Украинската нуклеарна регулаторна агенција соопшти дека мониторите за радијација околу нуклеарната централа во Чернобил, местото на најтешката несреќа во светот во 1986 година, престанале да работат. Во соопштението денеска, агенцијата рече и дека повеќе нема достапни пожарникари во регионот за да ги заштитат шумите загадени од децениска радиоактивност додека времето се стоплува. Централата беше заземена од руските сили на 24 февруари. Според ...

иректорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма изјави дека над 300 инспектори и контролори на УЈП се на терен во сите подружници на синџирот на маркети КАМ во земјава поради утврдени неправилности. „Согласно контролите на терен, имаме обврска да постапиме. Под лупа се 84 објекти на КАМ маркетите“, изјави Лукаревска во Топ Тема. Директорката на УЈП истакна дека ...

Сите руски војници кои ќе бидат заробени од украинската доброволна медицинска единица ќе бидат кастрирани, изјави командантот на тој оддел Генадиј Друзенко на националната телевизија „Украина 24“. Тој рече дека „лебарките“ не го заслужуваат правото на репродукција. Друзенко, кој од руските медиуми го доби прекарот доктор Менгеле, по професија е правник. Тој прво го осуди САД поради неподготвеноста да војуваат со Русија во ...

Поранешниот капитен на Англија, Дејвид Бекам вчера ја предаде контролата на својот Инстаграм профил на украинска докторка од градот Харкив. Докторката Ирина која е раководителка на регионален перинатален центар го помина денот објавувајќи видеа за работата што ја вршат медицинските професионалци среде конфликтот, јавува „Би-Би-Си“. Профилот на Бекам има повеќе од 71 милион следбеници. На снимките се гледа третман на новороденчиња и ...

На социјалните мрежи се појавија снимки кои го покажуваат авионот боинг 737 кој превезувал повеќе од 132 патници како паѓа на земја во кинеските планини. Како што се гледа на снимката, авионот на компанијата Чајна истерн ерлајнс понирал пред да удри во рид и да се запали во близина на градот Вуџоу во округот Тенг во јужната провинција Гунагси. На снимката се гледа млазниот авион како паѓа вертикално кон земјата пред моментите на ударот. Авионот ...

Изборниот законик во земјава го регулира начинот, условите и постапката за одржување на изборен процес. Но, непосредно пред секои избори, независно дали се локални, парламентарни или претседателски, законот претрпува измени, спротивно на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Одредени измени, се чини, дека се носат брзо како на лента. Од друга страна, се уште остануваат во нерегулирата сфера, која е подложна на политички злоупотреби, поради многу непрецизни ...

Украина го отфрли барањето на Русија да го предаде опколениот град Мариупол и да се подигнат бели знамиња на 21 март, велејќи дека „не станува збор за никакво предавање“. Смртоносните улични борби беснееја во Мариупол, стратешки јужен пристанишен град, каде што е закажана голема евакуација за 21 март, додека руските сили нападнаа трговски центар во Киев, при што загинаа неколку луѓе. Жителите на Мариупол, кој имаше 400.000 жители ...

Најмалку шест лица загинаа во синоќешниот бомбашки напад врз трговски центар во главниот град на Украина, Киев. Шест тела беа положени пред трговскиот центар Ретровил во северозападната област Подилски, јавија агенциите. Нешто пред 23 часот, 10-катницата ја погоди силна експлозија, која уништи возила на паркингот и остави кратер широк неколку метри. Изгорениот трговски центар се уште чади, пишува The Guardian. Повикувајќи се на британското ...

Неколку експлозии одекнаа вечерва во Подол, историскиот кварт на Киев, изјави градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко. Како што наведе тој, во гранатирањето биле погодени станбени куќи и трговски кварт во округот. – Според информациите што ги имаме во моментов, погодени се неколку куќи и еден од трговските центри, објави Кличко на Телеграм. Тој додаде дека на местото на нападот пристигнале спасувачки екипи, медицински ...

Животната желба да има дете, беше пресудна за нашата пациентка, која и покрај возраста, со својата упорност, верба и надеж, на свет донесе машко бебе на 51 година во Болница Плодност – Hospital Plodnost Со оглед на возраста, ова е храбар потег на гордата мајка, но и голем успех за ИВФ тимот на „Плодност“. Над 10-тина претходни обиди со ин витро постапки, не ја обесхрабрија мајката во намерата да има свое дете. „Пресуден ...

