Поминаа стоте дена влада, а единствено што (о)стана вест по првото тримесечие власт на новата номенклатура е дека од европските интеграции не бива ништо. Премиерот на отчетот по повод изминатите сто дена рече: „Ако мислите дека треба да ги полираме чевлите на некои од политичарите и земјите членки на ЕУ и дека тоа е начинот и вистинскиот пат, простете но јас не сум добар соговорник“. Оваа негова изјава веројатно ќе стане парадигма за отпорот на ...

Низ Израел се вклучија сирените за опасност, а експлозии се слушаа во Ерусалим и во долината на реката Јордан, додека граѓаните бегаа во засолништа. Новинарите на терен јавуваат дека виделе пресретнати ракети од израелската противвоздушна одбрана. Израелските медиуми тврдат дека биле испукани над 100 ракети во правец на земјата. Претходно, израелската армија соопшти дека очекува балистички ракетни напади од Иран кои ќе бидат масовни и широко ...

Хаос во парламентот во Ерфурт, главниот град на сојузната покраина Тирингија. Таму Алтернатива за Германија (АфД) стана најсилната пратеничка група на покраинските избори на почетокот на септември. Нејзиниот 73-годишен пратеник Јирген Тројтлер е најстариот пратеник во покраинскиот парламент, затоа му беше дозволено да претседава со првиот состанок по изборите на 26 септември. Таканаречениот претседател според старост одби предлози и ставање на ...

Беше избрана на 23-ти јуни, денеска, на први октомври, одбележува 100 дена. Премиерот Христијан Мицкоски уште пред првиот работен ден најави „фуриозен почеток“ на новата Влада - нови инвестииции, финансиска помош за компаниите и општините, борба против криминалот и корупцијата, развој на економијата, рамномерен регионален развој, намалување на даноците, зголемување на пензиите и платите. Денеска под слоганот „100% посветени! За тебе“, премиерот ...

„ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ја закопа европската иднина на државата и ја остави државата на дното на Балканот. Мицкоски одлучи еднострано да ги прекине преговорите со Унијата како државата да е негова своина. Тој нема ниту мандат, ниту право тоа да го прави“, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција во Скопје, осврнувајќи се на работата на Владата во нејзините први 100 дена.Тој побара јасен план од Владата за патот по којшто ќе се ...

„Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни - каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму. Но, најважно, покажавме дека сме одлучни и посветени да се справиме со предизвиците без разлика на опструкциите со кои се среќаваме и проблемите и стапиците што се поставени пред нас“, порача премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата. Во своето ...

„Вие сте иднината на оваа држава. Секој од вас носи во себе потенцијал да направи промена, да креира нешто ново, нешто големо“ - им порача премиерот Христијан Мицкоски на првиот академски час на студентите на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој вети конкретни проекти кои ќе го унапредат образованието, нова опрема и реконструкција на лабораториите на дел од факултетите, што ќе им овозможи на студентите да стекнат практични ...

Марк Руте отсекогаш се истакнувал по доброто расположение и некои „кул“ забелешки. Кога беше премиер на Холандија, уживаше во возење велосипед од неговиот скромен стан во Хаг до неговата официјална резиденција. Талентираниот пијанист дури и јавно свиреше на пијано на главната железничка станица во Хаг. Во едно училиште редовно држеше настава по политика. Како генерален секретар на НАТО, веројатно малку ќе се воздржува и ќе се однесува ...

„Ништо повеќе не ја зближува една мала нација како што е чувството дека сите се против неа“. Пред патриотските партиски ботови да почнат да ме пцујат со редовната порција навреди поради оваа констатација за зближувањето на една мала нација, бидејќи по нивниот терк ние сме голема нација, со славно минато, против која е безмалку сиот свет, да кажам дека не згрешиле што во тоа ја препознале Македонија, иако авторот на овој цитат е Бугарин и ја ...

Пратениците од албанската десничарска опозиција ги исфрлија своите столчиња од парламентот во Тирана и ги запалија во знак на протест против затворската казна за нивниот колега Ервин Салијањи. Салијањи, кој е член на најголемата опозициска Демократска партија, минатата недела беше прогласен за виновен за давање лажна изјава во случај со трговија со дрога, во кој се работеше за брат на пратеник од владејачката Социјалистичка партија. Судиите се ...

