Седум хит претстави од регионот гостуваат на сцената на Драмски од 25 до 31 октомври. Ревијалниот театарски фестивал на театрите членки на Регионалната унија на театри – РУТА започнува во сабота на 25 октомври со копродукциската претстава „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ по текст на авторот Душан Јовановиќ. Во копродукцијата учествуват ансамблите ...

Во Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ за 2025 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста ќе им се врачи на: Теута Ајдини Легени, актерка; проф.Летка Димовска, хорски диригент; Иво Јанкоски, продуцент, промотор на македонската ...

Добитникот на Нобеловата награда за мир за 2025 година ќе биде објавен денеска во 11 часот во Норвешка, а во фокусот на светските медиуми е желбата на американскиот претседател Доналд Трамп токму тој да биде добитник на ова признание, пренесува Ројтерс. Вкупно 338 поединци и организации се номинирани годинава за Нобеловата награда за мир, меѓу нив и Трамп. Трамп и неговата администрација повеќе од еднаш јасно ставија до знаење дека мислат ...

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 во Гент го игра дуелот против фаворитот во групата селекцијата на Белгија. По одработените мини-подготовки нашата репрезентација ја очекува тежок натпревар. – Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на нации, со овој циклус, со речиси загарантиран плејоф. Тоа е изворот на енергијата ...

Цената на среброто се зголеми за повеќе од четири отсто достигнувајќи околу 51 долар за унца, првенствено поради зголемената побарувачка на инвеститорите во побезбедни средства. Ова го продолжи растот на цената на овој скапоцен метал, надминувајќи го претходниот рекорд што беше забележан во 1980 година. Годинава цената на среброто порасна за повеќе од 70 проценти, надминувајќи го златото, што е предизвикано од фискалните ризици во Соединетите ...

Оваа виолина, која се смета за првата виолина на Ајнштајн, била произведена во 1894 година од мајсторот Кунтерер, а се очекувало да достигне цена од околу 300.000 фунти при продажбата во Велика Британија. Дополнително, философската книга која Ајнштајн му ја подарил на својот пријател, беше продадена за 2.200 фунти. Цените на аукцијата вклучуваат и провизија од 26,4%, што значи дека конечната цена на виолината ќе надмине еден милион фунти. ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска на армискиот полигон „Криволак“ ќе присуствуваат на артилериско гаѓање со новите артилериски системи „Боран“, набавени во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата. На „Криволак“, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе биде презентирана и новата набавка на униформа за припадниците на Армијата, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во среда објави дека Израел и палестинската група Хамас ја потпишаа првата фаза од мировниот договор за Газа, постигнат со посредство на САД. „Многу сум горд што објавувам дека Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од нашиот мировен план“, рече Трамп на платформата Truth Social, додавајќи: „Ова значи дека сите заложници наскоро ќе бидат ослободени, а Израел ќе ги повлече своите трупи на договорените ...

Македонија ја очекува стабилно и топло време до средината на следната недела, по што метеоролозите најавуваат заладување и периоди со дожд. Денеска времето е умерено облачно и потопло, со максимална температура околу 21 степени, додека во наредните неколку дена ќе преовладува сончево и пријатно време. Во петок и за време на викендот ќе биде претежно сончево, со температури од 19 до 21 степен, а минималните утрински ќе се движат меѓу 4 и 9 ...

Министерство за енергетика поднесе Иницијатива за заштита на македонскиот рубин. Како што информира денеска министерката Сања Божиновска, целта е рубинот да добие официјален статус како национално минерално наследство и правна заштита на потеклото. Овој рубин од цела Европа го има само кај нас. Нус производ е од мермерот и засега се продава како дел од накит. -Сметаме дека рубинот треба да се заштити, од него да направиме бренд по кој ќе ...

Американскиот „крал на хоророт“, Стивен Кинг, е авторот чии книги најверојатно ќе бидат забранети од училишните библиотеки во САД, според новиот извештај на „Американскиот ПЕН центар“ на оваа тема, пренесе „Бета“. Според „АП“, САД се поделени на држави кои активно го ограничуваат пристапот до книги и оние кои ги ограничуваат или елиминираат таквите забрани. Извештајот „Забрането во САД“ следел повеќе од 6.800 случаи на книги кои биле ...

