
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Библиотекарско катче е веќе дел од подрачното училиште на основното „Страшо Пинџур“ во село Возарци, близу Тиквешкото езеро. Учениците организираа повеќе активности како „Еко квиз“, донации во книги од сите училишта и од некои приватни компании, детски забавни игри во Градски парк, ликовен и литературен конкурс во училиштето итн. Учениците од паричните донации купија 600 нови наслови и со донираните книги го збогатија библиотечниот фонд со два ...
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 12:10 часот во Градски парк во Велес го лишеле од слобода осумнаесет годишниот Ф.Ц и уште еден малолетник. Како што соопштуваат од Министерство за внатрешни работи кај двајцата велешани била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ...
Волонтерите на велешки Црвен крст во Велес поставија „хуманитарно катче“ во коешто граѓаните може да оставаат или пак да земаат храна доколку им е потребно. Како што велат од Црвен крст оваа иницијатива е наменета за да го засили чувството на еднаквост и да се помогне на оние граѓани на коишто им е најпотребно. -Во рамките на програмата ЦКА – ПХВ, Црвен крст во акција промоција на хумани вредности, младинците поставија хуманитарно катче во ...
Со презентација и интересен квиз средношколците денеска во Јуроп хаус Велес го одбележаа 9-ти мај, Денот на Европа. Околу 15 средношколци поделени во две групи се едуцираа а потоа и преку игра го тестираа своето знаење за значајностите на Европската Унија. -Младински центар Велес оваа година одлучи да го одбележи Денот на Европа и со една кратка дискусија. Најинтересен дел беше квизот кога средношколците на еден начин се натпреваруваа меѓусебе ...
Одбојкарскиот клуб „Виола Волеј“ организатор е и домаќин на Меѓународен турнир којшто во претстојниот викенд ќе се организира во сала на ООУ „Блаже Конески“ во Велес. На турнирот освен домаќините ќе учествуваат гости од Грција, Г.С „Олимпија“ од градот Лариса и ОК „Панда“ од Врање, од Србија како и шампионот на Македонија, екипата на „Јанта Волеј“. Меѓународниот турнир во одбојка ќе се одржи во салата на ООУ„Блаже Конески“ во Велес. Иако гостите ...
Делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев заедно со советници, институции и политички партии положија свежо цвеќе пред спомен бистата на паднатите борци за слоба во Спомен Костурницата и им оддадоа почит на жртвите на фашизмот чии мошти почиваат токму во неа. На одбележувањето 79 годишнината од победата над фашизмот градоначалникот Марко Колев во кратка изјава потенцираше дека не постои поубаво чувство за еден човек ...
Тешко повреден е Л.Ц.(64) од село Извор, општина Чашка, кој бил на запрежното возило. Во сообраќајката учествувало и патничко возило „цитроен саксо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.М.(44) од Велес . Повредениот маж се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес. Несреќата се случила вчера вечер, околу 20:10 часот на регионалниот пат Велес–село Извор. Тогаш била пријавена во СВР Велес. На местото на ...
Несреќата се случила додека Т.К (62) од Неготино, извршувал земјоделски активности на нива во месноста викана „Црно поле“. Тој го управувал тракторот, изгубил контрола и се превртел. Шеесет и две годишниот неготинец бил пренесен во Итна медицинска помош, каде што лекар констатирал смрт. Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Неготино. Несреќата се случила вчера, околу 13:00 часот. Стефани Манева Сподели: ...
Во организација на Лајонс клуб „Тиквеш“ од Кавадарци од четврток до сабота ќе биде организирана хуманитарно донаторска театарска недела во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“. Во четврток на 9 мај, во 20:00 часот ќе биде одиграна претставата „Вечера за глупаци“ на велешкиот театар „Џинот“ додека во петок од истиот театар во исто време ќе биде одиграна и претставата „Синиот портокал“. Во сабота, на 11 мај, со почеток во 20:00 часот домаќините, ...
Четири најдобри екипи од лигата за кошаркари до 12 години ќе земат учество на FINAL 4 завршниот турнир во кошарка кој викендов за прв пат ќе се одржи во Велес во спортската сала „Гемиџии“. Од кошаркарскиот клуб Борец Баскет со голема радост ги покануваат сите љубители и поддржувачи на кошарката и спортот да го проследат турнирот. -Ве каниме ЗАЕДНО да дадеме поддршка и да ја наполниме во што поголем број салата Гемиџии со што ќе покажеме дека ...
