
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Кој коридор ќе добие приоритет во РСМ и во Западен Балкан, кој ќе биде ставен на чекање, и дали натпреварот на таа тема може да инспирира изградба на конкурентни алтернативи? Темата е актуелна во последните месеци, а премиерот Христијан Мицкоски се осврнал на неа и на вчерашниот десетти самит на Берлинскиот процес. „Многу јасно ги презентирав и приоритетите на Владата, во делот и на економијата, во делот на нашата амбиција да бидеме раскрсница ...
„Вметнувањето на бугарското малцинство во вашиот Устав е последниот чекор за отворање на првиот преговарачки кластер со ЕУ“, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по средбата со македонскиот колега Тимчо Муцунски во Берлин. Средбата доаѓа еден ден по самитот на Берлинскиот процес кој се одржа во главниот град на Германија, на кој лидерите на земјите од Западниот Балкан се согласија на неколку договори кои треба да ја ...
Германските разузнавачки служби предупредуваат на зголемување на руските активности во Германија, беше речено вчера (14.10) на јавната расправа на Парламентарната контролна комисија на Бундестагот. „Ги набљудуваме агресивните дејствија на руските разузнавачки служби. Конкретно, руската шпионажа и саботажа во Германија се зголемуваат, и по квалитет и по квантитет“, истакна Томас Халденванг, претседател на Сојузната служба за заштита на уставот, ...
На десеттата годишнина од почетокот на Берлинскиот процес, германскиот канцелар Олаф Шолц очекува земјите од Западниот Балкан да го забрзаат својот пат кон ЕУ. „Се надевам дека нема да бидат потребни уште десет години, додека сите шест земји да станат членки на ЕУ“, изјави Шолц на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по самитот ЕУ- Западен Балкан во Берлин. Во својата изјава по самитот, ...
Премиерот Христијан Мицкоски успешно создава амбиент во државата дека е во големо исчекување за голем пресврт во односите со ЕУ, со својата политика на исправена кичма, без коленичење и понизност. Силно ветување од предизборната кампања која донесе многу гласови. Неправдата која ѝ се прави на Македонија му е најголемиот аргумент иако добро знае дека тоа во политиката на интереси не значи ништо. Лелекот и „плачењето“ за големата неправда што ни ...
Околу три недели по почетокот на израелските воздушни напади врз цели во Либан, сѐ повеќе граѓани сами организираат хуманитарна помош. „Се приклучив на локалната иницијатива и делиме донации во различни засолништа и училишта“, изјави Рајан Чаја за ДВ. Овој 27-годишен машински инженер во Алеј, на 20 километри југоисточно од Бејрут, создал бази на податоци за места каде што може да се престојува и да јаде бесплатно. Тој обезбедил и инвалидска ...
Во лето - сообраќајот, а во текот на зимата - согорувањето на дрвата се најголемите загадувачи на воздухот во Северна Македонија. Ова го покажува истражувањето за загадувањето на воздухот во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга, коешто ги идентификуваше главните извори на загадувањето. „Идентификувавме шест главни фактори, а тоа се согорувањето на биомаса или дрва, минералната прашина, којашто е поврзана со ...
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денешните разговори во рамки на иницијативата Берлински процес ги смета за клучни за подготовка на писмото со кое тој наскоро ќе се обрати до институциите на ЕУ, со барање за достоинствено решение без диктат на евроинтегративниот пат на РСМ. Мицкоски е во Берлин од вчера, а во пресрет на денешниот самит синоќа (13.10) оствари средба со македонската дијаспора. „Разговаравме за врските со нашата татковина, ...
Една година по победата на парламентарните избори, полскиот либерален премиер Доналд Туск ја отвори трката за претседателската функција. Тој се потпира на рестриктивната миграциска политика како универзален лек. Агитацијата против бегалците, кои наводно шират заразни болести, а се всушност маскирани терористи и силувачи, досега беше белег на полските национални конзервативци околу Јарослав Качински. Вештото дејствување против странците од Африка ...
Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска од првиот момент кога дознал дека девојчето е исчезнато повторувал дека таа е киднапирана. Ова го изјави во судот мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, која што сведочеше за сите околности околу исчезнувањето на нејзината ќерка, потрагата по неа, односите во семејството и мотивите за немилиот настан. „Вања е киднапирана, нема што друго да биде“, повторувал таткото на Вања, според сведочењето на мајката која ...
