
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Се разбира дека со насловот не прејудицирам никаков финален исход на изборите во САД. Каде изборот помеѓу Камала Харис и Доналд Трамп е речиси апсолутно детерминиран од социо-економските интереси на гласачите. Кои, за разлика од нас, гајле си немаат за последиците на нивниот избор по нашите судбини, па дури ни оние на Блискиот Исток. Победата на Трамп на Балканите, поточно неговиот трет консекутивен мандат во нашиот регион, е затоа симптоматично ...
Група граѓански организации, вклучувајќи ги CEE Bankwatch Network и Еко-свест, ја повикуваат Европската комисија да ѝ помогне на Северна Македонија да се ослободи од јагленот. Тие бараат од ЕК, да се зголеми поддршката за праведна транзиција на заедниците зависни од јаглен на Западен Балкан, за да се овозможи праведна транзиција кон економија која не зависи од фосилни горива. Во таа насока се посочуваат и конкретни чекори кои Европската ...
Битола, Неготино, Кичево, Куманово, Струмица и Штип во последните пет години, продале 507.826 м2 градежно земјиште кое било сопственост на државата. Намената на градежното земјиште била за семејно домување, за лесна и незагадувачка индустрија, стоваришта, складови, хотелски комплекси. Градежното земјиште во сопственост на државата било продадено на 41 правно лице и на 17 физички лица. Ниту една парцела во периодот од 2019 до 2023 година не ...
САД сакаат да преземат деескалирачка улога во конфликтот на Блискиот Исток, но односите со нивниот сојузник Израел неодамна беа затегнати поради американските критики за израелското водење на војната. По речиси два месеца молк, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска (9.10) треба телефонски да разговара со американскиот претседател Џо Бајден, објави американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на тројца неименувани американски ...
За десет години над 25 илјади високообразовни кадри со „карта во еден правец“ ја напуштиле Северна Македонија. Со тоа земјата се најде меѓу топ 20 земји со емиграција на високобразовните и стручни кадри, а на петто место во рамки на Европската Унија. „Во последните десетина години 40 отсто од високообразовниот и стручен кадар заминува од земјата“, вели државниот ревизор Максим Ацевски. Тој пред собраниската Комисија за економски прашања, труд и ...
Во американската сојузна држава Флорида, подготовките за ураганот „Милтон“ се во полн ек: од милиони луѓе е побарано да се засолнат на безбедно. Многумина ги забарикадираа своите домови и се подготвуваат за најлошото. Бурата, која се очекува да го погоди западниот брег на Флорида во среда навечер по локално време, може да биде една од најопасните во историјата на државата. Американската влада иницираше сеопфатни мерки за помош. По минувањето на ...
Необична глетка, вредна за фотографирање. Овој човек ја здогледал поларната светлина на хоризонтот над езерото Елсмир, на периферијата на Крајстчрч во Нов Зеланд. Поларната светлина е природна појава на светлина на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризирани честички под влијание на магнетното поле на Земјата. На северниот пол таа се нарекува аурора бореалис. Поларната светлина обично се забележува ноќе, а ...
Еден бугарски пасош на член на Владата на Северна Македонија покажа колку македонската политика е чувствителна кога станува збор за регионалните односи и нашите перспективи во ЕУ. Да се има американски, германски, француски или словенечки пасош се смета за успех, но кога е во прашање бугарскиот пасош работите се поинакви. Тоа се смета за предавство и профитирање. Бугарското државјанство на министерката за енергетика, сепак не треба да се гледа ...
Загриженоста од проширување на војната на Блискиот Исток се зголеми уште повеќе по неодамнешниот напад на Иран врз Израел. Станува збор за ескалација на која со месеци предупредуваат многу земји. Иран е една од регионалните сили на Блискиот Исток. Турција е исто така сила. Раководството во Анкара од 7 октомври, кога Израел го нападна Појасот Газа како одговор на нападот на терористичката организација Хамас е на страната на палестинскиот народ. ...
Државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните. Ова е ставот на Врховниот суд кој утврди начелен став со кој се отвораат вратите за граѓаните да можат да ја тужат државата поради загаден воздух. Тие во иднина ќе можат да покренат постапка пред Управен суд, поради енормно загадениот воздух. Според податоците на Институтот за јавно здравје, во земјата секоја година ...
Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, во тв – интервју ги потврди неформалните информации дека неговата партија го напушта Европскиот фронт. Со тоа таа коалиција ќе има едно пратеничко место помалку, односно 17. За некои потегот е изненадување, за други очекуван, со оглед на вербалните и разни политички салта на Тачи во изминатиот период. За илустрација - во 2020 година Мендух Тачи имаше два услови за учество во Владата на ...
Питката вода од чешма станува луксуз во неколку градови во Северна Македонија.Обилните дождови, недоволната грижа за одржување на водоводната мрежа и филтер станиците ја заматија водата со манган и со „политика“. Додека надлежните се препукнуваат зошто нема безбедна вода за пиење и кој е виновен, жителите на неколку градови во земјата се снаоѓаат како можат и умеат. Место вода од чешма, веќе две недели во Струмица се „точи“ вода од цистерна и ...
Главната порака од раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ е дека процесот на проширување е се уште жив и ние мора да изнајдеме решение во најкус можен рок, вели министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Орхан Муртезани. Тој на прес-конференција во Владата рече дека Брисел не гледа со голем оптимизам за предлогот за уставни измени со одложено дејство, но не го отфрла целосно. Потенцираше дека веќе се ...
Германските производители на автомобили немаат доволно купувачи. Во првата половина од годината, продажбата на автомобилската индустрија падна за 4,7 отсто - една година претходно таа имаше рекордна продажба. Од почетокот на годинава помалку се купуваат и електрични автомобили. Ситуацијата со Фолксваген предизвикува особено голема врева бидејќи концернот има посебна позиција. Тоа е така дури и само поради неговата огромна големина - Фолксваген е ...
За само десет дена, Блискиот Исток бележи брза ескалација на насилството. Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах беше убиен во воздушен напад, а Израел иницираше копнена инвазија во Либан, додека Иран лансираше речиси 180 балистички ракети кон Израел. Ваквиот пораст на насилството се случува по речиси една година прекугранични престрелки меѓу Израел и Хезболах, која Израел, Германија, САД и неколку други земји ја сметаат за терористичка ...
По уривањето на мостот Карола во главниот град на покраината Саксонија, Дрезден, мали фрагменти од градбата над реката Елба се баран сувенир и вистински продажен хит: првите камчиња со прицврстена плочка практично му биле „грабнати" од рацете, вели Торстен Дае, раководител на локална продавница за подароци и сувенири. „Побарувачката ја надминува понудата", вели Дае, кој моментално се обидува да набави нови залихи од бетонот на паднатиот мост и ...
Гасоводи, интерконектори, нафтоводи, брзи пруги и возови, автостради и паради, езера и хидроцентрали што ќе се градат на големата европска и балканска раскрсница се старо новите капитални и историски грандиозни потфати и на старо - новата власт. Добредојдовте во земјата на чудата, кој ќе преживее и доживее, ќе се вози. Ние што веќе се изнавозивме на панорамското тркало над Вардар и на политичкиот рингишпил нема да бидеме тука на свеченото ...
Нобеловите награди се доделуваат од 1901 година на луѓе и организации кои, според жирито, дале исклучителен придонес за напредокот на човештвото. Имињата на овогодинешните победници започнаа да се објавуваат од понеделникот (07.10.2024), а ние ви пренесуваме преглед на неколку интересни и необични факти за овие престижни награди: Најмладите и најстарите добитници Во 2014 година пакистанската активистка Малала Јусафзаи стана најмладата добитничка ...
Според организаторите, оваа година на Октоберфест во Минхен се забавувале 6,7 милиони луѓе. Рекордот не е соборен, бидејќи лани фестивалот го посетија 7,2 милиони луѓе - што е логично затоа што тогаш оваа национална прослава траеше два дена подолго од вообичаено. „Ова беше многу мирен и релаксиран Октоберфест“, рече шефот на организацискиот комитет Клеменс Баумгертнер од баварската Христијанско-социјална унија. Поради неодамнешниот терористички ...
Вкупно 6,4 милијарди долари ќе и требаат на Северна Македонија во следната деценија за зајакнување на отпорноста кон климатските промени, за ефикасна заштита на луѓето и имотот. Секој долар од овие инвестиции сега, ќе испорача два до десет пати повеќе поврат во иднина заради избегнати загуби и економски придобивки, покажува Извештајот за климатски промени и развој на земјата (CCDR). Македонија може да стане земја со нето нулта емисии ако ...