Руско-украинската криза се одразува и врз пласманот на земјоделските производи кои од регионов се извезуваа во Украина и Руската Федерација Руско-украинската криза удри врз економијата на европските држави и врз животниот стандард на граѓаните. Прогнозите се дека инфлацијата ќе расте, а по вртоглавиот раст на цените на нафтените деривати на светските берзи на почетокот на кризата, во повеќето европски држави евидентно е зголемувањето на цените ...

Младите пациенти ја напуштиле Украина во првите неколку дена од војната, која започна на 24 февруари кога Русија ја нападна Украина, и се лекуваат од онколошки и невролошки заболувања, меѓу другото, како и тешки повреди од експлозии, изјави директорот на ватиканскиот печат Матео Бруни, се вели во соопштението. „Папата одеше низ собите и ги посети сите присутни малечки, пред да се врати во Ватикан“. Според Ватикан, 50 украински деца ...

Бојан Јовановски Боки 13 е во затвор, но преку официјален администратор на неговиот профил на инстаграм и се обрати на Марина Туцаковиќ, српски текстописец со која тој беше многу близок. Се навршуваат шест месеци од нејзината смрт, па Јовановски и се обрати објаснувајќи дека покрај неговата мајка, таа била единствената жена која го сакала безрезервно, онаков каков што е, а не онаков каков што сакале да биде. „Во безброј животни ситуации ...

Зависно од производителот, зависно од тоа дали имаме пакувања од 0,8 литри, 0,9 или еден литар, цената на маслото за јадење во наредниот период очекуваме да се движи максимално до 110 денари, рече директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска-Димоска, во интервју за „360 степени“ кое се емитуваше на Алсат ТВ, а во врска со движењето на цените на маслото за јадење во малопродажба. „Во моментов, цената на ...

Европското обвинителство во моментов го истражува случајот со апсењето на Бојко Борисов, Владислав Горанов и Севдалина Арнаудова и обвинувањата против нив, изјави синоќа бугарскиот премиер Кирил Петков на вонредната прес-конференција на Советот на министри. Видно нервозен тој даде куса изјава за медиумите, во која однесување на владата на премиерот Кирил Петков, го оцени како враќање на комунизмот во Бугарија. ...

Бојан Јовановски, при крајот на својот завршен збор, кој денеска го дава во Кривичниот суд, за “Меѓународен сојуз”, се обиде да докаже дека тој трошел свои пари кои чесно ги заработувал. Кажа дека работел и заработувал уште од дете и повеќе од 20 години примал сериозни хонорари. Тоа што бил со блокирана сметка, како што рече, не значи дека не заработувал. -Сум се издвојувал и од дете. Тоа е мојот живот. Јас и од затвор доаѓам скоцкан ...

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов вечерва во полициски автомобил го напушти својот дом во градот Банкаја, јави дописникот на МИА од Софија. Тој беше изваден од полицаец и ќе биде предаден на Националната полициска служба на Бугарија. Сите пратеници на ГЕРБ, поранешни министри и поддржувачи се собраа пред куќата на Борисов и се упатија кон местото каде што ќе биде испорачан поранешниот премиер на Бугарија. Вицепремиерот на ГЕРБ Тома Биков ги повика ...

Малолетно лице синоќа е пронајдено удавено во базен во Дебарски бањи кај село Долно Косоврати. Ова го соопшти Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид. „Синоќа околу 20 часот во одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека во Дебарските бањи кај селото Долно Косоврасти забележано е удавено лице. Од извршениот увид констатирано е дека се работи за малолетничка од Гостивар и дека по извршен медицински ...

Комичната ТВ-серија со која Володимир Зеленски се прослави пред да стане претседател на Украина повторно ќе се прикажува на „Нетфликс“ во САД. „Слуга на народот“ имаше три сезони од 2015 до 2019 и беше хит во Украина, а интересот за неа повторно порасна откако Зеленски стана лицето на нацијата кое ѝ пркоси на руската инвазија. Правата за емитувањето на серијата ги откупија и ТВ-куќи од Блиски Исток, Велика Британија, ...

Најмалку 103 деца се убиени во Украина од почеток на руската инвазија, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео пораката објавена на Фејсбук. Зеленски посочува и дека украинскиите трупи продолжиле да ја гранатираат украинската територија, нивните мирни градови и граѓани. -Харков и регионот…Бомбардирана е областа на Одеса. Проектили се испалени кон Киев. Погодена цивилна инфраструктура во Запорожје, додава Зеленски. ...

