
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Демографската темпирана бомба во Европа отчукува со децении. Населението во Европската унија е сѐ постаро - повеќе од една петтина сега имаат 65 или повеќе години. Тој број се очекува да порасне на една третина до 2050 година. Светската здравствена организација минатата година предупреди дека во 2024 година, бројот на луѓе над 65 години во Европа за првпат ќе го надмине бројот на лица под 15 години. И покрај големиот пораст на имиграцијата во ...
Нападот со нож се случил синоќа околу 19:40 часот во автобус со најмалку 40 патници, кој одел на градска прослава во Зиген. Полицијата ја уапсила напаѓачката, а истражните органи засега не сметаат дека станува збор за терористички напад. Осомничената е Германка, која според информациите на агенцијата ДПА боледува од психички болести и отпорано ѝ била позната на полицијата. Таа со нож нападнала шест лица. Тројца се уште се во животна опасност, ...
НАТО, како што тврди генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, не бил информиран за планираните напади на Украина врз рускиот регион Курск. „Украина не се консултираше однапред со НАТО за своите планови за офанзивата во Курск, Алијансата тука не играше никаква улога“, изјави Јенс Столтенберг за германскиот весник „Велт ам зонтаг“. Во рамките на одбранбената борба против руската инвазија, Украина во последно време масивно ги засили ...
Во градот Бад Лангензалца неколку стотини луѓе се собраа на паркинг-плац за да слушнат говор од човек во блескаво бела кошула кој се смета за еден од најопасните луѓе во германската политика: Бјерн Хеке, лидер на огранокот на десноекстремната Алтернатива за Германија (АфД) во покраината Тирингија. Настанот зад градскиот ѕид обраснат со бршлен, беше организиран како „летна забава“ со пиво, печени колбаси и балони, деца на кои им ги цртаат лицата, ...
На верските организации во Украина наскоро веќе нема да им биде дозволено да соработуваат со Руската православна црква. Забраната всушност е насочена против Украинската православна црква под Московски патријархат. Таа беше подредена на Руската православна црква до 2022 година, од која се отцепи три месеци по рускиот напад на Украина. Дали се работи за сериозно отцепување, или само вербално, е прашање за кое се дебатира. Предлог-законот ...
Албанија се подготвува за Втората меѓувладина конференција со Европската унија во септември годинава. Ова е веста што доаѓа од Тирана по завршувањето на тридневната конференција на амбасадорите, чиј домаќин беше министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани. Во разговор со новинарите по конференцијата, тој најавил дека ги започнале подготовките за втората Меѓувладината конференција што ќе се одржи на крајот на септември. ...
Во пресрет на есента растат стравувањата кај граѓаните од нов ценовен шок.Цените на пазарите постојано растат, па голем број граѓани се откажуваат од правење зимница. На врата тропа и новата школската година, со што голем број семејства имаат и додатни трошоци коишто сериозно го оптоваруваат семејниот буџет. Регионот презема мерки, Македонија уште е на апели Земјите од регионот веќе започнаа со преземање на конкретни мерки. Србија најави ...
Расположението на германските потрошувачи изненадувачки (повторно) се влоши. Поради тоа, зголемен е стравот од рецесија. Барометарот на потрошувачката клима во август падна на минус 22 поени. Еден месец претходно беше минус 18,6 поени, како што објавија ГфК, најголемиот германски институт за истражување на пазарот и НиМ, Нирнбершкиот институт за пазарни одлуки. „Очигледно, еуфоријата предизвикана од Европското фудбалско првенство во Германија ...
Градоначалниците бараат начин како да се разреши Данела Арсовска од челната позиција во Град Скопје, а таа преку отворено писмо упатено до премиерот Христијан Мицкоски бара да се надминат личните недозрабирања и да им „внесе разум“ на советниците на ВМРО-ДПМНЕ за да се решат горливите проблеми со коишто се соочува градот. Кој е виновен за состојбите во главниот град? Претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и ...
Спортистите коишто рекламираат казина и обложувалници би можеле да останат без помош од државата. Ова го најавува министерот за спорт Борко Ристовски. Во последно време сѐ поголем бројот спортисти и спортски легенди рекламираат казина и обложувалници. Тој во интервју за „Республика“ вели дека е недостојно спортски легенди да рекламираат казина и обложувалници и најави одземање на државната помош за нив. Повеќепати од доаѓањето на функцијата ...
