
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Договорот со компанијата„Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите станува приоритет и за Владата на Христијан Мицкоски. Владина делегација денеска го најави започнувањето на изградба на автопатот Гостивар - Букојчани, со што, според нив, по 50 години се гради нов модерен автопат на Коридор 8. Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, при увид во градежните работи на изградба на автопатот Гостивар-Букојчани, најави дека од Скопје до ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во понеделникот потврди дека севернокорејските трупи кои беа испратени во Русија се стационирани во регионот на Курск. „Продлабочената воена соработка меѓу Русија и Северна Кореја е закана за Индо-Пацифичката и за Евро-Атлантската безбедност“, изјави Руте откако претставници на НАТО добија брифинг од делегација од Јужна Кореја. Украинските трупи упаднаа во регионот Курск во август годинава, и се уште ја ...
Вкупно 327 бугарски државјани на пет локации во Северна Македонија гласале на седмите последователни предвремени парламентарни избори во Бугарија, што е најмала излезност во споредба со оние што гласале на изборите во последните три години. Бугарските медиуми оценуваат дека гласањето поминало мирно, но со многу мал одзив на гласачите. До крајот на изборниот ден, 158 лица гласале во бугарската амбасада во Скопје, 40 во конзулатот во Битола, 40 на ...
Старосната граница за пензионирање во Северна Македонија нема да ги следи европските трендови и засега останува иста. И покрај тоа што финансиските институции како ММФ и Светската банка во повеќе наврати препорачуваа да се разгледа опцијата да се зголеми старосната граница за пензионирање, со цел да се обезбеди одржливост на пензискиот систем, ова прашање досега не било ставено на маса на новиот владин состав. Од Владата за ДВ велат дека не се ...
Бугарија повторно ќе има парламент за кој гласаше малцинството избирачи - под 38%, со уште поголема фрагментација на политичкиот систем и зајакнување на популистичкиот глас. Девет политички сили ќе имаат застапеност во 51. Народно собрание - ГЕРБ-СДС (26,15%), ПП-ДБ (15,14%), „Преродба" (13,7%), ДПС-Нов почеток (10,36%), БСП-Обединета левица (7,68%), Алијанса за права и слободи (7,02%), „Има таков народ“ (6,97%), MEЧ (4,65%) и „Величие“ (4,08%). ...
Одговорот на Израел на иранскиот напад на 1 октомври се чекаше со недели. Режимот во Техеран тогаш истрела околу 200 балистички проектили врз Тел Авив и други градови. Денеска, во раните утрински часови на Шабат, следуваше реакција: Израелската армија соопшти дека со борбени авиони нападнала околу 20 воени цели во Иран. Операцијата траеше четири часа, објасни армискиот портпарол Даниел Хагари, а нападите беа извршени во три бранови непосредно ...
Володимир Зеленски отпатува во САД со „план за победа“, но во Вашингтон не ја доби очекуваната поефикасна воена поддршка од Западот. Според желбите на украинското раководство, оваа поддршка требаше да биде договорена на самитот на Украина и земјите од НАТО на 12 октомври во Рамштајн, американската воена база во Германија. Украина со месеци врши притисок врз своите западни партнери да ги укинат ограничувањата за употреба на западно оружје на ...
Долгонајавуваниот израелски контранапад врз Иран се случи ноќта меѓу петокот кон саботата. Израелската војска објави дека биле извршени „прецизни напади“ врз воени цели во Иран. „Како одговор на повеќемесечните континуирани напади на режимот во Иран против Израел, токму сега израелските одбранбени сили изведуваат прецизни напади врз воени цели во Иран. Режимот во Иран и неговите застапници во регионот немилосрдно го напаѓаат Израел од 7 октомври ...
Еве две изјави од оваа недела кои за некого се политичка гимнастика, за друг политички опортунизам, за трет јавна измама, за четврт најава за нешто што би можело да се случи, за петти внимателна стратегија, за шести празни зборови... Протолкувајте сами. Првата е од премиерот Христијан Мицкоски кажана во говорот по повод одбележувањето на празникот 23 Октомври: „Времето не работи за нас. Секој кој ќе ви каже така ве лаже. Како што поминува ...
Популарната американска пејачка Бијонсе синоќа ја поддржа кандидатурата на Камала Харис за претседателка на САД. „Не сум тука како славна личност, не сум тука како политичар. Јас сум тука како мајка. Мајка која се грижи за светот во кој живеат моите деца и сите наши деца, свет во кој имаме слобода да ги контролираме нашите тела, свет во кој не сме поделени“, рече Бијонсе на предизборниот митинг во Хјустон. На Бијонсе на сцената ѝ се придружи ...
