
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди за претстојна офанзива на руските сили во источниот дел на Украина, во своето видео обраќање, пренесе Си-ен-ен. „Тие сакаат буквално да завршат и да го уништат Донбас. Да се уништи сè по што некогаш беше познат овој индустриски регион. Токму како што руските војници го уништуваат Мариупол“,тие сакаат да избришат други градови и заедници во регионите Донецк и Луганск, смета ...
По пат на ин витро оплодување, во битолската Болница Плодност беше зачнат Божидар. Пациентката има 49 години и долго време се бореше со неплодност. Направила претходно неколку ин витро оплодувања, но неуспешни, на друго место. Во Болница Плодност ова беше прво и успешно ин витро оплодување. ОВАА НАША УСПЕШНА ПРИКАЗНА Е УШТЕ ЕДНА БРЕМЕНОСТ И ПОРОДУВАЊЕ НА ПРВОРОТКА КОЈА ИМА 49 ГОДИНИ. ПОРОДУВАЊЕТО БЕШЕ НАПРАВЕНО СО ЦАРСКИ РЕЗ, А ПАЦИЕНТКАТА ...
Солзавци, шок бомби и други предмети биле украдени од магацин на полицијата во Охрид. Информацијата утрово ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, се работи за помошен магацин за расходна опрема лоциран во старата Касарна. – Во СВР Охрид вчера 12 часот и 30 минути е пријавена тешка кражба од помошен магацин за расходувана опрема на СВР Охрид кој се наоѓа во Стара касарна при што се одземени солзавци, шок бомби и ...
Двата хотела „Мериот“ на скопскиот плоштад Македонија се привремено запленети од Основниот кривичен суд, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал во рамки на истрагата на предметот „Империја“. Обвинителката Вилма Русковска за Телма вели дека дел од одземениот имот е под хипотека, а дел е во гаранциите на Мијалков за да излезе од притвор. Од обвинителството соопштија дека барањата се ...
Денеска на граѓанското рочиште во кое бизнисменот Орце Камчев ги бара назад парите земени во случајот „Рекет“, ја повлече тужбата против третоосомничениот Зоран Милески-Кичеец. Судијата Андреј Димовски на денешното рочиште констатираше дека Кичеец не е дел од тужените од кои се бара надоместок на над 92 милиони денари. Камчев оретходно бараше еден милион евра да му исплатат Бојан Јовановски-Боки 13, Катица Јанева и Милески-Кичеец ...
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, потврди дека постои документ кој Македонија е подготвена да го прифати. „Да, има еден таков документ којшто ние сме спремни да го прифатиме, меѓутоа се додека не добиеме одговор дека е прифатлив и за Република Бугарија сметам дека не се созреани тие предуслови за да можам јас да ги информирам пратениците и јавноста, бидејќи тој може да биде одбиен и тогаш сето тоа би било непотребно“, ...
Комитетот на Светската здравствена организација за вонредни прашања едногласно оцени дека не е време да се „спушти гардот“ пред пандемијата на ковид-19, изјави претседателот на Комитетот, Дидие Хусин, наведувајќи дека ситуацијата со пандемијата ковид-19 е далеку од завршена“. -Беше констатирано дека ситуацијата со пандемијата ковид-19 е далеку од завршена: циркулацијата на вирусот е сè уште многу активна, смртноста е ...
Премиерот Димитар Ковачевски синоќа ноќта ја поминал во болница, најверојатно, поради труење со храна, а денеска е пуштен во добра состојба. „Премиерот беше примен со болки во стомакот, најверојатно, од труење со храна. Му беше пружена целосна здравствена нега по што состојбата веднаш му се подобри. Вечерта е задржан заради опсервација, а денеска е пуштен во сосема добра здравствена состојба“, велат од Владата. Ковачевски ноќта ја ...
Доскорашниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, останува во притвор во истражниот затвор „Скопје”, бидејќи денеска Кривичниот совет го потврди решението на судијата на претходна постапка. -Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по жалба на одбраната на осомничениот М.З. во однос на решението на судија на претходна постапка, денеска одржа јавна седница во присуство на странките, ...
