Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2024 година. Корисниците на парични права што поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 јуни 2024 година. Со цел да се избегне метеж ...

Премиерата на документарниот филм „Се извинувам, Кежаровски тука живее“ од авторот Миле Бошњаковски, ќе се одржи на 25 јуни, вторник, во 19 часот, во киното „Фросина“ – Младински културен центар . Документарецот „Се извинувам, Кежаровски тука живее“ содржи директно сведоштво на Кежаровски за настаните поврзани со неговото брутално приведување, судскиот процес и затворска казна кои во видео записот се поместени во два дела, во вкупно времетраење ...

Со долги аплаузи од страна на присутната публика беа поздравувани учениците од општинското основно музичко училиште „Стефан гајдов“ кои вчеравечер на големата сцена во велешкиот театар одржаа завршен концерт и го одбележаа патрониот празник на училиштето. Тие музицираа на инструментите коишто ги изучувале во текот на изминатата година и приредија вистинско уживање за сите присутни. Во текот на претходната година, музичкото училиште настапуваше ...

Царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција открија дури 22 часовници од брендот „Ника“ во вкупна вредност од 272 илјади денари кои патникот не ги пријавил при влез во државата. Патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, саатчија по професија, на прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување одговорил дека нема ништо по што бил упатен на контрола со скенер. Часовниците ...

Педесет годишниот Е.А од село Бистрица, вчера, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од полициска канцеларија Демир Капија. Тој агресивно се однесувал и физички ја нападнал својата невенчана сопруга, 35 годишната С.Т којашто живеела во истото село. Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека за настанот е известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот. ...

Во Велес, попладнево измерени 31,4 целзиусови степени. Попладнево е многу топло низ Македонија, токму поради влијанието на топлиот бран кој продира од јужните географски широчини, односно од Африка кон нашата држава. Најтопло во 14 часот беше во Кавадарци, Струмица и во Гевгелија каде се измерени 33 степени, најниска температура од градовите е измерена вообичаено во Крушево и тоа 22 степени, соопшти Метеоаларм. Во продолжение на табелата подолу ...

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година е 1.2%. Во првото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите: -Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од ...

Континуираниот развој на македонската стрип сцена доведува и до интензивирање на меѓународна стрип соработка и застапеност на разни конкурси и фестивали. Врз основа на воспоставена комуникација и објавен јавен конкурс на СУПЕРТОН –Фестивал на стрип и анимација во Шибеник- Хрватска, Македонскиот стрип центар Велес учествуваше со свои изданија . Во голема конкуренција изданието СТРИП АЛМАНАХ 2024 влезе во најтесен круг на избрани стрип списанија ...

Во Драмски театар Пловдив, вчера, започнаа пробите за претставата „Без крв“ на истоимениот роман на Алесандро Барико. Како што информираат од театарот текстот на претставата е на Александар Секулов, додека сценската адаптација и режија на Дијана Добрева. Претставата е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на велешкиот театар „Ј.Х.К – Џинот“ заедно со драмскиот театар Пловдив. -Проектот се спроведува со поддршка на министерствата за ...

Од наплата на патарина во првите пет месеци од годинава се собрани 1.454.587.856 денари (23.651.835 евра) што во однос на истиот период за 2023 година претставува зголемување или повеќе остварен приход за 132.635.906 денари (2.156.681 евро). -Тенденцијата за зголемен остварен приход во 2024 година е константна, со пораст од 10,2 проценти за периодот јануари-мај годинава, информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). ...

Државниот испитен центар за првпат формира 10 комисии по еден за секој предмет од матурата, кои ќе утврдуваат евентуални неправилности и препишувачи. Ова следува откако во сабота беше откриена Вибер-група во која беше споделен тестот по мајчин јазик и литература, односно поради прекршување на правилата и користење мобилен телефон за време на испитот. Ова го изјави Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар, во врска со ...

