
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Регионалниот Центар за управување со кризи Велес извести за пожар на отворен простор во атарот на село Уланци, во Општина Градско. Интервенира Територијалната противпожарна единица Велес со четири пожарникари и едно противпожарно возило. Зафатена е површина со сува трева и жито. Дополнително е побарана помош од страна на ТППЕ Велес со уште една екипа од четири пожарникари и едно противпожарно возило. Вкупно на терен интервенираат осум ...
Велешани и туристите кои доаѓаат или транзитно минуваат покрај езеро „Младост“ безбедно можат да се капат во водата на прва плажа. Центар за јавно здравје Велес ги соопшти резултатите од лабораториските испитувања за здравствена безбедност на водата во езерото. Резултатите се од земени примероци на површинска вода на прва плажа на 30 мај и завршени лабораториски испитувања на 5 јуни, годинава. Според резултатите, кои ги содржат констатираните ...
Дваесет и девет годишниот К.Г и две години помладиот Б.Е од Велес, вчера, се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода којашто се случила кај „Црн Камен“ во Велес и за која имало спасителска комбинирана акција, ограничена со време, за извлекување на двете момчиња како и возилото од пругата. Со возило на Итна медицинска помош накратко по 15:00 часот, двајцата велешани биле пренесени во ЈЗУ Општа болница Велес каде веднаш им била ...
Шеесет годишниот Д.С од Велес, се здобил со тешки телесни повреди откако неговото возило коешто го стартувал за да го препаркира во гаража се придвижило и го удрило додека тој ја отворал вратата од гаражата во дворот од викенд куќа во населба Отовица. -Во Ургентен центар Велес беше донесен Д.С по што веднаш му беше направен ренген и компјутерска томографија на цело тело. Констатирани се скршеница на повеќе ребра од лева страна на граден кош како ...
„Десеттина технички неисправни автомобили брзо возат и закана се по нашата и безбедноста на нашите деца. Нив ги возат и малолетници. Тоа се автомобили кои не се регистрирани бидејќи им недостасуваат ветробрански или стакла на прозори а и гуми. Пред извесен период возило се спушти по удолницата на оваа улица на бандажи и остави траги на бехатон плочките,“ се жалат жители на улица „Прохор Пчински“ во Велес. Овие граѓани, исто така, информираа за ...
Граѓани кои што живеат на улица „Тодор Јанев“ или се движат по неа за да стигнат до домовите на соседните „Васил Главинов“, „Игманска“ и „Сараевска“ се жалат дека не можат да пешачат од автомобили паркирани на тротоарите и наноси од земја на асфалтот. Тие зборуваат дека особено изразена ваква состојба е на почетокот на улицата, најдолу, поточно на спојот со улица „Васил Главинов“ и околу угостителски парк како и место за одмор каде целиот асфалт ...
Смртта кај велешанецот настапила вчера, на пладне, кога и во Сектор за внатрешни работи Велес било пријавено дека во сала за вежбање во Велес, додека В.Ј.(51) од Велес, вежбал му се слошило, по што паднал и починал. „Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција,“ соопшти СВР Велес. Увид на лице место извршила екипа од СВР Велес. ...
Андреј Петровски од основоното општинско училиште „Даме Груев“ од Градско, денеска, го доби првото место на општинкиот натпревар „Млади библиотекари 2024“ којшто се одржа во медијатеката на градската библиотека „Гоце Делчев“. Тој заедно со својата менторка Лидија Катулкова изминатиот временски период вежбал и добро се подготвил за натпреварот. Сега, со наградата се здоби со право да учествува на Републичкиот натпревар „Млади библитекари 2024“ ...
По дво месечна обука и едно месечна пракса, дваесетмина велешани, се стекнаа со Сертификат за негување на стари и изнемоштени лица во Велес. Во рамки на теоретската настава за негување и помош на лицата нив ги обучуваше Олгица Пепелашева, дипломирана медицинска сестра на ЈЗУ Општа болница Велес и лиценцирани обучувачи додека праксата ја изведуваа во семејства кои се членови на Ресурсен центар и на Здружение на лица болни од церебрална парализа и ...
Долг и бесконечен процес на легализација на дивоградби, комплицирано добивање на градежни дозволи, проблеми со сопственост и упис на нов имот во Катастар, бесправно отуѓен имот, неможност за откуп на земјиште под колективен објект за домување, несоодветно димензионирани улици, неправилно поставени раскрсници, градови без атмосферска канализација од една и од друга страна дотрајани канализациони и водоводни мрежи. Вака одговорија најголем број од ...