Дојдоа, се видоа, се запознаа. Така поминала вчерашната средба во Скопје меѓу македонскиот и бугарскиот тим од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, што се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и за надворешна трговија. Теми на вчерашниот состанок биле протоколарни и технички прашања и дискусија за принципите на работа, со оглед дека тоа беше прва средба откако македонскиот тим ...
Чинат само неколку центи, а сепак ги нема: солените раствори од неодамна са дефицитарни во германските болници и аптеки, а итно се потребни за операции и инфузии. Според Томас Прајс, шеф на Сојузот на аптекари во Северна Рајна Вестфалија, ситуацијата драстично се влошила во последните месеци. „Она што со месеци беше голем проблем во клиниките, сега влијае и на згрижувањето на пациентите во амбулантите“, предупреди тој за весникот „Рајнише пост“. ...
Главниот град на Грузија, Тбилиси, деновиве е во сина боја. Знамето на ЕУ со нејзините ѕвезди и белата боја на грузиското државно знаме со неговите крстови доминираат на изборните плакати на партиите. Тоа не е ни чудо бидејќи патот на Грузија кон ЕУ е една од главните теми на овие избори. Целта за членство во ЕУ во 2018 година дури беше впишана во Уставот. Стабилно мнозинство од околу осумдесет проценти од населението си посакуваат членство, ...
Истражувањата покажуваат дека редовното јадење семки од тиква може да обезбеди широк спектар на нутритивни придобивки, вклучително и поддршка на здравјето на срцето и подобрување на варењето. Овие семиња се богати со есенцијални хранливи материи. Здравствени придобивки Според Пем Хартнет, регистриран диететичар и тренер за закрепнување од рак, која се борела со болеста 15 години, семките од тиква се богат извор на здрави соединенија познати како ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, со зелен, жолт и црвен картон ќе прави притисок врз министерствата за спроведување на реформите, коишто се неопходни на патот на евроинтеграцијата. Тој на брифинг со новинарите во Скопје потенцираше дека Реформската агенда е добра шанса на брза лента земјата да направи одредени реформи за кои во нормални услови би требале од седум до десет години. „Целта на Реформската агенда е брзо да не спреми ...
Министерот за економија, Бесар Дурмиши, смета дека есенската кошничка има ефект и дека цените на производите се намалени за пет до десет отсто. Mерката истекува на крајот од овој месец, па ако има драстично покачување на цените, најавите се дека ќе бидат преземени и поригорозни мерки. Дурмиши се повикува на податоците од синдикалната кошничка, според која, цените на храната и пијалаците во октомври се пониски за преку 900 денари. „Наредниот ...
Водечки германски претприемачи и политичари оваа недела се во посета на Њу Делхи. Седмите германско-индиски владини консултации започнуваат денеска (петок, 25 октомври 2024 година), со нив ќе копретседаваат канцеларот Олаф Шолц и индискиот премиер Нарендра Моди. Ден претходно таму започна Азиско-пацифичката конференција на германската економија. Се разговара за можностите за понатамошно зајакнување на економските односи меѓу Германија и Индија и ...
Северна Македонија и Европската Унија имаат иста визија и желба - што поскоро земјата да стане дел од европското семејство, ваква порака испратија на прес-конференција во Скопје, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски. Фон дер Лајен при кратката посета на Скопје, во рамките на неколкудневната турнеја во регионот, рече дека патот кон ЕУ води преку усвојување на уставните измени на коишто се ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше специјален гостин на 16-от самит на БРИКС во Казан, Русија. Не беше првпат Ердоган да присуствува на самитот на БРИКС како набљудувач, но овојпат неговото присуство беше особено значајно поради интересот на Турција за членство во БРИКС. Иако Кремљ пред неколку недели соопшти дека Анкара поднела формално барање за членство, турската влада првично го негираше тоа.Но во меѓувреме, министерот за ...
Додека Владимир Путин во Казан беше домаќин на првиот БРИКС плус Самит, со амбиција да формира „нов светски поредок“ наспроти оној западниот, целиот свет е во исчекување на претседателските избори од 5 ноември, со цел да разбере кои ќе бидат идните потези на САД. Честопати се вели дека изборите за Белата куќа не се однесуваат само на Американците, туку на целата земјина популација, затоа што САД и понатаму се број 1 економска и воена суперсила ...