Кога на почетокот на јануари 2020 година, во американски напад на аеродромот во Багдад, беше убиен Касем Сулејмани, командант на иранските Ал Кудс бригади во Ирак, духовниот водач на Иран, ајатолахот Хамнеи, тоа го нарече објавување војна и се заколна на одмазда. Следеше ирански воздушен напад врз ирачката воздухопловна база Ал-Асад и врз воената база Ербил во северен Ирак, која ја користеа Американците. Беше причинета главно материјална штета, ...

Времената мерка на Уставниот суд за стопирање на алатката „балансер“ ги замрзна етничките вработувања во јавната администрација. Се додека не биде донесена конечната одлука на уставните судии, се прекинуваат постапките за вработување во институциите од јавниот сектор, ако во јавниот оглас се наведува припадност на заедница, а кандидатот се обврзува во пријавата да ја истакне припадност на заедница. Насоки за администрацијата Ова е една од ...

Нема потреба од посредник во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, изјави европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев за БНР по повод предлогот на унгарскиот премиер Виктор Орбан да посредува меѓу Софија и Скопје. Во врска со раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија на нивниот пат кон ЕУ, Ковачев вели дека главниот наратив на раководството на Северна Македонија е дека земјата е блокирана од Софија и дека „лошите Бугари се виновни за ...

Израел води „валкана војна“ против Либан, изјави премиерот Наџиб Микати за време на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк што се одржа минатата недела. Израел е одговорен за ескалација на ситуацијата во Либан без преседан, во која беа убиени стотици цивили за само неколку дена, „меѓу кои младинци, жени и деца“, рече Микати. Затоа тој смета на заедничко коминике од Франција и САД, кое би имало меѓународна поддршка и со кое би ...

Барем засега, мистерија е каков предлог му дал унгарскиот премиер Виктор Орбан на неговиот македонски колега Христијан Мицкоски за време на вчерашната средба во Охрид, врз кој ќе може да се заснова неговото самонајавено посредништво меѓу Скопје и Софија. Унгарските медиуми, и провладините и оние неутралните и пропозициските, вчера речиси и да не ја споменуваа посетата на големата унгарска владина делегација на Македонија. А уште помалку да се ...

Време е да се исправат некои историски неправди, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш пред неколку недели на големиот самит Кина-Африка во Пекинг. Гостинот на шефот на кинеската држава и лидер на Комунистичката партија, Ши Џинпинг, со тоа мислеше дека африканскиот континент треба да има посилен глас во рамките на Обединетите нации. Ова е најчувствителната точка во дебатите за иднината на ОН: земјите во подем и земјите во развој се ...

Милицијата Хезболах во Либан ја потврди смртта на нејзиниот лидер Хасан Насралах. Насралах им се придружи на своите убиени „маченици соборци“ откако ја водеше организацијата речиси 30 години, соопшти во саботата проиранската милиција. Израелската армија претходно ја објави смртта на Насралах во нападот врз Бејрут во петокот. Израел го бомбардираше седиштето на Хезболах во масивни воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут во петокот. ...

На изборите оваа недела (29 септември) политичките карти наново ќе се мешаат. А тоа веројатно ќе се однесува на следните пет години, бидејќи толку трае мандатот на власта во Австрија. Околу 6,3 милиони гласачи во земјата можат да избираат меѓу многу различни партии од политичкиот спектар. Сепак, клучното прашање е дали десничарската Слободарска партија на Австрија повторно ќе биде најсилната политичка сила. На европските избори на почетокот на ...

Признавам: Ме нервира инсистирањето за категоризација кога станува збор за сексуалната ориентација на луѓето. Зарем ваквите тесни фиоки не ја нагласуваат уште повеќе инаквоста наместо да овозможат сите начини на живеење и љубов да станат нормални? Истражувачите, од друга страна, велат дека јазикот и свеста се тесно поврзани: ако имаме збор за нешто, чувствата и искуствата можат да не направат посвесни и затоа порелевантни. Затоа е важно да се ...

Зошто Уникредит купи удели во Комерцбанк? Уникредит ги изненади пазарите пред две недели откако обелодени дека купила 9% од акциите во Комерцбанк за околу 700 милиони евра, откако наддаде други заинтересирани за дел од уделот на германската влада во банката. На почетокот на неделава вториот по големина кредитен институт во Италија повторно ги начека финансиските експерти неподготвени, кога објави дека преку финансиски инструменти станале ...

По силните воздушни напади на југот на либанската престолнина Бејрут, израелската армија во саботата изврши дополнителни напади врз цели на Хезболах на истокот и југот на Либан. Цел на нападите биле „терористички цели на терористичката организација Хезболах“ во источниот регион Бека и во „неколку области во јужен Либан“, соопшти армијата. Според извештаите, воздушен аларм бил активиран во северен Израел поради новите ракетни напади на Хезболах. ...