Во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес евидентирани се случаи во Велес Градско, Кавадарци и Неготино. Случајот во Велес бил пријавен во 03:40 дека во казино во градот неколку лица го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка и употребен бил спреј – солзавец. Претходно, 15 минути по полноќ полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишеле од слобода триесет и седум годишниот М.К кој ...

Велосипедот не е само забава туку и потреба. Засега Велес не се наоѓа на листата на градови во кои велосипедот е замена за автомобилот. Сепак се зголемува бројот на велешани кои купуваат велосипеди но сепак нив не ги користат секојдневно за доаѓање на и за заминување од работното место, за пазарење и за други секојдневни потреби, констатира Зоран Јаневски претседател на ЗГ „Велес бајкинг“ на светскиот ден на велосипедот. Повеќе од три децении ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 % во однос на одлуката од 27.5.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,467%, кај дизелот за ...

Велешкиот Црвен Крст, вчера, ја организираше Втората крводарителска акција во чест на Кочо Рацин, која што беше иницирана и поддржана од локалниот огранок на партијата „Левица“. Во акцијата што започна во 8:30 часот и траеше седум ипол часови собрани се 63 крвни единици. – Крводарителската акција е во чест на Коста Солев Рацин. Годинава во месец јуни се навршуваат 81 година од неговото загинување. Велес е градот на Рацин, така што ние како ...

Целосно е распродаден првиот самостоен концерт на велешанецот Благој Ламњов којшто вечерва со почеток во 20:00 часот ќе се одржи во велешкиот театар „ЈХК-Џинот“. На овој концерт неговите сограѓани ќе имаат можност во живо да ги слушнат песните од албумот „Nostalgic Love“ како и звуците од кларинетот на Ламњон кој на сцената вечерва ќе биде придружуван од шведскиот гитарист Петер Тегнер со кој заеднички ќе приредат вистинско уживање за публиката. ...

Велешанецот Мики Секуловски кој во изминатите девет месеци целосно се вложуваше за настапите во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, оваа сабота, на 8ми јули, ќе настапува под реден број 1 на финалната вечер. Општина Велес објави дека велешани ќе можат заеднички да ја поддржуваат нашата музичка ѕвезда Мики во Амфитеатарот на Младински парк и заеднички да ја гледаат финалната вечер со почеток во 21:00 часот. Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, ...

Фокусот на новата фотографија за категоријата граѓански фото објектив од велешанецот Атанас Крлевски бил насочен кон скулптурата насловена како „Блажена“ и поставена во центарот на градот пред поранешната Стоковна куќа. – Автор на скулптурата е велешкиот скулптор Илко Стојановски. Изработена е на првата меѓународна скулпторска колонија во Велес, 2019 година. Многу е интересна затоа и одлучив овој понеделник баш таа да биде дел од оваа ...

Не заминаа работниците, учениците и студентите од велешката Железничка станица утрово со патничкиот воз за Скопје којшто според возен ред поаѓа во 6:27 часот. Локомотивата што го влече патничкиот воз се расипала вчера попладне откако тргнала од скопската железничка станица во 16:55 часот. Патниците со месечни билети утрово се снаоѓале со друг превоз за да стигнат навреме на работните места, училишта и факултети. Тие не ќе можат ни да се вратат ...

Граѓаните кои уживаа на езеро Младост, Бабуна како и во населба Отовица, вчера, беа посетени од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес кои спроведуваа превентивно едукативни активности во рамки на кањата под мотото „Лето без пожари“. -Основна цел на кампањата е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, но и ...

Како дел од традиционалниот стрип салон на меѓународно ниво, стрип центарот на Македонија – Велес, од месец февруари го објави интернационалниот стрип конкурс „Велес 2024 Златен стрип“. Како што известува програмскиот координатор , Томе Трајков се повеќе се развива комуникацијата со основните и средни училишта од сите општини од државата, како и приватните училишта и студија. -Интересот е голем и потврдува дека учениците се свртуваат кон ...

