
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Постојаните војни, сè подраматичното влијание на климатските промени и растечката политичка поларизација се само дел од грижите што ги мачат младите луѓе во Германија, покажува најново истражување. Со наслов „Прагматизам помеѓу разочарувањето и прифаќањето на различноста“, студијата за млади на Шел од 2024 година анкетираше 2.509 адолесценти на возраст меѓу 12 и 25 години. Темите беа политика, општество и животна средина. Авторите на студијата, ...
„Би сакалa да ги повикам моите колеги од Република Северна Македонија да ги читаат со поголемо разбирање европските вредности, бидејќи тогаш, кога ќе започнат вистинските преговори за пристапување во ЕУ, има едно основно, прво поглавје, а тоа се нарекува 'Основни права'. Тие основни права минуваат низ целиот преговарачки процес и ако има барем една држава, која смета дека не се почитуваат човековите права, особено тие на претставниците на ...
Владата тактизира со писмото коешто го најави дека ќе се испрати до ЕУ со предлози како да се одблокира процесот на евроинтеграциите. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека уште се прават анализи и дека избрзани чекори би можеле да бидат лош потег. Тој замоли за малку трпение, за да „можеме со ладна глава да отспиеме и да донесеме вистинска одлука“. „Сѐ е во оптек. Патувам викендов во Австрија, ќе бидам дел од еден настан во Салцбург, потоа ќе ...
Европскиот совет успеа да се подели уште пред почетокот на Самитот во Брисел, каде клучна беше дебатата за политиката за азил и миграција. Поделбата конкретно беше предизвикана од контроверзниот договор помеѓу Италија и Албанија за аутсорсинг на сместувањето на барателите на азил во земја која не е членка на ЕУ, или поточно од фактот што Италија деновиве го отвори својот екстратериторијален камп за процедури за азил во Албанија. Нервозата и ...
Шефовите на држави и влади одржаа „стратешка дебата“ за миграциската политика. Така се вели во завршната декларација на самитот во Брисел објавена вечерта. Дебатата за заострување на политиките за азил и депортација траеше многу часови, а ништо конкретно не беше решено. „Европскиот совет повторно ќе го разгледа прашањето“, е последната реченица во декларацијата за миграција. Темата всушност треба итно да се реши, изјави сојузниот канцелар на ...
Северна Македонија и Бугарија вчера ја потврдија својата посветеност за продолжување на изградбата на железничкиот Коридор 8, соопшти Генералниот директорат на Европската комисија за соседски прашања и преговори за проширување. Иако исходот од средбата беше оценет како „одличен“, според соопштението на македонското Министерство за транспорт по состанокот, проблем останува трасата во тунелот и високата цена на проектот. Вчерашната средба со ...
Големи количества дожд предизвикаа поплави, евакуации и затворени автопати и железнички линии во делови од Франција. Во Париз, маж загина од паѓање на дрво, а повредени се две деца на возраст од 3 и 5 години, јавуваат француските медиуми. Метеоролошката служба Метео Франс издаде највисоко ниво на предупредување - црвено - за шест департмани во јужниот дел на земјата, а портокалово ниво на предупредување е издадено за 34 департмани. Во регионот ...
На американскиот претседател Џо Бајден му преостануваат само уште неколку месеци на функцијата, па дојдено е времето за проштална турнеја. Откако мораше да ја одложи посетата поради ураганот „Милтон", Бајден во Германија ќе престојува денеска (петок, 18.10.). По Џорџ В. Буш, Бајден ќе биде првиот претседател кому сојузниот претседател на Германија, во случајов Франк-Валтер Штајнмаjер, ќе му го додели Големиот крст на сојузниот орден за заслуги. ...
„Кога го гледам 'планот за победа' на Украина, гледам пред се тоа што ние, Западот, не го решивме во последните неколку месеци или дури и години“, рече претседателот на Литванија, Гитанас Наузеда на почетокот на Самитот на ЕУ во Брисел. Украинскиот претседател Зеленски имаше еден час пред 27-те шефови на држави и влади на ЕУ, за да го промовира својот „план за победа" во борбата против рускиот агресор. Зеленски ги повтори петте точки кои вчера ...
Владата го разреши досегашниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Зарко Милошевски и на негово место го назначи Бојан Христовски. Тој на новата функција доаѓа од Министерството за внатрешни работи, но неговиот партиски ангажман, пред се како претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му стои како тежок товар на стартот на обавувањето на новата одговорна функција. Опозицијата стравува дека со назначувањето на Бојан ...
