
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Дописничката на „Вашингтон пост“ Изабел Хуршудјан која е со седиште во Одеса се огласи на Твитер и истакна оти рано изутринава се слушнале силни експлозии во центарот на градот и додаде оти најверојатно е погодено складиште за гориво близу пристаништето Триесет и деветтиот ден од војната во Украина започна со серија екплозии кои утринава го погодија пристанишниот град Одеса, а има најмалку три големи пожари во индустрискиот дел во ...
Папата Франциск откри дека размислува да го посети украинскиот главен град Киев. По пристигнувањето на Малта, новинарите го прашале дали ќе ја разгледа поканата на украинските политички и верски власти, на што тој одговорил потврдно. Претходно, папата Франциск во неколку наврати ја осуди руската инвазија на Украина, нарекувајќи ја срамна. Иако Русите најави повлекување од Киев, патувањето на папата Франциск нема да биде без ризик. Папата денеска ...
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, изјави дека не може да ја потврди или негира наводната вмешаност на Украина во нападот на складиштето за гориво во рускиот град Белгород, бидејќи не знаел за сите воени информации, пренесува „Ројтерс“. „Не можам ниту да го потврдам, ниту да го отфрлам тврдењето дека Украина учествувала во ова, само затоа што ги немам сите воени информации“, посочи тој. Според ...
Во рудникот за кафеав јаглен „Соко“ кај Сокобања во Србија се урнал дел од јамата, а рударите останале заробени, јавува Радио-телевизија на Србија (РТС). Директорот на Здравствениот дом Алексинац, Родољуб Живадиновиќ, за РТС изјавил дека несреќата е голема и дека според првите информации загинале осум рудари, а околу 20 се повредени. Тој посочува дека главно се работи за полесни повреди. „Неколку околни центри ги испратија сите ...
Годишните одмори, пандемијата на ковид, интензивни работи во земјоделието, ненамерно пропуштање на некој граѓанин, како и скриен и отворен бојкот се причините зошто над 132 илјади лица не беа попишани. И покрај пропишаните казни за бојкот, никој од граѓаните нема да понесе одговорност. На терен не беа попишани 132 260 луѓе за кои податоците се преземени од административни извори, а причините се неколку, вели директорот на Државниот завод за ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата, како лекар-специјалист по општа медицина, била ангажирана со договор за повремени и привремени работи во Јавната установа Специјалистички завод Демир Капија – станбена единица ...
Британското Министерство за одбрана штотуку го објави својот најнов разузнавачки извештај во кој тие сугерираат дека најверојатно ќе има тешки борби во наредните денови во Киев. „ И покрај руските изјави кои укажуваат на намерно намалување на воената активност околу Чернихив, значителните руски гранатирања и ракетни напади продолжија. Руските сили продолжуваат да ги држат позициите источно и западно од Киев и покрај повлекувањето на ...
По 74 дена поминати на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, со престој на неонатолошките интензивни одделенија, предвремено роденото бебе Викторија, на 18 март замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции, ова денеска преку статус на Фејсбук го напишаа од ГАК. -Трудницата која е прворотка беше хоспитализирана на ЈЗУ УГАК – Скопје на 27.12.2021 година. Бременоста и беше ...
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска излегува на предупредувачки протест пред Собранието и Владата искажувајќи незадоволство што досега не се усогласени платите со минималната плата. Од КСС подолг период бараат усогласување на платите со минималецот за да нема ситуации во кои вработени на различни работни позиции и со различен степен на образование да земаат иста плата. Бараат да се покачи бодот за да може да се задржи распонот на ...
Членовите на СОНК од 11 април стапуваат во генерален штрајк откако вчера не постигнаа договор со Владата за зголемување на платите во образованието. Синдикалците се револтирани бидејќи платите во овој сектор се на границата со законскиот минималец од 18 илјади денари и бараат покачување од 18,5 отсто. Од СОНК соопштија дека анкетите меѓу членството биле клучни за одлуката за генерален штрајк. Од СОНК побараа разбирање од родителите бидејќи со ...
