Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја допуштил апликацијата поднесена во врска со дивата струшка депонија, соопшти адвокатската канцеларија „Стојкоски и Ќатоски“. Адвокатите од Струга заедно со Здружението на млади правници ја поднесоа апликацијата во мај, откако домашните судови се прогласија за ненадлежни. „Ова значи дека Стразбур ќе расправа за еден од најголемите еколошки и здравствени проблеми во Струга – депонија која се наоѓа ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се гради колекторскиот систем во Трпејца во Општина Охрид, рече дека во втората половина на август започнува фирмата изведувач со работа, а целиот процес ќе се одвива во две фази. – Да ќе се гради. Тој е поделен во две фази колку што јас располагам со информации. Првата фаза е пречистителната станица и двата дела од цевководи, потисниот и одводниот. Па потоа ...

Со повеќе од две децении триумф на Бродвеј, Вест Енд и на најпрестижните сцени ширум светот, „Mamma Mia“ претставува врвна комбинација на заразни мелодии, моќна енергија и топла, човечка приказна. Преку песните „Dancing Queen“, „Super Trouper“, „The Winner Takes It All“, „Gimme! Gimme! Gimme!“, „Mamma Mia“ оживува една забавна, емотивна и незаборавна авантура што ги освојува сите генерации. Неговата тајна? Моќна, искрена и трогателна приказна ...

Периодот на упорна жештина низ регионот донесе пренатрупани и прегреани болници, шумски пожари, токсични цветови на алги и нагло зголемување на бројот на давеници. Според брза анализа од World Weather Attribution, топлотниот бран што траеше две недели во Норвешка, Шведска и Финска бил околу2°C потопол и најмалку 10 пати поверојатенпоради климатските промени предизвикани од човекот. Екстремната жештина ги зафати овие инаку студени нордиски ...

На 21 август од 21 часот, на летната сцена на Домот на млади во Штип ќе се одржи концерт посветен на Тоше Проески. Неговите најголеми хитови ќе ги пеат Дани Димитровска, Антониа Гиговска, Бени и „Нон стоп“, Мартинијан Кириловски, Огнен Здравковски, Зоран Илиев, Марија Данева, Мики Секуловски, Лили Чили, дуо „Брајт“, Андријана Петрушовска, Наташа Малинкова, Вики и Мана и „Д Хаундс“. Од 10 до 16 часот во Домот на млади е крводарителската акција ...

Во најголемиот дел од август месец продолжуваат топлотните бранови, односно, постојано ќе бидеме под влијание на топол воздух од југ, односно од Африка, и тоа најмалку до 20 август, а топлиот бран ќе продолжи најверојатно до околу 25 август, по што следува големо освежување на времето како и голем пад на температурите на воздухот. Што се однесува до времето, ќе биде претежно стабилно, суво и сончево во остатокот од овој месец, меѓутоа, ...

Активни се три пожари на отворен простор од вкупно 33 регистрирани изминатото деноноќие на територија на државава, до осум часот утрово. Два се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од трите активни пожари, како што се наведува, два се на територија на општина Македонски Брод, а еден е во подрачјето на Сарај. Во Јасен гори мешана шума, а на територија на село Крапа опожарени се ниска ...

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски го информираше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за претстојниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп, што ќе се одржи за два дена во Енкориџ, на Алјаска, соопшти Кремљ. „Рускиот претседател… сподели информации со Ким Џонг-ун во контекст на претстојните разговори со американскиот претседател Доналд Трамп“, објави Кремљ по средбата на лидерите. Според соопштението, Путин, исто така, ...

Има ноќи кога небото станува отворена книга, а секоја светлечка линија на нејзините страници носи ветување. Таква ноќ нè очекува на 12 август, кога небото ќе биде осветлено од метеорски дожд познат како Персеиди. Тоа не е само астрономски настан – тоа е можност да застанете, да погледнете нагоре и да замислите желба што ви е врежана во срцето. Персеидите се најпознатиот метеорски дожд на северната хемисфера, и секоја година од средината на ...

