
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



На Универзитетската клиника за детски болести едно девојче успешно е излекувано од леукемија, изјави министерот за здравство Беким Сали. Тој денеска ја посети Клиниката со цел да види, како што рече, до каде се стигнати градежните работи во Одделот за онкологија, што наскоро се планира да биде отворен. – Онколошкиот центар на Клиниката за детски болести е еден од поуспешните во регионот и за таа цел дојдов да ја поддржам и понатамошната ...
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи се прости од својата прва сопруга, Ксенија Вучиќ, која ненадејно почина пред два дена на 56-годишна возраст. „Ти благодарам што нашата Милица денеска е силна и непоколеблива девојка, нашиот Данило е пристојно и храбро момче, ти благодарам што нашите деца ги воспита дека најголема вредност е да се биде добар човек“, напиша Вучиќ. „Ти благодарам што беше мој верен ...
Владата ја продолжи до крајот на мар мерката за обезбедување дополнителните количини електрична енергија од домашно производство, односно преку топланата Те-То. На вчерашната владина седница, одлучено е Те-То да работи седум дена во неделата по 24 часа со полна моќност и во февруари и март. „Согласно оваа мерка, АД ‘Електрани на Северна Македонија‘ ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото за ...
Квалитетен мед моментално чини од 500 до 600 денари за килограм, а според производителите медот и натаму ќе поскапува и допрва ќе станува луксуз за граѓаните. Пчеларите велат дека има многу фактори кои водат кон неминовно поскапување на медот. Тука се пред сѐ неповолните временски услови, кои резултираат со слаби приноси, но и општото поскапување на другите намирници во државата. Од друга страна, објаснуваат дека граѓаните кои живеат со ниски ...
Дирекцијата за заштита и спасување денеска објави дека успешно спасила планинари на Шар Планина во близина на границата меѓу Македонија и Косово. Двајцата планинари пријавиле дека се повредени, а се наоѓале над селото Вешала, на патека што води кон врвот Кобилица. Реагирала тетовска подрачна единица на Екипата за брз одговор за спасување од планина при Дирекцијата за заштита и спасување. Еден од планинарите бил повреден и нему му е извршено ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови од земјата. Кон крајот на денот во североисточните со зголемената облачност ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 3 до 11 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени. ...
Синоќа околу 23 часот во близина на постојката пред општина Кисела Вода беше удрен човек, објави Телма. На повредениот кој паднал на асфалтот на булеварот Борис Трајковски, му помогнале граѓани и повикале Итна медицинска помош, која по укажаната прва помош, го префрлила во болница. Автомобилот кој го повредил, по ударот заврши во бандера во близина на местото на сударот. По два трагични настани на усмртување на пешаци, има зголемено присуство на ...
Прокељот е мал зелен зеленчук кој по својот изглед потсетува на минијатурна зелка. Претставува значаен извор на протеини, растителни влакна, витамини, минерали и антиоксиданси. Овие мали зеленчуци, спаѓаат во фамилијата на зелките (Brassicaceae) заедно со зелката, брокулата и калето. Здравствените придобивки од консумацијата на прокељ се многубројни, па ги изводивме најзначајните кои вреди да ги знаете: Благодарение на нискиот гликемски индекс, ...
Деветта во низата успешно извршени трансплантации, а прва трансплантација на лигамент од починат донор на Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ. Млад 34 годишен пациент со сериозна повреда на десното колено, доби мекоткивен графт експлантиран од починат донор. Се работи за ревизија на скинат преден вкрстен лигамент на десното колено, што е прилично честа повреда кај физички и спортски активната популација. Ревизијата се направи со графт ...
Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година, информира ресорниот министер Крешник Бектеши на својот фејсбук профил. Владата на 4 декември минатата година донесе одлука со која ги замрзна цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од ...
