Растот на македонската економија, според проекциите на Министерството за финансии, за оваа година е 2,1 отсто, а за наредната и повеќе од 3,5 проценти. Следната година е планиран буџетскиот дефицит на 4 отсто, потоа на 3,5 проценти и да да се стигне до 3 отсто, односно до комплетна консолидација. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Гласот на Америка во Вашингтон, каде учествува на Годишните средби на ...

Безбедносните институции и во оваа Влада се третираат како изборен трофеј. Оваа констатација се наметнува по апсурдното форсирање партискиот кадар на ВМРО-ДПМНЕ да стане директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). За волја на вистината ниту претходните директори на оваа институција не може да се каже дека беа непартиски. И тогаш имаше кадар кој беше регрутиран од партиските органи на СДСМ. Но тоа не значи дека и ВМРО-ДПМНЕ треба да ја ...

Во Казан се одржува самит на земјите од БРИКС, 16-ти откако во 2006 година е основана организацијата. Учествуваат 24 шефови на држави или влади, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин. На неодамнешниот самит во Јужноафриканската Република тој не беше на групната фотографија - наместо тоа, со државните претставници се ракуваше министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Путин го откажа учеството, очигледно затоа што се плашеше од апсење ...

Кога пред 131 година, во Солун е поставен темелот на македонската револуционерна борба, Македонците немале своја држава, биле поробени, малтретирани, угнетувани, мачени. Немало друг избор освен македонскиот народ да се фати за оружје и со многу крв и страдање да ја плати цената за слободата, сувереноста и самостојноста која ја имаме денес. Денес, за среќа, битката не е со оружје, ниту пак е за слобода или права, туку пред сѐ е за економски ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, својата тридневна посета на Западен Балкан ја започнува со средба со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана. Фон дер Лајен до крајот на неделата ќе се сретне со шефовите на држави и влади на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора. Според ЕК, ова е вообичаено патување, какви што имаше во последните години, а фокусот главно ќе биде на процесот на проширување ...

Соединетите американски држави се составени од 50 држави, но некои се поважни од другите на претседателските избори. Додека многу „безбедни држави“ обично сигурно гласаат за демократскиот или републиканскиот кандидат, во таканаречените колебливи (свинг) држави, мнозинството гласови понекогаш одат за кандидатот на едната партија, а понекогаш и за кандидатот на другата партија. Оваа неизвесност на тие држави им дава посебна тежина во предизборната ...

Христијан Мицкоски пред пет години заговараше укинување на Преспанскиот договор, доколку се обезбеди двотретинско мнозинство од парламентот, а пет години подоцна бара да се примени како модел за уставни измени со одложено дејство, со цел да се надмине спорот со Бугарија и да одблокира патот на земјата кон ЕУ. Како лидер на опозицијата во интервју за српска „Политика“, тој во 2019 година ја фрли ракавицата кон Грција порачувајќи дека со ...

Потврда за дилемите на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николоски, околу сегашната (не)подготвеност на Бугарија за железничко поврзување на Коридорот 8, стигна директно од неговата бугарска колешка, барем во однос на временската рамка планирана за изградба на тунелот од бугарска страна. „Најдоцна до 2030 година целосно ќе биде завршен тунелот од бугарска страна по Коридорот 8, најави бугарската министерка за ...

За повеќето луѓе посетата на кафуле не е ништо посебно. Меѓутоа, 18-годишната Селина Цинар мора внимателно да се концентрира за да нарача торта бидејќи пелтечи. Зборовите кои сака да ги каже, често, едноставно не излегуваат од нејзината уста. Истиот проблем како неа го имаат уште околу 800.000 луѓе во Германија. Типични знаци на нарушување во зборувањето е брзото повторување на звуци, слогови или зборови. Засегнатите често ги продолжуваат ...

Не стивнуваат реакциите за назначувањето на Бојан Христовски за прв човек на Агенцијата за национална безбедност. За случајот се заинтересира и Државната комисија за спречување корупција, до којашто пристигнала анонимна претставка со наводи дека Христовски е незаконски именуван на позицијата. Претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска за ДВ вели дека веќе се постапува по овој случај. „Предметот е прераспределен кај член на ...

Во Клиниката за радиотерапија, три линеарни акцелератори активно обезбедуваат услуги за 180 до 200 пациенти дневно, додека два дополнителни акцелератори остануваат неупотребувани. Едниот од нив веќе осум години се чува во царинско складиште и за него годишно се плаќа голема сума на пари. Државниот завод за ревизија во најновиот извештај за Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија за 2023 година, препорачуваат да се изнајде соодветно ...