Денешниот ден (среда 8 октомври) во Македонија ќе помине во знакот на значително облачно и релативно ладно време со потпросечни температури на воздухот за овој период од годината. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд а на планините над 1500/1600 метри надморска височина врнежите ќе бидат од повремен снег. И во Скопје и околината денес ќе има значителна облачност со повремен локален дожд. Ќе продолжи да дува засилен, повремено силен ветер ...

Аналогната прогноза за зимата 2025/2026 година покажува голема веројатност за враќање на постудена зима во делови од Европа, Канада и САД. Под влијание на неколку океански и атмосферски фактори, глобалниот временски систем се чини дека се подготвува за враќање на постудена, таканаречена старомодна зимска сезона, пишува „Severe Weather Europe“. Аналогното прогнозирање е метод во кој се анализира моменталната состојба на глобалниот временски ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со македонските фудбалски репрезентативци. -Вечерва имав огромна чест да се дружам со македонските фудбалски репрезентативци Александар Трајковски, Милан Ристовски, Виктор Серафимовски и Дамјан Шишковски, вистински спортски херои кои со срце и посветеност ги бранат боите на Македонија, објави Ѓорѓиевски. Тој потенцира дека нивната поддршка за ...

На втората годишнина од масакрот на 7 октомври извршен од исламистички терористи во Израел, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика страните да ја прекинат војната во Газа, хави ДПА. „Ставете крај на непријателствата во Газа, Израел и регионот веднаш“, рече Гутереш во денешното соопштение. Тој рече дека најновиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп нуди можност за ставање крај на конфликтот. „По две години траума, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а ...

Ако сте родени во годината на Змејот, Стаорецот, Коњот или Свињата, се смета дека сте родени под ѕвезда која носи сила, богатство и заштита на судбината. Кинескиот хороскоп постои повеќе од 2.000 години и, за разлика од западниот, се базира на годината на раѓање, а не на месецот. Секоја година е поврзана со еден од 12-те животински знаци, а циклусот се повторува на секои 12 години. Секој знак има свои посебни карактеристики, енергија и ...

Насловната улога (Риголето) ќе ја толкува гостинот од Јужна Кореја, Леон Ким, во улогата на Џилда ќе настапи, Биљана Јосифов, во улогата на Војводата од Мантова, Чуан Ванг од Кина, во улогата на Спарафучил, Владимир Саздовски, во останатите улоги настапуваат: Николина Јаневска, Борко Биџовски, Драган Ампов, Јане Дунимаглоски, Александра Лазаровска Василевски, Диме Петров, Марика Поповиќ, Десанка Глигоријевиќ, заедно со хорот, оркестарот и ...

Новата седмица и понатаму ќе ни носи температури кои ќе бидат потпросечни за овој период од годината и тоа не само кај нас во Македонија, туку и во останатиот дел од регионот како и во цела југоисточна Европа. Исто така ќе имаме и почести и повремено пообилни врнежи, особено во првите денови од новата седмица а на планините над 1400/1500 метри надморска височина ќе има врнежи од снег а сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од ...

Најмалку 350 туристи кои останале заглавени по снежна бура на тибетската страна на Монт Еверест се спасени, јавија кинеските државни медиуми. Спасувачките тимови безбедно ја префрлиле групата во најблиското населено место, Чуданг, пренесе ДПА. Претходно беше објавено дека речиси 1.000 луѓе биле заглавени на околу 4.900 метри надморска височина, на источната страна на планината. Нивните шатори биле делумно оштетени од бурата, а пристапните ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи Европската унија „се распаѓа“. Орбан во интервју за економскиот портал „EconomX“ изјави дека сегашната каматна стапка на централната банка од 6,5 проценти е „повисока отколку што би можела да биде“. Тој процени дека намалувањето на каматните стапки ќе дојде „побавно отколку што би сакале“, бидејќи гувернерот на централната банка, Михаљ Варга, е ...

