
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Флоријан Вагнер сонува да биде финансиски независен. Тој е дел од растечкото движење на супер-штедачите, односно „фругалисти“ (frugalis - штедливост на латински). Вагнер има 37 години и моментално заштедува 4.500 евра месечно од неговиот нето приход од 6.000 евра. Пред неколку години дознал за трендот на „штедливост“, па ги преиспитал месечните трошоци и почнал да штеди: „До работа се возам со велосипед, а не со метро. Навечер готвам за себе и ...
Израелската авијација, според локални безбедносни извори, во текот на изминатата ноќ гаѓала цели длабоко во внатрешноста на Либан. Притоа, дрон погодил стан во палестински бегалски камп во близина на пристанишниот град Триполи. Ова е прв напад од ваков вид во областа откако Израел ја започна својата офанзива пред повеќе од две недели, јавуваат новинските агенции. Според терористичката организација Хамас, во нападот е убиен водач на нејзиното ...
Неодамнешните покраински избори во покраините Бранденбург, Тирингија и Саксонија беа многу значајни. Резултатите од тие избори го одразуваат расположението што владее во целата земја. Сегашната германска влада, таканаречената „семафор-коалиција“, е непопуларна како ниедна претходна влада во историјата на Сојузна Република Германија. Како да се продолжи? Кратко по покраинските избори, Зелените најавуваат кадровски промени на врвот и сакаат ...
Од Босна и Херцеговина доаѓат апокалиптични слики на страдање и уништување предизвикани од поплави и лизгање на земјиштето. Досега е потврденo дека има 18 жртви, а се трага по уште околу 40 лица. Многу е тешко во Фојница, каде што има и жртви, во Кисељак, местата околу Коњиц, а најтешко е во Долна Јабланица, каде во надојдената вода и стотиците тони камења и земја исчезнаа цели семејства. Уништени се патни и железнички врски, а сообраќајот од ...
Во напад на банда во мало место на Хаити, убиени се најмалку 70 луѓе, меѓу кои и околу десет жени и три деца, соопштија ОН. Претходно, локалните медиуми објавија информации за голем број загинати во инцидент во Пон-Сонде. Канцеларијата на ОН за човекови права во Женева соопшти дека членовите на бандата пукале со автоматски пушки. Во нападот се повредени 16 лица, а опожарени се 45 куќи и 34 возила. Тоа беше брутален напад на беспомошни луѓе, ...
Војниците на набљудувачката мисија на ОН „ќе ги задржат своите позиции“, се вели во соопштение на Унифил, по барањето на Израел за прераспоредување на делови од мировните трупи во Либан. На 30 септември, Израел ги повика мировните сили на ОН „да ги повлечат мировниците од некои од нивните позиции“, бидејќи израелската армија планира „ограничени копнени операции во Либан“. Меѓутоа, војниците на мировните сили останаа „на сите свои позиции, а ...
Хрватскиот пратеник во Европскиот парламент Карло Реслер (ХДЗ/ЕПП) вчера е избран за шеф на делегацијата на Парламенотот за односи на Европската Унија и Северна Македонија, се наведува во соопштението од кабинетот на европратеникот. Во него се потсетува дека - како тело формирано врз основа на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Северна Македонија - Делегацијата има клучна улога во обликувањето на односот меѓу Европскиот парламент и ...
Во катастрофалните поплави кои погодија делови од Босна и Херцеговина загинаа најмалку 20 луѓе, а неколку десетици се водат како исчезнати. Само во Долна Јабланица, според податоци на Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон, загинале 16 лица. Силен дожд и невреме предизвикаа големи поплави и одрони на подрачјето на Јабланица, Коњица, Фојница, Кисељак и Крешево. Најтешко е погодена Долна Јабланица, каде, според дел ...
„’Како да го чекаме Годо’ - вака претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова неодамна ги опиша навидум безнадежните изгледи на нејзината земја за пристап во ЕУ, “ пишува новинската агенција КНА во текстот посветен на долгиот пат на земјата кон членство во ЕУ, продолжувајќи: „За неколку дена, соседна Албанија, која ги започна пристапните преговори во 2022 година заедно со Северна Македонија, се очекува да ги отвори првите ...
Неколку дена откако најавија опозициска кампања и протести по повод 100 дена скандали на владејачката колаиција, се најавуваат турбуленции во Европскиот фронт, предводен од лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Последните информации се дека Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи го напушта фронтот, не не ја затвора вратата за понатамошна комуникација со првиот човек на ДУИ. Информацијата ја објави порталот Тетова сот, повикувајќи се на ...
