Американската музичарка Тејлор Свифт ја поддржа демократската потпретседателка Камала Харис доцна во вторникот по телевизиската претседателска дебата меѓу Харис и републиканскиот поранешен претседател Доналд Трамп. Во објава на Инстаграм, Свифт рече дека ќе гласа за потпретседателката на САД, на изборите во САД на 5 ноември, за кои анкетите покажуваат дека ќе бидат многу неизвесни. Објавата на Тејлор Свифт вклучуваше слика на пејачката со мачка, ...

Размената на вербални удари беше исклучително, околу 90 минути напади од двете страни, без јасен победник. Доналд Трамп беше уште поагресивен и често изгледаше целосно лут: тој ја нарече Камала Харис радикална левичарка и марксистка, а како потпретседател ја обвини дека е делумно одговорна за инфлацијата во изминатите неколку години и за милиони илегални мигранти. Дури и ако таа сега се обидува да се дистанцира од претседателот Џо Бајден, Харис ...

Дали само како партиска реклама или искрено, шефот на Владата Христијан Мицкоски одлучи на денот кога Македонија наполни 33 години независност, да им понуди на партиите платформа за единство преточена во 10 принципи. Но, платформата како што дојде, така и помина. Со кревање на рамениците во партиските штабови, со малку врева во СДСМ и генерално со голема доза на игнорантство од крупните политички риби. Во нормални околности таков премиерски ...

Додека премиерот Христијан Мицкоски ги соопштуваше 10-тте принципи во својот говор по повод Денот на независноста, на друга страна министерот за јавна администрација Горан Минчев обзнани дека балансерот, за кој новата власт од првиот ден најавуваше дека ќе го укине и ќе го замени со ново посовремено решение, сепак останува. Дали привремено или трајно, тоа не можеше да се прочита од неговиот одговор. „Сè додека нема друго законско решение, во ...

Национална образовна стратегија, донесена со општ консензус, која ќе ги вклучи сите чинители во образовниот и научниот процес и ќе има за цел да го подобри квалитетот на образованието во државата - беше изборното ветување на ВМРО-ДПМНЕ. Од министерката за образование Весна Јаневска, побаравме одговори за резултатите од тековната Стратегија 2018-2025, за најавената потреба од нова и кои се промените што таа треба да ги донесе. ДВ: Најавивте дека ...

Сојузот на германските градови и општини се залага за зголемување на бројот на депортации. По неодамнешниот терористички напад со нож во Солинген (со три жртви) и жестоката дебата за миграцијата, правилно е да се засилат напорите за враќање на оние луѓе кои немаат право да останат во Германија во нивните земји на потекло, рече Андре Бергегер, директор на Сојузот на германски градови и општини. Со цел да се забрза тој процес, сојузните власти ...

Осум години по откривањето на случајот со велешките про-Трамп спамери, македонската „фабрика“ за производство и продажба на американски патриотизам и понатаму е активна. И покрај тоа што Фејсбук изминативе години во повеќе наврати бришеше и блокираше страници за коишто беше утврдено дека шират лажни вести, Македонија и понатаму е на врвот на листата на земји кадешто се креираат страниците коишто го „билдаат“ американскиот партиотизам. Угледниот ...

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер донесе одлука привремено да ги прошири контролите на сите германски национални граници. Причините за тоа се ограничување на илегалната миграција, но и заштита на внатрешната безбедност од актуелните закани од исламистички тероризам и прекуграничниот криминал, објаснува Фезер. Предвидено е дополнителните контроли да започнат на 16 септември, а ќе траат, првично, шест месеци. Тоа значи дека ...

Со нетрпение ја очекувам ексклузивната телевизиска најава кога премиерот, претседателот на државата , министрите и партискиот пропаганден врв на власта, во раните утрински часови, опашани со кецели и со тавата во раце, ќе вртат палачинки и ќе месат зелник. Таков спектакуларен директен ТВ пренос не смеам да пропуштам. Тоа ќе биде многу позабавно од наездата за големите успеси што владата ги постигнува секоја минута. Само ќе мора малку да ...

„Граѓаните заслужуваат да живеат во држава каде што чесноста и правдата се водечки принципи. Време е да се стави крај на беззаконието и да се изгради држава која ќе ги заштити интересите на своите граѓани". Ова е една од пораките што по повод 8 Септември – Денот на независноста ја упати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Тој додаде и дека „криминалот не смее да биде посилен од Владата" и на ова зло како што рече, му доаѓа крајот. ...

Пратеничката група на Алтернатива за Германија (АфД) во Бундестагот на една вонредна седница пред крајот на парламентарната летна пауза го дефинираше фокусот на својата работа во наредните месеци, во пресрет на следните сојузни избори, кои треба да се одржат на крајот на септември 2025 година. Судејќи според содржината на усвоениот документ во кој се наведени главните позиции на политиката на АфД, членовите на пратеничката група во наредниот ...