Со запалени бакљи и скандирање на името на политичката партија, ВМРО ДПМНЕ, вечерва, во центарот на Велес, ја славеше победата на седмите Претседателски и единаесеттите Парламентарни избори во државата. Помеѓу двата споменици на Коњаникот и на Кочо Солев Рацин беа собрани активистите и симпатизерите на партијата. Нив им се придружија претседателот, актуелен пратеник и кандидат за втор пратенички мандат Игор Здравковски, градоначалникот на Велес ...
Излезноста на граѓаните со право на глас до 18:30 часот на денешните седми Претседателски избори во општина Велес изнесува 55,26 % додека на единаесеттите Парламентарни 56,32% соопштија од Општинската изборна комисија. „Од вкупно запишани 44 илјади 858 граѓани во Единствениот избирачки список за претседателски избори излегле и гласале 24 илјади 787 избирачи додека од вкупно запишани 44 илјади 954 избирачи за Парламентарните избори правото на ...
Вкупно 17 илјади 593 велешани или 39,22% од вкупно 44 илјади 858 запишани во Единствениот избирачки список до 15 часот излегоа и го дадоа својот глас за еден од двајцата кандидати за Претседател на државата на денешниот изборен ден. Излезноста во проценти изнесува 39,22 отсто. Споредено со излезноста од пред две недели таа изнесуваше 17459 или 38,93 % Сосема мала е разликата споредено со излезноста на велешани кои гласаа и на второто гласачко на ...
Младите волонтери вклучени во програмата на Црвениот крст во акција за промоција на хумани вредности кои што доаѓаат од ООУ „Тоде Хаџи Тефов” од Кавадарци годинава работеа на подршка и помош на дневни центри и институции насловен како “Еднаквост”. Овие младинци преку бројни активности како што се спортски турнир, хуманитарен концерт во Дом на култура „Иван Мазов Климе“ и друго успеаа да соберат доволно парични средства за набавка на два ...
Излезноста на граѓаните со право на глас до 11 часот на денешните седми Претседателски избори во општина Велес изнесува 17,52 % додека на единаесеттите Парламентарни 16,34% соопштија од Општинската изборна комисија. „Од вкупно запишани 44 илјади 858 граѓани во Единствениот избирачки список за претседателски избори излегле и гласале 7 илјади 859 избирачи додека од вкупно запишани 44 илјади 954 избирачи за Парламентарните избори правото на глас го ...
Полициски службеници на Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, вчера вечер,во 23:20 часот на езеро „Младост“ ги лишиле од слобода Д.Ј.(29) и Л.Т.(29), двајцата од Велес. При преглед на патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј., а сопатник бил Л.Т., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен ...
Општинската Изборна комисија Велес ја соопшти излезноста во првите два часа на денешните Претседателски и Парламентарни избори 2024 на 84 Избирачки места во Општина Велес. „Во првите два часа за кандидатите за Претседател гласале 2794 граѓани од вкупно запишаните 44 илјади 858 во Единствениот избирачки список што во проценти изнесува 6,38. Исто така и за листата за избор на новиот состав на Собрание каде од вкупно запишани 44 илјади 954 избирачи ...
Подметнувачи за чаши, корпи за велигденски јајца во форма на зајчиња, петли но и кукли, рачно изработени, од вуница нудеше велешанката Лидија Стојанова на тезга поставена во Младински парк во рамки на велигденскиот базар. Стојанова за изработка на рачните изработки ни изјави дека и претставуваат релаксирање. Таа исто така ни откри дека покрај вуница производите ги полни со силиконска волна. Овие уникатни производи и деновиве можете да ги купите ...
Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 86 денари за ...
Триесет и тројца затвореници од седум општини во Македонија и 234 болни и изменоштени граѓани го остваруваат сопственото право на глас на седмите претседателски и на единаесетите по ред парламентарни избори во општина Велес. Од вкупниот број на болни и изнемоштени граѓани 210 гласаат во домашни услови на територијата на градот додека 24 во шест населени места во општината. Од нив 12 во село Бузалково, пет во Башино село, три во село Каласлари, ...
Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 15:20 часот, го лишиле од слобода педесет и две годишниот И.И од село Мелница, општина Чашка. Како што пишува во дневниот билтен на МВР, при претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело „поткуп при избори и гласање” по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол ...
Јавното комунално претпријатие „Дервен“ утрово соопшти дека повторно е во функција страната за електорнска наплата на сметки за комунални услуги. Како што објаснуваат од 3 мај, поради технички проблеми на интернет операторот страницата била привремено недостапна за граѓаните. Од денеска, проблемот појавен кај интернет операторот е надминат и страната е повторно во функција со што граѓаните можат електронски да ги подмируваат своите сметки. ...
Фокусот на најновите фотографии е гулаб којшто завчера го фотографираше велешанецот Атанас Крлевски. „Гулабот којшто е фотографиран на фонтана во новиот дел на Велес, поточно спроти популарно нареченото место Авона, стрпливо ми позираше и ми дозволи да го овековечам и да го направам славен. Јас него или тој мене. А кога одлета посакав да пренесе порака како гулаб на мирот: Да престанат сите војни во овој наш немирен свет!“, напиша Крлевски на ...
Mлади волонтери на Црвениот крст Кавадарци кои се ученици на ООУ „Тошо Велков Пепето“ истражуваа заедно со својата наставничка Орхидеја Димовска по што одбраа да помогнат семејство на самохрана мајка која живее со своето малолетно дете и во чии дом нема фрижидер и масичка. Волонтерите кои си дадоа име „Надеж“ организираа разни хуманитарни активности, спортски турнир во училиштето, ликовен конкурс, два музички концерти, по еден во училиштето и во ...
Заради сериозноста на темите, на некои од денешните афоризми, мислата ќе им биде продолжена и по слободна, па затоа тие воопшто нема да бидат смешни смета афористичарот Никола Бошковски Коки: -Сите му се тргаат од патот и тој пак, се направи…сам. -Некои недолични, алчни и нечуствителни политичари, кои воопшто немаат почит и чувство кон сопствениот народ, на овие парламентарни избори, повторно, бесрамно бараат нов мандат. -Постојат луѓе кој ...
Нова модерна и современа библиотека е отворена во основното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“ во Лозово. Просториите коишто не се користеле подолго време во училиштето, сега се трансформирани во место кадешто учениците ќе сакаат да го поминуваат своето слободно време. -Со добро разработена проектна идеја, со многу труд, знаење, професионализам, посветеност, истрајност, трпение, со тимска работа, со примена на сето искуство и со ...
По повод неделата на имунизацијата, пред платото на велешкиот театар, денеска раководителката на училишна превентива, др Лидија Проданова, заедно со д-р Марина Тодоровска од службата за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца при ЈЗУ Здравствен дом Велес, делеа промотивни материјали и споделуваа значајни информации и совети до велешани за имунизацијата кај децата. Д-р Марина Тодоровска вели дека имунизацијата во училишна возраст е ...
Целосно неподвижен и врзан за кауч, во мала соба на тесен стан и сосема зависен од помошта на сопругата, го затекнавме Илија Кавазов, во неговиот дом во Градско. Овој седумдесет и пет годишен маж боледува од детска парализа уште од осум месечна возраст. Неговите нозе никогаш не биле подвижни, па морал да користи штаки за да стигне до училиште, а подоцна и до работното место во земјоделскиот комбинат. И сега ги има, но штаките веќе не може да ги ...
Услугите што трите училишта ООМУ „Владимир Арсовски“, ООУ „Гоце Делчев“ и подрачно во Долни Дисан во Неготино ги набавуваат со средства собрани од родителите се скоро идентични. Станува збор за цените за индивидуално осигурување на учениците, еднодневна или дводневна екскурзија и фотографирање за групна слика и за полуматурско табло, покажа истражувањето на Центар за граѓански комуникации во кое што се вклучени екологистите на „Вила Зора“ од ...
Полициски службеници од Полициското одделение Чашка рано утринава во 01:20 часот, го лишиле од слобода Ѓ.Ѓ.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од лицето Н.Д.(37) од село Богомила дека пред објект во селото Ѓ.Ѓ. со ловечка пушка му се заканил нему и на С.С., М.Д., Б.Ј., Т.Д., П.Б. и Д.Ѓ. Триесет и шест годишниот скопјанец бил задржан во полициска станица. Полицијата известила Јавен обвинител и по документирање на настанот протв него ...