Целосно неподвижен и врзан за кауч, во мала соба на тесен стан и сосема зависен од помошта на сопругата, го затекнавме Илија Кавазов, во неговиот дом во Градско. Овој седумдесет и пет годишен маж боледува од детска парализа уште од осум месечна возраст. Неговите нозе никогаш не биле подвижни, па морал да користи штаки за да стигне до училиште, а подоцна и до работното место во земјоделскиот комбинат. И сега ги има, но штаките веќе не може да ги ...

Услугите што трите училишта ООМУ „Владимир Арсовски“, ООУ „Гоце Делчев“ и подрачно во Долни Дисан во Неготино ги набавуваат со средства собрани од родителите се скоро идентични. Станува збор за цените за индивидуално осигурување на учениците, еднодневна или дводневна екскурзија и фотографирање за групна слика и за полуматурско табло, покажа истражувањето на Центар за граѓански комуникации во кое што се вклучени екологистите на „Вила Зора“ од ...

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка рано утринава во 01:20 часот, го лишиле од слобода Ѓ.Ѓ.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од лицето Н.Д.(37) од село Богомила дека пред објект во селото Ѓ.Ѓ. со ловечка пушка му се заканил нему и на С.С., М.Д., Б.Ј., Т.Д., П.Б. и Д.Ѓ. Триесет и шест годишниот скопјанец бил задржан во полициска станица. Полицијата известила Јавен обвинител и по документирање на настанот протв него ...

Подметнувачи за чаши, корпи за велигденски јајца во форма на зајчиња, петли но и кукли, рачно изработени, од вуница нудеше велешанката Лидија Стојанова на тезга поставена во Младински парк во рамки на велигденскиот базар. Стојанова за изработка на рачните изработки ни изјави дека и претставуваат релаксирање. Таа исто така ни откри дека покрај вуница производите ги полни со силиконска волна. Овие уникатни производи и деновиве можете да ги купите ...

Празнично, афористичарот Атанас Крлевски ве почести со вкупно 25 Етноафоризми. Иако денешниот е најтажен ден во верскиот календар сепак на момент прочитајте и насмевнете се. 1. Ако имавме ладни глави, не ќе изгоревме под сенка. 2. Село гори, баба се чешла, а дедо и го држи огледалото. 3. Немам влакна на јазикот, па одамна немам и на главата. 4. Се китев со туѓо перје и… станав прва перјаница! 5. Седев на две столици. Сега стојам на една нога. 6. ...

Младите хуманитарци од кавадаречкото основно училиште „Гоце Делчев“ изминатиов период напорно работеа за да набават грејно тело за затоплување на домот на социјално загрозено семејство. Оваа нивна цел произлезе од истражување и како приоритет да се помогне на некое семејство во рамките на нивната проценка и нивните можности да соберат парични средства. Учениците со помош на директорот на училиштето, педагогот како и останатите вработени ...

Телото на починатото машко лице го пронашле полициски службеници на СВР Велес вчера утро, околу 8:30 часот, во реката Вардар во близина на место викано „Јаниташ“ во Велес. Потоа била организирана постапка за вадење на телото на починатиот од страна на полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР. Во изминатите 24 часа телото било оставено на чување во Градска капела, на гробишта во Раштани. На лице место увид извршила ...

До крајот на денешниот ден осигурителните компании да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците, бара Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која денеска на седница го разгледа извештајот од Националното биро за осигурување поврзано со зголемените цени по основ на премија за вршење на дејноста на осигурување. Од Националното биро за осигурување и од Агенцијата за супервизија на осигурувањето како регулатор се бара ...

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денaри по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари. За 2,107 денари ...

Педесет и четири годишниот С.Ѓ од Скопје,вчера попладне,околу 17 часот, го управувал мотоциклот „хонда“ кога изгубил контрола и паднал на коловозот. Мотоциклистот во несреќата се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница во Велес. -Пациентот е примен во Ургентна единица во 19 часот. По укажана прва медицинска помош од страна на лекар специјалист трауматолог тој е упатен на Оддел за радиодијагностика. Направена е компјутерска ...

