Холивудските ѕвезди од А-листата - од Џулија Робертс до Џорџ Клуни и Кејт Бланшет - ќе ги красат големите екрани во Венеција оваа година, а овогодинешниот фестивал ќе го одбележат политички набиените играни филмови и документарци. Џулија Робертс, која за прв пат ќе оди по Лидо, игра во филмот на Лука Гвадањини „По ловот“, трилер инспириран од движењето МиТу (#MeToo). Холивудската икона игра професорка по филозофија на Универзитетот Јеил која се ...

Стартуваше официјално 82-то издание на Филмскиот фестивал во Венеција. Настанот со децении ги обединува филмот и модата привлекувајќи режисери, актери, продуценти и останати профили од шоубизнисот на едно културно дружење проследено со незаборавни стилски моменти. Фестивалот годинава беше отворен со новиот филм на Паоло Сорентино “La Grazia”, а на стартот ѕвездите ја имаа можноста да зачекорат на црвениот тепих во своето најдобро издание. Помеѓу ...

Џорџ Клуни и Адам Сендлер беа наградени со речиси 9-минутни овации по премиерата на „Џеј Кели“ на Филмскиот фестивал во Венеција. Клуни синоќа прошета по црвениот тепих со својот колега Адам Сендлер, а по промоцијата на филмот беа наградени со громогласен аплауз. По премиерата се појавија шпекулации дека „Џеј Кели“ би можел да биде главен кандидат за Оскар. View this post on Instagram A post shared by Variety (@variety) Во филмот „Џеј Кели“, ...

Како што објави THR, актерот и режисер, добитник на Оскар, ги откажа сите закажани медиумски настапи. Извор близок до актерот им откри на медиумите дека Клуни немал друг избор освен да земе слободна вечер како мерка на претпазливост, со надеж дека ќе биде 100 проценти оздравен до моментот кога „Џеј Кели“ ќе биде прикажан во Сала Гранде. Клуни беше виден како се враќа во својот хотел околу 16 часот и ја откажа вечерата со глумците и екипата. ...

Џорџ Клуни неочекувано мораше да го скрати својот фестивалски распоред во среда, откажувајќи ја прес-конференцијата за неговиот натпреварувачки филм „Џеј Кели“, во режија на Ноа Баумбах, а исто така пропушти и вечера со актерската екипа на филмот. „Холивуд репортер“ дознава дека Џорџ Клуни неочекувано мораше да го скрати својот фестивалски распоред во среда, откажувајќи ја прес-конференцијата за неговиот натпреварувачки филм „Џеј Кели“, во ...

Новото долгометражно филмско остварување на режисерката Теона Стругар Митевска синоќа ја отвори натпреварувачката програма „Хоризонти“ на 82. издание на Венецискиот филмски фестивал. Екипата на филмот предводена од режисерката Теона Стругар Митевска, заедно со продуцентите Лабина Митевска и Себастијан Делој, актерите Никола Ристановски, Номи Рапас и Силвија Хоекс беа на црвениот тепих на престижниот фестивал. А претходно одржаа и прес ...

Оваа година фестивалот се одржува 82 пат по ред и ќе биде домаќин на некои од најголемите ѕвезди на Холивуд, како што се Џорџ Клуни, Џулија Робертс и Двејн Џонсон. Директорот на фестивалот Алберто Барбера изјави дека новиот филм на Сорентино „Ла Грација“ е неочекуван ако се спореди со неговите претходни дела. Сорентино се прослави со филмот „Големата убавина“, за кој освои Оскар во 2014 година. Првпат се појави на Венецискиот филмски фестивал ...

Започнува Филмскиот фестивал во Венеција, на чиј црвен тепих ќе прошета холивудскиот џет-сет, а 21 филм од целиот свет се натпреваруваат за престижниот Златен лав. Џулија Робертс и Џорџ Клуни се најголемите имиња што се очекуваат на 82-то издание на најдолготрајниот фестивал во светот кое започнува денеска, со мноштво признати филмски режисери, од Кетрин Бигелоу и Гилермо дел Торо до Џим Џармуш, сите пристигнуваат на песочниот остров Лидо што ...