Северна Македонија има најслаб раст во Западен Балкан. Оваа година тој ќе биде околу 1.8%, следната 2.3%, а во 2026 година - 2.6 проценти. За споредба, просечниот раст во регионот на Западен Балкан ќе биде околу 3.5%. Ова го покажува најновата есенска прогноза oд Виенскиот институт за меѓународни економски студии, која опфаќа 23 земји од регионот. „Првата причина за релативно слабите резултати е големата изложеност кон Германија – извозот во ...
Секое трето дете во Северна Македонија живее во сиромаштија. Според податоците на Државниот завод за статистика, над 120.000 деца во земјата, или 32,8 отсто од сите деца, живеат под националниот праг на сиромаштија. На Меѓународниот ден посветен на искоренување на сиромаштијата, УНИЦЕФ повикува да се зголеми опфатот со парична помош за деца и преку повеќесекторски одговор до 2030 година да се намали за половина детската сиромаштија. Загриженост ...
Неделава имавме можност да сведочиме на дипломатски Pass a Deux модел, демонстриран со мултилатералниот престој на Христијан Мицкоски и Тимчо Муцунски на Берлинскиот процес. За чија увертира се погрижи екс-министерот Бујар Османи директно, Али Ахмети и амбасадорот на Бугарија индиректно, и самиот Мицкоски – инспиративно. Предлогот од Османи Имено, понудата на Османи во предвечерието на самитот во Берлин може (но не мора) да се поврзе со средбата ...
Последната инвазија на израелската војска во Џабалија во северниот дел на Газа не можеше да биде покатастрофална за населението, кое веќе мораше ги истрпи бомбардирањата и потешкотиите од војната меѓу Израел и Хамас, која веќе наврши една година. „Опасно е тука. Никој не може да се движи. Ризично е и не е безбедно. Бараа да заминеме, но немавме време за тоа. Одеднаш областа беше опколена и нападната“, по телефон раскажува Мохамед, кој не сакаше ...
„И ние денес можевме да имаме преговори. Зависеше од нас. Да ги направевме уставните измени, ние денес ќе бевме во Брисел на втората конференција и ќе го започневме поглавјата“, изјави вчера поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи. Вчера беше денот кога најмногу што Османи требаше да направи, е да молчи. Не само што избра лош тајминг да ламентира за застојот на македонскиот евроинтегративен пат, туку отиде и чекор понатаму, во ...
Непосредно пред самитот на европските шефови на држави и влади денеска (четврток) во Брисел, повторно почна да се раздвижува дебатата за политиката за азил и миграција. Меѓу другото и на изречно барање на германскиот канцелар Олаф Шолц, самитот ќе помине многу часови во дебата за справување со контрадикторните концепти за миграциската политика. Од германски владини кругови се вели дека канцеларот продолжува да се фокусира на „заедничките ...
Претседателот Володимир Зеленски порача во средата дека западните партнери на Украина го зголемуваат притисокот за преговори со Русија, но сугерираше дека таквите преговори не би му биле од корист на Киев, притоа претставувајќи „план за победа“ за крај на војната. Главните точки на планот вклучуваат покана за членство на Украина во НАТО и дозвола за користење на западни ракети со долг дострел со кои би се напаѓале мети длабоко на руска ...
На Северна Македонија ќе и треба сериозна финансиска инјекција од Европската комисија, ако од 1 јануари 2026 година започне да се применува таксата за емисии на јаглерод диоксид. Иако земјите од регионот имаа период од три години да се прилагодат на оваа нова давачка, сепак таа ќе предизвика дополнителни финансиски трошоци, коишто би биле сериозен товар за нив, смета првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Земјите ...
Повторното отворање на темата околу можноста за отворање на албанска академија на науките и уметностите предизвика повторно лавина реакции во јавноста. Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче е загрижен, а премиерот Христијан Мицкоски е дециден дека постои само една Академија на науките и уметностите. „Тоа е став на ВМРО-ДПМНЕ, Владата и на академиците од различни етнички заедници“, порача премиерот Христијан Мицкоски, откако во вторникот ...
Летоска два напади со нож, во кои беа убиени четири лица, предизвикаа жестока дебата во Германија. Двајца осомничени исламисти нападнаа луѓе во Манхајм и Солинген. Едниот сторител беше Авганистанец кој живее во Германија, другиот доаѓа од Сирија. И поради тоа што на покраинските избори на почетокот на септември во Саксонија и Тирингија, Алтернатива за Германија (АфД), која е класифицирана како десноекстремна, освои зголемен број гласови, зашто ...