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно сп вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и градоначалникот и кандидат за градоначалник на престојните локлани избори Славе Андонов извршија увид на новоизградената градинка во село Ангелци. Извршивме увид на новоизградената градинка во село Ангелци, која претставува клон на главната градинка во Василево. Градинката ќе згрижува 53 деца до шестгодишна возраст и претставува втора установа ...

Сезоната на доделување Нобелови награди за 2025 година започнува во понеделник со објавување на имињата на добитниците во категоријата физиологија или медицина. Нобеловиот комитет на Каролинскиот институт во Стокхолм најрано во 11:30 часот ќе ги открие добитниците на престижната награда. Нобеловата награда за физиологија или медицина може да биде доделена на еден научник или поделена меѓу двајца или тројца научници кои работеле во истото ...

Тројца хрватски планирани наводно се однесени од лавина која се спушти под врвот Тоска, во Јулиските Алпи,во Словенија. Во тек е спасувачка акција, а повикани се и полицијата и шумските спасувачи. Според првите информации, тројцата хрватски државјани се водат како исчезнати откако ја напуштиле групата во Водниковата куќа во Веле Поле. Информацијата ја потврди за 24ur.com Полициската управа Крањ. Според досега познатите информации, седум ...

Со доаѓањето на есента, деновите стануваат покуси, температурите се спуштаат, а организмот постепено се подготвува за зимските услови. За да се одржи енергијата и да се зајакне имунитетот во периодот на зголемени настинки и вируси, лекарите и нутриционистите препорачуваат внимателен избор на исхрана и здрави навики. Експертите потсетуваат дека есента е идеален момент да се воведат сезонски намирници кои се богати со витамини и минерали. На ...

Според хороскопот, полната Месечина во октомври секогаш се поврзува со крајот на земјоделската сезона и врвот на есенската енергија, а во 2025 година овој настан добива посебно значење: ќе ја имаме првата Супермесечина во годината – редок момент кога Месечината се приближува до Земјата и изгледа особено голема и светла. Овој астрономски феномен го засилува влијанието на лунарните енергии, што значи дека сите процеси во природата и човечкиот ...

Њујорк е град со најмногу милионери во светот, а по него се Сан Франциско, Токио, Сингапур и Лос Анџелес. Според анализата на британската консултантска фирма „Хенли и партнерс“, во Њујорк моментално живеат 384.500 милионери, во споредба со 349.500 претходната година. Од нив, има 818 се со имот од најмалку 100 милиони долари, а 66 се милијардери, објавува „Пословни.хр“. Областа на Сан Франциско е на второ место со 342.400 милионери ...

Според предлогот, кој веќе е испратен на јавна расправа, ограничувањето ќе важи за сите возила, а локалните општини ќе имаат обврска да постават соодветна сигнализација. Мерката треба да овозможи побезбедни пешачки премини, велосипедски патеки и поголема сигурност за жителите. „Истражувањата покажуваат дека дури и мало намалување на брзината може значително да ја зголеми шансата пешакот да преживее при несреќа. Со брзина од 20 км/ч, ризикот ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени. Во ...

Мултимедијалнии изведби, изложби, концерти, литературни читања и перформанси ќе бидат организирани вечер во рамки на 21. манифестација „Бела ноќ“ која традиционално се одржува во првата сабота од октомври. Организатори се Универзална сала и Град Скопје кои најавија разновидна културна програма и настани за кои влезот за посетителите е слободен. -Целиот град ќе се претвори во голема уметничка сцена достапна за сите граѓани. „Бела ноќ“ е симбол ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
61%
1015
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
65%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
52%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.41
86%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
79%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
5.14
73%
1010
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1012
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
50%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
74%
1015
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
57%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
90%
1010
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Цинк

0.00

Платина

61858.04

Бакар

10.65

Кобалт

3.86

Родиум

353658.21

Сребро

2179.44

Калај

43.91

Паладиум

44753.84

Злато

144593.23

Иридиум

258288.78

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.19