Поради пожар во целост е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница преку националниот парк „Јасен“ до Македонски Брод, соопшти ЈП „Македонијапат“. Центарот за управување со кризи (ЦУК) иформира дека до 7:00 часот на територија на цела држава има 16 пожари на отворен простор, од кои еден е активен. Тоа е пожарот на територија на општина Македонски Брод, на повеќенаменското подрачје Јасен, каде е зафатена мешана шума. Под контрола е ...

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, Македонија продолжува стабилното, суво, сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен поравец. Во Скопје и околината исто така времето и понатаму ќе биде стабилно, суво, многу топло и сончево со мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец. Што се однесува ...

По неколкугодишна пауза, од 25 август до 6 септември ќе се одржи новото, 15. издание на уличниот уметнички фестивал Баскерфест, и тоа во девет градови низ Македонија на 13 локации. Од првото шоу во скопската општина Кисела Вода до завршната вечер во Гевгелија, дел од Баскерфест ќе бидат над 20 интернационални уметници од Полска, Канада, Бразил, Србија, Албанија, Чиле и Македонија. Тие ќе настапуваат во Битола, Прилеп, Велес, Охрид, Тетово, ...

Сончево и многу топло време е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени, а во текот на денот од 31 до 39 степени. И во Скопје денеска времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се искачи до 39 степени. За утре синоптичарите ...

Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк денеска го повика Израел веднаш да се откаже од својот план за воспоставување целосна воена контрола врз Појасот Газа. Планот, кој беше одобрен од израелскиот воен кабинет синоќа, „е против одлуката на Меѓународниот суд на правдата, според која, Израел мора што поскоро да ја прекине окупацијата, да го спроведе решението за две држави и правото на Палестинците на самоопределување“, се ...

На 07.08.2025 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атар на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива, соопштија од МВР. При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа запалка која била одземена за натамошна постапка. По целосно документирање на настанот, против него ќе ...

Со македонска премиера на „Неми филмови“ на Крсте Господиновски вечерва во Кинотеката на Македонија во Скопје ќе почне 6. издание „Флипбук филм фестивал“. Отворањето е закажано за 20 часот. Еден час претходно ќе биде отворена изложба, а во 20.30 часот е проекцијата на „Неми филмови“. Вечерта продолжува со специјална програма курирана од годинашното интернационално жири, а вечерта ќе заврши со музички сет на Костадин Шурбаноски-Шурбе. „Флипбук ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја објави новата мерка за поддршка на најранливите категории граѓани преку доделување на инвертер клима-уреди за 2025 година. Целта на оваа владина програма е да се зголеми енергетската ефикасност и да се намалат трошоците за енергија во домаќинствата кои живеат во енергетска сиромаштија. Со оваа мерка, на граѓаните кои ги исполнуваат критериумите им се овозможува добивање на купен ...

Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан телефонски разговараше со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, јавија денеска турските медиуми, повикувајќи се на извори од турското Министерството за надворешни работи. Според истите извори, двајцата министри разговарале за ситуацијата во врска со преговорите меѓу Русија и Украина. Следната недела е одредена како пресвртница за средбата меѓу рускиот и американскиот претседател ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во ...

Бразилија – Во значаен потег за заштита на климата, бразилската влада денеска објави дека ќе го забрани извозот на јаглен до 2027 година. Оваа одлука е дел од националната стратегија за намалување на емисиите на стакленички гасови и забрзана транзиција кон обновливи извори на енергија. Бразил, иако не е меѓу најголемите светски производители на јаглен, ја искористува оваа одлука како симболичен чекор во глобалната борба против климатските ...

БРИСЕЛ – Според најновите податоци на Copernicus Climate Change Service (C3S), Јули 2024 година го собори рекордот како најтопол месец во историјата на мерењата, продолжително потврдувајќи ги тенденциите на глобалното затоплување. Просечната глобална температура била 1.5°C над прединдустриските нивоа, што ги поттикнало безпрецедентни екстремни временски настани низ Европа и светот. Според научниците од C3S, комбинацијата на климатските ...

ден од најзначајните музичари на нашето време, Михаил Плетњов, доаѓа во Охрид. Пијанист, диригент, композитор и пред сè, музичар. Добитник на Греми, визионер кој го основа Рускиот национален оркестар, уметник чија изведба инспирира генерации низ светот. На 9 август, Плетњов ќе ја допре клавијатурата на пијаното во Црквата Св. Софија и ќе ја пренесе музиката како универзален јазик, токму онака како што отсекогаш верувал. Настан кој не се ...

