
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Љубителите на театарската уметност вечерва на сцената на Дом на култура во Кавадарци ќе имаат можност да ја проследат претставата „Буба у уху“ работена според текст на францускиот комедиограф Жорж Фејдо,во изведба на Аматерски театар на Центар за култура од Ковин. Почетокот е во 20:00 часот. Аматерскиот театар Ковин постои и успешно работи веќе 70 години и дава голем придонес во развојот и афирмацијата на драмското творештво во Јужен Банат, ...
„Рацин – неговото творештво, оној комплет од пет дела којшто го имавме во семејниот дом ми е едно од првите македонски четива но и со сигурност едно од малкуте македонски четива, оние најзначајни за мене на коишто редовно се навраќам низ годините, бидејќи Рацин не се надраснува“, со овие зборови го започна својот говор Фросина Прамаковска добитничка на годинешното „Рациново признание“ откако градоначалникот Марко Колев и го врачи признанието на ...
Бремените жени и лицата над 60 години од утре (19 јуни) до 23 јуни да бидат ослободени од работа, а децата во градинките да не се изнесуваат на отворено во периодот од 11 до 17 часот, се дел од препораките кои ги донесе Владата барање на Министерството за здравство, поради топлотниот бран што се очекува од утре да ја зафати целата држава. Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите ...
Досегашниот советник Даниел Јаневски е именуван на денешната седница на Совет на Општина Велес за нов Претседател. Јаневски е советник на советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Даниел Јаневски има 41 година и е дипломиран економист на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ , на насока Надворешна трговија. Тој е оженет и е татко на две деца. Со именувањето на Јаневски, завршува мандатот на функцијата на досегашниот претседател Зоран Љутков, кој актерската ...
Четириесет и пет годишна годишна жена од Кавадарци, вчера во Полициска станица на ОВР Кавадарци, пријавила дека во четврток, 6 јуни 2024 нејзината седумнаесет годишна ќерка Д.З. се одјавила од средношколскиот интернат и заминала кај две години постарото момче К.Ѓ кое живеело во Битола. Загрижената мајка неколку пати стапила во контакт со малолетната ќерка која потоа престанала да и одговара на телефонските повици. До пријавувањето на овој случај ...
По реализираниот Планинарски марш во чест на Рацин, посета на планината Лопушник од делегација на Општина Велес и одржаниот симпозиум на тема „Од белите мугри до современите текстови на јазикот и книжевноста“ на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Советот за македонски јазик и Театар Џинот Велес утре,среда 19 јуни и четврток,20 јуни, продолжуваат предвидените активности на годинешните 61 Рацинови средби. Според програмата на ...
Само кај еден ветеринар, деновиве, од страна на граѓани на Кавадарци се однесени шест болни бездомни кучиња од болеста „штенечек“. Станува збор за заразна болест која се препознава по гноен исцедок од носот на болното куче, по гурелки во очите и по уште неколку други видливи со око манифестирања меѓу кои се и гнојни кесички по телото на животното. Последново е кога болеста во поодмината фаза ги напаѓа и внатрешните органи на кучето. На ...
Велешанец Благој Ламњов кој на трети јуни, годинава, го одржа својот прв солистички концерт пред своите сограѓани во родниот град, ја објави првата песна со којашто го започна концертот за која вели „првите ноти се секогаш најтешки“. Тој на сцената во велешкиот театар „Ј.Х.К Џинот“ пред своите сограѓани на самиот почеток проговори „Доме слатки доме“ по што сам, без ниту една придружба од други инструменти започна да ја свири „Налеј налеј“ ...
Откако ги направија со менторска поддршка на своите наставници, утрово, на плато на Спомен костурница дојдоа и учеа како да летаат учутми. Педесеттина ученици на четирите основни училишта „Кирил и Методиј“, „Панко Брашнаров“, „Блаже Конески“ и „Васил Главинов“ раскажаа како е да се направи и да се лета учутма. Сите беа помалку или повеќе вештии во разлетувањето на учутмите. Целта на иницијативата „Време на летала“ потекна од советничката група ...
