
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Трговски центар како илјадници други во Германија: Кинг-Парк-Центар во населбата Хартенберг во Мајнц. Покрај ресторанот, кројачката работилница и слаткарницата, тука може да се купи и храна. Иса штотуку пазарела со своите две деца. Во багажникот на автомобилот става јајца и зеленчук. „Цените дефинитивно пораснаа. Многу внимавам каде пазарувам“, вели оваа 40-годишна жена. „Не се ограничуваме многу, но се трудиме да штедиме. Се откажуваме од ...
Поранешниот министер за надворешни работи на Израел, Шломо Бен-Ами, во својот неодамнешен текст „Зошто Римската империја сѐ уште е важна“ пишува зошто античкиот Рим толку многу одекнува кај модерната публика и што е она што историјата може да нѐ научи. Римската Република ја формираше основата на западната политика и култура. Рим беше клучна инспирација за модерната либерална демократија. Мислата и делата на американските „основачи татковците“ ...
Темно е, се чувствува мирис на мувла, ходниците на куќата се покриени со голем отпад. Томек З. ја отвора вратата - гол е во горниот дел од телото, на нозете носи апостолки. Овој 60-годишен маж од Легница во Полска е генерален директор на 13 компании низ Германија. Меѓу нив е и шпедиција со деловна адреса на Потсдамер Плац во Берлин-Мите. Но, тој не знае ништо за тоа. Она на што може да се сети, вели во интервју за јавниот сервис РББ, е дека ...
Политичари од Зелените, научници и еколошки иницијативи повикаа на заеднички напори за борба против климатските промени поради катастрофата со поплавите во неколку земји во Централна и Југоисточна Европа. „Климатската криза нè погодува сите нас. Тоа ги прави поверојатни појавите на поплави“, напиша лидерката на парламентарната група на Зелените, Катарина Дреге на Х и додаде дека само заеднички може да се справиме со неа. „Ако повеќе пати годишно ...
Зошто Социјалдемократската партија на Германија (СПД) е важна за Бранденбург? Пред сѐ затоа што оваа сојузна покраина, која граничи со Полска, континуирано е управувана од оваа партија од обединувањето на Германија во 1990 година. И според анкетите на јавното мислење, СПД може да се надева дека ќе ја продолжи својата коалиција со Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Зелените дури и по изборите на 22 септември. Иако Алтернатива за Германија ...
Во моментов во Германија живеат повеќе бегалци од кога било досега. На крајот на првата половина на 2024 година имало околу 3,48 милиони, пишува весникот Ноје оснабрикер цајтунг, повикувајќи се на одговорот на германската влада на прашањето кое партијата Левица ѝ го постави на владата. Тоа е околу 60.000 повеќе отколку на крајот на 2023 година и најмногу од 1950-тите години. Ова ги вклучува сите луѓе, без разлика на нивниот статус на престој, ...
Хезболах денеска (21 септември, 2024) ја потврди смртта на уште еден висок командант во израелскиот воздушен напад еден ден претходно врз јужните предградија на Бејрут, упориште на тоа либанското милитантно движење. Ахмед Вахби, командантот кој до почетокот на 2024 година беше одговорен за воените операции на специјалните сили Радван во Газа, загинал во тој напад, во кој беа убиени 15 припадници на Хезболах, меѓу нив и највисокиот командант на ...
Ја информиравме Европската народна партија за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и ќе побараме да се иницира процедура за исклучување на таа партија од ЕНП, изјавил за БНТ европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев. „Мислам дека тие (ВМРО-ДПМНЕ - н.з.) на секој начин докажуваат дека сакаат да бидат со Фидес, партијата на Орбан. Тоа си е нивна желба и тие многу се оддалечуваат од вредностите на ЕНП и европската демократија“, оценил Ковачев. Коментирајќи ги ...
Од почетокот на руската агресија врз Украина, Русија често користеше ракети со долг дострел на украинското бојно поле. Киев сè уште не е во состојба соодветно да одговори на тие напади со ракети од сопствено производство. А ракетите кои нивните партнери ги испраќаат на Украинците имаат одредени ограничувања: се однесуваат и на дострелот на ракетите, но и на нивна употреба на руска територија. Украина сака да ја промени таа констелација, а сака и ...
Канцеларот Олаф Шолц ќе биде далеку од Германија кога во недела (22 септември, 2024) навечер нешто по 18 часот ќе почнат да стасуваат првите резултати од покраинските избори во Бранденбург. Лидерот на Социјалдемократите (СПД) ќе учествува на Самитот за иднината на ОН во Њујорк, што значи дека ќе ги добие првите проекции на пладне. Некои би рекле дека „не е пет до, туку многу по 12“ за Шолц бидејќи тој и неговата партија се соочуваат не само со ...