„Тешко е да го напуштиш домот. Стравот од заминување во друг град може да биде и поголем од стравот од смртта“, вели Генадиј Јудин од тимот за евакуација „Бел ангел“. Со него и тројца негови колеги возиме низ улиците на Мирноград, рударско место во регионот Доњецк, југозападно од окупираната Авдивка во источна Украина. Руската армија сѐ повеќе се приближува до Мирноград. Линијата на фронтот е на помалку од десет километри од градот, кој сега ...

Мохамад С. седи во шатор во Кан Јунис, вториот по големина град во Појасот Газа, и раскажува како израелски војници го присилиле да учествува во операции против Хамас и други исламистички милитанти во Појасот Газа. Војната меѓу Израел и исламистички организации, кои се класифицирани како терористички организации од Германија, Европската Унија, САД и други земји, тука беснее веќе единаесет месеци. Повод беше до сега невиден терористички напад врз ...

Доналд Трамп се врати и сака контрола, се вели во најновиот рекламен спот на изборната кампања на Камала Харис и Тим Волц. Во него, Демократите ги предупредуваат гласачите за Трамп и неговиот таканаречен „Проект 2025“, радикален план што ќе му даде на Трамп поголема моќ и влијание доколку се врати во Белата куќа. Тој самиот неодамна се огради од тоа за да не ги исплаши и отуѓи своите гласачи. Харис доби 540 милиони долари Ваквите спотови ...

Канцеларот Олаф Шолц не сака да бара гласање за доверба во Бундестагот, ниту сака да иницира предвремени избори на сојузно ниво. Владата има мнозинство да ги извршува задачите кои сега се на дневен ред, вели политичарот на СПД во летното интервју за втората програма на германската телевизија ЗДФ. „Тоа е мала идеја на опозицијата што ја повторуваат на секои три недели“, рече Шолц. Тој оценува дека формирањето влада во Германија во догледна иднина ...

Политиката е чудесна работа. Вчерашната вистина може да биде денешна лага или нешто поумерено. Има безброј случаи и овде и во светот. Да земеме само два од последно време. Сенаторот од Охајо, Џеј Ди Венс п,орано беше нареден во стројот „Никогаш трампист“ исфрлајќи пламени гневови против поранешниот претседател, а сега не само што е дел од најтврдокорното јадро „Засекогаш трампист“, туку стана и дел од билетот на Доналд Трамп, како негов кандидат ...

По покраинските избори во Тирингија и Саксонија, на кои десничарската популистичка и делумно десничарска Алтернатива за Германија (АфД) беше најсилната или втората најсилна партија, италијанскиот весник „Ла Република“ напиша дека Германија е преплавена од неонацистички бран. Францускиот весник „Монд“ оценува дека исходот од изборите е „вознемирувачки“ поради германското националсоцијалистичко минато и нејзината сегашна тежина во Европа. ...

Шефовите на американските и британските разузнавачки агенции, во реткавелика изјава од ваков вид, покрај тоа и заедничка, рекоа дека „континуирано работат“ на прекин на огнот во Газа и дека бараат мир. Директорот на ЦИА Вилијам Брнс и шефот на британската служба за надворешни работи МИ6 Ричард Мур изјавија дека нивните агенции „ги користат нашите разузнавачки канали за силно да поттикнат запирање (на војната) и деескалација“. Во написот за ...

На крајот на јули годинава, 17-годишно момче заедно со неговите двајца браќа (22 и 26 години) нападна и тешко повреди тројца мажи на Кенигштрасе во центарот на Штутгарт. Ова, по големиот пораст на бројот на напади со нож ширум Германија, го поттикна германскиот полициски синдикат да даде предлог кој, според шефот на синдикатот Јохен Копелке, ќе придонесе за намалување на бројот на напади со нож. „Забранетите и опасни ножеви мора итно да се ...

По големите огнени стихии коишто нанесоа огромна штета на македонските шуми, есенва се заканува нова опасност. Дрвокрадците не спијат ниту дење, ниту ноќе, обидувајќи се да извлечат се што е вредно од шумите и да го продадат пред почетокот на зимата. Кубик дрва последниве години почна да вреди како „чисто злато“. Повеќето домаќинства се загреваат се уште на дрва или пелети, што е дополнителен поттик за дрвокрадците и препродавачите за дебела ...

