
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Среде сите големи теми од насловните страни и ударни ТВ минути, помина незабележано „малата вест”, всушност вчерашната објава на Амбасадата на САД во Будимпешта за средбата на амбасадорите и воените аташеа на НАТО членките одржана во Амбасадата на САД. Тема на состанокот: „дискусија за безбедносните аспекти на неодамнешната објава на Владата на Унгарија за политиката на економска ‘неутралност’”. Обраќајќи се во национален капацитет, амбасадорот ...
Некои луѓе со недели со нетрпение го очекуваат празникот и си ги украсуваат становите и градините со тикви, свеќи и секакви морбидни предмети. За други пак, целиот празник е хорор. Католичката новинска агенција (КНА) одговара на прашања во врска со Ноќта на вештерките. Празникот се слави секогаш на 31 октомври. Нејасно е од каде потекнува, но корените се поврзуваат и со келтската и со христијанската традиција. Некои Ноќта на вештерките ја ...
Среде сите големи теми од насловните страни и ударни ТВ минути, помина незабележано „малата вест”, всушност вчерашната објава на Амбасадата на САД во Будимпешта за средбата на амбасадорите и воените аташеа на НАТО членките одржана во Амбасадата на САД. Тема на состанокот: „дискусија за безбедносните аспекти на неодамнешната објава на Владата на Унгарија за политиката на економска ‘неутралност’”. Обраќајќи се во национален капацитет, амбасадорот ...
Неосновано е тврдењето дека терминот „градби од стратешки интерес“ е недефиниран, а отсуството на законска рамка која ќе го регулира прогласувањето на одредени проекти од национално или стратешко значење доведува до правна несигурност, оцени Уставниот суд. Судот вчера реши да не поведе постапка по две иницијативи - една од Хелсиншкиот комитет, друга од адвокат од Прилеп, кои оспоруваа членови од Законот за изменување и дополнување на Законот за ...
По катастрофата со најмалку 95 загинати лица во Шпанија, потрагата по смртно настраданите, исчезнати и луѓе отсечени од светот продолжи. „Поради мракот сепак многу од активностите мораа да бидат прекинати сѐ до разденување“, изјави синоќа за државната телевизија РТВЕ шефот на итната служба на шпанскиот Црвен крст Ињиго Вила. Според информации на шпанските медиуми, меѓу загинатите има најмалку четири деца и шест лица од старечки дом. Се стравува ...
МВР поднесе кривична пријава против поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска поради тоа што не распишала нов тендер за реконструкција на Универзалната сала, туку ги презела обврските што ги имал Град Скопје. Со тоа, како што се вели, таа ја „злоупотребила службената положба и овластување“. Пријавата до Основното јавно обвинителство Скопје ја поднесе Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и ...
Во последните неколку дена од кампањата за претседателските избори во САД, многу работи се вртат околу зборот „ѓубре“. Републиканците критикуваат дека сегашниот актуелен претседател Џо Бајден ги нарекол поддржувачите на Доналд Трамп „ѓубре“. Она што Бајден сакал да го каже со својата незгодна изјава е прашање на толкување. Но, кампањата на Трамп сака да ја искористи можноста да ги мобилизира гласачите со предизвикување бес поради коментарот. ...
Северна Македонија треба да ги спроведе суштинските реформи поврзани со членството во ЕУ, да одржува добри односи со другите земји опфатени со процесот на проширување, како и да го продолжи својот ангажман во регионалните иницијативи. Ова се наведува во најновиот годишен Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата на европскиот пат. Покрај потребата од усвојување на уставните измени, во Извештајот се нагласува дека со „добра волја“ ...
Илон Маск се чини дека целосно се посвети на изборната кампања на МАГА. Милијардерот постојано се појавува на изборните митинзи на Доналд Трамп, - а исто така и преку интернет агитира за поддршка на републиканскиот претседателски кандидат. Посебно внимание предизвика лотаријата во Пенсилванија, клучна држава во изборите. Поради оваа акција, дневната поделба на милион долари на запишаните гласачи, Маск ќе мора многу брзо да одговара пред судот во ...
Исходот од претседателските избори во САД не само што ќе го трасира патот за иднината на земјата, туку ќе има егзистенцијално влијание и врз Украина. САД се најголемиот поддржувач на Украина во нејзиниот обид да се одбрани од руската инвазија од 2022 година. За време на мандатот на Џо Бајден, САД ставија на располагање воено разузнавање, готовина и оружје во вредност од речиси 175 милијарди долари (161 милијарди евра) за помош на Украина. Кој и ...
