџики, со ветрови до 166 км/ч на море, објави Ројтерс. „Ова е исклучително опасна и брзо движечка бура“, соопшти владата предупредувајќи дека Каџики ќе донесе обилни дождови, поплави и лизгање на земјиштето. Со својата долга крајбрежна линија свртена кон Јужното Кинеско Море, Виетнам е особено ранлив на бури ...
Израелските одбранбени сили потврдија дека започнале со првични операции кои се дел од долгорочно планираната копнена офанзива за преземање на градот Газа. Според официјалните информации, израелските војници веќе воспоставиле контрола врз делови од периферијата на градот, вклучувајќи ги областите Зејтун и Џабалија. Портпаролот на армијата изјави дека акциите претставуваат подготвителна фаза за целосно освојување на градот, план кој вчера го ...
Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ синоќа во Домот на поезијата во Струга почна 64-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките вечери на поезијата. Фестивалот за отворен го прогласи, покровителот на манифестацијата, претседателката на Република Македонија г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, а свои обраќања имаа и министерот за култура и туризам, г Зоран Љутков и директорот на НУМ ...
Под влијание на атмосферски фронт кој се спушта преку алпскиот регион и носи значително посвеж воздух, денес и утре (петок и сабота 22/23 август) времето во Македонија ќе биде променливо облачно, локално и тоа особено во западните предели и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Особено до крајот на денешниот ден (петок 22 август) ќе дува засилен, повремено силен ветер претежно ...
Амбулнатни возила, ќе набавува Владата во следниот период, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање со оглед дека сегашните се застарени. – Наш главен приоритет е обновата на овој тип на возен парк во јавните медицински установи, имајќи во предвид дека таму е катастрофално алармантна состојбата, бидејќи таму луѓето се потпираат на оние возила кои се донација. Како Влада на последната седница донесовме ...
Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди Дрејковиот Премин – водено подрачје помеѓу најјужната точка на Јужна Америка и Антарктикот. Чиле, држава на западниот брег од Јужна Америка, издаде предупредување за цунами за чилеанската антарктичка територија. Во извештајот на хидрографската и океанографската служба на чилеанската морнарица се вели дека е издадено предупредување за цунами за чилеанската антарктичка ...
Во 2027 година симболот на градот „Универзална сала“ конечно ќе ги пречека своите први гости вели министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Реконструкцијата на Универзалната сала ќе започне на крајот на септември. Љутков дополни дека за целосната реновација се одвоени 20 милиони евра, кои ќе бидат распределни од Буџетот во три години години. Посочи и дека конечно ингеренциите врз „Универзална сала“ се целосно пренесени на Министерството ...
Во текот на изминатото деноноќие, на територија на државава, имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Прилеп и на Маврово и Ростуше. Во „Јасен“ гори мешана шума. Во подрачјето на село Беловодица, место викано „Ливада“, гори букова шума. На територија на село Церово горат нискостеблеста дабова ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени ...
Договори со кои ќе се воспостават партнерства и ќе се реализираат археолошки истражувања, размена на искуства, знаења и методологи, денеска потпишаа министерот за култура и туризам Зоран Љутков, Лукас Вертер од Римско-германската комисија при Германскиот археолошки институт, кој е под надлежност на Федералното Министерство за надворешни работи на Германија, и директорот на Музејот на Град Скопје Панче Велков. На археолошкиот локалитет Скупи, ...
Македонија денеска е под силно летно сонце со температури кои во повеќето градови ќе се движат меѓу 32 и 36 °C. Во утринските часови времето е пријатно и ведро, со температури околу 20–23 °C, додека во текот на денот жештината ќе доминира, особено во Пелагонија и Скопската котлина. На западните планински региони, температурите ќе бидат нешто пониски и околу 28–30 °C, придружени со слаб ветер што ќе донесе освежување. Во вечерните часови ...