Во текст објавен во весникот „Берлинер цајтунг“ (БЗ), по повод десетгодишнината од Берлинскиот процес, која се одбележува денеска (14.10) на самитот во Берлин, Александар Ротерт се обидува да најде одговори на прашањето: Како да постигне успешна деескалација на Западен Балкан? Но, пред 10-годишнината од Берлинскиот процес, како што се наведува, имаше бројни настани кои можат да влијаат на натамошниот тек на оваа иницијатива. За значителното ...
Македонската сивка е една од најзагрозените видови пеперутки во Европа. Може да се најде само на едно место во целиот свет: ридовите околу селото Плетвар во Северна Македонија. Нејзиното живеалиште не е повеќе од околу 1,5 квадратни километри и се состои главно од карпи и одредени видови трева од кои сивката се храни додека е гасеница. Македонската сивка, позната и под името Чингова окатка, е запрашувач, таа носи полен од едно во друго растение. ...
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, остро го предупреди Израел од натамошни напади врз трупите на ОН во Либан. Персоналот и позициите на трупите на УНИФИЛ никогаш не треба да бидат целно нападнати, ги пренесе зборовите на Гутереш неговиот портпарол: „Нападите врз мировниците го прекршуваат меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право. Тие можат да претставуваат воено злосторство“. Набљудувачката мисија на ОН, ...
Александра Томаниќ е директорка на Европскиот фонд за Балканот, регионална иницијатива со седиште во српскиот главен град Белград. Доколку планира настан во соседна Босна и Херцеговина, треба добро да размисли дали може да покани и учесници од Косово. За Косовците, доаѓањето таму е незгодно и одзема многу време. Прво мора да се патува во Скопје за да се добие виза за Босна и Херцеговина. Истото важи и за Босанците кои сакаат да патуваат во ...
Ситуацијата е лоша, изгледите мрачни. Весникот „Зиддојче цајтунг“ минатиот викенд објави дека сојузното германско Министерство за економија очекува уште една година на рецесија. Германската економија во 2024 година ќе се намали за 0,2 отсто, иако Берлин претходно очекуваше благ раст од 0,3%. Во септември и институтот Ифо од Минхен се огласи со лоши вести за индексот за деловната клима. „Германската економија сѐ повеќе е под притисок“, вели ...
Во Словачка, министерката за здравство Зузана Долинкова поднесе оставка. Таа припаѓа на партијата Гласот на претседателот, умерена сила во популистичката левичарско-десничарска влада на премиерот Роберт Фицо. Нејзината оставка дојде по само единаесет месеци на функцијата. Таа ја оправда со разликите во ставовите за буџетот кој предвидува длабоки кратења во здравствениот систем. Одлучувачки фактор можеби беше извештајот презентиран пред една ...
Могила на непобедените, споменикот на Кузман Јосифовски - Питу, Спомен костурницата во Куманово, Партизанските гробишта во Скопје, споменикот „Ослободители на Скопје“ пред Владата, се дел од спомениците пред кои владини делагации денеска ќе положат цвеќе по повод Денoт на народното востание 11-ти Октомври. За што се борела славната антифашистичка генерација, за што се бори земјата денес и каде сака да биде утре, се тридецениска тема, која и ...
Реформските агенди на Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово се одобрени во рамки на новиот Инструмент за реформи и раст во износ 6 милијарди евра, познат како План за раст на Западен Балкан, објави на мрежата „Х'“ унгарското претседателство со ЕУ. „Ова го трасира патот пре-финансирањето да започне за време на унгарското претседателство со Унијата. Поддршката на интеграцијата на Западен Балкан останува клучен приоритет на ...
Во регионот Чернихив се погребува паднат војник. Имал само 20 години. Убиен е на околу 700 километри источно, во украински Донбас. Тој е еден од многуте кои секојдневно гинат во руската агресивна војна. Украинската армија упорно се обидува да ги задржи линиите. Многу војници се на фронтот речиси без престан повеќе од две години. Страв од неспособност за делување поради преоптовареност Олех се бори дури цели десет години. „Јас и моите другари ...
