Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Трагедијата се случи во вторник околу пладне, а очевидци велат дека сцената била ужасна. Според граѓаните, леталото одеднаш се завртело во воздух, по што следел ужасен удар на земјата. Спасувачките екипи ги пронашле јагленисаните тела на пилотот и патниците во остатоците. Според првите информации, станува збор за лесен авион, долг околу 7 метри, кој полетал од Грањано Требиенсе во северна насока. Авионот се урна помеѓу градовите Флеро и Азано ...
Предупредување од МВР за нов вид онлајн измама Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека на социјалните мрежи кружи лажна објава во која се тврди дека одредени компании за техника наводно нудат модерни телефони преку „внатрешна програма“ поради оштетена амбалажа. Станува збор за класична интернет-измама со цел прибирање лични податоци или насочување кон сомнителни веб-страници. МВР апелира до граѓаните: – Да не кликнуваат ...
До 7:30 часот утринава на територија на државата се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив пет се активни, три под контрола, а изгаснати се вкупно 29 пожари. Активни пожари има кај селото Нивичино во Општина Василево, во селото Бешиште кај Прилеп, помеѓу селата Церово и Групчин во Општина Желино и два пожари на територија на Македонски Брод – кај селото Грешница и помеѓу ...
Обожавателите, музичарите и поранешните членови на бендот му оддадоа почит на Ози Озборн, фронтменот на легендарниот хеви метал бенд Блек Сабат, кој почина на 76-годишна возраст. Членовите на Блек Сабат „изгубија брат“, рече ко-основачот на бендот Тони Ајоми, додека басистот Теренс „Гизер“ Батлер се потсети на нивниот последен заеднички настап, а тапанарот Бил Ворд сподели нивна заедничка фотографија, објави Би-Би-Си. Смртта на музичката ...
Во голем исчекор кон воспоставување постојано човечко присуство на Месечината, тим научници од Кинескиот универзитет во Хонг Конг (Шенжен), во соработка со други институции, развил метод кој користи сончева светлина и месечева прашина за добивање кислород, вода и ракетно гориво. Оваа иновација во иднина би можела да им овозможи на астронаутите да преживуваат и патуваат подалеку низ вселената без целосна зависност од ресурси од Земјата. ...
Музичката програма на „Охридско лето“ за вечер го нуди целовечерниот концерт на Даниел Милер-Шот, еден од најбараните виолончелисти на денешницава. Милер-Шот е присутен на сите големи концертни подиуми. Веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност, информираше Министерството за култура и туризам во својата фејсбук ...
Ротацијата на Земјата се забрзува, што предизвикува некои денови во јули и август да бидат пократки, според научниците. Станува збор за 1,3 до 1,6 милисекунди – промена којашто луѓето не ја чувствуваат. Имено, деновите 10 јули, 22 јули и 5 август оваа 2025 година, Земјата ротира малку побрзо. Истражувачите од Меѓународната служба за ротација на Земјата и референтни системи (ИЕРС) со седиште во Франкфурт, Германија, како и американскиот ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали повторно ќе може да се очекува линеарно зголемување на пензиите оваа есен, како и кои законски измени треба да се донесат, информираше дека очекува такво зголемување. Тоа е барање, рече што до Владата беше упатено од пензионерите. „Да, јас тоа веќе го најавив дека очекуваме линеарно зголемување на пензиите. Тоа го бараат практично пензионерите ...
Вечерва (20 јули) од 21 часот во предворјето на црквата Света Софија во Охрид, концерт ќе одржи младинскиот интернационален оркестар „Фејмс“. Концертот е насловен „Либертанго“, и е во рамките на фестивалот Охридско лето. Гостува виолинистката Русанда Панфили е од Молдавија, која е композиторка и аранжерка. Таа свири различни музички жанрови, виолински концерти како оние на Шостакович и Сибелиус, разновидни дела од камерното творештво и широк ...
Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 се намалуваат за половина денар по литар, додека цената на дизелот и екстра лесното масло останува непроменета. Намалување има и кај мазутот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според новата одлука, што стапува на сила од 22 јули 2025 година, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,42% во однос на претходната одлука. ...
Авто-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека денеска, 21 јули 2025 година, сообраќајот на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце ќе биде во прекин во периодот од 10:00 до 15:00 часот. Прекинот на сообраќајот се однесува на делницата од раскрсницата за селото Драгоманце до Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, а причината е одржување велосипедска трка која ќе се реализира во тој период. АМСМ апелира до сите учесници во ...
Драмската програма на годинешното издание на „Охридско лето“ продолжува со вечерашната театарска претстава „12“, според мотиви на текстот „12 Гневни мажи“ од Реџиналд Роуз, во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје. „Живееме во лудa доба. Нон-стоп. Имаме високо мислење за себе и за околината, но во суштина сме небитни. Времето немилосрдно нѐ гази, историјата револвира во неверојатно совршен круг, а ние, намерно или ненамерно, иако ...
Одлуката го отежнува пристапот на јавноста до Националната климатска проценка (НЦА), која содржи клучни научни наоди што се користат за следење на ризиците и влијанијата од климатските промени низ САД. НАСА вели дека нема да го објави извештајот за климата на својата веб-страница бидејќи нема законска обврска да го стори тоа. Овој потег е во спротивност со изјавата на Белата куќа од 3 јули во која НАСА е именувана како нов „домаќин“ на ...
Повеќе од 60 лица, вклучувајќи жени и деца, загинаа во пожар во трговски центар во регионот Васит во источен Ирак, соопштија локалните власти, објавувајќи нов биланс на жртви од несреќата, откако претходно беше објавено дека во трагедијата загинале 50 луѓе. Ирачкото Министерство за внатрешни работи објави дека 61 лице загинало во пожар што избувнал вчера во новоотворен трговски центар, а спасувачите извлекле 14 неидентификувани јагленисани ...