National Geographic го посочи Охридското езеро како едно од петте кои задолжително треба да се посетат. Ако не сте слушнале за светското наследство на УНЕСКО, Охридското Езеро, не сте сами, но ви недостасува еден трик. Сместено помеѓу планините на Македонија и источна Албанија, ова зелено-сино езеро е меѓу најстарите и најдлабоките во Европа. Летото ве искушува со капење во проѕирни води, пикници на плажите со камчиња на источниот брег како ...
Ураганот Ерин повторно достигна категорија 4, со ветрови до 210 км/ч со дијаметар од околу 370 км, соопшти Националниот центар за урагани во неделата вечерта. Бурата се наоѓала на помалку од 1.600 километри југоисточно од Кејп Хатерас, Северна Каролина, и продолжила да се движи кон северозапад, пренесе CNN. Иако не се очекува ураганот директно да го погоди копното на САД, метеоролозите предупредуваат дека силните потреси ќе претставуваат ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во периодот од (среда 20 август) па до (петок 22 август) времето ќе биде значително потопло и претежно сончево со појава на мала локална облачност. Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите ќе надминуваат и 35 степени, односно во овие предели тие локално ќе се искачат до околу 38 ...
Британскиот актер Теренс Стемп, една од најпрепознатливите фигури во филмската историја и незаборавен негативец од Холивуд, почина на 88-годишна возраст,, потврди неговото семејство. Причината за смртта засега не е соопштена. „Остави зад себе исклучително дело, како актер и како писател, кое ќе продолжи да инспирира и во иднина. Ве молиме за приватност во овие тешки моменти“, соопштија неговите најблиски. Од скромно детство до Оскар ...
Ураганот „Ерин“ денеска се засили до четврта категорија, според Американскиот национален центар за урагани (НЦУ), кој оваа недела издаде предупредување за опасни подводни струи долж источниот брег на САД, објавија британските медиуми. Ураганот се наоѓа на околу 1.555 км југоисточно од Кејп Хатерас, Северна Каролина. „Се очекува дополнително зајакнување во текот на следните 12 часа, по што ќе следи постепено слабеење“, соопшти НЦУ. топ5 ...
Во Зоолошката градина во Скопје се роди женка елен лопатар, која е со специфична кафеава боја. Неа од денес ќе можат да ја видат и посетителите на зоолошката. Ова е прва принова кај нас по подолго време, па од Скопје ЗОО на Фејсбук споделија неколку фотографии за да го најават најновиот жител на зоолошката. „Новиот жител на Скопје ЗОО ни донесе многу радост. Преубава мала дама, од видот елен лопатар, со ретка кафеава боја, е најновата принова ...
Денеска низ Македонија ќе преовладува топло и претежно облачно време, со температури од утрински 25 °C до околу 30 °C во попладневните часови. Во текот на денот ќе има умерена облачност, без услови за врнежи, а кон вечерта облаците ќе се повлечат и ќе следи ведро и пријатно време. Слаб до умерен ветер ќе освежува во попладневните часови, создавајќи пријатна атмосфера и за оние кои планираат активности на отворено. Очекувајте стабилни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се среќаваат во Алјаска денес во 21:30 часот. Трамп рече дека верува оти неговиот руски колега Владимир Путин ќе се согласи на договор и дека заканата од санкции против Русија веројатно ја натерала Москва да побара состанок. Американскиот претседател рече дека не е сигурен дека може веднаш да се постигне прекин на огнот, но изрази интерес за посредување во мировен ...
Настанот е во организација на Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски – „Антево перо“ и Europe House Струга, и ќе собере поети од повеќе генерации кои преку своите стихови ќе оддадат почит на Поповски. Покрај живите настапи, публиката ќе има можност да ужива и во ретки видео и аудио записи од самиот Анте Поповски, што ќе овозможи поинтимно доживување на неговата поетска мисла и глас. „Тајнопис“, објавена во 1975 година, е едно од ...