Од глава до петици во чоколадо - и во исто време витки: на актуелниот саем за чоколада во Париз, моделите презентираа фустани направени од слаткиот деликатес. Овој модел го претстави мароканската учесничка во изборот за Мис на светот 2023 година, Соња Мансур. На чоколадната ревија во Салонот на чоколадо секој фустан е уникатен. Пет дена сè се врти околу чоколадото и неговата суровина, какаото, кое станува сè поретко и поскапо. Глобалното ...
Два дена откако седна на премиерското столче, Христијан Мицкоски на 25 јуни годинава најави инвестиција во областа на енергетиката вредна над 500 милиони долари, која ќе донесе големи придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните во Македонија. Станува збор за изградба на ветерен парк со 55 ветерници кои ќе произведуваат еден терават час (1.000 Gwh) електрична енергија. Ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш. Изградбата се очекува ...
Преминување на улица додека семафорот свети црвено во Њујорк стана официјално легално. Законот кој тоа го овозможува стапи на сила, откако градоначалникот Ерик Адамс не стави вето во за тоа предвидениот рок. Според законот, пешаците во Њујорк сега смеат да преминуваат улица кога и каде сакаат, без притоа да ризикуваат плаќање казна. Досега тоа беше забрането и оној кој ќе направеше таков прекршок во Њујорк беше соочен со казна до 300 долари ...
Со осум партии кои влегоа во бугарското Собрание по парламентарните избори минатиот викенд -втори по ред годинава, и седми во период од три години - повторно е неизвесно дали ќе се формира влада во Софија. Парламентарната математика покажува дека ќе биде нужна трипартитна коалиција за да се обезбеди мнозинство, но партиите кои го имаат најголемиот потенцијал за тоа имаат и свои услови и црвени линии, а тоа се истите услови поради кои ни по ...
Деновиве сѐ повеќе се зборува за некаков пробив во односите помеѓу Македонија и Бугарија, односно можно откочување на европските интеграции на земјата, преку наводно креативно решение за уставните измени. Овој вид „оптимизам за појадок“ е послужен во вид на апстрактна, неодредена мантра, без конкретни идеи и чекори, но со безброј услови: стабилна влада во Бугарија, компромис од ЕУ, измени на постојните услови за продолжување на преговорите, и ...
Обврската за уставни измени останува како една од главните пречки за патот на Северна Македонија кон Европската Унија. Но, премиерот Христијан Мицкоски нема да брза - ќе чека да се формира стабилна Владата во Бугарија со цел да се добие јасен сигнал како ќе се движат работите понатаму. Доставување на предлог уставни измени до Собранието пред да биде формирана влада во Бугарија, според премиерот, би било „наивно“. „Таков унилатерален потег би ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на почетокот на неделава отпатува во Тбилиси за да ѝ ја честита изборната победа на владејачката партија „Грузиски сон“, која е сојузник на Русија, додека пак десетици илјади луѓе во градот излегоа на протести, заради нефер избори, како што опозицијата ги оквалификува во текот на викендот. Во извештајот објавен во неделата од Организацијата за безбедност и соработка во Европа, се наведува широко распространета ...
Поранешната германска амбасадорка во Скопје и заменик-амбасадорка во Софија, Гудрун Штајнакер во интервју за бугарската редакција на ДВ зборува за кризата во односите помеѓу Бугарија и Северна Македонија. На прашањето дали изборните резултати во Бугарија некако можат да помогнат за излез од оваа криза, Штајнакер одговара: „Поверојатно не. Се разбира, никогаш не треба да кажеме никогаш. Но, во Скопје на власт е повторно партијата која ги доведе ...
Случајот со новиот шеф на тајната служба, Бојан Христовски и дилемите како се стекнал со сертификати, добива пошироки размери. Откако Антикорупциската комисија почна да врши детални проверки на спорната документација, околу расветлувањето на случајот се вклучува и Обвинителството, по допрен глас во јавноста. По информациите дека две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ-сертификат издаден од ...
Творец на ликот Ла Катрина е непознатиот уметник Хозе Гадалупе Посада, го создал пред 100 години. Овој лик станал популарен по Втората светска војна, прво во САД, благодарение на муралите на најпознатиот мексикански уметник Дијего Ривера. Инаку, според верувањето во Мексико, мртвите ноќта меѓу 1 и 2 ноември доаѓаат во посета и слават повторно видување со живите. Затоа се украсуваат не само гробиштата, туку и луѓето. Обичајот од 2008 година е дел ...