На прв поглед приказната е јасна – на жолтиот песок во Мали, борците со помошниците позираат за победничка фотографија. Веднаш до знамето на сепаратистичката паравојска МЛНА стои жолто-синото украинско знаме. Пораката е дека Украинците учествувале во заседата во која загинаа многу руски платеници и војници во Мали. Претставникот на украинската воена разузнавачка служба ХУР даде изјава која наведува на таквиот заклучок. Владејачката воена хунта ...

По нападот со нож извршен од Сириец во Солинген додека чекал да биде депортиран од Германија, владата во Берлин одлучи да воведе многу поостра миграциска и безбедносна политика. Има многу предлози на маса. Опозициските Демохристијани (ЦДУ/ЦСУ) сметаат дека предложените мерки не се доволни. Тие бараат бегалците да бидат враќани од германските граници и го доведуваат во прашање правото на политички азил. Постојани гранични контроли Таа дебата е во ...

Со изградба на гасен интерконектор меѓу Северна Македонија и Србија, што треба да следи по гасното поврзување на земјата со Грција, Македонија ќе го заземе централното место во делот на снабдување со гас на Централна Европа. Ова е пораката што стигна од Белград по вчерашните разговори на вицепремиерите и министри за транспорт, и за односи меѓу заедниците, Александар Николоски и Иван Стоиљковиќ, со српската министерка за рударство и енергетика, ...

Германските истражни органи веруваат дека пукањето во близина на израелскиот конзулат во Минхен е обид за терористички напад од страна на убиениот. Според досегашните сознанија, цел на нападот била дипломатската институција на Израел, соопшти Јавното обвинителство во Минхен. Според податоците од истрагата, напаѓачот дошол од Австрија и на тамошните власти им бил познат како осомничен исламист. Министерството за внатрешни работи во Виена ги ...

Мишел Барние (73) стана меѓународно познат како главен преговарач на Европската унија (ЕУ) во долгогодишната тешка борба со Велика Британија во процесот на нејзиното излегување од Унијата. Конзервативниот политичар беше одговорен за Брегзит од 2016 година. Во навидум бескрајните преговори со премиерката Тереза Меј и премиерот Борис Џонсон до 2021 година, тој се обиде да ја ограничи штетата на Европејците најдобро што можеше. Високиот, секогаш ...

Билатералните односи, регионалните и глобалните случувања и заложбите за зголемен обем на трговија, ќе бидат дел од клучните теми за кои ќе се разговара при денешната официјалната посета на турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, на Северна Македонија. Министерот Фидан ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, со претседателот на Собранието Африм Гаши, со неговиот колега Тимчо Муцунски, со турските пратеници во македонскиот ...

Тоа беше настан по вкус на канцеларот. Олаф Шолц оваа недела ја посети касарната на Бундесверот со првата оружена единица ИРИС-Т (IRIS-T). Тоа е системот за воздушна одбрана од Германија кој долго време ги штити градовите и луѓето во Украина од руските напади. Пораката на политичарот од СПД: Модернизација на Бундесверот и помош за нападнатата земја - и двете нешта е можно да одат заедно. „Германската поддршка за Украина не попушта“, изјави Шолц. ...

Една позната и саркастична изјава на Бертолд Брехт во врска со Источна Германија гласеше: „Ако народот не се согласува со Централниот Комитет, тогаш треба да се смени народот“. На покраинските избори во Тирингија и донекаде во Саксонија се случи нешто што потсетува токму на зборовите на познатиот драматург, нешто што ќе има огромни последици врз Германија, врз Европската Унија, а следствено и врз самиот Балкан. Од една страна, затоа што за ...

Одмор? Многу луѓе веднаш помислуваат на планинарење или на плажа. Барем во Европа. Овој тип на рекреација е релативно непознат во Авганистан. Па така, кога барателите на азил патуваат дома во Авганистан, тие не зборуваат за одење на одмор. Но, зошто воопшто одат? Нели конечно побегнале од Авганистан и бараат заштита во Германија? Дали безбедносната ситуација таму е сепак подобра отколку што се претставува? Не е толку лесно да се поставуваат овие ...

Не помина ни една недела од нападот на Хамас кога Аналена Бербок прв пат допатува на југот на Израел во градот Нетивот, само неколку километри оддалечен од Појасот Газа. „Безбедноста на Израел за нас е државен резон. Германија цврсто стои на страната на Израел. Израел може да смета на нашата целосна солидарност и полна поддршка каде и да е, или биде потребно“, го појасни таа тогаш ставот на германската дипломатија. Германската поддршка: експорт ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
29%
1022
weather icon

Белград

29ᴼ / 29ᴼ
2.24
41%
1024
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
2.06
40%
1021
weather icon

Софија

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
35%
1026
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.56
29%
1023
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
1.54
62%
1021
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
8.23
38%
1020
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
33%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
29%
1021
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
1.54
40%
1024
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
2.06
41%
1024
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
38%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941