
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Со вкупно 11 бригадири, пет млади и шест ветерани, партиципира ЗГ„Велешки акцијаши“ во Македонската акцијашка бригада на Меѓународната работна акција „Рибариќи“ која што се одржува во градот Нови Пазар, во соседна Србија. Тие заедно со останатите македонски акцијаши од Штип ја составија бригадата која брои вкупно 31 бригадири, од кои 12 млади и 19 ветерани. МРА„Рибариќи“ засега е единствена работна акција на територијата на нашиот северен сосед. ...
Понеделнички нови афоризми од велешкиот афористичар Коки. Прочитајте ги и започнете ја работната седмица со насмевка! Уживајте! Децата зачнати на работно место, во работно време, треба секогаш да имаат приоритет при вработувањето. Постојат мнозина забегани политичари, кои со својата неукост и ароганција, можат да му предизвикаат главоболка дури и на …АНАЛГИНОТ. Во бракот најпрвин се слушаат нежни зборови, потем само зборови, додека на крајот ...
Присебноста на сопствениците и навремената пријава на пожарот во сопствената куќа како и брзата интервенција на пожарникарите спасија дом на велешани на ул: „Живко Фирфов“ во Велес. Пожарот во куќата се избувнал вчера вечер, околу 19:00 часот. По примената дојава за запалена куќа Територијалната Против Пожарна Единица Велес веднаш излегла на лице место со две противпожарни возила и седум пожарникари спасители. Пожарникарите го затекнале пожарот ...
Загадениот воздух во Скопје како да е само зимска тема. Го преспиваат ли остатокот од периодот носачите на одлуки? Со зелен став наспроти моќници. Поткаст XYZ со Дејан Димитровски од граѓанската скопска организација „Зелените“. Во поткастот Димитровски, од „Зелените“, како поранешен советник во Општина Гази Баба и пример на еколошки активист кој размислува со своја глава во интерес на гаѓаните изјави: „Штом го чуствуваме се уште огромното ...
Поради откриени наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, лишија од слобода, вчера вечер, помеѓу 22:00 часот и рано утринава, 01:30 часот, петмина скопјани, еден прилепчанец и уште три малолетници кои присуствувале на забава во излетничко место река Бабуна кај Велес. Сите биле гости на забава. „Лишени од слобода се Т.Ѓ.(29), Ф.Ј.(30) и Ф.Ѓ.(29) сите од Скопје, М.Н.(22) од ...
Помал дел од вкупно 50 граѓански активисти на ЕД „Вила Зора“, Црвен крст Велес, Кајакарски клуб „Бабуна Велес“, „Клуб 28“ од Велес и ЗГ „Акцијаши ветерани“ Велес доброволно работеа пет часа додека иницијаторите, ЗСР„Бабуна“ Велес, сеуште се на брегот на езеро „Младост“ и вршат подготовки за нов начин на вадење на материјата што ја покри површината на водата. „Таа тешко се вадеше со рибарски мрежи од страна на риболовците кои беа во моторните ...
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци , вчера вечер, во 22:45 часот ги привеле Ј.А.(42) и М.О.(20), двајцата од Кавадарци, затоа што кај нив била пронајдена непозната зелена трефкаста материја. Се додека не се докаже за што станува збор, дали е наркотично средство, практиката на полицијата е да не се објавува видот и количината на откриената непозната материја. „По документирање на настанот ќе следува соодветен ...
Аеродромот Скопје и аеродромот во Охрид не се засегнати од глобалниот технички дефект предизвикан од софтверот на „CrowdStrike“, нè брифираат од „ТАВ Македонија“. Големиот дефект на ИТ системите предизвика проблеми насекаде низ светот. Летовите се откажани, банките и другите големи институции се затворени, а други системи како железницата и здравството се исто така парализирани. Аеродромите од Нов Зеланд, преку Германија до Индија беа буквално ...
Вчерашниот пожар кој избувна во кругот на поранешна велешка „Порцеланка“ бил изгаснат на само стотина метри оддалеченост од цистерни и склад со повеќе од 80 тона плин, информира Стојанче Ангелов директор на ЦУК. Како што вели во видео изјава благодарение на брзата и пожртвуваната реакција на храбрите велешки пожарникари кои успеале навремено да го изгаснат пожарот била избегната голема трагедија. Била повикана и воздушната поддршка за гаснење на ...