Во парламентот вчера (29.10.) се случи чудо. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја одржаа првата вежба за консензус. Заеднички ја донесоа Националната развојна стратегија (НРС) за периодот 2024 - 2044 година. По подолго време ова е прво синхронизирано позитивно гласање на двете завојувани партии кои го поделија и раскараа општеството во Северна Македонија. Тоа не е ни налик на стратегијата што ја најави шефот на Владата Христијан Мицкоски, која треба да се ...
Односите меѓу Германија и САД не беа најдобри за време на претседателствувањето на Доналд Трамп. Кога Џо Бајден ја презеде функцијата во 2021 година, двете земји се обидоа да ги обноват односите, потпирајќи се на нивните историски врски, заеднички безбедносни интереси и вредности. Но, не беше лесно. САД отсекогаш биле многу критични кон проектот за гасоводот Северен тек 2, кој требаше да носи природен гас директно од Русија во Германија. Тоа ...
Околу 60 компании со фиктивни или „фантомски“ проекти кои никогаш не се реализирале испумпувале пари од државата за иновации и развојни проекти. Тие, според новото раководство, го оштетиле буџетот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за 192.888.642 денари или околу три милиони евра, добивајќи грантови за поддршка на овие проекти. До вакви сознанија е дојдено по внатрешната ревизија во ФИТР. В.д. директорот Никола Додов на ...
Младите во Црна Гора, Северна Македонија и во Хрватска тешко се одлучуваат да го напуштат родителскиот дом. Статистичките податоци покажуваат дека младите во Црна Гора во просек на 33 години, а во Северна Македонија на 32 години сè уште живеат со „мама и со тато“. Анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат, укажува дека младите на Балканот најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители. За ...
Според Работничкиот совет во Фолксваген, загрозени се три фабрики на концернот, како и десетици илјади работни места во Германија. Оваа порака шокираше голем дел од германската јавност. Сепак, експертите од индустријата не се изненадени од најавите. „Ова се најавува со месеци“, вели за tagesschau.de Хелена Визберт, директорка на ЦАР - Центарот за автомобилски истражувања во Дуизбург. Јасен знак за рано предупредување: во септември, компанијата ...
Економските последици од случувањата во Германија би можеле да се почувствуваат идната година во Северна Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски смета дека е можно во вториот квартал на 2025 година да има негативни ефекти, не само врз земјата, туку иво Европа и светот. Затоа целта на Владата е да даде поттик на економијата преку инвестиции, реализација на капитални инвестиции и вложувања од страна на компаниите во сопствени основни средства за ...
Владата неодамна најави три нови летови од скопскиот аеродром со компанијата „Визер“, а со стапување на сила на зимскиот распоред, оваа унгарската нискобуџетна авио-компанија укинува три авиолинии од Скопскиот аеродром, и тоа за Келн, Копенхаген и Стокхолм. „Визер“ се повлекува од Келн поради високите цени за услуги и давачки што ги воведе аеродромот Келн-Бон. За да се надомести интересот за тој дел од Германија, компанијата ќе ги зголеми ...
Од хронично недоволно финансирање до обвинувања од страна на израелските власти дека го продолжува раселувањето на Палестинците, Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) со децении се соочува со закани по нејзиното постоење. Израелскиот парламент - Кнесетот вчера усвои два закони за спречување на УНРВА да дејствува на израелска територија, со тврдење за вмешаност на персоналот на агенцијата во терористичките ...
Модната креација на оваа фотографија е дело на дизајнерката Ангела Руиз, претставена на модната ревија BioFashion во Колумбија. Станува збор за еколошка иницијатива која за цел има развивање на свеста за зачувување на природните ресурси и управување со нив и каде нови дизајнери креираат облека направена од живи растенија, цвеќе и органски елементи. А ако некој од моделите е гладен – нешто од она што го носат може и да се јаде, без готвење. ...
Општо е познато во сиот свет, па и во најразвиените демократии дека во мирно време најмногу се лаже пред избори. Тоа веќе одамна не се смета ни за голем грев. Ветувањата во предизборните кампањи и пропаганди колку и да се неверојатни, граѓаните сакаат да ги слушнат. Многумина веруваат во тоа, а не мал број луѓе кои не веруваат, сепак, ги сметаат како дозволена политичка и партиска тактика за освојување на власта. По изборите, и остварената цел ...