,,Државата немала никаква штета од набавките на мазут за ,,ТЕЦ Неготино”, туку само корист. Во спротивно ќе сме имале големи рестрикции на струја”. Ова денеска го соопшти обвинителката Катерина Коларевиќ, која по 14 месеци истрага, вчера донела одлука да ја затвори истрагата за случајот ,,Тец Неготино”, предмет кој тежи 167 милиони евра. -ЕСМ не пријавиле штета. Сме немале никаква штета, сме имале единствена корист. Во спротивно ќе сме имале ...

Петнаесетгодишник заврши во полиција откако вчера влегол во основно училиште и со нож пробол негов врсник со што му нанел тешки телесни повреди, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15 годишник, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар ...

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, наместа повремено со брзина над 80 km/h. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Попладне во делови од котлината ќе услови за појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...

Во изминативе денови, граѓани пријавуваат појава на змии во повеќе делови од Скопје. Снимки и фотографии се споделуваат на социјалните мрежи. Змии биле забележани на патот меѓу Горно и Долно Лисиче на 29 април, кај Кванташкиот пазар на 11 мај, како и во населбата Аеродром, на улицата „Владимир Комаров“ број 27, на 10 мај. Иако појавата кај граѓаните предизвикува страв и вознемиреност, експертите посочуваат дека ова не е невообичаена појава за ...

Во Апелациониот суд денеска беа разгледувани жалби поврзани со пресудата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежоски. За овој грозоморен чин, Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на доживотен затвор. Но, тие побараа укинување на првостепената пресуда и враќање на постапката на повторно судењео. Во исто време Обвинителството бара да се преиспита ослободителната пресуда за таткото ...

Шпанија почна сложена здравствена операција за евакуација на патниците од крузерот MV Hondius, на кој беше регистриран кластер на хантавирус со три смртни случаи и повеќе заразени или сомнителни случаи. Бродот пристигна кај Тенерифе, на Канарските Острови, но не е дозволено редовно пристанување. Наместо тоа, патниците се симнуваат во мали групи, под медицински надзор и со строги изолациски мерки. Според Светската здравствена организација, ...

Над 100 луѓе се разболеле од норовирус на крузерот „Карибиан Принсес“, соопшти Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC). Според податоците, досега симптоми на инфекција наводно биле пријавени кај 102 патници и 13 членови на екипажот. Заразените најчесто се жалеле на стомачни тегоби, вклучувајќи дијареја и повраќање. Епидемијата е забележана за време на крстарење кое трае од 28 април до 11 мај. Бродот моментално плови низ ...

На 29.04.2026 Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетнички (една 17- годишна и три 14-годишни) сите од Скопје, поради основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „насилство“ предвидено и казниво по член 386 од КЗ. Во два одделни настани, на 27.03.2026 и на 30.03.2026 година пријавените физички нападнале 13-годишна малолетничка, а видео запис и фотографии од ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска беше објавена пресудата за Стојанче Јовановски, кој беше обвинет за три кривични дела – телесни повреди како продолжено дело во рамките на семејно насилство, загрозување на сигурноста, како и наведување и помагање во самоубиство, во случај поврзан со трагедијата од 2 март годинава, кога животот го загубија неговата сопруга Ивана Јовановска и нивната шестгодишна ќерка Катја. Стојанче Јовановски е ...

Туристичкиот крстосувач Хондиус, кој по појавата на смртоносниот хантавирус со денови беше закотвен кај Зеленортските Острови, го напушти овој архипелаг покрај западниот брег на Африка. По повеќедневна неизвесност, конечно има надеж за околу 150-те луѓе на бродот. Шпанија му дозволи на бродот, кој плови под холандско знаме, да вплови во пристаниште на Канарските Острови. Хондиус исплови од Зеленортските Острови и се упати кон канарскиот ...

