
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Своевремено, додека Никола Г. владееше со овие простори во име на љубов кон народот и земјата, неколку пати се прашував дали станува збор за љубов или за сексуална возбуда. Судејќи според зборовите, звучеше како љубов, но дилемата дали во џебот има пиштол или е само среќен што го уважуваме, укажуваше и на поинакви, промискуитетни мотиви. Деценија подоцна, дилемата со Христијан М. е зошто зборува за гордост, кога всушност неговата единствена ...
Одлуката на Брисел за одвојување на Тирана и Скопје на патот кон ЕУ, за премиерот Христијан Мицкоски е лоша порака за македонскиот народ. По две ипол децениски напори да се изоди патот кон Унијата, тој смета дека се неправедни условите коишто и се наметнуваат на земјата. Оцени дека станува збор за диктат и порача дека „никој не треба да не условува за национални отстапки“. „Го делам впечатокот со огромното мнозинство македонски граѓани дека не ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот (23 септември, 2024) изјави дека сегашната ескалација во Либан е неопходна „за одбрана на нашиот народ од Хезболах“. „Мораме да ги извадиме тие оружја за да го отвориме патот за безбедно враќање на северните заедници на Израел во нивните домови“, рече тој. Пред речиси една година, околу 60.000 Израелци мораа да ги напуштат своите домови кога милицијата Хезболах во Либан, поддржана од Иран, ...
Првиот човек на европската дипломатија беше видно фрустриран порано неделава кога повика на деескалација во Либан и почитување на долготрајната резолуција на ОН за ставање крај на непријателството меѓу Израел и Хезболах. „Беше усвоена во 2006 година. Боже мој, речиси пред 20 години и јас уште барам нејзина имплементација“, рече Жозеф Борел пред новинарите. „Ние сме речиси во целосна војна. Сведоци сме на се повеќе напади, поголема штета, ...
Според претседателот Владимир Путин, руската доктрина за употреба на нуклеарно оружје е прилагодена на тензичната „меѓународна ситуација“. Руската листа со воени закани против кои може да се употреби нуклеарно оружје за заплашување е проширена, рече Путин на состанок на Советот за национална безбедност во Кремљ. На состанокот кој беше пренесуван на телевизија, Путин рече дека во „ажурираната верзија на документот се предложува агресија врз ...
Идното сценарио за медицински евакуации ќе се разликува од искуството на сојузниците во Авганистан и Ирак, вели генерал-полковник Александер Солфранк, прв човек на логистичката команда на НАТО. Во евентуален конфликт со Русија, западните армии веројатно би биле соочени со далеку поголема воена зона, поголем број на ранети војници и, барем привремено, недостаток на воздушна супериорност во близина на фронтот, вели германскиот генерал. ...
Ископување на Тито? Никој во Музејот на Југославија не мисли ништо добро за таа идеја, која повторно ја подгрева градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ. Музејот, во чиј склоп е Куќата на цвеќето со гробот на југословенскиот маршал и доживотен претседател Јосип Броз Тито, не сака официјално да одговори на прашањата на новинарите на оваа тема. Но, продавачот кој нуди партизански капи, значки со петокрака и југословенски знамиња пред музејот ...
Системот на регулирање на работните односи е клучен за деловната клима, привлекувањето на странски инвестиции и развојот на пазарот на трудот. Понекогаш ригидноста на регулативата може да ги одбие инвеститорите повеќе од повисоките даночни стапки. Оваа тема често предизвикува дебати бидејќи изгледа дека директно ги спротивставува работодавачите и работниците. Сепак, денешната реалност покажува дека работниците сè почесто недостасуваат, па ...
Приштина, Скопје, Сараево и Кишињев се рангирани како најевтини европски престолнини за годишен одмор. Истражувањето, спроведено од Vatican Tours and Tickets, ги рангираше градовите врз основа на вкупните трошоци за одмор по лице – поделени според просечните дневни трошоци, цените на хотелите и просечните патни трошоци. Хотели и храна по достапни цени Во Приштина, главниот град на Косово, дневните трошоци за посетителите во просек се 29 евра, а ...
Пазарните инспектори се растрчаа по големите маркети во земјата, со цел да се уловат евентуалните неправилности во работењето, откако стапи на сила владината мерка за ограничување на маржата за 73 производи.На терен има околу 120 инспектори низ целата земја. Први на проверка се големите маркети, а веќе од четврток (26.09) контроли ќе има и во помалите продавници и во бурекџилниците. Од проверки нема да „куртулат“ ниту продавачите на големо. Но, ...