Понеделник и нови седум афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки. Драги читатели прочитајте ги афоризмите и започнете го денот со насмевка. Имајте убава работна седмица! -Денес многуте луѓе започнаа да се занимаваат со колекционерство: собираат НАЧИНИ…како да преживеат. -Наместо да не опкружуваат зелени површини, паркови и хортикултурни уредувања, насекаде околу нас, секојдневно никнува само плевел и трње, човечко трње. -Првата љубов ...

Со гордост ви претставуваме уште еден новитет од Компанијата, едно освежително проширување на Фамилијата Кожувчанка! Сега, природната газирана вода Кожувчанка богата со минерали има и додаток на витамини, со освежителни вкусови за едно поинакво, неодоливо искуство! Ви ги претставуваме Кожувчанка Wellness и Кожувчанка Active: -Кожувчанка Wellness е збогатена со природна арома на портокал и природен екстракт од ѓумбир кој има смирувачки ефект, ...

Општина Велес, утре, 1 јуни, сабота, во раните утрински часови, поточно од 05:00 до 08:00 часот ќе го изврши првото авионско третирање против комарци со кое ќе биде офатено целото градско и приградско подрачке како и целото течение на река Вардар на овој потег. -Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. ...

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица. Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски се во обвинителниот акт како осомничени за сторени кривични дела убиство, помагање во извршување и помагање во грабнување додека пак таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски ќе одговара за помагање во грабнувањето. Кешишов, Манев и Видески на 22 ноември, лани ...

Учениците од ООУ „Васил Главинов“ од Велес, вчера, беа дел од едукативна работилница од областа на сообраќајот спроведена од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при истиот сектор. -На децата им беше презентирана улогата на полицискиот службеник, опремата за работа, како и основните сообраќајни правила и прописи. Исто така, во Кавадарци, во соработка со ...

Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, оваа сабота ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Новина во оваа учебна година е тоа што наместо во училници, тестовите ќе се полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), ...

Македонскиот актер и режисер Младен Крстевски престижната награда „Маестро на актерската сцена” ја доби на Меѓународен Театарски Фестивал „Руска класика” за исклучителна и бравурозна актерска изведба. На театарскиот фестивал што од 21 до 29 мај 2024 година се одржа во градот Лобња, кај Москва, настапи Младинско детскиот театар„ Крин“ со претставата “Добрите – зли, Злите – добри” од Даниел Крстески, Андреј Недевски и Младен Крстевски. Претставата ...

Во домот на книгата, градската библиотека „Гоце Делечев“ денеска пред велешката публика беа промовирани трите деца на кавадарчанецот Ѓирѓи Мешков. Овие три книги коишто се напишани по вистинити случувања на писателот кај секој читател ќе предизвикаат измешани емоции. Првата книга „Отуѓување“, потоа „Беше еднаш во Ваташа“ како и „Два аманета“ се насловите на книгите во кои Мешков одлучил да говори отворено за секојдневни проблеми, денови поминати ...

На поставени штандови се делеа промотивни материјали за сите образовни профили додека во кабинети и училници се презентираа видео материјали, промотивен спот и веб страницата на СОУ„Јовче Тесличков“. Презентациите ги водеа ученици од училиштето додека професорите ги прифаќаа и распоредуваа денешните гости како од велешките основни училишта така и од училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка. Во дворот на економското училиште беа поставени паноа за ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1011
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
71%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1011
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.71
79%
1012
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
95%
1012
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.13
53%
1010
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
59%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
88%
1011
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
5.81
77%
1013
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
81%
1012
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 15ᴼ
2.06
68%
1012
Currency

61.525

Currency

54.2314

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Алуминиум

2.43

Кобалт

0.53

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.97

Сребро

1049.50

Злато

108919.31

Бакар

9.35

Паладиум

31523.81

Платина

31329.64

Родиум

172810.26

Цинк

2.58

Иридиум

134266.78