Позитивен на коронавирусот бизнисменот Орце Камчев присуствуваше на судењето за „Плацeви на Водно“ во кој е обвинет, потврди неговиот адвокат Гоце Ристовски пред судијата Илија Трпков на почетокот на рочиштето. -Обвинетиот Јордан Камчев имал контакт со заболен со симптоми на висока температура и доби боледување од матичен лекар, при што е извршено тестирање и вчера кај него е детектирани присуство на Ковид 19 на брз антигенски тест ...
Во последниот извештај на министерството за здравство беа регистрани 22-ца починати, меѓу кои и 22-годишно лице од Прилеп. „Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица 9 починати лица од Скопје (68г, 73г, 77г, 81г, 82г, 84г, 84г, 86г и 87), по 3 починати од Кавадарци (69г, 78г и 88г) и Битола (66г, 67г и 73г) и по едно починато лице од Демир Капија (73г), Куманово (86г), Неготино (87г), Прилеп (22г), Струга (76г), ...
Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 5.446 тестови, а регистриран е 1.861 нов случај на ковид-19: Скопје – 908, Битола – 115, Кавадарци – 100, Куманово – 88, Тетово – 75, Прилеп – 69, Велес – 54, Струмица – 50, Гостивар – 45, Охрид – 41, Штип – 37, Гевгелија – 34, Неготино – 32, ...
Доцна синоќа починал Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските „Алфи“ кај ПМФ. Од МВР потврдуваат дека кај нив е пријавена смрт на затвореник од КПУ „Идризово“, Ќ.Р. (52) од Куманово. Ќерими починал како последица на мозочен удар. Бил пронајден без свест во затворската бања, а починал при транспортот во болница. Одбраната на лицата кои добија казна доживотен затвор со ...
Ќе те убиеме многу брзо ако не ги ослободиш новинарите од телевизија „Алфа“, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ. Вакви закани преку препорачана пратка вчера добил републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески. Пратката, како што соопштуваат од обвинителството, била пратена од Пошта Битола на 17 јануари, а двете писма што му стигнале се напишани на македонски и на англиски јазик. -Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет ...
Се очекува да поскапат цигарите на домашниот пазар, најверојатно уште од почетокот на следниот месец. Според неофицијалните информации од тутунската индустрија, цената на цигарите за една кутија ќе порасне околу 10 денари. Растот на цената на цигарите се должи на неколку фактори, објаснуваат од тутунската индустрија. Голем притисок за раст на цената на цигарите врши енормното зголемување на цената на природниот гас, струјата и другите енергенси ...
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека е можно да се воведат санкции лично за рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија ја нападне Украина. На новинарско прашање дали е можно такво нешто во случај на руски напад врз Украина, Бајден одговори потврдно. Американскиот претседател рече дека во блиска иднина би можел да префрли дел од 8.500 американски војници кои се ставени на подготвеност, но вети дека американските војници ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека доколку ескалира конфликтот меѓу Украина и Русија, ќе ги повлече сите припадници на хрватската армија. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за време на неговата посета на фабриката „Краш“ во Загреб, го прашаа: „Каква ќе биде улогата на Хрватска ако избие војна меѓу Украина и Русија“. „Нема вистински виновник во оваа ситуација, но многу е јасно кој ќе биде оштетен. ...
Компаниите Фајзер и Бионтек објавија дека започнале клиничко тестирање на нова верзија на нивната вакцина, специјално направена за омикрон варијантата на коронавирусот. Производителите на вакцини против коронавирус работат на верзии на нивните вакцини кои би биле поефикасни против омикрон, во случај глобалните здравствени власти да одлучат дека е потребна промена. Луѓето кои биле вакцинирани имаат веројатност да бидат заразени со омикрон, но сѐ ...
Компаниите Фајзер и Бионтек објавија дека започнале клиничко тестирање на нова верзија на нивната вакцина, специјално направена за омикрон варијантата на коронавирусот. Производителите на вакцини против коронавирус работат на верзии на нивните вакцини кои би биле поефикасни против омикрон, во случај глобалните здравствени власти да одлучат дека е потребна промена. Луѓето кои биле вакцинирани имаат веројатност да бидат заразени со омикрон, но сѐ ...