Граѓани на Велес до редакцијата на Дума.мк испратија фотографии за нов пожар во велешко. Огнот се распалил околу 21:30 часот кога впрочем е фотографирана локацијата. „Пламенто се гледа и сега велат жители на населба „Превалец“, кај Велес. Тие опишуваат дека пожарот го зафатил ридот од десната страна на патот којшто води кон населба Оризари. Поточно спроти главен склад на „Макпетрол“ и компанијата „Ронтис“. Дума.мк веќе побара информација од ...
Целосно мобилизирање на сите расположливи човечки и технички ресурси на Министерството за внатрешни работи под оперативна акција „Пожар 2024“ е одлучено на одржаниот координативен состанок на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и началниците на секторите за внатрешни работи и други организациски единици во МВР. Состанокот беше одржан во насока на согледување на целокупната ...
Претпладнево во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранско Езеро се удавил маж. Според информацијата од полицијата, машкото лице скокнало во водата од чамец, пливало неколку метри, по што се удавило. -Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето, информираа од СВР Струмица. Засега не се соопштува ...
Одделение за внатрешни работи Кавадарци до Основно јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против триесет и три годишниот А.Х од Кавадарци поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“ казниво по член 186 став 1 од Кривичниот законик. Како што пишува во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес, кавадарчанецот на 09 јуни годинива во хотел во Кавадарци физички нападнал и извршил ...
Општина Велес во соработка со локалкната библиотека „Гоце Делчев“ во рамки на манифестацијата „Велешко лето 2024“ распишува ликоев и поетски конкурс на тема „Лето во Велес“. На конкурсот може да се пријават сите деца и млади на возраст до 18 години кои ќе бидат поделени во три различни категории. Заинтересираните своите ликовни творби можат да ги достават по пошта на улица „Панко Брашнар“ бр.1 Велес со назнака „За ликонев конкурс“, додека ...
Граѓаните коишто ќе купат инвертер клима во период од 11 јули до 8 август или пак сончев термален колектор до 9 август дел од трошоците ќе им бидат субвенционирани од страна на Општина Велес. За овие повици за субвенции, вклучувајќи го и третиот за набавка на велосипед, локалната самоуправа ги објавува петта година по ред за што обезбедува 500 илјади денари кои во целост се искористуваат од страна на граѓаните кои аплицираат за добивање на ...
И денеска интензивно се одвиваат активности за гаснење на големиот пожар на планината Серта од неготинска страна. До моментот на објавување на ова известување само за кратко се интервенираше од воздух со 2 хеликоптери, додека изостана вклучувањето во гаснењето на пожарот од други воздухоплови како што се ер трактори и авиони за гаснење пожари, соопшти градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов. Според него, во најголем дел гаснењето се одвива ...
Поради пожар на грчка страна во прекин е сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони, а возилата се пренасочуваат на граничниот премин Дојран, информираат денеска од АМСМ. МВР ги извести граѓаните дека поради пожар кој избувнал на грчка страна, во прекин е сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот ...
Дваесет и седум годишниот М.А од неготинско село, вчера, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи по пријава од неговата 50 годишна мајка. Тој агресивно се однесувал кон неа, оштетил дел од покуќнината и предизвикал пожар во една од собите. – М.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, пишува во ...
Позади ридот Св. Илија вчера била запалена сува трева. Територијална противпожарна единица Велес добила повик бо 15:45 часот по што со едно противпожарно возило и тројца пожарникари се упатиле на лице место каде го затекнале пожарот во развиена фаза. -Поради опасноста за околните викендици побарано е помош од 2 противпожарни возила и 5 пожарникари спасители, објаснуваат од ТППЕ Велес. Оттаму додаваат дека со брзото пристигнување како и брзата ...
Повиците како и прегледите во амбуланта и на терен на велешката Итна медицинска помош се зголемени како последица од високите температури кои од почеток на месец јули се искачуваат и над 45 степени. Од први до 15 јули, годинава, направени се вкупно 1.056 прегледи во амбуланта и на терен. Началничката на Итна помош, д-р Василка Пановска Поп – Стефанова рече дека многу често колабираат граѓани поради високите температури но и дека е зголемен ...
По двомесечна борба со непознатата материја што се шири на езерската површина на „Младост“, спортските риболовци на граѓанското здружение „Бабуна“ иницираа дводневна волонтерска акција за чистење. На нивниот повик се одѕваа ЕД „Вила Зора“, Црвен крст Велес, Кајакарски клуб „Бабуна Велес“, „Клуб 28“ од Велес и ЗГ „Акцијаши ветерани“ Велес. Во сабота и во недела влегуваат во езерото и со помош на чамци со мотор, мрежи и друг вид на помагала ќе ги ...