Велешанецот Атанас Крлевски викендов го следел Светскиот куп во кајак спуст којшто се организираше во Велес. Овој настан бил повод тој со својот мобилен телефон да фотографира повеќе фотографии кои во форма на колаж ги испрати до редакцијата на Дума.мк за категоријата „Граѓански фото објектив“. Сите заинтересирани граѓани доколку имаат фотографија којашто сакаат да биде објавена може да ја испратат на истиот маил [email protected] или на нашата ...
-Занимавањето со политика за многумина денес претставува мошне корисен бизнис: почувствуваа луѓето дека тоа најмногу се исплатува. -Во работата треба да се биде внимателен на почетокот, а во љубовта…на крајот. -Самобендисани Дами, ако по улиците нема огледала, не гледајте попусто во матната вода од вировите, таа не одвраќа слики. -Ако честопати ви се случува да „излегувате“ од кожа, потрудете се барем, гаќите да ви останат на себе. -Воопшто не е ...
Вкупно 30 од три класа матуранти на генерацијата трговци – продавачи кои го завршиле своето образование во учебната 1973/74 следејќи ја наставата во тогашниот Работнички универзитет „Благој Страчковски“ и средно економско училиште „Јовче Тесличков“ вчеравечер одбележаа 50 години од матурирањето. Велешани ќе се сетат на нив затоа што ги услужувале при пазарењето во градската трговска мрежа тогаш составена од продавници и деликатес на ...
Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера претпладне, во присуство на старател, бил извршен службен разговор со малолетник од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во разлицни апоени и мобилен телефон за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. Убавка ...
Македонскиот Црвен Крст со Форум за крводарителство го одбележува 14 јуни – Светски ден на крводарителство во Велес. Форумот на тема „Нови концепти за мотивирање при добороволното крводарување“ го следат 30 учесници кои се вработени во Црвен крст, членови на Раководен одбор, претставници на Министерство за здравство, на Инстутут за трансфузиона медицина и мотиватори од локални средини. Форумот го отвори Др. Ромел Велев, Претседател на Црвен крст ...
Полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ во содејство со Државен инспектор за труд вчера, во 12:30 часот извршиле контрола на градилиште над село Дрен, демиркаписко. При контролата, на градилиштето биле затекнати тројца мажи, шеесет годишниот А.Р, 47 годишниот С.В и 33 годишниот А.Х од Република Турција за кои се констатирало дека престојуваат ...
Седумдесет и едногодишен Велешанец, вчера, во 11:30 часот пријавил дека во семејниот дом, по кратка расправија, бил физички нападнат од неговата една година по возрасна сопруга Т.В. исто така од Велес. Полициски службеници на станицата во Велес за настанот ги известиле стручните лица на Центарот за социјални работи Велес по што биле превземени мерки за расчистување на случајот. Според полицискиот билтен, полициски службеници од ОВР ...
Постапувајќи по претходна пријава, вчера, во Сектор за внатрешни работи Велес со четириесет и седум годишниот И.П бил извршен службен разговор бидејќи околу 21:00 часот во семејниот дом, по кратка расправија физички ја нападнал неговата малолетна ќерка. Во дневниот билтен на СВР Велес пишува дека за настанот бил известен јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто ...
Манифестацијата „Недела на македонско – српска култура“ ќе ја отвори мултимедијалната изложба „Тврдини и стари градови на територијата на Србија“, на авторката Светлана Дингарац од Белград којашто во понеделник со почеток во 19:00 часот ќе биде поставена на Градски плоштад во Кавадарци. Изложбата како проект е започната во 2018 година со цел да не се заборави и да се престави пред граѓани културно-историското наследство на Србија. Проектот го ...
Деветоодделенците од ООУ „Васил Главинов“ денеска беа дел од големата самоиницијативна еко акција за чистење на Градскиот парк организирана од Младински центар Велес во соработка со Јуроп хаус Велес. Педесет ученици, околу два часа собираа отпад на повеќе локации во градскиот парк и со оваа активност ја заокружија школската година но и своето основно образование. Младинскиот работник Ивана Јордева упати голема благодарност до сите учесници кои ...
Дваесет книги од различни автори до сега се донирани за хуманитарниот поетски настан „Од срце за Мартин“ којшто ќе се одржи во Книжарница – кафе „Збор“. Овие книги ќе може да ги купи секој заинтересиран граѓанин и истите ќе бидат изложени за време на целиот настан и нивната цена ќе биде иста, поточно симболични 250 денари. Организаторката на настанот Вероника Саздовска за Дума.мк сподели дека до сега се пријавени и 10 роднокрајни но и автори од ...
