Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Цената на биткоинот денеска значајно порасна, приближувајќи се до своето рекордно ниво, додека блокирањето на работата на американската влада влегува во својот трет ден. Вложувачите се свртуваат кон најпознатата светска криптовалута како сигурно прибежиште среде неизвеснота во САД, пишува „Си-ен-би-си“. Со најстарата светска криптовалута се тргување по цена од 123.874 долари, што претставува раст од приближно 2 отсто на дневно ниво. Со тоа ...
Во една од најголемите руски рафинерии за нафта во градот Кириши во близина на Санкт Петерсбург избувна пожар по украински напад со беспилотни летала, потврди денеска гувернерот на регионот Александар Дрозденко. Пожарот во индустриската зона на градот Кириши е изгаснат, а противвоздушната одбрана собори седум беспилотни летала, објави Дрозденко на Телеграм. Ова е втор напад врз рафинеријата за неколку недели. Во Кириши, кој се наоѓа 800 ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд. На некои од повисоките места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната од 4 до 11 степени. Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува ...
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, триумфално ја заврши својата Балканска турнеја, оставајќи зад себе трага од воодушевена публика и силни емоции. Со наслов „Ритамот на душата, бојата на традицијата“, турнејата го потврди статусот на „Танец“ како ненадминат амбасадор на македонската култура. Оваа турнеја не беше само серија настапи, туку и културна мисија. Таа успеа да ја премости географската оддалеченост, да поврзе ...
Националната опера и балет денес, 3 октомври ќе ја отвори новата сезона 2025/2026 со „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика, „Реквием“ е последното и недовршено дело на Моцарт, создадено во последните месеци од неговиот живот и обвиено со мистерија и легенди. Делото претставува музичка исповед, исполнета со драматични контрасти – од тивките молитвени моменти до ...
Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека приоритет му е генералка на Скопје. „Прв приоритет кој што граѓаните го бараат е проблемот со нефункционалноста на Комунална Хигиена. Руралните средини, особено во Скопје, по неколку недели кантите со отпад стојат пред нивните домови. Изминатиов период, особено летово, беше невозможно да се ...
Паѓа првиот снег на Попова Шапка за оваа сезона. Од видео камерите на Шапка може да се види дека планината е обелена и покриена со првиот слој снег. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска издаде потрокалов метеоаларм поради очекувани обилни врнежи од дожд. „Ќе има обилни врнежи од дожд, на повеќе места над 30 литри на квадратен метар, а локално и над 50 литри на квадрат. На планините врнежите ќе преминат во снег и ќе се ...
Бројот на жртви од силниот земјотрес во централниот дел на Филипините се искачи на 72. Потрагата по исчезнатите е завршена, а вниманието на спасувачите е насочено кон стотиците повредени и илјадниците што останаа без покрив над главата. Властите соопштија дека 294 лица се повредени, а околу 20 000 други ги напуштиле своите домови. Речиси 600 куќи се срушени во северниот дел на крајбрежниот град Себу, а голем дел од населението е оставено без ...
По седумдневно патување низ две држави и поминати 1.060 километри денеска завршува Бахус класик релито. 20-тината олдтајмери специјално донесени од 10-тина западноевропски држави и САД денеска во попладневните часови ќе пристигнат во Скопје. Олдајмерите, од кои поголемиот дел за првпат донесени на овие простори, од 17:30 часот ќе бидат изложени во кругот на хотелот Хилтон во Скопје. Во изминатите денови олдтајмерите означени со логото на ...
Под влијание на Средоземен циклон кој секундарно ќе се формира и ќе влијае на времето во Македонија и тоа уште од денес (среда 1 октомври) почнувајќи од вечерните часови и ноќта кон утрешниот ден (четврток 2 октомври) и во текот на целиот утрешен ден четврток како и во петок (2 и 3 октомври) условувајќи облачно време со обилни врнежи од дожд насекаде во Македонија. Во најголем дел од Македонија ќе наврне големо количество на воден талог (над ...