Кризниот штаб на Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се укине носење маски во затворен простор. Исклучок ќе биде јавниот и такси превоз, здравствените установи, аптеките и домовите за стари лица. Одлуката треба да помине и на седница на Влада, односно за укинување на оваа мерка за заштита од ковид-19 ќе се расправа на следната владина седница. Меѓу усвоените заклучоци кои Комисијата ги достави до Кризниот штаб се и ...
Момчето кој ја прегази кај Сити Мол Викторија Николова која почина од ударот е виновен и осуден на три години затвор и доби забрана за управување моторно возило. Јордан Георгиев е виновен затоа што на 20 јануари , не се придржувал кон прописите со поголема брзина од дозволенета брзина , на обележан пешачки обележан премин удрил во пешакот Викторија Николова , отфрлил на 28 метри и удрил во Леоднид Даов кој здоби повреди. Николова од тешките ...
Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје, донесе решение да го прифати предлогот на обвинителството и на двете приведени лица, осомничени за убиство на хрватскиот ракометар, Денис Тот, им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, заради постоење опасност од бегство и можност да влијаат и да ја попречат истрагата. Tри лица се осомничени за убиство на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот, меѓу кои и 19-годишна ...
Французите денеска гласаат на првиот круг од претседателските избори. Актуелниот претседател Емануел Макрон е фаворит во анкетите. Но, неговата предвидена маргина на победа е многу помала отколку кога беше избран во 2017 година, а тој се соочува и со жестока конкуренција од Марин Ле Пен од крајната десница. Ако победи, Макрон ќе биде првиот француски претседател по Жак Ширак во 2002 година кој освоил втор мандат. Анкетите покажуваат дека ...
Во врска со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, министерот за здравство Беким Сали согласно Законот за здравствена заштита и Законот за санитарна и здравствена инспекција иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третманот на младиот ракометар, соопшти Министерството за здравство. По повод смртта на прерано починатиот хрватски ракометар, од Министерството за ...
Вил Смит нема да може да присуствува на наградите Оскар кои ги доделува Американската филмска академија во следните 10 години, како резултат на неговото удирање на комичарот Крис Рок на сцената за време на овогодишната церемонија, пренесе Си-Ен-Ен. „Одборот одлучи, во период од 10 години од 8-ми април 2022 година дека господинот Смит ќе има забрана лично или виртуелно да присуствува на настаните на Академијата, меѓу нив и на наградите ...
Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против едно лице за кое постојат основани сомненија за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, судија на претходна постапка по произнесување на надлежниот обвинител и осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот, а притоа ценејќи ги сите факти приложени во ...
Неговиот брат, Борис, кој исто така е ракометар и настапува во Холандија вечерва на Фејсбук ја откри причината за смртта на Денис. Младиот ракометар починал од срцев удар! „Им благодарам многу на господата новинари за нивната „професионална“ работа. Може само да се срамите од ширење дезинформации во јавноста и ширење лаги за собирање кликови. Денис почина од срцев удар, а не од некакви телесни повреди, тепачки и други глупости ...
Почитуван претседател на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Димитар Ковачевски Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен.Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија. Верувам во институциите на системот, ...
„Мислам дека знаеме каде се парите“, вели за ДВ, обвинителката за борба против организиран криминал, Вилма Русковска во врска со случајот којшто беше обелоденет во петокот (08.04) за злупотреби направени во Генералниот секретаријат на Владата. Детали за целиот случај допрва се очекува да бидат обелоденети. Русковска за Дојче Веле објаснува дека предметот за проневера против генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири и уште ...
Над 30 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во денешниот ракетен напад врз железничка станица во Краматорск во источна Украина , изјави шефот на националната железничка компанија. – Повеќе од 30 луѓе загинаа, а над 100 се повредени во ракетниот напад врз железничката станица Краматорск. Ова е намерен напад врз инфраструктура на железницата и жителите на Краматорск“, напиша Александар Камишин на социјалните мрежи. Украинското ...