Дваесет и четири годишниот Стефан Савев од Велес, веќе една година, рачно изработува свеќи во различни форми и големини за своите сограѓани но и за граѓаните од цела држава. Неговите рачни изработки по повод годинешните Велигденски празници имаат фотми на зајчиња, велигденски јајца, букети од цветови и слично. Сите овие производи се изработени од парафин и соин восок. Савев беше еден од ракотворците изложувачи на Велигденски базар. Со него се ...
Нов начин на исполнување на слободното време си пронајде велешанката Ленче Здравкин откако таа се стекна со приматот на хумана личност уште од времето на бегалската криза. Жената што го прослави градот надвор од границите на Република Македонија со својата хуманост кон бегалците од Блискиот Исток и несебично им помагаше на рутата кон Европа, сега наоѓа време да изработува сакции за цвеќе. Добитничката на бројни државни и национални признанија за ...
Стотици граѓани од рано утринава се упатија кон гробиштата на двете цркви во Велес, „Свети Великомаченик Пантелејмон“ и „Свети Спас“ како и на новите гробишта во Раштани за да ги запалат кандилата и свеќите во чест на упокоените членови на семејствата. Ни топлото време ниту пеколната горештина не ги поколебаа на Духовден да ја испочитуваат традицијата според која се чекаат свештениците на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ...
Во организација на Железничарскиот борачки клуб „Борец“ во спортската сала “Гемиџии” во Велес се одржа традиционалниот Меѓународен турнир во борење слободен стил “Љубомир Коцев Листон“. За најдобар борач е прогласен Ердин Зејнелов преставник на „Борец“ во категоријата до 66 кг додека за најдобар техничар,неговиот брат Полат Зејнелов во категорија до 46 кг. Игор Мицевски тренерот во ЖБК „Борец“ е задоволен од целиот настан. -Одличен турнир, ...
Радовиш беше домаќин на државното кадетско првенство во борење слободен стил, кое се одржува турнирски, а ќе ги има неколку во текот на сезоната. Борачите на Боречки клуб „Борец“ имаа солиден настап. Од 14 екипи го освоија шестото место додека во поединечна конкуренција освоени се три бронзени медали. Ангел Мицев, легендата на велешкото боерење, беше во Радовиш и за Дума. мк изјави дека успехот е добар, се работи вредно и резултатите ...
Во Кичево на езерото Осломеј во организација на Македонската риболовна федерација се одржа третото коло од државната крапска лига. Настапија 15 екипи од државата. Во еден од натпреварите со висок улов, како најдобра се покажа екипата на „Елит карп тим“ од Штип со уловени 80 риби со тежина од 204.030 килограми. Втора е екипата на „Костреж“ од Богданци со 65 риби и тежина од 148.730 кг. Трета е екипата на „Мак дам“ од Куманово чии играчи уловија ...
На патеката на река Вардар во центарот на Велес се одржа државното јуниорско првенство во кајак на диви води во организација на Кајакарската федерација на Македонија а како технички домакин беше КК „Бабуна“. Во ц-1 најдобар беше Ангел Петрушев од ККК „Вардар“ Велес пред Коце Игнатов од КК „Бабуна“ и трет е Стефан Рибарски од ККК „Вардар“. Две девојки настапија во оваа дисциплина. Победи Олгица Мелова од КК „Просек“ од Демир Капија пред Ангела ...
Во Велес, на патеката на река Вардар, вчера се одржа Државното првенство во кајак на диви води за пионери во организација на Кајакарската федерација и Кајак клубот „Гемиџии 903“ од Велес. Во дисциплината К-1 државен првак е Полат Зејнелов од ККК „Вардар“ од Велес, пред Кристијан Смилев од КК „Бабуна“ од Велес и третопласираниот Христијан Петровски од екипата на КК „Илинден“ од Скопје. Полат Зејнелов е повторно најдобар во дисциплината С-1 пред ...
И покрај неповолните временски услови, повеќе од 250 велосипедисти, планинари и посетители беа дел од деветтиот по ред „Outdoor festival AЗОТ МТВ Предизвик“, којшто се одржа во регионот АЗОТ во село Богомила. Претседателот на велосипедското здружение „Велес Бајкин“ кој воедно е и организатор на настанот, Зоран Јаневски, рече дека според реакцијата на учесниците оваа година фестивалот ги надминал сите очекувања. -Целокупниот настан беше опфатен ...
