Велешки Црвен крст одржа редовна крводарителска акција во Општина Чашка на којашто 19 жители ја покажале својата хуманост и радувале крв. Двајца од дарителите за прв пат ја подале својата рака да даруваат од скапоцената црвена течност и станале дел од најхуманото семејство во државата. Како што објаснуваат од Црвен крст – Општинска организација Велес, акцијата заеднички ја реализирале со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, помогнати ...

Во тек е испораката на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024/25 година. Процесот ќе биде заокружен на почетокот на јуни, така што учениците ќе ги имаат потребните учебници навремено, пред стартот на новата учебна година, информира Министерството за образование и наука (МОН). Постапката за печатење на новите учебници, како ...

Општините имаат потреба од развивање на концептот „Општини посветени на децата“ како и прецизирање на точни потреби и идентификувани проблеми на децата во локалната заедница. Тоа што е особено значајно е посветеноста на локалнтите заедници за решавање на проблемите и справување со предизвиците во соработка со надлежните институции. На локалната конференција „Моето место на растење“ што денеска се одржа во Јуроп хаус во Велес Драги Змијанац, ...

Четириесет и едногодишна жена од неготинско село, вчера вечер, во ОВР Неготино пријавила дека на почетокот на месец мај, во Неготино, двајца малолетници од неготинско извршиле обљуба врз нејзината малолетна внука. Чинот на обљубата го снимал трет малолетник од Неготино, К.П.(19) од неготинско и почнал да ја уценува малолетничката со снимениот видео материјал. Уценувачот К.П вчера вечер, во 23:30 часот, бил лишен од слобода и од него бил одземен ...

Фондот за здравствено осигурување, изминатиот викенд, со пораки во мејл ги опоменал матичните лекари во Македонија дека ги прекорачиле дозволените суми на финансиски средства за препишувањата на хронична терапија,за антибиотици и за анксиолитици. Новонастанатата состојба е резултат на тоа што од месец септември, минатата година, наместо пациентите да одат кај специјалист за препишување на хроничната терапија тоа го прават матичните лекари. Но ...

Проектот „Центар за социјална инклузија – Заедно“, во изминатите 12 месеци, им овозможи на лица со попреченост да се дружат со пензионери од велешкото здружение и потоа со ученици од основно и средно образование. Исто така во реализацијата на проектот беа изведени вкупно 60 работилници. Лицата со попреченост и старите лица во Велес имаат потреба да другаруваат, рече на денешното затворање на проектот Далиборка Златева претседателка на Здружение ...

Денеска бил почувствуван земјотрес на територијата на Македонија. Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција, земјотресот бил со јачина од 2,4 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил на 21 километар северозападно од Скопје и 16 километри југоисточно од косовскиот град Витина. Потресот се случил на длабочина од 8 километри. Нема информации за причинета материјална штета. Сподели: ...

Велешки Црвен крст ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат учество на крводарителската акција којашто ја организираат во чест на Коста Солев Рацин во склоп на 61-то издание на Рацинови Средби. Акцијата ќе биде одржана во недела, на 2 јуни, во Ликовен салон. -Со дарувањето да дадеме наш придонес за јавното здравје. Како што Рацин стана бесмртен со своејата поезија, така и ние да спасиме што повеќе животи. Крводарителството е врвен чин на ...

Најдобрите дека од наградниот стрип конкурс ќе бидат изложени на првата стрип изложба во Куманово којашто е дел од грантот „ДА И ДАДЕМЕ ШАНСА НА ИНКЛУЗИЈАТА!“. Стрип центарот на Македонија од Велес ќе организира пет изложби како дел од грантот а во Куманово ќе ја отвори на 28 мај, денеска, со почеток во 14:00 часот во Занатскиот дом. -Да потсетиме дека на конкурсот се јавија 263 млади автори од различни етнички и географски средини .Воедно, дел ...