Официјалното мото е малку преопшто: Зајакнување на различноста за правичен глобален развој и безбедност. Од денеска (22.10) во светот ќе се испраќаат позитивни пораки - на терен работат околу 2.000 новинари. Дури и претседателот Владимир Путин ја ублажи својата вообичаена антизападна реторика: „Она што ја разликува БРИКС од многу други меѓународни организации: БРИКС никогаш не била насочена против никого. Индискиот премиер Моди неодамна кажа ...

Прочуениот квалитетен компир од Вејце се вари за 15 минути и е исклучително вкусен. Медиумските дезинформации тешко се варат, но лесно се пласираат - без факти и професионална одговорност. Ова го покажа односот на одредени медиуми кон фолклорниот дел од манифестацијата „Денови на тетовскиот грав“ и на „Компирот од Вејце“, што вчера ја организираше Задругата за традиционално сточарство „Шарри“ од Тетово. Во атарот на село Вејце, Тетовско, на ...

На прв поглед, понудата звучи речиси безопасно: секој што ќе се регистрира може да добие награда. Овој концепт е особено распространет во онлајн маркетингот, често комбиниран со регистрација за „њуслетер“. Но, конкретната понуда на милијардерот Илон Маск е проблематична. Што прави Маск и каде е проблемот во тоа? Наградата е примамливо висока - најбогатиот човек на светот сака да подарува по милион американски долари секој ден до денот на ...

Долго исправената кичма што не се витка предизвикува голема болка. Човек не може да се наведне. А, и кога ќе се наведне едвај може да се подисправи, лесно се паѓа на колена. Неопходна е физикална терапија, вежбање под надзор на физиотерапевт со често наведнување, исправање и масажи, а помага и пливање. Добро е што челниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните партнери во владата ВРЕДИ и ЗНАМ почнаа да вежбаат склекови и да пливаат, па час се исправени, час ...

Про-европската претседателка на Молдавија, Маја Санду во понеделникот го поздрави исходот на референдумот оценувајќи дека нејзината опција „победила праведно во неправедна битка“, нагласувајќи го руското мешање како клучен фактор за тесниот исход. Надежите во Брисел за убедливо мнозинство во корист на ЕУ на референдумот паднаа во вода, и покрај најавената економска помош за Молдавија од 1,8 милијарди евра. Молдавија, која географски се наоѓа ...

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) предлага измени и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предвидува покачување на минималната плата на 27.700 денари. Според пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче, со ваквото покачување не само што ќе се обезбеди финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијае на порастот на просечната плата, што ќе има позитивен ефект врз секое семејство во државата. ...

Според резултатите од пописот што го спроведе црногорската Управа за статистика (МОНСТАТ) во декември минатата година, во Црна Гора мнозинството се Црногорци со удел од 41,12 отсто (256.436 граѓани), Срби со 32,93 отсто (205.370), а Бошњаци со 9,45 отсто (58.956) од населението. Најмногу граѓани зборуваат српски јазик - 43,18 отсто (269.307), а црногорски со 34,52 отсто (215.299) е на второ место. Ова е прв попис на населението по смената на ...

Скопската зоолошка градина останува под клуч во наредните 20-тина дена, откако беше откриен случај на птичји грип кај угината птица. По првичните мерки за заштита преземени од Агенцијата за храна и ветеринарство, се прават тестови и на птиците и на вработенте коишто имале контакт со нив. Од четворица од вработените, според најавите на ИЈЗ, ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на ...

Во поранешната советска Република Молдавија проевропската претседателка Маја Санду се жали на напад врз изборите без преседан од страна на антидемократски сили. Криминалните групи заедно со една странска сила според неа се обиделе да ја дестабилизираат ситуацијата во Молдавија. Раководството на оваа сиромашна аграрна држава се стреми кон членство во ЕУ и во Русија гледа најголема закана за стабилноста на републиката. На референдумот кој беше ...

21/10/2024 11:16 - Deutsche Welle

Да пишам, да не пишам? Да пишам, да не пишам? Да пишам, да не пишам? Вакви дилеми изгледа го мачат македонскиот премиер откако се врати од самитот на Берлинскиот процес во Берлин. Пред да отиде на лидерската средба беше сигурен дека ќе напише писмо до европските лидери за да им ја објасни позицијата на новата влада за одблокирање на европскиот пат и како да се избегне условот за уставните промени. Му требала само уште една мала навигација која ...