Четириесет и девет годишната В.В од Сојузна Република Германија, со привремен престој во велешко, вчера, на регионалниот пат Велес – Нежилово, пред нејзината викенд куќа која се наоѓала во близина на село Богомила, во општина Чашка, била физички нападната од две лица кои и го одзеле нејзиното возило „опел астра“ со германски национални ознаки како и чантата со пари, лични документи и предмети. Таа случајот во Сектор за внатрешни работи Велес го ...
Летната Академија „Правата на младите и како тие се застапуваат со нив?“! којашто ја организира Младински центар Велес во соработка со Јуроп хаус треба да започне на 19-ти јули, годинава. Академијата ќе се одвива во пет дела од месец јули до септември и ќе ги опфати најважните аспекти за правата на младите и начините на нивно застапување. -Како што знаеме, човековите права се темел за правата на младите. На академијата ќе се презентираат ...
Температурите на воздухот во градовите на Вардарски се највисоки во споредба со останатите региони во државата. Граѓаните на централна Македонија ќе продолжат да живеат како под вршник. Како дење, така и во ноќните часови регистрирани се екстремно високи температури, рече дипломираниот Метеоролог Славчо Поповски којшто за Дума.мк ја соопшти временската прогноза до крајот на оваа седмица, на средината на месец јули. Сепак според Поповски, до ...
Дваесет нови детски книги изработија младите велешани љубители на пишаниот збор кои беа дел од четиридневната работилница организирана во велешка библиотека „Гоце Делчев“ како дел од проектот „Лето во библиотека“. За време на работилниците децата учеле како од идеа се доаѓа до реализација и објавување на книга, се дружеле со роднокрајни автори, со вработените од библиотеката, работеле на свои дела кои на самиот крај ги презентирале. Директорката ...
Десет вработени од ЈП Национални шуми – подружна единица Бабуна Велес, вработени во ЕЛС Чашка и ЈКП Тополка, полициски службеници од ПС Чашка и дел од месното население на село Долно Јаболчиште учествуваат во гасењето на шумскиот пожар на отворено на планината Голешница на врвот Лисец. – Пожарот е се уште активен, истиот е приземен и насочен кон карпестиот дел на врвот Лисец, не пости опасност да зафати населени места. Зафатена површина од околу ...
Наташа Јанушева од 25 јуни, годинава е назначена за нова в.д директорка на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ Велес. Јанушева по втор пат е назначена за в.д директорка на институцијата, поточно во 2017 година за прв пат ја извршувала оваа функција. Инаку своето прво работно искуство во велешката детска градинка Јанушева го започнува во 2012 година како воспитувач волонтер и на оваа позиција работи во наредните три и пол години поточно до 2015 година кога ...
Прочитајте ги новите седум афоризми на велешкиот афористичар Коки. Понеделнички започнете ја неделата со насмевка! -Ние го немаме Нушиќ, кој ли ќе ја пишува нашата комедија: „НАРОДЕН ПРАТЕНИК“? -Ако времето е пари, тогаш многуте наши забегани, алчни, бездушни и бесрамни корумпирани политичари, не знаат што да прават…со времето. -Додека тој „блееше” на состаноците, пријателите дома му ја мрсеа волната. -Општествениот имот го поделивме на ...
Полициски службеници постапиле по пријава дека вчера вечер, околу 21: 15 часот во лифт на станбена зграда на улица „Благој Ѓорев“ во Велес имало заглавени лица. Повикана да ги одглави била и екипа од Територијална противпожарна единица Велес. Пожарникарите пристигнале, ја отвориле вратата на лифтот во кој имало неколку лица. Потоа пристапиле кон безбедно вадење на еден по еден од заглавените велешани. За краток временски период сите заглавени ...
Бебето го пронашол случаен минувач и го однел во Општа болница Велес. Лекарите го пријавиле случајот во Полициска станица Велес. Според исказ на лекарка од болницата неговата здравствена состојба е тешка и дополнително се чекаат резултати од здравствено испитување. -Лекарката ги информирала полициските службеници дека по кратко време од приемот на новороденчето во болницата дошла С.К., на околу 20-годишна возраст, и се претставила дека била ...