По силните воздушни напади на југот на либанската престолнина Бејрут, израелската армија во саботата изврши дополнителни напади врз цели на Хезболах на истокот и југот на Либан. Цел на нападите биле „терористички цели на терористичката организација Хезболах“ во источниот регион Бека и во „неколку области во јужен Либан“, соопшти армијата. Според извештаите, воздушен аларм бил активиран во северен Израел поради новите ракетни напади на Хезболах. ...

Тирингија е далеку од големата политика на Берлин. Затоа, и нејзината важност за германската политика е обично мала. Источногерманската сојузна покраина со 1,7 милиони жители нема ни половина од електоратот од главниот град на Германија. Тирингија е симбол и на славната германска историја. Таму Мартин Лутер го превел Новиот завет на германски. Јохан Волфганг фон Гете и Фридрих Шилер го направија тирингискиот град Вајмар центар на германската ...

Новото име е формално-правна реалност и мојата држава Република Северна Македонија, како одговорна земја членка на Обединетите нации и на НАТО, ги исполнува меѓународните обврски, порача македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на ОН. Таа потсети на „Сцилите и Харибдите“ низ кои поминала и сè уште минува земјата од приемот во ОН во 1993 година: за приемот под ...

Говорите, во секој случај, стануваат се полути. По израелските воздушни напади над соседен Либан оваа недела, голем број лидери од Блискиот Исток протестираа поради страдањата на либански цивили, како и поради постојаното зголемување на бројот на загинати во Газа како последица на речиси едногодишната израелска воена кампања таму. „Нападите од 7 октомври врз израелски цивили минатата година беа осудени од земјите ширум светот, вклучително и од ...

Унгарија се нуди како посредник за постигнување на прифатливо решение меѓу Северна Македонија и Бугарија, со цел што поскоро да се одблокира патот на Скопје кон Европската Унија. Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, којшто е во дводневна посета на земјата, на прес-конференција во Охрид порача дека е направена историска грешка кон Македонија, која што сега е дуплирана по одлуката за одвојување на Албанија на патот кон ЕУ, додека Македонија е ...

Израел во моментов се бори на два фронта: со Хамас на југ и со Хезболах на север. Го напаѓаат и географски подалечни непријатели како Хутите од Јемен и таканаречените единици за народна мобилизација во Ирак. Тие го напаѓаат Израел со ракети со долг дострел. Заедничко за овие недржавни актери е тоа што се сојузници на Иран. Еве подетален приказ на тие групи: Иран Иран е најмоќниот непријател на Израел. Политичкото раководство во Техеран постојано ...

Во само една недела се покажа дека Брисел не им поверува на нашите солзи и фрустации, па пристигна одлуката за одвојување на Тирана и Скопје на патот кон ЕУ. За нас, барем засега, останува условот за одржување на Втора меѓувладина конференција преку спроведување на уставните измени со кои Бугарите треба да се внесат во македонскиот Устав. Бугарската политика буквално ликува и фаќа сеир од ваквиот исход, презадоволни дека на европско ниво успеале ...

Малата Бањска на северот на Косово ја доби својата прва улица. Од таблата со името на селото на самиот почеток, па се до населениот дел, километарската улица се вика „Улица Африм Буњаку“. Тоа е името на полицаецот убиен во минатогодишниот вооружен инцидент меѓу вооружена група Срби и косовската полиција. Тој ден загинаа и тројца Срби, двајца од Лепосавиќ, еден од Звечан. Таблата со името на улицата ја откри премиерот на Косово,Албин Курти, а во ...

Раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија е тежок пораз на политиките на Владата на планот на европската интеграција на државата. Тоа ја убива надежта дека Северна Македонија може да напредува и се развива. Ова е првичната реакција на опозициската СДСМ, откако беше лиферувана информацијата дека амбасадорите на државите-членки на ЕУ донеле одлука Албанија да ги продолжи преговорите и да се раздвои од Северна Македонија на патот кон ЕУ. „Со ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
32%
1024
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
41%
1024
weather icon

Загреб

29ᴼ / 27ᴼ
1.03
48%
1023
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
34%
1024
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.82
29%
1024
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
1.54
67%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
7.2
41%
1021
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
33%
1021
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
30%
1022
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
3.13
38%
1025
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
2.06
44%
1024
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.69
38%
1024
Currency

61.53

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941