
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Ученици од основните училишта беа дел од книжевна работилница, којашто вчера, се одржа во медијатеката на градската библиотека „Гоце Делчев“. За време на работилницата учениците имале можност да се запознаат со роднокрајниот автор Анде Јанков и заедно со него ја дискутирале неговата книга „Едно лето на Крит“. Од велешката библиотека соопштија дека координатор на работилницата била Наташа Брезовска – Богоевска и дека учениците за време на ...
Во четирите градски основни училишта, „Панко Брашнаров“, „Св. Кирил и Методиј“, „Блаже Конески“ и „Васил Главинов“ како и во руралните „Рајко Жинзифов“, „Стојан Бурчевски Буридан“ и „Лирија“ запишани се вкупно 435 деца во прво одделение , во учебната 2024/25 година. Од вкупниот број, 375 деца во прво одделение, ќе учат на македонски јазик. Исто така, на албански наставен јазик запишани се 60 деца во прво одделение кои ќе учат во основното ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска свечено ги доделија наградите за „Креативност и новинарска етика“ Првата наградата е доделена на новинарот Михаил Милошевски од 360 степени со сторија со наслов „ Бугарскиот клуб на Косово што го отвори Јотова – под клуч “. Се работи за југозападниот дел на најмладата европска држава, Косово и се наоѓа областа Гора. А таму, ...
Се реконструираат улиците „Гоце Делчев” и „Страшо Пинџур” во центарот на Велес. Во тек е гребењето на постоечкиот асфлат по што ќе следи подготовка за комплетната реконструкција и постилањето со нов асфалтен слој. Двете улици се дел од главните градски сообраќајници. Градоначалникот Марко Колев, на вчерашната прес конференција, објасни дека пред година и половина на овие улици се менуваше фекалната канализација и дел од коловозот останал во лоша ...
Велешани кои што ги користат услугите на мобилниот оператор А1 неколку часа се без можност да повикуваат или да бидат повикани од и на нивните броеви. Исто така не е во функција ниту интернет мрежата на овој оператор. Корисниците не можат да го добијат ни контакт центарот за да се информираат за причините на нефункционирањето како на телефоните така и на интернет услугите. Контакт центарот на А1 се добива од останатите мобилни мрежи. Штом се ...
Сектор за внатрешни работи Велес преку ифнормира дека вчера, полициски службеници лишеле од слобода шест велешани кај кои била пронајдена дрога. Првиот велешанец, четириесет и две годишниот С.С бил лишен од слобода во 10:00 часот на улица „Петар Алчев“. Полицајците кај него пронашле и одземале бела прашкаста материја. По два и пол часа, на улица „Васил Ѓоргов“, полициски службеници го лишеле од слобода и четириесет годишниот А.Д кај кого била ...
Во ООУ „Васил Главинов“ стрип центарот на Македонија од Велес, вчера, ја организираше втората изложба којашто е дел од грантот „All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“. На изложбата биле изложени најдобрите дела од наградниот стрип конкурс но се доделиле и дипломи за наградите како и сертификати за учество на учениците, нивните ментори како и основните училишта од Велес поточно Васил Главинов, Блаже Конески и Свети Кирил и Методиј. ...
Пишува: Бранко Азески, претседател на СКСМ Некако полека се исцртуваат контурите на пакетот на мерки за поддршка на бизнисот што веројатно мандатарот за состав на новата Влада ќе го понуди на бизнисот. Тоа ќе биде, претпоставувам, пакет мерки со кои ќе се обиде да го оствари своето ветување за раст на БДП. Спорадично, се нафрлаат информации кои што најавуваат силна поддршка за домашните компании за да се поттикнат да влезат во нов инвестициски ...
Својот максимум овој многу топол бран во Македонија, кој што е со потекло од северните предели на Африка, ќе го достигне утре, а особено во среда. Температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени. На повеќе места тие ќе се искачат и до околу 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие локално ќе достигнат дури 40 и 41 Целзиусови степени. Овие два дена воедно ќе бидат и најтоплите досега оваа година, пишува Метео Аларм. ...