Облачен ден, но околу Ајфеловата кула во Париз врие од туристи, улични продавачи и ситни измамници. Пред тој метеж, активистки лежат на плоштадот Трокадеро во знак на протест против фемицид, односно убиства на жени, што најчесто се случува при семејно насилство. Минатата година во светот биле убиени речиси 89.000 девојчиња и жени, рекорд во последните 20 години, како што произлегува од податоците на ОН. Црната бројка сигурно е многу повисока. ...

„Испораката на голем број стоки за нас е ограничена, така што можеби треба да размислуваме и за одредени ограничувања, на пример кај ураниумот, титаниумот и никелот“, рече рускиот претседател Владимир Путин во септември. Тој и наложи на Владата да ги разгледа можните ограничувања за извозот. Во 2022 година, Кремљ се обиде да ја притисне Европа со испораки на гас. Целта беше да се поткопа помошта на Западот за Украина, која се брани од руската ...

Затегнати и оптоварени или полни со доверба и солидни? 100 години по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Германија и Турција, речиси е невозможно односите меѓу двете земји да се доведат до една дефиниција. Ако го прашате политикологот Јенс Бастијан од Центарот за применети турски студии CATS, тој зборува за „бројните нијанси“ кои ја обликуваат сликата. „Тоа не може да се опише само на ниво на владините елити во Анкара и Берлин. ...

Со децении, Република Молдавија беше малку забележана земја на југоисточната периферија на Европа: мала и сиромашна, управувана од корумпирани елити и растргната од конфликт со проруските сепаратисти. Таканаречениот Придњестровски конфликт започна во 1992 година. Тоа беше прва војна на Русија против поранешна советска република која сакаше да се ослободи од челичната прегратка на империјата. Војната на Русија против Украина од 24 февруари 2022 ...

ДВ: Во јули 2024 година, за време на самитот на НАТО во Вашингтон, фотографијата на италијанската премиерка Џорџа Мелони стана вирална. Таа шокирано гледа во унгарскиот премиер со очигледна одвратност. Колку оваа фотографија е симболична за имиџот на Орбан во Европа? Андраш Хетеј: Тоа е апсолутно симболично. Унгарија е целосно изолирана во рамките на сопствените сојузнички системи, и во НАТО и во Европската Унија. Ова важи без оглед што Орбан ...

Израел соопшти дека во напад со дрон е погодена резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тој не се наоѓал во објектот во моментот на нападот и нема други повредени лица, изјави портпарол на израелската влада. Резиденцијата се наоѓа во градот Кесарија, на северот од Израел. Претходно, израелската армија соопшти дека дрон, кој бил лансиран од Либан, погодил објект, а други два дрона биле пресретнати на израелска територија. Во септември ...

Италијанската десничарска влада на Џорџа Мелони доживеа голем пораз во врска со првата група мигранти во кампови надвор од Европската унија. Судот во Рим нареди враќање во Италија на дванаесет мажи од Египет и Бангладеш, кои од средата (16.10) се сместени во камп во Албанија. Италија и била нивна вистинска дестинација кога побегнале од Либија со брод преку Медитеранот. Судот го прогласи за недозволиво сместувањето на дванаесетте мигранти надвор ...

Немаме никаков проблем со тоа Бугарите да бидат дел од Уставот, но, очекуваме гаранции дека веднаш потоа нема да има следен услов, порача од Берлин претседателот на македонското Собрание Африм Гаши. Во разговор за ДВ, Гаши вели дека во владата нема дилема дека треба да се продолжи европскиот пат на земјата што побрзо. Откако Албанија изминатата недела и формално ги започна преговорите за членство во ЕУ, Гаши вели дека и официјално Скопје сака ...

Електрична енергија вчевечер повторно имаа делови од Хавана и некои од најголемите болници во главниот град, но големото мнозинство од жителите на Куба сѐ уште беше во темница. До колапс во снабдувањето со струја дојде по дефект на најважната термоцентрала во земјата. Куба добива струја од осум стари термоцентрали, кои понекогаш се во дефект, како и седум пловечки електрани. Кубанските власти поради проблеми со снабдувањето со струја уште пред ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1026
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
46%
1026
weather icon

Загреб

27ᴼ / 24ᴼ
0.51
54%
1025
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
38%
1028
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.85
34%
1026
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 24ᴼ
0.62
55%
1025
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
7.2
42%
1021
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
28%
1022
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
42%
1024
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
45%
1026
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
1.54
52%
1026
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
43%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.59409