Дваесет и седум годишниот М.А од неготинско село, вчера, во 11:30 часот од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино бил лишен од слобода. Тој бил пријавен дека во семејниот дом се заканувал на своите родители а потоа предизвикал и пожар којшто го изгаснала неговата мајка. Од Сектор за внатрешни работи Велес додаваат дека М.А бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални ...

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата кои ќе се применуваат од вечерва на полноќ. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.05.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 ден/лит. Малопродажната цена ...

Во атар на село Паликура, општина Росоман, шеесет и пет годишниот С.С од село Виничани, од општина Градско, извршувајќи земјоделски работи во нива пронашол неексплодирана граната. – Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, пишува во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес. Инаку, случајот во Одделение за внатрешни работи бил пријавен ...

Велешанката Ангела Димитрова до редакцијата на Дума.мк испрати три фотографии за категоријата граѓански фото објектив на кои се гледа еже коешто таа во вечерните часови случајно го заприметила во двор од зграда и веднаш го фотографирала. -Минувајќи покрај велешки познатата „Жаба зграда“ случајно во тревата забележав еже. Имаше некоја средна големина и беше преубаво. Бев пресреќна и веднаш го извадив мобилниот телефон за да го фотографирам. Во ...

Домаќинствата летово може да добијат поевтина струја и плус уште еден час евтина тарифа, најавува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси (РКЕ), Марко Бислимовски, посочувајќи дека причина за тоа е континуираниот инвестициски бум во фотоволтаични централи, кој влијае врз значително намалување на увозот на струја. Тој вели дека сега треба да се направи анализа за да се покаже дали постои можност бесплатната тарифа на ...

Нови седум афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки за читателите на Дума.мк кои секој понеделник со нетрпение ги очекуваат и коментираат. Уживајте! -Колку на жените јазикот им е покус, толку бракот им е подолг. -Во нашето судство сеуште постојат мошне чесни, одговорни, сериозни судии и адвокати: нив не можете да ги купите за смешни пари. -Женаму носи лисица околу вратот, а тој две…на рацете. -Импотентните професори се најголемата ...

Меѓу најуспешните, во заедничката стихозбирка од вкупно 149 автори од Македонија, Србија, Бугарија, Романија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Албанија и БиХ, застапени се дури пет велешки автори: Десанка Николова, Марија Бошевска, Соња Карбева, Наташа Брезовска Богоевска и Атанас Крлевски. Со доделувањето на наградите на најуспешните и промоција на заедничката стихозбирка од најдобрите автори на овогодинешниот конкурс, вчера во Гостивар заврши ...

Денот на сесловенската писменост ја подигна заемната свесност, вековното опстојува е заветно исполнета љубов со човечност. Кирило – Методиевата заветност го исполнува древното предание, вткаена е сесловенската чесност подигнато е вековното сознание. Азбуката е сплетена со вредности гласовната нишка е писменост, говорниот јазик е со спокојности разумот е со вековна доблесност. Охридското развивање е мудрост, Климентовата заветност постои ...

На крстосница од улицата „Маршал Тито“ и „Ацо Аџи – Илов“ во Неготино, ноќеска, еден час по полноќ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „алфа“ и мопед „априлија“. Автомобилот бил управуван од триесет и четири годишниот Т.К додека мопедот од малолетен неготинец. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршил увидна ...

Две вина на „Tikveš Châteaux & Domaines“ освоија златни медали на натпреварот што го организира реномираниот француски магазин „Terre de vins“ (Земја на виното). Во конкуренција од речиси 2.000 вина, претежно од Франција, искусните оценувачи, меѓу кои сомелиери, вински трговци, енолози, увозници и сл., им доделија златен медал на белото вино „Fontaine du Sud 2023“ и на розе виното „Mistral au Jardin 2023“. Овие две вина се произведени во ...

На регионалниот пат Велес – езеро „Младост“, во близина на крстосницата кај Башино село, вчера доцна попладне се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „алфа мито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(23) од Скопје и патничко возило „опел корса“ со велешки регистарски ознаки управувано од К.М.(31) од Велес. Во незгодата, што се случила околу 18:15 часот, со тешки телесни повреди се здобил К.М. додека другиот возач И.А. и ...