Шеесет и една година традиција на одбележување на оваа значајна манифестација којшто општина Велес го негува и секоја година се труди подобро да го организираме, рече градоналачникот Марко Колев на денешната прес конференција одржана во локалната самоуправа по повод 61-вото издание на „Рацинови средби“. Колев напомена дека пред одржување на пресот неколку настани го означиле започнувањето на „Рациновите средби“, поточно атлетската трка „Трчаме ...
Анамариа Цинеге Панзова е литературен преведувач на унгарски и македонски јазик е добитничка на годинешното „Почестено Рациново признание“. Во 2002 година дипломирала на факултетот „Елте“ во Будимпешта со што се здобила со звање професор по унгарски јазик, а во 2003 година на истиот факултет се стекнала со звање филолог по полски јазик. Цинеге Панзова има работно искуство како лектор по унгарски јазик на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при ...
Велешанецот Атанас Крлевски испрати три нови фотографии за категоријата граѓански фото објектив. Овој понеделник тој се одлучил да го фотографира велешкото езеро Младост и вели: -Горештините започнаа, па за следачите на Дума едно виртуелно изладување, низ смеа додава Крлевски. Сите заинтересирани граѓани доколку имаат фотографија којашто сакаат да биде објавена може да ја испратат на истиот маил [email protected] или на нашата фејсбук страница. ...
Афористичарот Никола Бошков Коки овој понеделник со седум нови афоризми. Прочитајте ги, насмевката е загарантирана. Уживајте: -Земјата во која сите се прават луди, наликува на еден голем санаториум. -Така е тоа во политиката кај нас: едни арамии заминуваат од власта, други доаѓаат да ги наследат и…се така, постојано во круг. -Атмосферата во некои бракови може да се спореди со онаа на месечината: не постојат услови за живот. -Оваа учебна година ...
Вокалниот интерпретатор Мики Секуловски кој што во изминатите 10 месеци со извонредни изведби ги бранеше боите на родниот Велес и на Македонија во регионалниот музички натпревар „Звезде Гранда“ освои 102.103 гласови, во синоќешното финале на натпреварот за 2024 година. Секуловски, вчера вечер, со освоени гласови на гледачите на финалето, влезе во сите три круга на гласање одлично интерпретирајќи ги песните „Македонија“ , дел од преработката на ...
Книгата „Песнопојност“ е збирка песни на група автори од конкурсот на литературното друштво „ Браќа Миладиновци“ од Торонто, во Канада, што ја издаде Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ Велес. Рецензент и промотор на стихозбирката е проф. д-р Виолета Ачкоска. -Уредник на книгата и домаќин на настанот, вчера во Велес, беше Вера Благојевиќ која се погрижи се да помине во прекрасна атмосфера со посебните гости Жифко Поповски Цветин и нашата ...
На последната трка од Државниот шампионат во Мотокрос, вчера, во Битола на патеката „Смолево“, Драган Ванов ја потврди лидерската позиција во класата MX2 до 250 кубика и ја освои шампионската титула. Овој македонски моторциклист, велешанец, истовремено е на лидерската позиција и во Enduro шампионатот во класата E1 до 250 кубика како прв македонски моторциклист коишто освојува шампионски титули во два различни спорта „Мотокрос“ и „Enduro“. Тоа ...
11.08.2020 Полициски службеници од Свети Николе во моментов постапуваат по телефонската дојава од 56-годишната Атиџе Муратова која реагирала дека соседот ја вознемирува и се заканува. Станува збор за познатата жителка на село Бекирлија, во Општина Лозово, која ја одигра главната улога во документарниот филм „Медена земја“. Oд СВР-Штип соопштија дека откако полициските службеници ќе ја утврдат фактичката состојба меѓу 56-годишната Атиџе Муратова ...
Ансамбл „Керамичар“ денеска гостува на 28-от Детски фолклорен фестивал ,,Од цвет на цвет,, во Скопје чии што организатор е КУД „Цветан Димов“. На фестивалот настапија детските фолклорни групи на Ансамбл „Керамичар“ коишто се претставија со „Бувчанско оро“, „Сред село“ и „Прилепски игри“. Пред публиката на фолклорниот фестивал „Бувчанско оро“ го играа играорките Лана Андовска, Зорица Андовска, Ева Миновска, Дона Мешкова, Христина Јованова, ...