Хиро Такахаши ја познава автомобилската бранша. Почесниот професор по економија на почетокот на годината објави нова книга: „Автомобилите се менуваат - стратегијата за управување на Фолксваген." 80-годишниот Јапонец помина неколку недели истражувајќи во Волфсбург за неговата нова книга. Такахаши доаѓа до заклучок дека кинеските електрични автомобили се првенствено причина за кризата во Фолксваген, а не нужно сопствени грешки во управувањето на ...
На границите на Германија со Полска, Чешка, Австрија и Швајцарија тоа е веќе секојдневие, а од понеделникот (16 септември) се додадени контроли кон Франција, Белгија, Луксембург, Холандија и Данска. Контролите треба да траат најмалку шест месеци, до средината на март следната година. „Сакаме дополнително да ја намалиме нерегуларната миграција, да ги запреме шверцерите, криминалците и да ги идентификуваме и запреме исламистите во рана фаза“, ...
Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, се изјаснија за невини на почетокот на судењето за убиствата кои минатата година ја потресоа државата. Обвинителството тврди дека извршител на убиствата е Љупчо Палевски-Палчо, додека останатите биле соизвршители и помагачи. Им се заканува казна од 10 години до доживотен затвор. Обвинителката Жаклина Крстевска, по барањето на ...
Само неколку часа по холандската влада, унгарската влада исто така објави дека ќе поднесе барање за исклучок од правилата за азил на ЕУ. Таканареченото откажување од законите за азил, познато и како „Даблински правила“, е неопходно, изјави унгарскиот министер за Европа, Јанош Бока во средата вечерта во Стразбур. „Унгарија, како и Холандија, верува дека построгите национални контроли на миграцијата се клучни за заштита на јавните услуги и ...
Првата посета на македонскиот премиер Христијан Мицкоски на Брисел, се одвива во време на бура од реакции во Софија, по изјавата на вицепремиерот Александар Николоски дека отсуството на македонското знаме на заедничката фотографија на Сиљановска- Радев покажува дека домаќинот (Бугарија) ниту е цивилизиран, ниту има каква било почит. Реакциите се совпаднаа со терминот кога во рамки на посетата, премиерот Мицкоски заедно со лидерите од Западен ...
Неуспешната културна дипломатија на македонската претседателка во Софија, која потоа се претвори во своевиден „скандал“, затоа што беше пречекана без државни обележја, како и серијата караници и заемни обвинувања кои потоа следуваа на релација Софија-Скопје, послужија како претходница за посетата на премиерот, Христијан Мицкоски, на шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски и на министерот за европски прашања Орхан Муртезани на Брисел. Македонската ...
Урсула фон дер Лајен, старо-новата претседателка на Комисијата на ЕУ, го претстави новиот состав пред Парламентот на ЕУ во Стразбур. Не беше лесно да се распределат ресорите балансирано според политичката боја, регионите, интересите и полот, објасни претседателката. „Сите земји-членки на ЕУ би сакале да имаат важен економски ресор, но нема толку многу такви", истакна Фон дер Лајен. Сосема нови се одбранбениот ресор кој го доби Андриус Кубилус ...
Во Европскиот парламент во Стразбур, многу пратеници со нетрпение очекуваа жестоки разговори со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Шефот на владата на Унгарија е и претседавач со Советот на Европската унија во втората половина на 2024 година. Но, Орбан, кој постојано ги критикува бирократите и парламентарците на ЕУ, го откажа настапот во пленарната сала на Европскиот парламент. Поради поплавите во Унгарија, тој мора да престојува во Будимпешта, ...
По истовремените експлозии на воки-токи во средата, во кои загинаа 20 лица и беа повредени повеќе од 450 во главниот град на Либан, Бејрут, и масовните експлозии на стотици пејџери претходниот ден ширум земјата, со најмалку 13 загинати и околу 2.800 повредени, сега се стравува од ескалација во регионот. Нападите беа насочени кон членови на Хезболах, политичка партија и милитантна група во Либан, а повреден беше и иранскиот амбасадор во земјата, ...
Новата влада најави дека ќе предложи нова Национална стратегија за образование. Кога ќе прашате - мора ли со секоја нова влада да се носи и нова образовна стратегија, имајќи ги предвид ефектите од (дис)континуитетот на образовните политики, од МОН се повикуваат на календарот и потребите. Велат - актуелната стратегија се однесува за периодот 2018-2025 година, а новата ќе биде изготвена следната година и ќе има важност од 2026 година. Сепак, нема ...