Потребни се многу пари за да се стане претседател на САД. Кандидатите имаат неколку опции да дојдат до потребните средства. Прв начин е да ја финансираат кампањата од сопствени средства. Алтернативно, може да собираат донации од приватни лица. Трет извор за финансирање се групи за политичко дејствување, т.н. „пакс“ или „супер пакс“. Последната опција е да се бара владино финансирање, кое пак е поврзано со строги ограничувања на трошењето ...
По излегувањето од затвор, еден од помилуваните Акиф Бејадин Равмановски е повторно приведен поради сомнеж за обид за убиство. Вештачењата за присуство на барутни честички потврдиле дека тој со пиштол пукал кон 35-годишен скопјанец во Чаир со намера да го убие, при што го погодил во ногата. Неколку дена по потпишувањето на одлуката Равмановски да излезе од затвор, откако се најде на списокот на помилувани од претседателчката Гордана Сиљановска ...
Патот на Северна Македонија кон ЕУ, реформската агенда и севкупниот План за раст за Западен Балкан вреден шест милијарди евра, ќе бидат темите за кои се очекува денеска да разговара претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во Скопје, втората станица од нејзината четиридневна турнеја низ земјите од Западен Балкан. По тет-а-тет средбата со премиерот Христијан Мицкоски, ќе има билатерална средба меѓу двете делегации, а потоа и ...
Соработката меѓу Русија и Северна Кореја не е ништо ново. Во јуни годинава рускиот претседател Владимир Путин отпатува во Пјонгјанг за да преговара за безбедносно партнерство со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. Пред средбата се шпекулираше за големи пратки оружје од Северна Кореја, пред сѐ за артилериски гранати. Украинската разузнавачка служба уште во 2023 година известуваше дека ограничен контингент војници од Северна Кореја пристигнал на ...
Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а нејзиниот пример ќе го следи и градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Причина е незадоволството од соработката со владата. Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на социјалните мрежи објави дека ќе испрати и официјален допис, во кој ќе ја извести ЗЕЛС дека не ја заслужува партиципацијата на градот со кој раководи. „Го ...
Надежта има име: Рафики, мал кондор од Андите, стар само три месеци. Роден е во Токансипи, Колумбија и ништо не би било невообичаено за него да не е првиот кондор кој е испилен од вештачки оплодено јајце. Андските кондори се критично загрозен вид во прв ред поради прекумерниот лов. Имено многу фармери ги убиваат овие птици затоа што погрешно веруваат дека кондорите го убиваат нивниот добиток. И труењето со пестициди во синџирот на исхрана ѝ ...
„Следи период кога ќе се знае дали ќе не биде или не. Времето не работи за нас, секој што ќе ви го каже тоа ве лаже. Времето како поминува работи против нас. Сите можат да чекаат, само ние не смееме. Мора да се менуваме, да се реформираме. Ако сега сите не помогнеме заедно, за жал ќе бидеме територија полна со духови, крстосница на шверцери и мигранти, зомби држава. Тоа некому му одговара, ама нас не“, порача премиерот Христијан Мицкоски во ...
„Гледам дека си бил на ручек со западните пријатели” зајадливо и пријателски ме задеваше мојот пријател од Централна Азија на дружба некаде во 2007/08 година. Поводот за таквиот одговор беше мојата љубопитност за ставот на неговата земја и соседите од регионот околу групировките предводени од Руската Федерација и Кина која ги брануваше западните канцеларии. Неговата реакција беше вовед во пошироката елаборација околу начинот на кој Западот ги ...
Нов рекорд: на 15 октомври, вторник, на првиот ден од „предвременото гласање“ во јужната американска сојузна држава Џорџија, својот глас го дале над 310.000 гласачи. Во САД денот на изборите не е недела или празник, туку обичен вторник. На овој ден често има долги редици пред избирачките места. Ако немате време да чекате во ред со часови за да гласате, во повеќето држави тоа можете да го направите неколку недели пред претседателските избори на 5 ...
Одлуката на претседателката на РСМ, Гордана Сиљановска Давкова, за помилување на десет осудени лица, предизвика јавни и медиумски прашања во однос на некои од помилуваните. Со таа одлука на тројца казната затвор им се заменува со условна казна, а седум делумно се ослободуваат од издржување на останатиот дел од казните. Во врвот на интересот е Акиф Бејадин Равмановски, лице кое е прво на списокот помилувани со одлука на претседателката од 21-ви ...