Поплавите што ја погодија Херцеговина и централниот дел на Босна и Херцеговина предизвикаа сериозна хуманитарна и инфраструктурна криза. Досега се потврдени 14 смртни случаи, а според Дарко Јука, раководител на Одделот за односи со јавноста на Владата на Херцеговско-неретванскиот кантон, се уште има многу пријави за исчезнати лица. „Сè уште не ја знаеме точната бројка. Не се сеќавам на ваква криза од војната до денес. Размерите на оваа хаотична ...
Германија се спротивстави, но ЕУ може да воведе дополнителни царини за електричните автомобили од Кина. За да се запрат плановите, ќе беше потребно мнозинство меѓу 27-те земји-членки. Според информации од дипломати, тоа не се случило за време на гласањето. Тоа значи дека Европската Комисија може да одлучи да воведе даноци до 35,3 отсто најдоцна до почетокот на ноември. Комисијата на ЕУ ја обвинува кинеската влада дека вештачки ги намалува цените ...
Министерот за транспорт, Александар Николоски, не се откажува од идејата за изградба на брза пруга во Северна Македонија. Идејата е да се патува од Скопје до Солун со 200 километри на час, што ќе биде добро и за македонската економија , но и регионалното поврзување. Идејата е да се направи триаголник кој ќе го поврзе Скопје со брзата пруга. „Мислам треба да одиме по наједноставниот терен, а тој би бил од Табановце, па да се спушти под Куманово ...
Зафатени како што вообичано знаеме да бидеме со нашите проблеми, нашата бура во чаша вода, нашите домашни препирки околу европскиот пат на земјата, како да заборавивме на пошироката слика и на нашиот главен соговорник, односно Европа, ЕУ и нејзините институции. Европската Унија пред две недели преку старо-новата претседателка Урсула фон дер Лајен го претстави својот тим за следната Европска комисија. Нешто што делува како нормална петгодишна ...
Не стивнува конфликтот на Блискиот Исток - најмалку шест лица се загинати, а повеќе повредени во утринскиот израелски воздушен напад врз центарот на главниот град на Либан, Бејрут, пренесоа светските медиуми. Во меѓувреме државите продолжуваат забрзано да ги евакуираат нивните граѓани од кризните подрачја, заседаваат безбедносни тела, се прават проценки на можните ризици од натамошна ескалација на судирот и притисок од мигрантски бранови. Колку ...
По ракетните напади на Иран врз Израел, цената на нафтата во средата (2.10) за типот Брент од Северно Море и американската од типот ВТИ се зголеми за повеќе од еден и пол отсто - на 74,74 и 71,04 долари за барел (159 литри). Цените веќе еднаш претходно, во вторникот, беа зголемени за околу 2,5 проценти. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веќе најави одмазда против Иран, без да наведе детали. Мета може да бидат нафтени постројки во Иран и ...
Никогаш нема да го напуштам интернетот и ги пропуштам сите амплитуди на глупавост и мудрост кои тој ги нуди. Како што е примерот со (анонимниот, се разбира) коментатор, кој во рок од 24 часа ги проколнуваше Албанците од Косово кои преминуваа (или се враќаа) од ислам во католицизам, нарекувајќи ги „предавници, српски шпиони”, за да потоа под веста за преминот на неколку Словаци од католицизам во ислам ги поздрави како „браќа во прифаќање на ...
„ДУИ полека, но сигурно се навикнува како опозициска партија. Жалам што раководството на ДУИ и Али Ахмети ја споредија својата партија и членовите со гума за спасување. Очекував поголема креативност“, коментираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, откако во четвртокот (02.10) лидерот на ДУИ, Али Ахмети на конференцијата „100 дена скандали, понижувања и неуспеси“, изјави дека Европскиот фронт не е заинтересиран да стане дел од Владата, бидејќи ...
По повторните гранатирања на северот на земјата, израелската армија продолжи со напади врз милитантите од Хезболах во Либан. Повторно мета беа и станбени области во главниот град Бејрут, кој се наоѓа во центарот на земјата. Израелската армија јави за „прецизен“ напад таму доцна вчеравечер (2.10). Според властите, убиени биле најмалку шест лица. Според податоци на либанското Министерство за здравство од средата вечерта (2.10), во израелските ...
Северна Македонија ќе има проблем да обезбеди квалитетна вода во иднина доколку продолжи неконтролирано да ја троши и да не ги спречува огромните загуби. Анализата на добротворната организација Waterwise и британското тело за стандарди за производи BSI, покажува дека Македонија се наоѓа високо на листата на земји каде што безбедноста на водата се влошува од година во година. Јужна Африка и Турција се наоѓаат на врвот на листата со вкупни оценки ...
