
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Турција одлучи официјално да аплицира за приклучување кон БРИКС, група на земји во забрзан развој, првично составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка - но во која во голема мера доминираат Москва и Пекинг. Омер Челик, портпарол на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, потврди дека Анкара го поднела барањето и рече дека барањето сега „е на чекање". „Нашиот претседател веќе ...
По повеќенеделни политички превирања, претседателката на Европската комисија ги објави имињата на комесарите кои ќе ги предводат 27-те ресори. Литванецот Андриус Кубилиус ќе биде прв комесар на ЕУ за одбрана. Новата улога е дизајнирана да ги зајакне европските одбранбени капацитети поради руската агресија врз Украина. Шпанската министерка за енергетика и животна средина Тереза Рибера ќе биде нов антимонополски комесар, задолжена и за „чиста, ...
Вооружениот осомничен напаѓач очигледно останал во грмушките на голф-клубот на Трамп речиси дванаесет часа. Барем така докажуваат податоците за локацијата од неговиот мобилен телефон, кои ФБИ во меѓувреме ги провери. Дури во неделата попладне телохранителите на Трамп го забележале него и цевката од неговото оружје. Еден од агентите на Тајната служба го забележал вооружениот маж додека вршел проверка на околината и веднаш пукал во него, изјави ...
По неколкумесечно затишје, во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија повторно изби криза. Средбата Сиљановска – Радев во Софија, која требаше да биде ново поглавје во македонско-бугарските односи, се претвори во фијаско откако двајцата претседатели направија протоколарна фото-сесија на која отсуствуваше македонското државно знаме. Случајот прерасна во дипломатски скандал, а македонското МНР најави дека денеска (понеделник 16.09.2024) ќе го ...
Оваа година се случија веќе неколку екстремни поплави во Европа. Но, ниту една од нив досега не предизвика толку масивно уништување како сегашниот циклон „Борис“, што одговара на таканаречената временска ситуација пет-б. Во оваа констелација, подрачјата со низок воздушен притисок првично се движат по јужниот раб на Алпите и ја апсорбираат влагата од Медитеранот, кој моментално е потопол од просекот. Како што напредува, подрачјето со низок ...
Естонецот Јан Росе на сајла го помина турскиот Босфорски теснец, кој ја дели Европа од Азија. Авантуристот е првиот човек кој ја совлада оваа пречка меѓу два континента користејќи слеклајн. Росе во неделата помина 1.074 метри на слеклајн. Спортистот балансираше на височини до 165 метри 47 минути. Босфорот минува низ градот Истанбул. Росе е трикратен светски шампион во слеклајн. Има и бројни светски рекорди. Неодамна тој беше првиот кој пеш го ...
За неколку дена пензионерите ќе добијат за 2.500 денари поголеми пензии. Линеарното покачување на пензиите, што значи на сите подеднакво, напуштен популистички метод уште од времето на еднопартискиот систем, во Македонија го обнови владата на Никола Груевски. Неговите следбеници во ВМРО ДПМНЕ сега повторно го воведоа овој неправеден начин како пропагандна предизборна кампања. Се фалат на цел глас дека владата е таа која води грижа за ...
Сириските криминалци да бидат депортирани во татковината - да или не? Дебатата за ова повторно се разгоре во Германија по веројатно џихадистичкиот напад со нож од човек со сириско потекло во западногерманскиот град Солинген и триумфот на делумно десничарско екстремистичката Алтернатива за Германија (АфД) на изборите во источните германски покраини Саксонија и Тирингија - особено, но не само во однос на барателите на азил кои извршиле кривични ...
Замислено е да функционира како за време на Европското фудбалско првенство летово - сојузната полиција ги контролира сите германски копнени граници, не само премините кон Швајцарија, Австрија, Чешка и Полска како што беше долго време, туку и границите кон Данска, Холандија, Белгија, Луксембург и Франција. Секој што сака да влезе во Германија од овие земји мора да биде подготвен на барање на полицијата да си ги покаже документите. Службениците ги ...
Два месеци по обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, безбедносните сили очигледно спречија уште еден обид за напад врз Републиканецот. Според наводи од Тајната служба, телохранителите на екс-претседателот отвориле оган врз вооружен маж кој се криел во грмушките на маргините од теренот за голф на Трамп во Флорида. Трамп не е повреден. Федералната полиција ФБИ поаѓа од обид за атентат врз поранешниот претседател, ...