Бојан Јовановски – 9 години затвор Фросина Ременски – ослободителна пресуда Миле Јовановски – условна осуда Јасна Ерцеговиќ – 4 години затвор Христина Блажевска – 1 година затвор Казните за обвинетите се неправосилни – а се за случајот Меѓународен Сојуз. Според обвинителниот акт, во периодот од 8 јули 2017 година до 13 април 2018 година првообвинетиот, како претседател на обвинетата невладина организација ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се обрати во грчкиот парламент. Зеленски ја прифати поканата да се обрати на собранието од неговиот спикер Константинос Тасулас, по телефонскиот разговор со премиерот Киријакос Мицотакис во минатиот петок. „Важно е грчкиот парламент да ја слуша пораката на претседателот, кој заедно со неговата земја се брани од варварска и нелегална инвазија“, рече Мицотакис по Самитот на ЕУ во ...
На управителот на фирмата “Бауер БГ” му е одреден 30 дневен притвор, а на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи, Васе Донев, куќен притвор, откако денеска беа осомничени во истрагата за еден дел од случајот”Скопје 2014″, предмет на СЈО. -Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје попладнево делумно го прифати предлогот на обвинителството и на првоосомничениот со Решение му ...
Основниот суд во Струмица денеска ги осуди на условни казни затвор поранешната директорка на ЈП „Македонска радиодифузија“ Јулијана Спировска на две години условно и технички директор, Драгослав Радески на година и половина условна казна затвор за хеликоптерската несреќа што се случи во јули 2014 година во која загинаа четворица пилоти на МВР. Неправосилните казни се поради сторено кривично дело „Тешки дела против општата ...
Славица Грковска, потпретседателка на Владата задолжена за политики за добро владеење, му напишала писмена опомена на министерот за правда Никола Тупанчески за кршење на Етичкиот кодекс за избрани и именувани функционери, за гратис патувањето и картата во вип-ложата на натпреварот меѓу Италија и Македонија во Палермо. Иако сите јавни функционери од Македонија во ложата таа вечер беа на покана на Фудбалската федерација на Македонија, сепак ...
За само 24 часа Илон Маск направи вистински шок на Твитер. Акциите на компанијата вртоглаво пораснаа и благодарение на тоа, корисниците на оваа социјална мрежа може да добијат една од опциите што ја бараа со години. Да потсетиме, Маск најпрво објави дека поседува нешто повеќе од 9 отсто од акциите на Твитер, што ја катапултираше цената на акцијата, а набргу потоа објави анкета на Твитер во која ги праша корисниците дали сакаат можност да ...
Уште едно скандалозно откритие откако заврши деталната истрага од страна на експертите ангажирани во име на жителите на Питу Гули, со цел да се покријат сите недостатоци во даденото Одобрение за градба во корист на фирмата Маркеза од страна на Општина Центар. Фирмата во својата документација до Општината доставила геомеханички елаборат кој се однесува за друга адреса. Геомеханичките елаборати служат за детално испитување на земјиштето на кое се ...
Животот во Киев полека се враќа во нормала иако во градот работат само продавници за основните намирници, вели новинарката Кристина Атовска, којашто моментално е во Украина. Во своето вечерашно вклучување во „Емисија 200“, на Алсат ТВ говореше за состојбите во Киев. „Во Киев животот полека се враќа во нормала, колку што може да се врати. Работат само супермаркети. Некои луѓе веќе почнаа да се враќаат назад и работат единствено ...
Европската комисија (ЕК) предложи петти пакет санкции против Русија, по снимките од злосторствата во Буча, град во близина на главниот град Киев. Според претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, најновиот пакет има шест столба. Забрана за увоз на јаглен од Русија во вредност од четири милијарди евра годишно, целосна забрана за трансакции за четири клучни руски банки, забрана за пристап до европските пристаништа на руски бродови, таргетирани ...
Тренерот по џудо од Прилеп е осуден на 20 години затвор за злоставување на малолетнички. 46-годишниот тренер доби притвор од 30 дена, откако беше осомничен дека сторил неколку продолжени кривични дела „обљуба со злоупотреба на положбата“. Истрагата откри дека се злоставувани три девојчиња од 14 години, пред кои тој блудничел, им се втурнувал да ги бакнува и да врши друго сексуално-насилно однесување, искористувајќи ја положбата како ...