Новото неделно афористичко творештво на Никола Бошковски Коки го забележи тоа што е најинтересно за граѓаните кои ќе го слават празникот на работничкиот труд и големиот христијански празник Велигден како и политичарите кои се во кампања за претстојните претседателски и парламентарни избори. „Прочитајте ги шесте афоризми и насмевнете се,“ ви порачува Коки. „-Посакувам да поверувам дека секој човек во својот живот имал барем еден Рај…со некоја ...

Пред престојните Велигденски празници претставништвото на американската транспортна фирма „Шилер“ во Велес подготви донација за граѓаните. Донацијата се состои од 1.500 табли со јајца коишто ќе ги подели на велешани. Македонскиот менаџерски тим на оваа американска компанија е иницијатор и истиот одлучи донацијата да ја подели во недела, 28 април, на паркинг просторот кај Градски пазар во Велес од 7:00 до 14:00 часот. -Добредојдени се сите ...

Рачно изработени уникатни велигденски украси можеа да се најдат на штандовите на основните и средните училишта од градот како и детската градинка „Димче Мирчев“. Дел по симболична цена но и поголемиот дел хуманитарно, дечињата оставаа во кутии пари и ги купуваа уникатните украси изработени од своите најмали другарчиња од градинката или пак од учениците од училиштата. Насмеани и среќни сите со своите избрани украси меѓусебе си ги покажуваа, ...

Учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година. Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни. Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори ...

Велешанецот Атанас Крлевски овој петок со 20 издумани крлевизми на тема суета за читателите на Дума.мк. -Читајте Издумани Крлевизми и пресметувајте се со суетата! Не е лесно, ама се исплатува. Животот ќе ви биде поубав, низ смеа вели Крлевски. Уживајте! 1.Не сум самобендисан. Имам само високо мислење за себе. 2.После секоја претстава за себе, громогласно си аплаудирам. 3.Полн е со себе. Празен е! 4.Да се спријателуваш со самобендисаните е исто ...

Томе Трајков – програм координатор на Македоснкиот стрип центар со седиште во Велес, беше дел од третото издание на стрип фестивалот „Ужички стрип сусрети“ поканет од Градскиот културен центар на Ужице во Србија. Трајков вели дека за време на посетата имал можност присутните гости на стрип фестивалот да ги запознае со актуелната стрип сцена во Македонија. -Се разбира дека акцент се даде и на долгогодишната работа на Стрип центарот на Македонија ...

Одделение за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава против триесет и две годишниот М.Д од Росоман поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 став 1 од К.З. на Р.С.М. -Имено на 02.06.2023 со наредба од суд бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени воздушна пушка „Гамо“ со оптички ...

Во Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, 24 април, биле пријавени четири физички напади во различни населени места. Првиот случај бил пријавен утрото во 08:30 часот, од четириесет и девет годишна жена од село во Општина Чашка дека во семејниот дом физички ја нападнал нејзиниот поранешен сопруг со кого живеела И.С. Потоа, во 16:00 часот полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино го лишиле од слобода ...

Црвен крст Велес заедно со мото клубот „Носачи на крстот“ги повикуваат сите граѓани коишто имаат желба да даруваат крв и да спасат човечки живот, во недела, да земат учество на крводарителската акција којашто секоја година традиционално ја одржуваат во месец април. -Со дарувањето да дадеме наш придонес за јавното здравје и да спасиме што повеќе животи. Крводарителството е врвен чин на хуманост. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот, ...

Нема откажување од европско земјоделство дома, лидери сме во реализацијата на ИПАРД 2 програмата во споредба со сите други земји заедно однсоно имаме поголем број на склучени договори од од Србија, Црна Гора и Албанија заедно, изјави коносителот во ИЕ 3 на коалицијата за европска иднина, Љупчо Николовски. – Над 2.369 инвестиции се реализирани во последните пет години со поддршка на ИПАРД 2 програмата, тоа се над 60 милиони евра неповрати ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 116.8. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 39 276 денари. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; ...