Податоците покажуваат дека од вкупно попишаните лица 54,25 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи, информираше директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Од резидентното население како Македонци се изјасниле 58,48 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци. Од ...
Претреси во Скопје, пронајдени над 600 грама амфетамин, приведени двајца криминалциНа 29.03.2022 околу 04.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош ги лишиле од слобода В.Ѓ.(43) и Н.Т.(31), двајцата од Скопје, поради сомнение дека се сторители на кривични дела тешки кражби. При преглед во возилото „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени повеќе предмети погодни за ...
Портпарол на рускиот милијардер Роман Абрамович потврди за неговата влошената здравствена состојба откако наводно бил затруен за време на мирoвни преговори со украински претставници претходно месецов. Портпаролот не одговори дали и некој друг од руската делегација бил затруен, ниту пак даде одговор кој би можел да го изврши труењето. Претходно Волстрит Џурнал објави дека кај три лица од руската делегација се појавиле истите симптоми, зацрвенети ...
Денес во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата. Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски ...
На Клиниката за урологија, во раните утрински часови заврши втората од двете трансплантации на бубрег, откако во саботата доцна во ноќта семејството на младо момче со мозочна смрт даде согласност за донирање на органите. Покрај бубрезите, екипата на Клиниката за ортопедија направи експлантација и на коскени ткива. – Двајца млади пациенти со болест на бубрезите кои беа на дијализа добија шанса за нов живот. Уште неколку пациенти со малигни ...
Категорија за најдобар филм: „Белфаст“ (Belfast) „Кода“ (Coda) – победник „Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up) „Вози го мојот автомобил“ (Drive My Car) „Дина“ (Dune) „Кралот Ричард“ (King Richard) „Ликориш Пица“ (Licorice Pizza) „Алејата на кошмарите“ (Nightmare Alley) „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog) „Приказна од ...
Екс премиерот Никола Груевски се уште не може да му го “прости” сведочењето на бизнисменот Орце Камчев, за “Плацеви на Водно”, па повторно преку фејсбук статус се обиде да се оправда. -Полека излегува на површина не вистината и не логичноста во последната изјава на Јордан (Орце) Камчев дадена пред неколку дена судот, кога за 180 степени ја смени својата позиција во еден ден во предметот “Плацеви Водно”, одкако ...
Уште четири дена нѐ делат од објавувањето на резултатите од Пописот на население. ТВ21 од извори во Заводот за статистика дознава дел од резултатите во однос на бројот на резидентното и нерезидентното население. Неофицијално дознаваме дека во Северна Македонија живеат 1 милион и 800 илјади граѓани. Заедно со дијаспората сме 2.1 милион, што значи дека околу 300 илјади живеат во странство. Вкупниот број граѓани кои имаат матичен број е 2,5 ...
За време на престојот во Полска американскиот претседател се сретна со украинските бегалци сместени во Варшава, а одржа и говор во Кралскиот. На Украинците им порача дека стои зад нив, а на Русите дека тие не се непријатели и оти одбива да поверува дека народот во Русија се согласува со тоа со проектили и бомби да бидат гранатирани болници, училишта, породилишта и да бидат убивани невини жртви За коментарот дека Путин е касап, се огласи и Кремљ. ...
Младиот шахист Александар од Скопје има 13 години и многу награди и признанија од престижни првенства во шах, а уште толку што допрва треба да бидат освоени. Тоа што има церебрална парализа го прави уште поголем борец со уште поголеми амбиции, а истовремено и позитивен пример како да уриваш ѕидови низ животот со силна желба и соништа пред тебе кои чекаат да бидат реализирани. При крајот на минатата година, во рамките на Екипното првенство на ...