Со поддршка на Министерството за култура и туризам на овој фестивал учествувал и Томе Трајков-програм координатор на Стрип центар на Македонија-Велес. Тој одржал едночасовна промоција на македонската стрип сцена, а учествувал и на групната панел дискусија на тема „Предизвиците на стрип издаваштвото во регионот“ . Како што информира Трајков, во категоријата на стрип списанија, во потесната селекција се нашла и македонсата ревијата „Стрип ...

Археолозите веруваат дека, во пештерата Тиншемет во средиштен Израел, ја пронашле најстарата гробница каде што се пронајдени добро сочувани скелетни остатоци од петмина кои живееле пред околу 100.000 години. Скелетите се откриени внимателно наредени, во склопчена положба. Палеолитот, познат и како камено доба – поради појавата на камени алатки, траел од пред 3,3 милиони години до пред околу 10.000 години. Пештерата Тиншемет датира од средниот ...

„Минималната температура ќе се спушти од 13 до 22 степени, а максималната ќе биде од 30 до 37 степени“, велат синоптичарите. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умеерена облачност. Попладне ќее има услови за нестабилна облачност со краткотраен дожд и грмежи. Минималната температура во главниот град ќе биде 19, а максималната ќе достигне 36 степени. До четврток ќе преобладува променливо облачно и посвежо време со услови за локална појава на ...

Голем успех постигнаа фудбалерите на Вардар кои синоќа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ја совладаа Лозана со 2:1. Иако гостите од Швајцарија важеа за голем фаворит, избраниците на тренерот Гоце Седлоски одиграа извонредно борбено, пожртвувано и сосема заслужено остварија предност. Головите за македонскиот тим ги постигнаа Мато (45+2.минута) и Омерагиќ (78), Диаките погоди за гостите во 59. минута. Ова беше натпревар од ...

Властите синоќа побарале и меѓународна помош за гасење на пожарот од воздух. Пожарот зафатил густа иглолисна шума и брзо се шири, соопшти Оперативниот центар за цивилна заштита на Херцеговачко-Неретванскиот кантон. Според утринскиот биланс, хеликоптерот до 8 часот извршил шест лета за гасење на пожарот. Хидрометеоролошката служба на БиХ денеска прогласи црвен метеоаларм за екстремно високи температури низ поголемиот дел од земјата. Се ...

Шумскиот појас, кој гори на планината Готен од страна на Берово, во моментов е ставен под контрола, изјави за МИА, Димитар Гошевски, командир на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)-Берово. Тој вели дека на терен се пожарникари, доброволци, вработени во ЈП „Национални шуми“ и се надева дека во текот на денот пожарот ќе биде под контрола и нема да се дозволи негово проширување. Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, ...

Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура, соопшти денеска претседателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи. Џајковски е филмски композитор, но, пред сѐ, познат скопјанец, творец на културната сцена и културниот профил на нашиот град и на нашата држава. Со оваа награда, македонската филмска заедница ја истакнува и ја слави ...

Кина е „длабоко загрижена“ за ескалацијата на тензиите на границата меѓу Тајланд и Камбоџа, изјави портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи на дневната прес-конференција, како што објави Би-Би-Си. „Кина се надева дека двете страни можат правилно да ги решат своите проблеми преку дијалог и консултации“, рече Гуо Џиакун, додавајќи дека Пекинг ќе заземе „фер и непристрасен став“. „Ние сме биле и ќе продолжиме да го промовираме ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
61%
1015
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
4.63
61%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
57%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
52%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.01
86%
1018
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
2.57
74%
1017
weather icon

Атина

11ᴼ / 10ᴼ
4.12
72%
1012
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
66%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
43%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
6.17
73%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.24
58%
1018
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
91%
1011
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Паладиум

44753.84

Цинк

0.00

Калај

43.91

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86

Алуминиум

3.19

Злато

144593.23

Рутениум

56199.51

Родиум

353658.21

Платина

61858.04

Бакар

10.65