Компанија од Бугарија веројатно е вмешана во случајот со експлодираните пејџери на либанската милитантна група Хезболах. До такви информации дојде унгарското онлајн издание „Телекс“, пренесува ДВ Бугарски. Според извори на Телекс, една софиска компанија ги купила уредите од Тајван и тие никогаш не биле во Унгарија. Досега се тврдеше дека пејџерите се произведени во Унгарија по лиценца од тајванска компанија. Сепак, Телекс тврди дека уредите ги ...
Непосредно пред и по последните избори, за соговорниците од Европскиот Фронт и ВЛЕН имав само еден совет и предлог. Договорно или засебно, сеедно, да излезат со став дека се откажуваат од учество во Влада, од какви било позиции во првиот и вториот ешалон, од дипломатијата, од внатрешните работи, да се повлечат од сите медиуми на македонски јазик и генерално да ја исполнат желбата на Христијан Мицкоски и Зоран Заев за целосна, комплетна и ...
Дино паркот е популарна атракција во главниот град на Романија каде семејствата со деца можат да го поминат своето слободно време неколку часа. Паркот во Букурешт зафаќа голема површина, поделен е на неколку области, секоја со свои атракции кои нудат уникатно и возбудливо искуство на откривање на фасцинантниот свет на диносаурусите. Над 30 диносауруси, главно механички управувани, оставаат впечаток дека се реални, од што децата се фасцинирани. ...
Последниот инцидент со Бугарија, каде Претседателката Сиљановска-Давкова беше дочекана без било какви државни обележја, иако се претвори во своевидна драма, податлива за јавноста, всушност претставува само еден симптом на процес кој се одвива подолго време и на повеќе фронтови. Фактот дека се одвива во забавена слика (slow motion), не треба да не одврати од заклучокот во кој правец се движат нашите односи со Бугарија – назад кон засилен ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе допатува во посета на Македонија до крајот на септември, објави во понеделникот (16.09.2024) министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Орбан нема да дојде во Скопје туку во некој друг град во државата, рече Муцунски. Неофицијално се споменува дека тоа ќе биде Охрид, а како можни датуми на посетата се 25 и 26 септември. Последен пат Орбан во Македонија беше во септември 2017 година по ...
По масовната експлозија на пејџери во Либан, се зголемуваат индициите дека зад операцијата стои израелската надворешна тајна служба Мосад. Тајната служба успеала да пресретне пратка со пејџери и да постави по неколку грама експлозив во уредите, објави весникот „Њујорк тајмс", повикувајќи се на американски и други официјални лица кои биле информирани за операцијата. Хезболах ги нарачал пејџерите од тајванскиот производител „Голд Аполо" (Gold ...
Утрината во јавноста протече вест дека на состанокот на партиските лидери на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и на Христијанско-социјалната унија(ЦСУ), е одлучено кој ќе биде кандидат за канцелар на демохристијаните и со тоа главен конкурент на актуелниот социјалдемократски канцелар Олаф Шолц на изборите за Бундестагот наредната година во септември. На пладне, на набрзина свиканата пресконференција, се потврдија овие гласини. ...
Преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ се замрзнати, но Владата сепак назначи главен преговарач. Тоа е добра вест, барем знаеме дека евроинтеграциите сѐ уште постојат во владината агенда. Но освен оваа вест, сите други вести околу исполнувањето на стратешката цел на нашата земја се песимистички. Владата сака во ЕУ, но не е подготвена да ја исполни преговарачката рамка што ја прифати претходната влада. Премиерот Мицкоски ќе го почне ...
Турција одлучи официјално да аплицира за приклучување кон БРИКС, група на земји во забрзан развој, првично составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка - но во која во голема мера доминираат Москва и Пекинг. Омер Челик, портпарол на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, потврди дека Анкара го поднела барањето и рече дека барањето сега „е на чекање". „Нашиот претседател веќе ...
По повеќенеделни политички превирања, претседателката на Европската комисија ги објави имињата на комесарите кои ќе ги предводат 27-те ресори. Литванецот Андриус Кубилиус ќе биде прв комесар на ЕУ за одбрана. Новата улога е дизајнирана да ги зајакне европските одбранбени капацитети поради руската агресија врз Украина. Шпанската министерка за енергетика и животна средина Тереза Рибера ќе биде нов антимонополски комесар, задолжена и за „чиста, ...