Требаше да биде нормална презентација на програмата на унгарското претседателство пред Европарламентот во Стразбур, но интервенцијата на Орбан се претвори во вистинско шоу, поточно во процес против Виктор Орбан. Процес од страна на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, па потоа и речиси сите парламентарни групи, почнувајќи од ЕПП. Атмосферата во Стразбур се вжешти кога Орбан ја обвини Европската Унија дека води лоша политика во однос на ...
По гранатирањето на седиштето на мисијата на ОН, УНИФИЛ, во Либан, расте загриженоста за безбедноста на мировниците во регионот. „Безбедноста и заштитата на мировниците сега сѐ повеќе се загрозени“, изјави шефот на мировните мисии на ОН, Жан-Пјер Лакроа во Советот за безбедност на ОН во Њујорк. Поголемиот дел од јужен Либан, каде се распоредени трупите УНИФИЛ, „сега е ненаселен и сè понепогоден за живеење“, рече Лакроа. Оперативните активности ...
Посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Белград доаѓа во време на големи геополитички тензии. Токму тие настани се причината поради која Турција, би се рекло по многу активна дипломатска активност на Балканот, имаше некои други надворешнополитички приоритети во изминатите години. Економската криза во самата Турција, војната во Украина, конфликтот на Кавказ и актуелните конфликти на Блискиот Исток, го оттргнаа фокусот на Турција ...
Шокантана одлука, тежок удар врз Уставот и врз мултиетничката стабилност... Ова беа само дел од критиките на ДУИ искажани на синоќешната вонредна прес-конфернција, по одлуката на Уставниот суд за укинување на т.н. „балансер“, алатка за вработување според етничка припадност во државните институции. „Оваа одлука е тежок удар врз Уставот, врз Охридскиот мировен договор и врз мултиетничката стабилност на нашата држава, бидејќи институциите досега го ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обрати на свечената академија, што под нејзино покровителство ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност. На 11 октомври 1941 година Првиот прилепски партизански одред го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, ...
Според истражувањето на американскиот новинар Боб Вудворд, поранешниот американски претседател Доналд Трамп разговарал и по седум пати со рускиот претседател Владимир Путин, откако се исели од Белата куќа на почетокот на 2021 година. Дополнително, како што тврди Вудворд, Трамп како американски претседател лично му испратил на Путин тестови за ковид на почетокот на ковид-пандемијата, во време кога немало доволно од тие тестови во САД. ...
Политичката нестабилност во Бугарија има директни негативни последици врз имплементацијата на правата на малцинствата во земјата. И покрај одредени чекори коишто ги презема земјата, не може да се забележи значителен напредок во спроведувањето на препораките за да се обезбеди ефективен пристап до правата на малцинствата содржани во Рамковна конвенција, се наведува во најновиот извештај на Советодавниот комитет на Советот на Европа во однос на ...
Балансерот повеќе го нема, но веќе се подготвува нов закон. Со него, според министерот за здравство Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“, ќе се предвиди не само етничката застапеност, туку и застапеност на сите категории на луѓе што живеат во државата. Коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд, кој во средата (09.10) го укина балансерот - како алатка за вработување по етничка основа во државните институции, Таравари вели дека бидејќи етничката ...
Третиот самит на лидерите од Украина и Југоисточна Европа во Дубровник го донесе украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и челниците од регионот кои дадоа поддршка за Украина. За финалниот документ се преговараше, се бараа услови кои ќе обезбедат потпис од сите лидери, а најгласен меѓу нив беше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој побара документот да не содржи ништо поврзано со санкции против Русија. На крајот, тоа ...
Уште пред говорот, некои европарламентарци го демонстрираа своето мислење за унгарскиот премиер Виктор Орбан. Партиските лидери и неколку пратеници од Социјалдемократите, од либералната пратеничка група Обнова, пратеничката група на Левица и на Зелените во Стразбур држеа натписи со слоганот „демократи наместо автократи“. Во самата пленарна сала нештата првично одеа по ред. Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја претстави програмата на неговото ...
Производи со намалена грамажа или намален квалитет се триковите со кои стигнува одговор на владината одлука за ограничување на маржата, со која требаше да бидат намалени цените на определен број производи. Појавата не е ендемска, само во РСМ, со неа се соочуваат многу земји, но бараат и начини како да се стави крај на таа нефер практика. Она со што се соочуваат купувачите во РСМ е класичен пример на шринкфлација (shrinkflation). Тоа е кованица ...