МВР ќе ги зајакнува процедури околу тоа кој може легално да поседува оружје. По бројните инциденти со оружје и убиства во земјата, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најавува решавање на проблемот со нелегалното оружје на улиците. Само во текот на 2024 година се запленети 104 парчиња оружје од страна на МВР, од кои девет автоматски пушки, 39 пиштоли, 35 ловни пушки. За споредба во 2022 година полицијата заплени 139 нелегални парчиња ...
Во „Kim's Café“, семеен ресторан во живописната Савана, во Џорџија, обично е раздвижено. Атмосферата беше фамилијарна и кога во ресторанот седеа само тројца гости: дуото Камала Харис, претседателска кандидатка на Демократската партија, и вице-кандидатот Тим Волц, како и водителката на Си-Ен-Ен, Дејна Беш. Удобна атмосфера, приватни согледувања Таа вешто создаде удобна атмосфера за нејзините двајца гости и извлече лични информации од обично ...
Кој ги заштитил националните интереси во однос на РСМ, а кој не? И ова е едно од прашањата низ кое во соседна Бугарија се мери кредибилноста на имињата на кандидатите кои партиите ги предложија зе еврокомесари во идниот состав на Европската комисија. На темата „Северна Македонија“ почна да се прави споредба меѓу патриотските квалификации на две од кандидатките за евромесари – поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева предложена од ...
На 23 август, осомничен исламист избоде до смрт три лица на градски фестивал во Солинген, во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, што повторно ја разгоре дебатата за построги закони во земјата. Сега сојузната германска влада ја спроведува својата најава дека сака да ги заостри законите: се планираат построги закони за оружје, побрзи депортации на одбиените баратели на азил и оние кои извршиле кривични дела и укинување на социјалните ...
Владимир Путин на украинскиот народ му ветува уште една есен на терор и бомбардирања. Чекаше 20 дена од украинската офанзива во Курск за да ја реализира својата одмазда и репресалија, лансирајќи еден од најмасовните напади во последните месеци со преку 200 дронови и ракети, врз речиси 15 украински региони, напаѓајки во сите насоки, од главниот град до границата со Полска и Романија. Одмаздата на Путин има најмалку три цели! Првата е да се казни ...
Неодамна во воз се повторила иста ситуација. При проверка на билетите, кондуктерката од сите патници барала да ѝ го покажат билетот за воз. Само Нур Ал Зуби била единствената во купето која морала и дополнително да се идентификува. Кондуктерката ѝ се заканила дека во спротивно веднаш ќе повика полиција. Ваквите ситуации одамна се нормални за жената по потекло од Сирија, која работи како референт во Советот за бегалци во покраината Тирингија. ...
Скопјани нема да добијат ниту брз автобуски превоз (БРТ) ниту нови еко-автобуси. Советот на Град Скопје на седница во четвртокот (29.08) не ја доби поддршката на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, поради што не можеше да се донесе одлука за склучување на договор за имплементација на проектот за воведување на Брз автобуски превоз (БРТ) во главниот град. „За“ одлуката гласаа 14 советници, четири „против“ и двајца воздржани. Против оваа одлука гласаа ...
Христијан Мицкоски залудно чека избор на нова влада во Софија, порача бугарското Министерство за надворешни работи, во реакција на изјавата на македонскиот премиер од пред два дена. „На властите во Скопје треба да им биде јасно дека обидите за повторно преговарање на меѓународните обврски кои се веќе преземени може да доведат само до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ“, порачуваат бугарското МНР. Мицкоски во ...
Хрватска останува подготвена да и помогне на Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Ваква порака испрати хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по средбата со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски кој е во прва официјална посета на Хрватска. Тој вели дека Хрватска ќе се залага за што подинамичен процес на пристапување на Северна Македонија кон Унијата. „Во изминатите 20 години имаше многу неправди кон Северна Македонија и ...
Владата со низа мерки ќе го заживува сообраќајот на македонското небо. Планот е од јануари идната година бројот на патници коишто доаѓаат во земјата да се зголеми за 200 илјади и со субвенции да се поттикнат што поголем број „сериозни“ компании да се вклучат во превозот на патници од и во земјата. Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, на прес-конференција во Владата информираше дека на владина седница е усвоена програма којашто ...