Биткоинот за првпат надмина 122.000 долари, што претставува важна пресвртница за најголемата криптовалута во светот, бидејќи инвеститорите се потпираат на долгоочекуваните политички потези во корист на индустријата што се очекуваат оваа недела. Биткоинот за првпат надмина 122.000 долари, што претставува важна пресвртница за најголемата криптовалута во светот, бидејќи инвеститорите се потпираат на долгоочекуваните политички потези во корист на ...
Во периодот од вчера до утрово до 7 часот на отворен простот се активни пет пожари, а 19 се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од активните пожари еден е во општина Дојран во село Николич каде гори нискостеблеста шума, друг во општина Чучер Сандево, каде во село Горњани гори исто така нискостеблеста шума. Активен пожар има и во општина Велес кај село Џидимирци и Крушје, каде гори мешана шума, во општина Македонски ...
Од денеска попладне до недела во Галичник ќе се одржува традиционалната Галичка свадба на која годинава младенци се Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната венчавка во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник, со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди, ќе биде в недела, 13 јули, што е и централен настан на манифестацијата. Организаторот на Галичката свадба – Месната заедница Галичник, најави богата тридневна ...
Северниот Атлантски Океан содржи околу 27 милиони тони нанопластика, според ново истражување објавено од Институтот за морски истражувања на Холандија и Универзитетот во Утрехт, пишува агенцијата МИА. Истражувањето покажува дека количината нанопластика во горните 10 метри од океанската површина е значително поголема од досега проценетата. Нанопластичните честички, со големина помала од една илјадитинка од милиметар, биле пронајдени во ...
Активни се 9 пожари на отворен простор заклучно со седум часот утринава, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се 4 пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Чучер Сандево – Блаце, каде е зафатена ниска вегетација, во село Визбегово во Шуто Оризари каде гори депонја, во Прилеп – село Бешиште, место викано Бешишки рид, мешана шума. Во ...
Топлотниот бран со температури до 41 степен продолжува и во следните два дена, а освежување продор на посвежа воздушна маса од север се очекува од задутре. Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најави сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен. Попладне има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен ...
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, рано утрово извести дека пожарот што вчера вечерта изби крај патот, Скопје-Блаце, успешно е ставен под контрола Во гаснењето на пожарот беа вклучени повеќе екипи, од кои два полициски и еден армиски хеликоптер, и исто така за прв пат беа ставени во употреба новите возила на ДЗС, еден Пинзгауер и еден Хермелин. Пожарот зафатил поголема површина, но со помошта на хеликоптерите е локализиран и ставен под ...
Пожарот во село Длабочица, општина Старо Нагоричане е изгаснат околу 19 часот вчера, но екипи на „Национални Шуми“ дежурале во текот на ноќта, соопштија денеска од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане и од „Национални шуми“. Според првичните проценки, опожарени се 50-тина хектари мешана шума, бор, даб и ниска вегетација. Командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски информираше дека биле ангажирани две ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за превенција на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението 2025–2030 година, почнувајќи од денеска (петок, 4 јули) се активира фаза 3, што ќе трае до 08.07.2025 година. На предлог на Министерството, Владата ги донесе следните препораки: ●Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 ...
Времето денеска се очекува да биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Според синоптичарите, минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Од УХМР информираат дека под влијание на топла воздушна ...
Остров Кимолос, кој се наоѓа северно од Милос во Егејското Море, неодамна беше прогласен за место со најчиста вода во светот. Американската туристичка агенција Флорида Панхендл ја објави својата листа на плажи со најчиста и бистра вода во светот. За да ги добие резултатите, агенцијата прво направи почетна листа од 50 плажи низ целиот свет кои се најдобро оценети на туристичките места. Потоа тие го пресметаа резултатот на секоја плажа врз ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода констатира енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови. Конкретно на ден 23.06.2025 година дневната потрошувачка на вода изнесуваше рекордни 356.000 м3, што би значело потрошувачка од 700l вода по глава на жител „Воедно и апелираме до сите граѓани на градот Скопје на совесно и рационално ...
На новинарско прашање премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ова година сме повеќе подготвени за справување со пожарите во однос на минатата година и најави показна вежба од модернизираната опрема. -Секаде на Балканов на лето се случува сезона на пожари, но за разлика од претходните години, оваа година сме многу по подготвени. Пред се мислам на армиските и полициските хелихоптери. Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, два се тука ...
На втори јули со почеток во 20 часот., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели. На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на ...
Танкер што превезуваше милион барели нафта експлодираше во близина на брегот на Либија, изјави вчера неговиот управувач. Според Блумберг, танкерот „Виламура“ моментално се влече кон Грција, каде што штетата ќе се процени по пристигнувањето. Експлозијата предизвикала истекување на вода во машинската просторија, изјави портпаролот на „ТМС Танкерс“. Точната причина за експлозијата сè уште е непозната, додаде тој. Во последните месеци, серија ...
Цената на нафтата на светските берзи минатата недека се намалија за повеќе од 11 проценти, бидејќи стивнаа стравувањата од прекин на снабдувањето со нафта од Блискиот Исток откако беше постигнат договор за примирје меѓу Израел и Иран. Цената на барел на лондонската берза минатата недела потона за 12 проценти, на 67,77 долари, додека на американскиот пазар, барелот падна за 11,3 проценти, на 65,52 долари. Цените на нафтата нагло паднаа на ...