Зошто толку многу луѓе, особено во источна Германија, гласаат за делумно десноекстремната АфД и за новоформираната левичарска популистичка партија БСВ? На покраинските избори во Тирингија, Саксонија и Бранденбург, Алтернатива за Германија (АфД) освои 29 до 33 проценти гласови, а Алијансата Сара Вагенкнехт (БСВ) 12 до 14 проценти од гласовите. Одговори на овие прашања би можел да даде годишниот извештај на ополномоштеникот на сојузната влада за ...
Важно е земјите од Западен Балкан да останат на патот на европската интеграција и треба да им понудиме визија на луѓето, да го забрзаме тој процес кој започна со грчка иницијатива пред 21 година во Солун и кој ние целосно го поддржуваме. Ова е пораката на грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис кој вчера (2.10) учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес. Тој нагласил дека ...
Во тек се медицински испитувања на двете лица за кои постои сомнеж дека се инфицирале со смртоносниот Марбург-вирус, кој предизвикува висока температура, крварење и други симптоми слични на Ебола, која припаѓа во истата група вируси. Светската здравствена организација (СЗО) вели дека голем процент од заразените од Марбург вирусот умираат. Според градските власти во Хамбург, едно од двете лица до неодамна работело во болница во Руанда, каде се ...
Иран директно го нападна Израел со проектили во вторникот вечерта (1.10) - по вторпат од лансирањето на стотици беспилотни летала и ракети во април. Според израелската војска, повторно биле пресретнати „голем број“ ирански ракети. Подоцна вечерта, израелската војска привремено објави дека заканата од Иран „моментално“ е неутрализирана, но дека ќе следи жесток израелски одговор: „Воздухопловните сили остануваат целосно оперативни и ќе продолжат ...
Европскиот фронт со конференцијата „100 дена скандали, омаловажувања, понижувања, неуспеси“ денеска во Скопје започна опозициска кампања во којашто посочува на сите неуспеси на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди ЗНАМ: Најавија дека преку прес-конференции ќе укажат за неуспесите на Владата, а потоа на терен ќе имаат средби со граѓаните. Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети порача дека не се заинтересирани да бидат дел од оваа Влада и упати низа критики до ...
Владата презема чекори за справување со нелегалното онлајн коцкање. Веќе се одржале состаноци со Агенцијата за електронски комуникации, Марнет, претставници на телеком операторите и директорот на Лотарија на кој се утврдени чекори како да се справат со овој проблем, со оглед на тоа дека се коцкаат и се поголем број на малолетници. „Нашите најмлади се зафатени од оваа болест без никаква контрола, ниту се знае дали користат туѓи лични карти за да ...
Владата планира да го реновира опожарениот објект на „Пошта“ и тој во 2028 година да стане мултифункционален. Ваквата идеја ја презентираше министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Тој вели дека е донесена владина одлука да биде реновирана централната зграда на Македонска пошта, со цел да биде подготвена и за потребите на Скопје „Европска престолнина на културата“ за 2028 година. „Ние веќе разговаравме со амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, пред ...
Од февруари по еден авион со туристи секој ден ќе пристигнува во Северна Македонија. Станува збор за околу 35 илјади гости од Европа коишто годишно би ја посетиле земјата и нејзините културни знаменитости.Очекувањата се на тој начин да се остварат над 140 илјади ноќевања и во земјата да се слеат околу 50 милиони евра годишно. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата заедно со претставник на тур-операторот од ...
На средбата на републиканскиот кандидат за потпретседател Џ.Д. Венс и неговиот демократски ривал Тим Волц во вторникот вечерта (2.10) во Њујорк, големите вирални моменти изостанаа. Без лични напади на противникот, без удари под појасот и без шокирачки изрази на лицето. Наместо тоа, 35 дена пред изборите на 5-ти ноември, кандидатите на Доналд Трамп и Камала Харис се вклучија во високо политичка размена на удари при што опширно разговараа и за ...
„Ова е работна конференција и ние работиме со полна пареа за да обезбедиме самитот на Берлинскиот процес за две недели овде, во Берлин, каде славиме десет години од лансирањето на овој формат, да не биде само славенички, туку и биде пресвртница, не само во однос на европските интеграции, туку и кога станува збор за економската соработка на земјите од Западен Балкан“, рече германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, на отворањето ...