Со презентација на албум со над 90 фотографии од увидот по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс” во Кочани, извршен на 16 март лани и во деновите потоа, вишиот обвинител Дарко Јакимовски почна да ги поткрепува изјавите на досега сослушаните сведоци во големиот судски процес против 35 обвинети. Фотографиите покажуваат пустош и пепел. Патики насекаде, тесна влезно-излезна врата единствена за евакуација, уште една задна врата запечатена со ...

По вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски која беше протолкувана како најава за предвремени парламентарни избори, денеска тој вели дека избори годинава ќе нема. – Некои од партиите се исплашија од таа моја изјава, јас следам. Мојот став е дека оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на консолидација. Би сакал да имаме редовни избори коишто ќе се случат пролетта 2028 година, а дали 2027 година е опција, знаете дека ...

Првата судска пресуда поврзана со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани донесе условни затворски казни за тројца полицајци, осудени за злоупотреба на службената положба. Судот утврди дека контролите биле спроведени само формално, без суштинско исполнување на законските обврски, што, според судијката, создало привид на правна заштита и овозможило злоупотреби. Основниот кривичен суд во Скопје на полицајците Кире Богатинов и Горан Лазаров им ...

Министерството за образование и наука (МОН) започна процедура за поништување дипломи на Филозофскиот факултет при УКИМ и на Славјанскиот универзитет поради констатирани сериозни неправилности, потврди денеска министерката Весна Јаневска. Случаите веќе се пријавени во Јавното обвинителство за понатамошно постапување. На овој факултет Министерството поништува осум дипломи на веќе поништени осум уписи. Како што рече Јаневска, станува збор за ...

Во земјава денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Бројни делегации и граѓани денеска ќе положат цвеќе и ќе се поклонат пред горобот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а предвидена е панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на која е најавено и присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Цвеќе на неговото вечно почивалиште, како што е најавено, меѓу ...

Вчера на подрачјето на Скопје се санкционирани 113 возачи на мотоцикл, од нив четворица поради управување мотоцикл со несоодветна категорија, 17 санкции за управување велосипед со помошен мотор без возачка потврда и 45 поради возење без заштитна кацига. Три мерки се изречени за нерегистрирани мотоцикли, три санкции за неносење сообраќајна дозвола, две за движење по несодветна површина, две за незастанување на даден знак и 37 мерки по останати ...

Рио де Жанеиро – Колумбиската поп-ѕвезда Шакира синоќа воодушеви милиони луѓе со бесплатен концерт во Рио де Жанеиро на легендарната бразилска плажа Копакабана. – Никогаш нема да го заборавам овој настап – рече Шакира на крајот од шоуто, кое траеше нешто помалку од два и пол часа и беше најавено како најголемо во нејзината кариера. Публиката беше проценета на два милиони луѓе. Таа изведе голем број од своите најголеми хитови како „Waka Waka“ ...

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на 12.04.2026 околу 04:50 часот. „Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална ...

Денеска премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на Охрид присуствуваше на поставување камен-темелник на изградба на катна гаража (зад Градски пазар) во Охрид. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, изјави дека почетокот на изградбата на катната гаража претставува историски момент за градот, со кој се заокружува циклусот на приоритетни инфраструктурни проекти реализирани во изминатите години. „Со ова се заокружува она што, ...

Не запираат реакциите кај партиите од албанскиот блок откако министерот за одбрана, Владо Мисајловски положи цвеќе на спомен-плочата на баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“, поставена во спомен на загинатите специјалци и полицајци во масакрот кај Вејце во 2001 година. Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари смета дека УЧК и нејзините борци не се терористи и бара веднаш да се смени натписот на плочата. Според ...

Цената на суровата нафта од типот „Брент“ забележа драстичен скок, достигнувајќи го највисокото ниво во последните четири години. Овој пазарен потрес следува по извештаите дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде брифиран за нови воени опции во однос на Иран. Глобалниот репер за нафта скокна за 7,1 процент, достигнувајќи 126 долари за барел, додека американската лесна нафта (WTI) ја надмина границата од 110 долари, објави 4news.mk ...