Сообраќајката се случила, вчера, околу 15:00 часот на крстосница од улиците „Пионерска“ и „22-ри Декември“ во Кавадарци кога моторцикл марка „априлиа“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кавадарци излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот. Повредите на малолетникот констатирани се во Општа болница Кавадарци. На местото на незгодата извршен бил увид од увидна екипа на ОВР ...
Младите велешани можат да се приклучат на платформата „Зелени можности“ кадешто ќе можат да пренесуваат свои идеи и да ги искажат проблемите со коишто се соочуваат во денешно време, но и да предложат и активност на којашто заеднички ќе работат. Со регистрација на платформата исто така, младите ќе можат да ги читаат и сите новости што се однесуваат на нив, да следат конкурси за Еразмус+ програмата и во реално време да се допишуваат со останатите ...
Од ноќеска на полноќ за два денари ќе поевтини ЕУРОСУПЕР БС-95. Цените на останатите нафтени деривати остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 80 денари за литар, додека литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 и натаму ќе се продава по 82 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по 73 денари, Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 72, а Мазут ...
За крај на работната седмица, 10 нови издумани Крлевизми од афористичарот Атанас Крлевски кој Ви предлага да читате Издумани Крлевизми, да се смеете и размислувате, бидејќи тоа му годи и на умот и на духот. -Останав принц и откако ми го украдоа белиот коњ. -Лекарот ми препорача повеќе течности. Сега покрај ракија пијам и пиво. -Паднав на ниски гранки. Конечно сум свој на своето. -Умната глава и ѕид турка! -Паметен меѓу будали? Изгубен случај! ...
Топлиот бран кој ќе започне да добива на интензитет и тоа уште од утре и за време на викендот додека во текот на следната седмица ќе стане дури и екстремно топол, објави метео прогнозерот Славчо Поповски на Метео Аларм. „Тоа значи дека очекуваме екстремно високи температури на воздухот кој насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени. На повеќе места температурите ќе се искачуваат до околу 35 степени, додека во централните и во ...
Евидентираните невработени лица како активни баралите на работа во Центар за вработување Велес, кои имаат желба да започнат сопствен бизнис, до 21 јуни, годинава, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање. -Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 % во однос на одлуката од 3.6.2024 година. Од ноќеска на полноќ за два денари поевтинува Еуросупер-95, односно еден литар од ова гориво наместо како досега 82, ќе се продава за 80 денари. Малопродажната цена на ...
Полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 23:45 часот го лишеле од слобода четириесет и две годишниот А.Д од село Сојаклари, велешко. – При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека ги одзел од фирма во Велес во која бил вработен. Одземеното било вратено на сопственикот, а А.Н. бил задржан во ...
Над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари е запленет од страна на царинските службеници при влез на граничен премин Богородица, со што воедно е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари. Златото е откриено при личен претрес на еден патник кој се обидел накитот да го скрие во внатрешниот дел на панталоните и долната облека коишто ги носел на себе. Истото било спакувано во четири ќеси ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат загриженост за говорот на омраза кон новинарите, особено новинарките, на социјалните мрежи во земјава. Овој вознемирувачки тренд претставува сериозна закана за слободата на медиумите и ги поткопува демократските вредности и принципи што ги поддржуваат Македонија и нејзините меѓународни партнери. Дополнително ваквите притисоци ...
Риболовец, вчера вечер, околу 21:30 часот пријавил на 112 дека забележал безживотно човечко тело пред влив на реката Тополка во Вардар, во близина на последните куќи на јужниот излез од градот. Центарот за управување со кризи ги известил МВР, ДЗС, ТППЕ Велес, Општина Велес како и Доброволното друштво „Македонски спасител“ од Велес по што следела операција за безбедно извлекување на човечкото тело. Тоа е извлечено денеска, претпладне, околу 10:00 ...
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај година, во однос на истиот период лани, се зголемени за 5.9 %, а во однос на декември 2023 година, се повисоки за 1.8 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во мај годинава, пак, во споредба со април, угостителските услуги поскапеле за 0.3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите: Храна за 0.4 %, Алкохолни пијалаци за 0.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.6 %. ...