„На 7 октомври се разбудивме од звукот на ракети. Звучеше страшно, ситуацијата беше страшна и почнавме да гледаме вести и така дознавме што се случува“, раскажува Варда Јунис за ДВ преку СМС порака од северниот дел на Газа. „Од тој ден се појави најдлабокиот страв и никогаш не исчезна“, вели Јунис. По минатогодишните напади од Хамас врз јужен Израел, за жителите на Појасот Газа сѐ е променето. До тој момент Израел и Египет строго ги контролираа ...
Северна Македонија и Србија ги разгледуваат можностите за забрзано енергетското поврзување и осамостојување на двете земји. За Скопје и за Белград од особено значење е изградбата на гасниот интерконектор којшто ќе ги поврзува во иднина двете земји. „Географската положба на Македонија е многу значајна и сакаме да биде патна, енергетска и железничка крстосница“, порача премиерот Христијан Мицкоски. Тој на прес-конференција во Скопје со српскиот ...
Неколку дена по колапсот на пирамидалната инвестициска шема „Конти“, во чија мрежа беше обелоденето дека биле заплеткани и оштетени околу 14 илјади граѓани, владее неизвесност и молк каков расплет ќе има случајот. Стотици граѓани од Кавадарци, Радовиш, Велес и други градови останале со куси ракави откако се „навлекле“ на ветувањата за високи приноси и лесно збогатување. Но, место лесни пари заглавиле во долгови и нереални ветувања. Оштетените ...
Во израелскиот финансиски и културен центар Тел Авив, голем број од облакодерите се обвиени со израелски знамиња и до нив испишани два хебрејски збора „Beyachad Nenatze'ach“, или во превод „Заедно ќе победиме“. Но, доколку се фрли повнимателен поглед на улиците на градот се отвора сосема поинаква слика. Од една страна има плакати од семејствата на заложниците во Газа, кои повикуваат на постигнување договор за нивно враќање дома, макар и по цена ...
Сакам да потенцирам дека преку разни институционални канали ќе се обратам и ќе работам со Европската комисија и со нашите партнери за изнаоѓање на решение, кое ќе биде достоинствено и согласно со националните интереси, а диктати, да биде јасно - не прифаќам! Оваа е пораката што ја испрати премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски околу барањето решенија за деблокада на македонскиот интеграциски пат, искажана при неговото вчерашно ...
Откако Саудиска Арабија ги замрзна преговорите за нормализирање на односите со Израел по 7 октомври, тој потенцијален договор стана дел од мировните преговори меѓу Израел и Хамас. Во меѓувреме, 7 октомври повторно ја разгоре пропалестинската солидарност во оваа земја, вели за ДВ Себастијан Зонс од германскиот институт КАРПО. Сепак, политички и економски гледано, војната меѓу Израел и Хамас повеќе се доживува како директна закана за амбициозната ...
Влегуваме во година на пролонгирана нестабилност и високи политички тензии. Светските случувања, особено конфликтот на Блискиот исток, заедно со тековната војна во Украина, ќе го направат светот нестабилно место во следниот период, најмалку една година. На ова треба да се додаде фактот дека меѓународната заедница, но особено САД, кои се движечка сила во демократскиот напредок, се соочуваат со повеќе паралелни кризни точки, што ја форсира нивната ...
Имаше една многу интересна епизода на годинашнава конференција на британските конзервативци, каде четворицата кандидати за наследник на престолот на ториевците се претставија во некаков „натпревар по убавина“. Таа епизода, всушност, јавно го покажа духот на Маргарет Тачер, кој продолжува да ги прогонува конзервативците. Во Бирмингем, каде што се одржуваше конференцијата, имаше сеанса за Маргарет Тачер; настан наречен „Што би направила Меги?“ ...
Флоријан Вагнер сонува да биде финансиски независен. Тој е дел од растечкото движење на супер-штедачите, односно „фругалисти“ (frugalis - штедливост на латински). Вагнер има 37 години и моментално заштедува 4.500 евра месечно од неговиот нето приход од 6.000 евра. Пред неколку години дознал за трендот на „штедливост“, па ги преиспитал месечните трошоци и почнал да штеди: „До работа се возам со велосипед, а не со метро. Навечер готвам за себе и ...
Израелската авијација, според локални безбедносни извори, во текот на изминатата ноќ гаѓала цели длабоко во внатрешноста на Либан. Притоа, дрон погодил стан во палестински бегалски камп во близина на пристанишниот град Триполи. Ова е прв напад од ваков вид во областа откако Израел ја започна својата офанзива пред повеќе од две недели, јавуваат новинските агенции. Според терористичката организација Хамас, во нападот е убиен водач на нејзиното ...