Веста дека Брисел и дал зелено светло на Тирана, а Скопје останува во чекалната без напредок во преговарачкиот процес со Европската Унија предизвика молскавична реакција кај политичарите во Бугарија. Лидерот на најголемата формација во парламентот, Бојко Борисов, кој е и претседател на Комисијата за надвоешна политика, го поздрави раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија на патот кон ЕУ. „Резултатот е дека Албанија оди напред - го прифати ...
„Воена ситуација“: вака високиот претставник на Европската унија за надворешни работи, Жозеп Борел, на почетокот на неделата ја опиша ситуацијата во јужен Либан. На тоа набљудување му претходеа неколку бранови моќни израелски воздушни напади. Тие првенствено беа насочени кон цели на југ и во долината Бека, кои се сметаат за центри на Хезболах. Но, беа погодени и други делови од земјата. Израелската војска (ИДФ) на платформата X објави дека ...
Грција отсекогаш ја поддржувала и била една од пионерските земји која го ставила на дневен ред и како приоритет прашањето за интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија. Ова е пораката на грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис по средбата со групата „Пријатели на Западен Балкан“ и со министрите за надворешни работи од тој регион, како и по билатералната средба со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски, на маргините ...
Уште десетина денови и Владата ќе ги одбележи стоте дена власт. Првото тримесечие покажа дека и Мицкоски како и повеќето претходни премиери, доминира на сите полиња оставајќи ги во сенка министрите и нивните ресори, а споредната улога, се чини, ѝ е дадена и на шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова. Доминација на Мицкоски во сите сфери значи дека и во оваа гарнитура еден човек владее другите се послушници. Претседателот на Владата е ...
„Каде и да одам, секаде се соочувам со обвинувања за двојни стандарди“, рече шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, во мај на Универзитетот во Оксфорд. Францускиот претседател Емануел Макрон на минатогодишната безбедносна конференција во Минхен рече: „Шокиран сум од тоа колку ја загубивме довербата на Глобалниот Југ“. А, германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, откако ја критикуваше состојбата со човековите права во ...
Над 70 производи треба да се продаваат по намалени цени по стапувањето на сила на владината одлука за ограничени профитни маржи од 10 отсто. Станува збор за лепеза на производи од пекарската, месната и млечната индустрија, како и овошјето и зеленчукот. Според владината одлука тие не смеат да поскапат до 31 октомври. Премиерот Христијан Мицкоски очекува да се почитува ваквата мерка и најавува казни за оние коишто ќе ја прекршат. Од Сојузот на ...
Трговците од вторник (24 септември) имаат обврска да ги намалат цените на 73 прехранбени производи, како што им наложи владата со одлуката за ограничување на маржите на 10 проценти. Притоа, како што е објавено во Службен весник, трговците на мало имаат обврска да набават најмалку 70% од количината набавена во август годинава од наведените производи, а истата обврска им се наложува и на производителите и на трговците на големо Ова се 73-те ...
Исламската верска заедница во Македонија е зачудена и загрижена по најавите дека Албанија да му додели територијален суверенитет на редот Бекташи, суфиска шиитска исламска заедница. Ваквата можност ја најави неодамна албанскиот премиер Еди Рама кој рече дека ќе ги трансформира бекташките муслимани со седиште во Тирана, во суверена држава за промовирање умереност, толеранција и мирен соживот. Од Бектешката заедница во Македонија, со седиште во ...
Исламската верска заедница во Македонија е зачудена и загрижена по најавите дека Албанија да му додели територијален суверенитет на редот Бекташи, суфиска шиитска исламска заедница. Ваквата можност ја најави неодамна албанскиот премиер Еди Рама кој рече дека ќе ги трансформира бекташките муслимани со седиште во Тирана, во суверена држава за промовирање умереност, толеранција и мирен соживот. Од Бектешката заедница во Македонија, со седиште во ...
Заштитата на гостите и њујоршката населба преставува голем предизвик и за безбедносните сили. Тие се потпираат на дронови, имаат повеќе персонал и 1.200 камери на улиците. Професионална напрегнатост кај специјалниот агент Патрик Фрејн од американската Тајна служба: „Повеќе од 142 шефови на држави или на влади од целиот свет доаѓаат одеднаш во Њујорк. Едноставно кажано, ова е најголемиот годишен собир на шефови на држави или на влади на ...