Нова документарна серија со наслов „Sneaker Wars: Адидас против Пума“ пристигнува на платформата Дизни+, носејќи ја фасцинантната приказна за тоа како едно семејно несогласување прерасна во едно од најголемите ривалства во историјата на спортот и модата. Серијата ја истражува бурната историја на браќата Адолф (Ади) и Рудолф Даслер, кои во 1920-тите години започнале заеднички бизнис во Германија, создавајќи спортска обувка што брзо станала ...
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје ги известува граѓаните дека од среда, 1 октомври 2024 година, ќе стапи во сила зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање – зонско. Според новите правила, работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде: – од понеделник до петок – од 07:00 до 21:00 часот, – во сабота – од 07:00 до 14:00 часот. Во зоната Д, работното време останува исто, од понеделник до сабота – од ...
Првиот академски час на новата академска 2025/26 година на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е закажан за денеска во 10 часот, на платото кај споменикот на светите Кирил и Методиј. Настанот има за цел да ги обедини сите бруцоши и целата академска заедница на едно место. Програмата ќе опфати: свечени обраќања, културно-уметнички настапи, информативна сесија на Универзитетското студентско собрание во соработка со „Студентарија“, ...
Утрово најстудено е во Берово, каде утринската температура е измерена дури 3 степени. По Берово, следуваат и 6 степени во Крива Паланка и Крушево, 8 во Виница, Штип, 9 во Охрид, Претор, 10 во Куманово, Битола, Демир Капија, 11 во Скопје – Петровец и најтопло со 12 степени во Тетово. Денеска се очекува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 17 до 24 ...
Кинотеката на Македонија и овој октомври нуди програма која на јасен начин сведочи за нејзината улога како централна институција на филмската меморија и културното сеќавање во земјата. Преку внимателно селектирани проекции, репертоарот гради мост меѓу старите традиции на кинематографијата и современите изрази, покажувајќи ја динамичната врска помеѓу историското и актуелното, помеѓу локалното и глобалното. Месецот започнува со содржини од ...
Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување, дека рокот за аплицирање почнува од утре, 1 октомври, и трае до 30 октомври 2025. – Корисникот на стипендија треба на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на ...
Во четврток и во петок (2 и 3 октомври) Македонија но и целиот регион ќе биде зафатен од зимски ладен бран од исток и од североисток, односно од Русија. Ќе дојде до формирање на секундарен циклон над Медитеранот и тој ќе услови да имаме многу обилни врнежи од дожд кои полека ќе преминуваат во снег на повисоките места и на планините каде ќе дојде до формирање на првата и посериозна снежна покривка за оваа сезона. Според она што можам да го ...
Иако штотуку стигна во кината, филмот доби исклучително позитивни критики и во моментот има неверојатни 98% рејтинг на Rotten Tomatoes врз основа на 161 рецензија. Со ова, „Една битка по друга“ стана најдобро оценет филм во долгата кариера на ДиКаприо, симнувајќи го од врвот филмот „Фати ме ако можеш“ (2002) на Стивен Спилберг, кој со години го држеше рекордот со 96%. „Жестоко политички, полн со црн хумор, автомобилски потери и заглушувачки ...
.Овој потпис е јасна и јавна обврска дека како кандидат за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори ќе бидам гарант за процес кој ќе биде транспарентен, фер и достоен за доверба. Се обврзувам да ги почитувам темелните демократски принципи, да обезбедам еднакви услови за сите учесници, да не дозволам притисоци, заплашувања или дискриминација и да го заштитам правото на секој граѓанин да избира слободно и достоинствено. Верувам ...
Околу 120 парчиња облека што опфаќаат приближно пет децении од кариерата на Џорџо Армани се изложени на голема изложба, која се отвори на 24 септември во Милано. Италијанскиот моден дизајнер почина на 4 септември на 91 година. Изложбата во Академијата за уметност „Пинакотека ди Брера“ е насловена „Милано, со љубов“ (Milano, per amore). Меѓу попознатите парчиња облека што се изложени е оделото што го носеше Ричард Гир во филмот „Американски ...