Целиот регион, но и светот, е во исчекување на резултатите од претседателските избори во САД, и што тоа ќе значи за американската надворешна политика. Борбата во САД ќе биде исклучително остра, бидејќи и Доналд Трамп и Камала Харис имаат свои конкретни предности и предизвици во кампањата која е во тек. Трендовите во анкетите, некои позначајни настани, демографијата на гласачите, но и важните клучни сојузни држави (поради уникатниот изборен ...
Дополнителен час евтина струја преку ден нема да има до крајот на годината и покрај тоа што цената на електричната енергија во периодот од 12 до 16 часот е најевтина на берзите. Анализите на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) покажале дека ако се воведе евтина тарифа од 12 до 16 часот, ќе треба да се укине евтината тарифа од 22 до 24 часот. „За жал од 20 до 24 часот цените се убедливо високи. Тоа е удар поради случувањата со цените во ...
Малото пристаниште Шенѓин, северно од Тирана, на јадранскиот брег - тоа е Албанија. Новиот прифатен центар за азил, на неколку метри од работ на пристаништето Шенѓин - тоа е Италија. Екстериторијална област на албанско земјиште. Чуван од албански персонал, управуван од италијанските власти. Така се договорија Џорџа Мелони и Еди Рама. Мелони, премиерка на Италија, лидер на десничарската постфашистичка партија Фратели д'Италија и Рама, премиер на ...
Тејлор Свифт голема колку зграда! Добро, не таа самата, туку графити на кои е насликана во германскиот град Гелзенкирхен. Двајца уметници ја овековечија поп-ѕвездата на ѕид од зграда со дозвола од градот. На графитите работеа една недела. Тејлор Свифт во јули одржа три концерти во Гелзенкирхен. Градот во тоа време беше дури наречен „Свифткирхен“ и беше домаќин на голем број фанови на пејачката. Уметниците сега велат дека со сликата треба да се ...
Дојде и денот од кој се плашевме. Албанија, држава која до пред некоја година ја гледавме како нашиот сиромашен сосед, продолжи по патот на ЕУ, а ние останавме на перонот да го чекаме следниот воз. Кога и дали ќе дојде, не знаеме. На Албанија нека ѝ е со среќа, а нам со лесно. Не постои човек во државата што не е разочаран од таквата вест. ЕУ е посакувана дестинација за Северна Македонија, и за сиромасите и за богатите, и за „сдсмовци“ и за ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред една недела им се обрати на Либанците преку видео порака: „Се сеќавате ли кога вашата земја беше нарекувана 'Бисер на Блискиот Исток'?“, праша тој. Во меѓувреме, Хезболах ја претвори земјата во иранска воена база. „Кренете се и вратете си ја својата земја“, порача тој. Всушност, Хезболах не би требало ни да постои во сегашната форма. Резолуцијата 1701 на ОН, донесена по последната војна во Либан во ...
Министерството за култура во 2023 година исплатило вкупно 318 милиони денари (5.154.000 евра) за различни културни проекти, без јасно дефинирани критериуми за распределба, што може да има влијание на субјективен избор на проектите. Ова се наведува во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија кој изврши проверка на работењето на Министерството за култура. Ревизорите утврдиле неправилности кои резултираат со издадено неповолно мислење за ...
Седум од десет луѓе во Европа се задоволни одјавниот превоз во нивниот град, но постои голем јаз во европските градови, во однос на тоа колку се задоволни од јавниот превоз којшто го имаат, покажува извештајот на Европската комисија. Северна Македонија е меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа. Според истражувањето коешто го објави Еуроњус, само 47 проценти од македонските граѓани се задоволни од јавниот градски превоз. Понезадоволни од ...
Градоначалниците на четири општини, кои се дел од Коалицијата „Вреди“ се подготвени да ја финансираат новата албанска академија на науките. Тие во Тетово одржаа средба со професори од Здружението на граѓани „Албанска академија на науките и уметност“ со цел да се динамизира институционализацијата на оваа организација. На средбата беа градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир. По средбата, од Коалицијата „Вреди“ информираа дека ја ...
Во извештајот од состанокот на Берлинскиот процес во понеделникот (14.10), угледниот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ ги истакнува изјавите на германскиот канцелар Олаф Шолц и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека патот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ треба да се забрза. „Европската унија е комплетна само со земјите од Западен Балкан“, рече Шолц, додека Фон дер Лајен тврди дека проширувањето на ЕУ е „на самиот врв на ...