Назначувањето на македонскиот бизнисмен Орце Камчев за почесен конзул на Бугарија во Македонија може да и ги помати сметките на бугарската кандидатка за еврокомесар, Екатерина Захариева. Откако шефицата на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, на прес-конференција во Стразбур на 17 септември го претстави својот нов тим на еврокомесари и на ресорите со кои тие ќе раководат во следните пет години, на површина испливаа низа прашања и ...
Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска во Њујорк ќе има прва средба со неговиот колега од Грција, Јоргос Герапетритис, на маргините на Генералното собрание на ОН. „На средбата ќе се разговара за најактуелни регионални и меѓународни теми, како и за понатамошно продлабочување на билатералните односи и економската соработка помеѓу двете земји“, кусо соопшти македонското МНР. Информациите во однос на средбата се штури и во ...
Илјадници луѓе се обидуваат да побегнат од југот на Либан и да се упатат кон главниот град Бејрут - како Мохамед: „Кај нас имаше воздушни напади, па брзо влеговме во автомобилот. Возиме кон Бејрут“. Друг човек, пак, вели: „Воздушни напади, експлозии, борбени авиони, уништување. Никој веќе не е таму, сите побегнаа. Ги зедовме нашите работи со нас и побегнавме. Во моментов никој не знае каде да одиме“. Израелската војска го предупредила ...
Партијата Алтернатива за Германија (АфД), која во делови се смета за екстремно десничарска, повторно бележи значително зголемување на гласовите во Германија. На изборите за покраинскиот парламент во Бранденбург, АфД освои 29,4 отсто од гласовите, што е за шест отсто повеќе од изборите во 2019 година. И покрај тоа, изгледите да учествува во владата се мали бидејќи сите други политички партии ја отфрлија можноста за коалицирање со АфД. За време на ...
Во македонската политика на емоции власта ги подели улогите на главните јунаци по поразот на рациото за остварување на најголемите државни интереси. За народен херој е прогласен премиерот Христијан Мицкоски. Тој ја игра главната улога на праведник и национален водач кој го враќа достоинството и гордоста на народот „Македонија пак твоја.“ Сложеноста на улогата на премиерот Мицкоски е како да се одглуми државник кој нема да ги исполни ветувањата и ...
Тие не одговараат на западните клиешеа за муслиманите. Станува збор за бекташите во Албанија. Тие се шиитско-суфиска струја која со векови остава печат на земјата во југоисточна Европа. Во мултиверската Албанија денес нешто повеќе од половина население се муслимани, а покрај нив има и Албанци кои се православни или католици. Муслиманите се поделени во мнозинските сунити и бектешите, кои имаат сличен светоглед како Алевитите во Турција. Суфискиот ...
Тим на лекари на Клиниката за Ортопедски болести во Скопје по вторпат изврши реимплантација на коска излекувана од тумор, овојпат кај седумгодишно девојче кое доби шанса за живот. Интервенцијата беше извршена на 15 август, по што оперираното девојче полека заздравува. Тимот од 15 лекари и медициски персонал од неколку клиники, предводен од проф. д-р Милан Самарџиски, кој е раководител на Клиниката за Ортопедски болести и раководител на одделот ...
Два месеци откако поранешниот претседател Стево Пендаровски започна да користи службени канцеларии за прием и средби со граѓаните, но и со политичари од регионот и пошироко, во јавноста се отвора прашањето околу ангажманот на неколку лица во неговиот кабинет. ВМРО-ДПМНЕ во серија прес-конференција го нападна Пендаровски за „лажна скромност“, бидејќи наводно прво се откажал од користење на канцеларија, а потоа и дека побарал ангажман на четири, ...
Како што се наближуваат изборите за претседател во САД, претседателскиот кандидат на Демократите Камала Харис добива се поголема поддршка од познати личности. Минатата недела американската мегаѕвезда Тејлор Свифт јавно ја поддржа актуелната потпретседателка во нејзината кампања. Сега уште една ѕвезда, Били Ајлиш, ја поддржа Харис за претседателка на САД. Во видео клип објавен на социјалните мрежи, таа и нејзиниот брат, Финијас О'Конел, ја ...
Станува збор „само“ за покраински избори, а Бранденбург со околу 2,1 милион граѓани со право на глас, е само една од 16 сојузни покраини во Германија. Сепак изборите во источно-германската покраина овој пат имаа значајна улога за сојузната политика. Од една страна, ова се трети покраински избори во рок од три недели на кои АфД, која во делови е категоризирана како десно-екстремна, забележа огромни придобивки. Ако „анти-демократски партии ...