Променливото облачно и нестабилно време со локален пороен дожд што ја зафати земјава, ќе влијае поволно врз земјоделството. Како што велат агрометеоролозите, новите врнежи ќе ја подобрат состојбата со влагата во почвата. Се препорачува земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата за посевите. -За поледелските култури почнува предсеидбената подготовка на почвата која има пресудно значење за постигнување високи приноси. ...
Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во Македонија следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и тие повремено ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со засилен ветер од југоисточен правец. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20/25 литри на метар квадратен дожд). И во Скопје и околината следува период на променливо време со повремени врнежи ...
Најмалку четири лица загинаа во бурата Буалои што ги зафати Филипините и принуди десетици илјади луѓе да ги евакуираат областите склони кон поплави и лизгање на земјиштето. Бурата Буалои, локално наречена Опонг, доцна синоќа стигна до градот Сан Поликарпо во покраината Источен Самар со ветрови од 110 километри на час, предизвикувајќи поплави, прекини во електричната енергија и две помали лизгања на земјиштето, соопшти националната агенција за ...
Македонската православна црква – Охридска архиепископија соопшти дека на 28 септември во 8.30 часот ќе се осветува црквата „Св. Константин и Елена“ што се наоѓа на улицата Македонија во центарот на Скопје. – По повод осветувањето на велелепниот храм посветен на светите цар Константин и царица Елена, со особена радост ве покануваме да земете литургиско учество во овој свечен и бележит настан – рекоа од МПЦ-ОА. Осветувањето ќе го изврши ...
На 26 септември (петок), со почеток од 20 часот во Бифе Тафталиџе ќе биде отворена изложбата за животот и делото на актерот Ристо Шишков, под наслов „Спиеме на духовни огнови, се грееме на вчерашни весници“. – Идејата за оваа изложба беше на Саша (Шотаровски) и ја прифатив како одлична можност да се присетиме на богатиот творечки опус на Актерот со оглед на позитивните искуства од претходната соработка која ја имавме. Нема некој посебен повод ...
Според новите правила, пешаците се обврзани да поминуваат улица со зголемено внимание и без користење на уреди кои го намалуваат вниманието. Ова значи дека полицијата може да ви изрече казна од 40 евра доколку ве забележи како поминувате пешачки премин додека зборувате на телефон или гледате во екранот. Истата обврска за внимание важи и за возачите на тротинети, за кои казната е 50 евра. Надлежните најавуваат дека од Нова година ќе следуваат ...
Од пеперутки до скакулци, инсектите што го движат нашиот свет се наоѓаат во сериозна опасност. Ново истражување открива дека нивниот број опаѓа не само во подрачјата што се под директно влијание на човекот, туку и во оддалечени, недопрени делови од природата. Исчезнувањето на инсектите во клучни региони во светот досега главно се припишуваше на уништување на живеалишта и на локални климатски промени. Сепак, сега е јасно дека негативните ...
Актерката Клаудија Кардинале, икона на италијанската кинематографија почина на 87-годишна возраст, потврди министерот за култура Алесандро Џули. Кардинале беше една од трите големи италијански филмски икони, заедно со Софија Лорен и Џина Лолобриџида. Во последно време живееше во близина на Париз. За време на нејзината долга кариера, таа се појави во повеќе од 100 филмови и освои награди, вклучувајќи го Златниот лав на Венецискиот филмски ...
Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во петок (26 септември) како и за време на викендот, но и во почетокот на следната седмица времето во Македонија ќе биде претежно облачно, многу посвежо со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, а особено долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје и околината во погоре ...
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, синоќа (23.09.2025) го посети скопското село Страчинце, каде што се сретна со жителите на ова населено место, кои протестираат против започнувањето со работа на каменоломот во нивната близина. Меџити ги информираше жителите дека министерството со кое раководи донело негативна одлука за барањето за отворање каменолом во регионот на Страчинце. Оваа одлука, како ...