По нападот со нож во Солинген, терористичката милиција Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за злосторството. Напаѓачот дејствувал од „одмазда за муслиманите во Палестина и на други места“. Нападот беше насочен кон „група христијани“, соопшти Амак, гласноговорник на ИД. „Екстремистите го користат актуелниот конфликт на Блискиот Исток како прашање за мобилизација“, оценува Томас Мике за ДВ. Тој работи за Мрежата за спречување насилство ...
Директорот на ЦИА, Вилијам Брнс, го посети регионот. Во посета која воедно беше пречекана со пофалби дека САД остануваат посветени на регионот, стабилноста и мирот, воедно пропратено со фаталистички аларми дека посетите на ЦИА-шефови никогаш не се на арно, безмалку како гаврани предвесници на војни и конфликти. Среде сета канонада анализи и коментари, единствениот кој не се огласи беше – самиот Брнс. Упатно е затоа да се демистифицираат неколку ...
ДУИ ја задуши политичката сцена и го попречи секој обид за позитивни промени за Албанците, нагласил првиот вицепремиер Изет Меџити на Конференцијата на амбасадорите во Тирана, организирана од Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија. На панелот на тема „Албанскиот простор во геополитиката на регионот“, Меџити ја истакнал важноста на долгоочекуваната промена која донела создавање влада без ДУИ, партија која 22 години ја ...
„Целосен успех“ – вака лидерот на Хезболах, Хасан Насрала во својот говор во неделата вечерта на 25 август го опиша ракетниот напад на неговата радикална шиитска десничарска армија врз Израел, извршен неколку часа претходно. Тој нагласи дека нападот бил внимателно испланиран: „Нашата цел од почетокот беше да не напаѓаме цивили, туку воени цели“, рече Насрала. Нападите на Иран и јеменската милиција Хути врз Израел допрва треба да следат, додаде ...
Претседателот на Франција е еден од ретките европски лидери кои одржуваат прилично редовен контакт со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Ако ги исклучиме редовните посети на меѓународните претставници задолжени за тој регион, Емануел Макрон е шефот на државата на кој Вучиќ често се повикува кога го обвинуваат дека е под некаков политички бојкот. Несомнено е дека некои земји донекаде го коригираа својот однос кон Србија, за што секако ...
Голем број акти на насилство и апсења се случија на маргините на големата карневалска прослава во лондонскиот кварт Нотинг Хил. Полицијата го следеше уличниот фестивал со голем контингент од илјадници припадници на служби за итни случаи, но не беше во можност да спречи прободувања и бројни други насилства. Во рок од два дена 35 полицајци се повредени, а 230 лица се уапсени за различни прекршоци, соопшти во текот на ноќта кон вторник Метрополитен ...
Бројот на депортации во Германија продолжува да расте: близу 10.000 луѓе биле депортирани од земјата во првата половина на 2024 година. Според податоците на германското Министерство за внатрешни работи, од почетокот на годината 774 македонски државјани биле депортирани од Германија, со штоСеверна Македонија е на врвот на земјите со најголем број депортации од Германија. За шест месеци речиси 10.000 депортации Околу 9.500 луѓе биле депортирани од ...
Телеграм Месинџер, попознат како Телеграм, е социјална мрежа и сервис за размена на пораки. За милиони корисници, тоа е едноставно секојдневна алатка за комуникација. За други, таа е многу повеќе од тоа. Телеграм им овозможува на корисниците да разговараат и бесплатно да споделуваат фотографии и датотеки, како и да го користат за аудио и видео повици. Корисниците можат да објавуваат постови, да користат криптовалути, неограничено да складираат ...
Најавата на премиерот Христијан Мицкоски денеска дека во периодот што следува ќе има кадровски промени во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, наиде на медиумско внимание во Бугарија. Во фокусот е изјавата на премиерот дека таа не ги оправдала очекувањата и не била заштитник на националните интереси на македонскиот народ. „Мицкоски целосно ќе ја oбесмисли ...
Претседателот на најсилната опозициска партија, Фридрих Мерц, всушност сакаше да разговара за стационирање на крстосувачки ракети во Германија, за што, според Мерц, канцеларот не ја информирала доволно јавноста. Но, тогаш се случи терористички напад во Солинген, во кој беа убиени три лица и во кој сторителот, според моменталната состојба на истрагата, е сириски бегалец кој всушност воопшто не смеел да биде во Германија. „Да се заштити ...