Утринава околу 8 часот во Плоче, Хрватска биле убиени две лица, од кои едното малолетно, а убиецот набрзо бил уапсен во Опузен, пренесоа хрватските медиуми. Мотивите за двојното убиство не се познати, но се претпоставува дека 15-годишникот не бил цел на нападот. Убиствата се случиле на две различни локации. Во тек е истрага. Убиецот наводно дошол на местото на злосторството со Југо 45, а на неговото апсење на бензинската пумпа во Опузен му ...
Становите се во зградата Панорама резиденс. Тоа се три апартмани во квадратура од 750 метри квадрати кои не се под залог или под хипотека, се чуваат за примопредавање, рече бизнисменот Бизнисменот Орце Камчев попладнево во Основниот кривичен суд Скопје даваше одбрана во случајот „Плацови на Водно“, каде е обвинет и сведочеше за тоа кога тој и неговите фирми се вклучуваат во купувањето на атрактивното земјиште. Плацовите првично биле ...
Украинскиот претседател Володомир Зеленски во денешното обраќање преку видео-линк на НАТО Самитот во Брисел ја обвини Русија дека при инвазијата на неговата земја употребила фосфорни бомби. – Повторно, деца умираат, луѓе умираат, изјави тој пред лидерите на шефовите на држави или влади од земјите-членки на НАТО. Тој не приложи никаков доказ за тврдењето дека Русија употребила фосфорни бомби, ниту кажа каде се случил нападот. Зеленски вели ...
Ана Бранковиќ Јовановиќ (31) од Скопје која пред неколку години замина да работи во Соединетите Американски Држави е повредена откако била застрелана на работно место во ресторан во Бур Риџ во Чикаго. На социјалните мрежи се појави апел за донации во кој, како што пишува, девојката била жртва на вооружен напад на работно место од страна на вработен и повредена е на три места. „Погодена е на три места, во рамо, колк и во нога. До сега ...
При вонреден надзор од Вишото јавно обвинителство Скопје, како што информираат од Јавно обвинителство е констатирано дека јавниот обвинител во значителен дел од предметите кои му се доделени во работа не ги презел неопходните дејствија согласно Законот за кривична постапка, соопштија од Јавното обвинителство на РСМ Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител од Основното ...
Како што најави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера лидерите ќе разговараат за испраќање нови борбени групи на истокот на Алијансата, Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка, за да се засили присуството на земјите сојузнички во соседството на Русија, кои стравуваат од евентуален руски напад на нивна територија Освен самитот на НАТО во Брисел ќе се одржат и состаноци на највисоко ниво на Г7 и ЕУ, а Бајдн ќе биде првиот американски ...
Српскиот претседател Вучиќ утрово гостуваше во телевизија Пинк и ги повтори теориите за „вовлекување на Србија во стапица“ поради војната во Украина. „Мислам дека руската и кинеската страна разбираат сè, но ќе биде тешко за нас, ќе биде тешко за Србите, за Косово и Метохија“, рече Вучиќ. „Хрватите велат дека провоцираме во БиХ. А што точно направивме, освен што молчивме на секој чекор? – праша Вучиќ. ...
Руските сили, кои ја окупираа нуклеарната централа во Чернобил, ја ограбиле и уништиле лабораторијата на тоа место, тврдат украинските власти. Државната агенција на Украина за управување со зоната на исклучување соопшти дека Русите ја уништиле Централната аналитичка лабораторија, која преработувала голем дел од радиоактивниот отпад, пренесува Би-би-си. Агенцијата на Фејсбук објави дека лабораторијата има високо активни примероци и примероци од ...
Населението да се подготви за неселективно руско гранатирање на цивилните објекти. Украинската армија со најново предупредување – се очекува руските сили да користат оружје со висока прецизност за да ги уништат опколените градови. Се претпоставува дека руските сили го губат офанзивниот потенцијал и се принудени да повикаат засилување и да ја сменат тактиката. И американскиот претседател Бајден, рече дека Путин е притиснат до ѕид, а според ...
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син од селото Десово, општина Долнени, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик. На 19-ти март, во куќа лоцирана во селото Десово каде престојувал оштетениот од Кичево, тие најпрвин со него започнале вербална ...