Возачот на автобусот на „Беса транс“ е виновен за несреќата на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица, објави Борислав Сарафов, заменик на бугарскиот главен обвинител на Бугарија, како финален заклучок од истрагата што се водеше во Бугарија. Причина за несреќата е губење на контрола на возачот врз автобусот. И високата, да речам несоодветна, брзина која, сепак, не била над дозволената, изјави Сарафов, пренесува ...
Денеска почина Александар Џамбазов. Веста ја објави неговиот син Игор Џамбазов. Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој…напиша Игор. Александар Џамбазов роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен ...
Денеска требаше да започне судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, во време на СДСМ, Драги Рашковски. Предметот е во Апелација на одлучување по жалба поради што процесот се одлага. На него му се суди за злоупотреби при набавка на софтвер и за перење пари. Во случајот се обвинети уште шест лица. Рашковски беше генерален секретар во Владата на Зоран Заев од јуни 2017 до ноември 2020, а потоа до април 2021 извршуваше друга ...
Главниот координативен кризен штаб на синоќешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена, ја достави до Владата и за неа треба да биде дискутирано на следната владина седница, информира владината прес-служба. На седницата на ГККШ, министерот за здравство Беким Сали ја презентирал актуелната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД-19. ...
Не бев позитивен за време на посетата во Охрид, ниту имав симптоми, реагира генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, откако ВМРО-ДПМНE го обвини дека ширел ковид-зараза во Охрид на Водици. -За време на посетата во Охрид, не бев позитивен и немав никакви симптоми – вели Зечевиќ за Фокус, додавајќи дека дури после посетата на Охрид се тестирал, а резултатот на тестот бил позитивен. Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека тој официјално е ...
Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски попладнево ќе бидат официјално пречекани од бугарскиот премиер Кирил Петков на плоштадот „Св. Александар Невски“. Двајцата премиери ќе положат венци пред Споменикот на непознатиот војник Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, не е дел од владината делегација која денеска замина за Софија каде утре ќе се одржи заедничка седница на двете влади. Тој остана во ...
Миле Јанакиески, обвинет во случајот „Топлик“, денеска на суд беше спроведен со полициска придружба откако тоа на претходното рочиште го побара судијата Осман Шабани. Изминатите рочишта за случајот „Топлик“ беа одложени бидејќи обвинетиот Јанакиески го скршил коленото. Во предметот, кој се однесува на продажбата на државно градежно земјиште во Сопиште за изградба на населбата Сончев Град, Јанакиески тврди дека работел ...
Мексиканската новинарка Лурд Малдонадо е убиена во северниот пограничен град Тихуана, соопштија властите, што е второ убиство на медиумски работник во оваа област во последните седум дена. Малдонадо имала повеќедецениско искуство и била убиена во нејзиниот автомобил во предградието на Санта Фе, соопшти државното Обвинителство. Убиството се случи помалку од седум дена откако почина фотографот Маргарито Мартинез, кој беше застрелан во главата пред ...
Во Апелациониот суд денеска се одржува јавна седница по поднесената жалба на пресудата за актерката Силвија Стојановска со која таа е осудена на три ипол години затвор поради кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, односно учество во шверц на 700 килограми кокаин од Јужна Америка во Шпанија. Одбраната бара Апелациониот суд да ја укине првостепената пресуда и предметот да го врати на повторно судење или ...
САД синоќа соопштија дека наредиле да се вратат дома членовите на семејствата на вработените во Амбасадата во Украина, повикувајќи ги сите американски граѓани да размислат за заминување поради заканата од руска воена акција. Американскиот Стејт департмент соопшти дека одобрил „доброволното заминување на американските државни службеници и наредил заминување на членовите на нивните семејства од Амбасадата во Киев поради континуираната закана ...