Ситуацијата и понатаму е тензична во соседните земји на Германија - Австрија, Полска и Чешка, кои се погодени од поплави. Поројниот дожд поплави цели области во овие земји за време на викендот, а најмалку осум лица загинаа во поплавите до неделата вечерта. Уште четири лица се водат како исчезнати во Чешка. Илјадници луѓе мораа да бидат евакуирани, стотици илјади останаа без струја, а патиштата и железничките линии мораа да бидат затворени. Брани ...
Најголемото планетарно политичко шоу – дебатата меѓу Доналд Трамп и Камала Харис – заврши, но дебатите за таа дебата не прекинуваат. Во Македонија, прикриено или отворено можеше да се забележи кон која страна се наклонети медиумите. Оние со продесничарска (а и провладина) политичка ориентација се обидуваа да извлечат интересни факти кои би му оделе во прилог на Трамп (и покрај забелешките дека Харис ја добила дебатата); оние полибералните ...
Од овој понеделник па натаму, германската сојузна полиција најмалку идните шест месеци ќе ги проверува пристигнувањата не само на источната и јужната копнена граница, туку и на германската граница на север и запад. Новата регулатива влијае на граничните премини со Данска, Холандија, Белгија, Луксембург и Франција. Бидејќи Германија се наоѓа во средината на „Шенген зоната“, дополнителните контроли би можеле да доведат до попречување на движењето ...
На 13-годишната Лина од Копенхаген, будилникот веќе една година ѝ ѕвони значително подоцна. Оваа седмоодделенка веќе не мора да оди на училиште во 8, туку во 9:15 часот. И не само таа. Повеќето ученици во Тааструп Реалсколе можат да поспијат до подоцна кога сите останати се веќе на пат за првиот час. За учениците од седмо до деветто одделение во ова училиште наставата почнува подоцна. Лина, како и речиси сите нејзини соученици, е одушевена: ...
Сончев, топол ден доцна во летото, на долниот дел на Дрина. Овде, кај Козлук, на многу места реката достигнува само до колена. Речиси и да може човек да оди од еден до друг брег, само на места длабочината на водата достигнува еден и пол метар. Тројца млади момци тукушто излегуваат од реката, нивните панталони и маички сѐ уште се влажни. „Само што ја препливавме“, вели еден од нив, кој се претставува како Аман Харуел и вели дека има 20 години. ...
Влошувањето на ситуацијата во Косово и цела низа активности на властите во Приштина кои предизвикаа нови тензии, беа причина за ново „специјално обраќање“ на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Со ова Вучиќ се обиде некако да ги запре критиките на опозицијата која цело лето предупредуваше дека српските власти не преземаат ништо за да го спречат прогонот на Србите и српските институции во Косово. Дури се шпекулираше дека на режимските ...
Предупредувањето на Фолксваген минатата недела за кратења на работните места и потенцијално затворање на производствената линија на неговиот домашен пазар, за првпат во 87-годишната историја на групацијата, предизвика шок во земјата. Мрачните облаци за најголемиот германски производител на автомобили, сепак, се формираа веќе неколку години, поради зголемените трошоци за производство, послабата домашна економија по Ковид-19 и интензивната ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска (13.09.2024) ќе биде во посета на Софија, каде ќе присуствува на операта „Набуко“ од Џузепе Верди, во изведба на Националната опера и балет на нашата земја. Во рамки на посетата, Сиљановска Давкова во Софија ќе оствари средба и со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Во македонската делегација ќе биде министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за култура ...
Растечката фрустрација меѓу македонските граѓани за пристапувањето на државата кон ЕУ е разбирлива и Германија мора да стори нешто за да го забрза процесот, вели во разговор за ДВ, д-р Марк Шпајх, државен секретар за федерални и европски прашања на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. „Можете да го почувствувате тој скептицизам или таа растечка фрустрација од процесот на пристапување кон ЕУ. И да бидам искрен, има добра причина за тоа. ...
Во Дрезден е во тек акција на симнување, кршење и транспорт на делот од мостот Карола кој се урна во реката Елба во ноќта кон средата. Специјалните екипи со потребна механизација притоа се под временски притисок: за в недела се предвидува големо покачување на водостојот на Елба поради невремиња, што многукратно ја зголемува опасноста. По уривањето на мостот Карола во Дрезден, експертите укажуваат на лошата состојба на многу слични градби во ...
Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија доживеа потрес откако Владата во Скопје го смени претседателот од страната на Република Северна Македонија и пет други членови, и на нивно место назначи нови членови, но останаа и дел од претходните. Сменети се претседателот Драги Ѓоргиев, и членовите Петар Тодоров, Љупчо Ристески, Огнен Вангелов, Исамедин Азизи и Љубица Спасковска. Старо-новата Комисија ...
Во Појасот Газа започна новата учебна година, но за нормален почеток не може да стане збор. Лекциите се одвиваат во шатори. Предизвик за учениците и за наставници - како Басма Абдул Маџид Фарес Ал-Гара. Таа е млада професорка по математика која порано работела во градот Газа. Сега таа се наоѓа во таканаречената хуманитарна зона во југозападниот дел од Појасот Газа. „Најтешки се временските услови“, вели таа. „Толку е жешко во шаторот што не ...
На повисоките места на баварските Алпи падна првиот снег. Снежната покривка е најголема на највисокиот планински врв на Германија - Цугшпице. Со оглед на летните температури до пред само неколку дена луѓето и животните треба да се навикнат на „впечатливата промена на времето“. А речиси и да нема никакво подобрување на повидок. Напротив, во Германија, според метеоролозите на викендот постои ризик од поголеми количества врнежи на дожд и снег на ...
Се наближува крајот на првите сто дена од Владата на Христијан Мицкоски и сите попратни институционално-кадровски трансформации се направени, новите политички насоки се ставени во погон и се донекаде видливи, дотаму што премиерот по повод Денот на независноста на македонската држава, ја истакна и својата идеолошка платформа од 10 принципи за промена на македонското општество и политика. Велам идеолошка, иако станува збор за практични проблеми и ...
Во раните утрински часови во неделата, 8 септември, два романски борбени авиони Ф-16 полетаа од воздухопловната база во Борчеа, град во близина на украинската граница. Жителите на регионот беа предупредени преку текстуални пораки. Итната мерка беше активирана откако романскиот радарски систем забележа руско беспилотно летало кое навлегува во воздушниот простор на Романија. Дронот, наводно, лебдел таму повеќе од 30 минути и на крајот се упатил ...
Во кабинетот на канцеларот Олаф Шолц владее мислењето дека е дојдено времето за поинтензивни дипломатски напори за ставање крај на војната во Украина. Во интервју за германска телевизија ЗДФ емитувано на 8-ми септември, канцеларот Олаф Шолц смета дека „ова е моментот кога исто така треба да разговараме за тоа како може од оваа воена ситуација да дојдеме до мир побрзо отколку што се чини во моментов“. Социјалдемократот не даде никакви конкретни ...
Германија од понеделник (16 септември, 2024) ќе ги контролира сите граници за да пронаоѓа мигранти и баратели на азил кои илегално влегуваат во земјата. Ова е дел од „најголемиот пресврт“ во политиката за азил, како што повтори канцеларот Олаф Шолц во средата во Бундестагот. Сепак, нема да има директно враќање на барателите на азил во Австрија, Полска или Франција. Тоа го бараше најголемата опозициска пратеничка група- ЦДУ/ЦСУ. Според сојузната ...
Снимени пред триесетина години, но актуелни и денес, британските хумористични серии „Да, Министре/Премиере” и „Само глупаци и коњи (работат)” се можеби најдобрите политички образовни телевизиски дела за политиката и општеството. Не велам јас, туку современиците, како лидерот на Лабуристите Нил Кинок кој ценеше дека „Да Министре" е „многу блиску до вистината”, додека пак самата Меги Тачер ќе изјави „серијата е јасен одраз на тоа што се случува ...
Компанија во американската сојузна држава Тенеси од минатата недела е во фокусот на американските истражни органи. Таа наводно добила десет милиони долари од руската државна телевизија „Раша тудеј“ (РТ) за да „продуцира и споделува содржина со прикриени вести на руската влада“ за американската публика. Со тие пари наводно е произведена видео содржина со која во пресрет на изборите во САД, кои се одржуваат во ноември, првенствено се шират ...
Германската влада и партиите на опозициската Унија (ЦДУ/ЦСУ) не најдоа заеднички именител на втората миграциска средба во сојузното МВР. За време на дискусијата, на која присуствуваа и претставници на државата, сојузната министерка за внатрешни работи Ненси Фезер (СПД) предложи модел според кој треба да се забрза таканаречената Даблинска процедура. Според плановите на Владата, уште на граница треба да се провери дали за некој барател на азил е ...