Отсекот за превенција при СВР Велес, во рамките на сообраќајно – воспитната акција насловена „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Кавадарци, вчера, реализираа едукативен квиз во градинката „Рада Поцева“ под мотото „Весел детски семафор“ на кој учествуваа дечиња од сите општински градинки на подрачјето на Кавадарци. -Врз основа на претходни предавања и примена на ...
Пред 81 години, на денешен ден, загина македонскиот великан и поет на револуцијата, Кочо Солев Рацин. Активистите на Левица од Велес, денеска, им се придружија на ултрамаратонците кои што во изминативе четири дена поминаа над 150 километри и положија цвеќе на врвот на Лопушник, како и на местото на неговото погибје. „Коста Солев Рацин (1908 – 1943) е еден од најистакнатите интелектуалци што ги дала Македонија во периодот помеѓу двете светски ...
Огнот е пријавен во 16:26 часот во Центар за управување со кризи Велес и Територијална против пожарна единица Велес. Локацијата на пријавата била позади хотел “Монтенегро ревиера“. Според првичните информација жариштето било во делот на стари воени магацини од каде огнот се проширил на околните ниви со суви растенија и трева. Пламенот се доближува до дел од куќите. На гаснењето на огнот не му оди во прилог силниот ветер што дува во Велес. Според ...
Поради продор на значително ладен атмосферски фронт кој ќе пристигне на многу загреана атмосфера и исполнета со енергија, токму поради повеќе дневниот топлотен бран кој ја зафати нашата територија, од попладнево, а особено во текот на претстојната ноќ и утре, на повеќе места низ Македонија ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Метео Аларм. Локално процесите ќе бидат интензивни и во форма ...
Огнот е пријавен во 16:26 часот во Центар за управување со кризи Велес и Територијална против пожарна единица Велес. Локацијата на пријавата била позади хотел “Монтенегро ревиера“. Според првичните информација жариштето било во делот на стари воени магацини од каде огнот се проширил на околните ниви со суви растенија и трева. Пламенот се доближува до дел од куќите. На гаснењето на огнот не му оди во прилог силниот ветер што дува во Велес. Според ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) излезе со нова одлука за цената на горивата и нафтените деривати од полноќ. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,164 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,639 ден/кг. Малопродажните цени на ...
Челичните столбови, кои беа со многу ниска висина и поставени на средина од тротоарите спроти зградата на Основен суд Велес и вториот на плочник пред комплекс згради „Чешел“ се отстранети. Градоначалникот Марко Колев објасни дека на нив требало да биде поставена вертикална сигнализација како дел од проектот за уредување на Централно градско подрачје. После поставувањето на челичните столбови но и реакциите од граѓаните и тоа колку пречат на ...
Во домот на книгата, градската библиотека „Гоце Делчев“, денешни посетители беа учениците, првоодделенци од основото општинско училиште „Васил Главинов“ заедно со своите наставнички Славица Левкова и Александра Величкова Зафировска. Тие имаа можност да се запознаат со начинот на работа на библиотеката, видов на литературата со којшто располага и правилата за зачленување, користење и грижа на книгите. -Учениците учествуваа и во квиз наменет за ...
„Постапката за издавање на лични карти и возачки дозволи е различна од постапката за издавање на пасоши и од таа причина не можат да се во исти работни простории“. Вака одговори Министерството за внатрешни работи на прашањето на Дума.мк зошто во ново отворената канцеларија на Одделението за управни работи во Велес, за издавање на лични документи, во просториите на Пожарна, не се издаваат и пасоши туку само нови лични карти и сообраќајни дозволи. ...
Нова обука за велосипедистите коишто сами сакаат да си ги сервисираат своите велосипеди но и нова акција за бесплатно сервисирање на велосипедите, вечерва, ќе одржи граѓанското здружение „Велес Бајкинг“. Целата активност ќе биде спроведена пред платото на велешкиот театар „Ј.Х.К Џинот“, со почеток од 18:00 часот па се до 20:00 часот. Од „Велес Бајкинг“ ги повикуваат сите заинтересира граѓани и љубители на велосипедизмот да ја проверат „крвната ...