Во најновиот документ за политики, издаден годинава од Фондацијата за слобода Фридрих Науман, во соработка со Софискиот безбедносен форум, а изведен од мрежа на национални експерти во Југоисточна Европа (ЈИЕ), се вели дека и покрај сè, македонските граѓани и натаму имаат поволно мислење за Кина, не поради „материјалното влијание на соработката, но поради чувството за можности што Кина знае да го инспирира“. Пишува: Мери Јордановска Имиџот на ...
Особено ми смета кога ќе видам дека картонот се пали. Тоа е суровина, која вреди пари и затоа треба да ја заштитиме и правилно да ја употребиме. Во мојата работа не гледам само профит, сакам да го видат Куманово исчистено од хартија. На периферијата на Куманово, во Северноисточниот регион во Македонија, навидум мал и скромен производен капацитет прави пионерски чекори за заштита на животната средина и развој на циркуларната економија преку ...
Повеќе од 2.200 домаќинства, регистрирани во над 15 населени места, во Општина Чашка од месец мај, годинава, сметките за вода и смет наместо во банка ќе можат да ги плаќаат преку интернет. Банкарската провизија ќе биде на товар на јавното комунално претпријатие „Тополка“. Он лајн плаќањето пак ќе му донесе заштеда на комуналното претпријатие и во делот на човечки ресурси. Дигитализацијата, исто така, ќе се почувствува и во делот на помала ...
Десет семејства-домаќини од Лозово, во период од 28.09.2024 до 06.12.2024, во своите домови ќе сместат волонтери од Америка кои ќе посетуваат обуки а потоа ќе заминат во градовите и селата низ државата кадешто ќе живеат и работат во наредните две години. Градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски ги известува сите заинтересирани граѓани дека пријавувањата и аплицирањата за вдомување на волонтери од Америка е во тек. -Во период од 11 ...
Повеќе од две недели езерската површина на велешко „Младост“ е прекриена со непозната материја која има боја на песок. На прв поглед материјата наликува на пена но доколку се доближите до неа се забележува дека тоа не е така. Оваа материја како да започнала да ја покрива езерската површина од јужниот крај на езерото, во близина на село Отовица. Потоа се шири долж западниот крајбрежен езерски брег. Во помали парчиња ја има на сите плажи од влезот ...
Полициски службеници, рано утрово, во 3:20 часот го привеле П.М.(21) од Росоман затоа што агресивно се однесувал кон нивни колеги додека извршувале службени задачи. Приведениот бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Секторот за внатрешни работи Вечес, исто така, информираше дека вчера, на 20 јуни, во попладневните часови, поточно во 16:30 часот, била пронајдена ...
Со доделување на Почесното Рациново признание за 2024 година на Анамарија Цинеге Панзова од Будимпешта, Унгарија за значаен придонес во афирмацијата на македонскиот јазик надвор од границите на државата вчера вечер во Амфитеатар на Младински пар во Велес започна свеченоста на затворање на 61 Рацинови средби. Признанието на Цинеге Панзова и го додели градоначалникот на Велес, Марко Колев. Годинешната добитничка на преодното признание се обрати и ...
Од денеска до вторник, 25 јуни, до 15 часот, започна да се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот. Според објавениот Конкурс на Министерството за образование и наука во четирите велешки средни училишта има слободни места за упис на 828 ученици. Во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ во прва година ...
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека вчера, на 19 јуни, биле пријавени два случаи за физички напад. Четириесет и шест годишна жена пријавила дека во семејниот дом нејзиниот дваесет и седум годишен син А.К физички ја нападнал и се обидел да ја нападне и со остар предмет. Полициски службеници го лишеле од слобода и го задржале во полициска станица а за настанот бил известен јавен обвинител. Од СВР Велес соопштија дека по документирање ...
Во рамките на 61 Рацинови средби, денеска, во Јуроп хаус Велес се одржа и трибина на Владимир Илиевски насловена „Книжевниот превод – прозорец кон светот“ на која истакнати соговорници го дадоа своето мислење за состојбите во издавачката дејност и можноста за повеќе книжевни дела кои се од различни жанрови да бидат преведени и достапни до читателите надвор од Македонија. На поставените прашања свое мислење и одговори даваа добитничката на ...
Љубителите на театарската уметност вечерва на сцената на Дом на култура во Кавадарци ќе имаат можност да ја проследат претставата „Буба у уху“ работена според текст на францускиот комедиограф Жорж Фејдо,во изведба на Аматерски театар на Центар за култура од Ковин. Почетокот е во 20:00 часот. Аматерскиот театар Ковин постои и успешно работи веќе 70 години и дава голем придонес во развојот и афирмацијата на драмското творештво во Јужен Банат, ...