Шеесет и четири годишниот П.С од Велес, вчера, во 18:30 часот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес. Како што соопштуваат во дневниот билтен велешанецот бил приведен бидејќи агресивно се однесувал кон полициските слуѓбеници кои извршувале службени дејствија и и се заканувал на педесет годишната Б.И од Велес. Од СВР Велес додаваат дека за настанот известен е јавен обвинител од Основно јавно ...

Четиринаесет ученици од општинските основни училишта денеска учествуваа на натпреварот по убаво пишување – краснопис, којшто се одржа во Медијатеката на велешката библиотека „Гоце Делчев“. Овој натпревар е дел од програмата за одбележување на 24 мај, денот на Сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, којшто Општина Велес традиционално го одбележува секоја година. Жири комисијата до утре ќе треба да одлучи тројца ученици коишто ќе бидат ...

Полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, со децата од предучилишна возраст од градинката „Рада Поцева“ во Кавадарци спроведоа превентивна активност со цел тие да се запознаат со улогата на полицијата. -Децата беа гости во службените простории на ОВР Кавадарци, каде им беа презентирани секојдневните активности и работната атмосфера на полициските службеници, додека во паркот „Револуција“ на децата ...

Денес попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, особено во источните делови. Потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време. За време на викендов се очекуваат нови врнежи од дожд. „Во случај на појава на ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за Токсикологија во Скопје. Според денешната пријава од членови на ЗНМ, на влезот на Клиниката за Токсикологија во Скопје јавно била истакната наредба со која се забранува на вработените да имаат контакти со новинари или медиуми. Во наредбата од 20.05.2024 година, се вели ...

Велешанецот К.Т.(32) рано утринава, во 2:00 часот, во Полициска станица Велес пријавил дека на ул: „Благој Страчковски“ во Велес било опожарено неговото патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки. „Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на ...

На 43-тиот Меѓународен натпревар по духовна музика кој се одржа во Хајновка Полска, велешкиот детски хор „Св. Кирил и Методиј“ под диригентска палка на Веселинка Маџарова го освои првото место. Репертоарот на хорот бил составен од осум композиции од духовна музика во времетраење од 25 до 30 минути. Три од композициите биле избрани од македонски врвни композитори со цел македонската хорска култура да се промовира и надвор од рамките на нашата ...

Сектор за внатрешни работи Велес информира дека утрово, во 07:40 часот во Одделение за внатрешни работи Кавадарци било пријавено дека кај клучка Росоман се случила сообраќајна незгода. -Во сообраќајната незгода учествуваа патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Скопје и товарно возило „ивеко“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.З.(59) од Прилеп. Во незгодата, возачот на патничкото возило се ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,27 % во однос на одлуката од 16.5.2024 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни ...

Пчелите повеќе од 150 милиони години се присутни во формата на инсекти. Како инсекти кои поминале низ процесот на еволуција постоеле и 60 милиони години пред времето на диносаурусите како и потоа. Пчелите се од исклучително значење за опрашувањето на билките. И не само медоносните туку сите пчели кои ги има над стотина видови на опрашувачи или полинатори. Со пчелопроизводителот Благоја Најдовски денеска на Светскиот ден на пчелата разговараме за ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
77%
1011
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
94%
1009
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
76%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1012
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.71
83%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
95%
1012
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
1.79
53%
1010
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
55%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
88%
1011
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
5.81
78%
1011
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
79%
1012
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 15ᴼ
2.06
68%
1012
Currency

61.525

Currency

54.2314

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Алуминиум

2.43

Кобалт

0.53

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.97

Сребро

1049.50

Злато

108919.31

Бакар

9.35

Паладиум

31523.81

Платина

31329.64

Родиум

172810.26

Цинк

2.58

Иридиум

134266.78