Семејството на Тони Ѓоргиевски Фердо кој е обвинет за убиство со умисла, затоа што го застрела поранешниот зет за ќерка кој со нож насилно му упадна во домот, бара да се укине мерката притвор и осмничениот да се брани од слобода. Нему денес му е определена мерка притвор од 30 дена, а синот повика на мирен протест кој ќе се одржи утре во 12 часот пред Основниот суд во Битола Драги пријатели, добро намерници и сите што ја знаете вистината за мојот ...

Владата донесе Уредба која предвидува „двојазични полициски униформи“ во единиците на локалната самоуправа каде што најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот. Во Скопје и во општините во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот ознаките на униформата на полицијата ќе бидат напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот ...

Русија изгубила уште еден генерал во конфликтот во Украина. Според властите во Киев, убиен е генерал-мајор Олег Митјаев (47), како и уште седум членови на елитната борбена единица под директна команда на Владимир Путин. Митјаев загинал во борбите во пристанишниот град Мариупол. Тамошното МВР дури објави и фотографија на која се гледа телото на убиениот Митјаев. Тој е четвртиот руски генерал, односно тринаесеттиот офицер, за кој украинските ...

Рано утрово, на социјалните мрежи се појавија непотврдени информации за експлозии во јужните градови Одеса и Запорожје. Оливер Керол, дописник на Економист, објави дека слушнал гласни звуци во Одеса, кои би можеле да бидат системи за противвоздушна одбрана што соборуваат проектили. А во Запорожје, секретарот на градскиот совет, Анатолиј Куртев, на Телеграм напиша дека експлозијата ја погодила железничката станица. Засега нема детали за ...

Длабоко поделениот Конгрес на САД покажа единство во случајот на Владимир Путин и едногласно ја поддржа резолуцијата со која рускиот претседател се осудува како воен злосторник. Освен тоа, резолуцијата ги осудува и Руската Федрација, Рускиот совет за безбедност, членовите на руската армија и други лица за флагрантни акти на агресија и други ѕверства кои одат до ниво на воени злосторства. Со резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор ...

Цената на дизелот се намалува за три денари по литар од полноќ, а на екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари. Бензините остануваат со исти цени, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика. Според новата одлука на РКЕ, дизелот ќе се продава по цена од 85 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство за 81 денар за литар. Цените на бензините остануваат исти што значи дека Еуросупер БС-95 и понатаму ќе има цена од 86,5 ...

Одлуката била донесена на денешната владина седница, по предлог на Комисијата за кадровски прашања, по што е именуван и нов раководител на Советот. Засега нема официјално образложение за причините за смената Ване Цветанов е разрешен од раководител во Советот за унапредување и надзор на ревизијата, потврдија за „360 степени“ од Владата. На неговото место, според информациите, вечерва е именуван друг раководител. Одлуката била донесена ...

Електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form) што досега беше неопходен за патување и влез во Грција, од денеска и официјално се укинува, а остануваат во сила актуелните правила за задолжителен документ за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Сите посетители на Грција, независно од националноста и начинот на влез во земјата, повеќе нема да биде потребно да го пополнуваат формуларот што веќе 20 месеци беше задолжителен документ, а ...

Според РИА Новости, дваесет лица загинале, а девет се повредени во наводниот напад на украинските војници на Доњецк со проектил „Точка-У“, објави штабот за територијална одбрана на ДНР на каналот Телеграм. Градоначалникот на градот, Алексеј Кулемзин, изјави дека ракетата била соборена во близина на зградата на Владата. Според шефот на Доњецката Народна Република, Денис Пушилин, во нападот се повредени и деца. Градоначалникот на Киев, ...

Една од трудниците повредена во воздушниот напад на породилиште во Мариупол на 9 март почина заедно со нејзиното неродено дете. Кога сфатила дека го изгубила бебето, жената наводно плачела ѝ им рекла на лекарите „веднаш да ја убијат“. „Првата трудница на видео/фото извештаите од местото на бомбардирањето на детската болница број три во Мариупол (породилна болница), која ја носеа на носилки, не преживеа. А нејзиното неродено ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
0.51
34%
1017
weather icon

Белград

36ᴼ / 33ᴼ
4.12
27%
1016
weather icon

Загреб

37ᴼ / 34ᴼ
4.12
24%
1016
weather icon

Софија

33ᴼ / 26ᴼ
4.63
25%
1017
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
5.61
19%
1016
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 32ᴼ
5.14
38%
1018
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
7.2
44%
1013
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
3.6
38%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.06
23%
1013
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 33ᴼ
4.12
27%
1017
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 35ᴼ
2.57
26%
1017
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
16.46
100%
1013
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052