Управата за јавни приходи соопшти дека пропишаниот рок за поднесување на Пријавите за данокот на додадена вредност “ДДВ–04“ кој истекува на 25 април 2024 година, се продолжува за еден ден, односно, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ – 04, ќе се смета 26 април 2024 година. Како што појаснуваат од УЈП, рокот се продолжува согласно одлуката на Владата, со која 24 април 2024 година (среда) се прогласува за неработен ден за сите граѓани. ...

Изготвените лични документи ќе можат да се подигаат и утре, 24.04, на денот на гласањето. -Во пресрет на претстојните претседателски избори што ќе се одржат во среда на 24 април 2024 година. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 ...

Во упатството кое е објавено официјална веб-страница на ДИК се наведува: 1. Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Северна Македонија и во ДКП/КК; 2. Избирачкиот одбор на гласачите им го објаснува начинот на гласање и им овозможува да гласаат; 3. Гласачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право; 4. Гласачот го приложува документот за лична идентификација – важечка лична карта ...

Тројца велешани, еден неготинец и еден штипјанец се новиот музички спој во Велес. Овие млади момчиња од неодамна го основале својот музички бенд именуван како „Арена Бенд – Велес“ и имаат за цел со добра музика да ги забавуваат своите сограѓани но и граѓаните низ цела Македонија па и надвор од нејзините граници. Пејач во бендот е велешанецот Виктор Картинов, хармоникаш и клавијатура е Баже Јанковски исто од Велес, додека на дувачки инструменти е ...

Членови на Избирачки одбори на 84 Избирачки места во Општина Велес од утрово се на терен. Тие им овозможуваат на болните и изнемоштени граѓани да гласаат во нивните домови и да го изберат осмиот по ред Претседател на Македонија. Според информациите на Општинската изборна комисија во Велес денеска гласаат 141 болни и изнемоштени граѓани. Исто така правото на глас го остваруваат и затворениците и лицата згрижени во старечки домови. Според ...

Центарот за управување со кризи во денешното соопштение пишува дека од РЦУК Велес било пријавено за настанат пожар од запален оџак во локален угостителски објект по што на лице место излегле велешките пожарникари и пожарот го гаснеле еден час. Од ТППЕ Велес објаснуваат дека во 08:03 часот примиле дојава за настанат пожар во угосистелски објект по што пет пожарникари со две против пожарни возила пристигнале на местото и веднаш пристапиле кон ...

Поставени се првите тезги на коишто ракотворци од Велес, од кои повеќето жени, ќе нудат велигденски украси и разни цвеќиња на велигденскиот базар во Младински парк. На првиот ден, тие насмеани и во добро расположение ги услужуваа своите сограѓани. Рачно изработени зајчиња, цветови, украси и накит се дел од производите коишто можете да ги најдете на велешкиот велигденски базар. Од Општина Велес соопштија дека базарот којшто се организира во ...

Четиридневна едукативна стрип работилница до 12 млади таленти од различни етнички и географски средини ќе биде организирана од 18 до 21 април во село Нежилово. Тие заедно со програмки координатор и едукатор треба да ги доработуваат и усовршуваат своите стрипови како дел од проектот “All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“. -Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе без разлика на етничките разлики да користат стрипови ...

Фото објективот на велешанецот Атанас Крлевски овој понеделник бил вперен кон зградата на поранешното „Радио Велес“. За својата фотографија тој вели: -На оваа моја фотографија е градбата во која низ годините беше сместено Радио Велес. Сега се користи за друга намена, но го привлекува вниманието со својата прекрасна архитектура. Мене посебно ме воодушевува што архитектот, на кој за жал не му го дознав името, многу успешно го прилагодил објектот ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
41%
1008
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
4.63
82%
1007
weather icon

Загреб

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
89%
1013
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
5.66
60%
1008
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.4
57%
1009
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
88%
1013
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
3.58
27%
1010
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
35%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
49%
1011
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
5.14
61%
1011
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
2.68
45%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.69
47%
1010
Currency

61.525

Currency

54.1295

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Алуминиум

2.43

Кобалт

0.53

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.97

Сребро

1049.50

Злато

108919.31

Бакар

9.35

Паладиум

31523.81

Платина

31329.64

Родиум

172810.26

Цинк

2.58

Иридиум

134266.78