Македонија падна за три места на глобалниот Индекс за слобода на медиумите што денеска го објави меѓународната организација „Репортери без граници“ со седиште во Париз. Имено, откако лани се најде на 42. место, земјава во најновото оценување е рангирана како 45. И се наоѓа во друштвото на земји во кои состојбата со слободата на медиумите се оценува како „проблематична“. Како што може да се види од извештајот, Македонија бележи пад во сите пет ...

Во судницата беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите недвосмислено потврдуваат дека смртта кај сите настапила насилно. Смртоносниот чад: Над 50 лица починале од јаглерод моноксид Читањето на ...

Напаѓачот кој во неделата се обиде да влезе на вечерата на дописниците од Белата куќа е обвинет за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Министерството за правда на Соединетите Американски Држави. Осомничениот, 31-годишниот Кол Томас Ален од Калифорнија, се соочува и со две федерални обвиненија – употреба на огнено оружје при извршување насилно кривично дело и транспорт на оружје и муниција преку државни граници ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американската администрација има индикации дека врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е жив, но дека постојат многу отворени прашања во врска со неговата вистинска улога на власт во Иран. Во интервју за „Фокс њуз“, Рубио рече дека клучните прашања се поврзани со тоа дали Хамнеи навистина има политички авторитет и донесува одлуки во земјата, сенаведува во соопштенијата на ...

Семејното насилство е проблем што со години бил јасно видлив и во институционалната пракса, но и во статистиката и предолго се третирал фрагментирано со задоцнета реакција и без суштинска координација меѓу институциите, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната надзорна расправа организирана од собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. Тема на надзорната расправа беше „Спроведување на законите, ...

Јане Ченто, еден од обвинетите за случајот „27 Април“ денеска информираше дека е поднесена кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В.Р., поради сомнежи за попречување на правдата и злоупотреба на службената положба и овластување. Ченто информира дека до Јавното обвинителство се доставени документи, заверени изјави и вештачења кои, според него, отвораат сериозни сомнежи за попречување на правдата, притисоци врз сведоци и ...

Европа се соочува со редок и опасен метеоролошки пресврт. Силен „Омега блок“ над Северниот Атлантик и Гренланд насочува арктичка воздушна маса директно кон исток и југоисток од континентот, што ќе предизвика нагло опаѓање на температурите, пишува „Severe Weather Europe“. Оваа доцнопролетна студена инвазија доаѓа по невообичаено топлиот почеток на април, кога температурите достигнуваа и до 25 °C, што ја забрза вегетацијата и ги направи ...

Светските лидери остро го осудија инцидентот што се случи во Вашингтон, кога вооружен маж отвори оган на контролен пункт во хотелот Вашингтон Хилтон, каде се одржувала свечената вечера на Здружението на дописниците од Белата куќа, на која присуствувал и американскиот претседател Доналд Трамп. Лидерите го оценија настанот како чин на „политичко насилство“, при што повеќемина изразија олеснување што претседателот, првата дама и сите гости се ...

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Гостивар приведоа 29-годишен маж со иницијали Т.Б. од гостиварското село Здуње, под сомнение за тешко кривично дело кое вклучува сексуално насилство и уцена на малолетно лице. Како што информираат од Секторот за внатрешни работи – Тетово, случајот бил пријавен вчера од страна на 42-годишен жител на Гостивар. Тој во полициската станица пријавил дека пред неколку ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
7.2
48%
1007
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
49%
1009
weather icon

Загреб

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
46%
1008
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
47%
1008
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
9.15
39%
1007
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
50%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
6.17
38%
1004
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
52%
1007
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
6.69
27%
1006
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
5.66
52%
1004
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
5.66
37%
1007
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
56%
1005
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Бакар

13.33

Рутениум

51376.89

Родиум

320703.70

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Калај

55.66

Платина

68063.13

Сребро

2786.34

Алуминиум

3.61

Злато

151086.58

Иридиум

253540.09

Паладиум

47776.01