Русија нема да учествува на годинашната Евровизија во Торино откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја исфрли од натпреварувањето како резултат на воената инвазија во Украина. Ова следува само ден откако ЕБУ кажа дека Русија сигурно ќе учествува, опишувајќи ја Евровизија како неполитички културен настан. „Ние остануваме посветени на заштитата на вредностите на ова културно натпреварување кое промовира меѓународна размена и ...

ЕУ се подготвува да ги замрзне средствата на рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров како дел од третата рунда санкции против Русија, пишува „Фајненшл тајмс”. Министрите за надворешни работи на ЕУ попладнево планираат да одобрат нов пакет санкции, заедно со низата мерки против руските банки и индустрија. На Путин и на Лавров нема да им се забрани да патуваат, пишува ФТ, нагласувајќи ја ...

„Анонимус официјално е во сајбер-војна против руската влада“, напишаа тие на Твитер. Хакерските активисти собрани во колективот Анонимус немаат раководство ниту се знае кои се членовите. Нивното мото е „Ние сме мноштвото“, што значи дека се голем број поединци. Бидејќи нема раководна структура, секој може да тврди дека е нивен член. Тоа исто така значи дека нивните членови може да имаат различни цели бидејќи немаат ...

“Ги прашав – дали сте со нас?“, рече Зеленски. „Тие ни одговорија дека се со нас, но не сакаат да нѐ земат во алијансата. Ги прашав 27-те лидери на Европа, дали Украина ќе биде во НАТО, директно ги прашав – сите се плашат и не одговорија.“ „Оставени сме сами да ја браниме нашата држава“, рече Володимир Зеленски во емотивното видеообраќање до нацијата по полноќ. „Кој е спремен да се бори ...

„Руската војска ја проби државната граница во Киевската област. Непријателите влегоа преку преминот Вилч, а нашите граничари заедно со војската се спремни за борба“, соопшти министерството за внатрешни работи на Украина. Дописникот на Си-ен-ен од Киев објави на Твитер снимка на која наводно се гледа голема јуришна операција со хеликоптери на меѓународниот аеродром Антонов. Како што наведе Кристофер Милер, станува збор за територија ...

Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа – вели претседателот на Македонија Стево Пендаровски во официјално соопштение. Како НАТО членка, вели шефот на државата, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените ...

„Воената инфраструктура, објектите за противвоздушна одбрана, воените аеродроми и воената авијација на украинските безбедносни сили се онеспособени со многу прецизно оружје“, цитира руската агенција Тас извори во руското Министерство за одбрана. Украинската армија, пак, според сопствени наводи, соборила пет руски авиони и еден хеликоптер во регионот Луганск. Русија, според руската агенција РИА, ги демантира ваквите информации. ...

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 96,05 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 96,22 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 114,65 на 115,05 јени. Но, американската валута ослабна во однос на европската, па цената на ...

На денешниот состанок е одлучено до Владата да се препорача укинување на мерките за излез од државата односно неопходниот негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација или прележан вирус. Според неделниот извештај на ИЈЗ минатата недела бројката на нови случаи е намалена за 30 отсто СКОПЈЕ – Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучи да и препорача на Владата укинување на задолжителниот ПЦР тест какои сертификат за ...

Со истекот на мандатот на почетокот на декември годинава на судијата Вангелина Маркудова ќе настане блокада на Уставниот суд и со тоа дефинитивно угледот на Република Северна Македонија би бил максимално нарушен и пред меѓународната јавност, изјави претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска пред почетокот на дебатата на тема „Улогата на Уставниот суд во заштитата на правото на здрава животна средина“. Кацарска вели дека во тој ...

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа потпиша извршна уредба со која се забрануваат инвестиции, трговија и финансирање, кои би ги извршувале граѓаните на САД со отцепените региони во источна Украина. – Потпишав извршна уредба за да се спречи Русија да профитира од сериозно кршење на меѓународното право, напиша Бајден на Твитер. Тој изјави дека САД ги продолжуваат консултациите со сојузниците, партнерите и со Украина за следните ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше ситуацијата во Украина. „Загрижен сум. Нашата позиција не е лесна. Политичкиот притисок врз Србија поради одлуката на Путин ќе се зголемува. Само она што го доживеав во последните три дена ги потврдува моите зборови“, рече Вучиќ. „Претстои тежок период за Србија. Денеска по седницата како врховен командант издадов наредба до армијата во секое време да биде на најдобар можен ...

Aмериканскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин начелно се договориле за самит за Украина на предлог на францускиот претседател Емануел Макрон, како можен излез од кризата околу Украина, соопштено е рано утринава. Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека на двајцата претседатели им предложил самит за „безбедност и стратешка стабилност во Европа“. Белата куќа во соопштението наведе дека ...

Социјалната мрежа на Доналд Трамп Truth Social, достапна на онлајн продавницата на Епл од понеделникот, е новиот медиумски канал на екс републикански претседател на САД откако минатата година му беше забранет пристапот до други онлајн платформи. Апликацијата стана достапна за преземање кратко по полноќ по американско време и автоматски се инсталираше на уредите на Епл на претходно регистрираните корисници. Интерфејсот на апликацијата, која се ...

Веруваме дека во следните денови или недели, Русија ќе ја нападне Украина, што вклучува и напад на Киев, главниот град на Украина кој има повеќе од 2 милиони жители. Ова го кажа претседателот на САД, Џо Бајден за време на вчерашното обраќање. Новинарите го прашале дали смета дека Владимир Путин донел одлука дека ќе ја нападне Украина. „Во овој момент мислам дека донел одлука. Уверен сум дека одлуката е да ја нападне Украина“, рече ...

Со оглед на тежината на кривичното дело за кое се товари, јавниот обвинител оцени дека сè уште постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор Момчето кое на пешачки премин со автомобил ја удри 24 годишната Викторија Николова, која им подлегна на повредите на лице место, се здоби со обвинение за кривично дело-тешки ...

Пожарот избувнал на брод под италијанско знаме во Јонско Море со 237 патници и 51 член на екипажот на релацијата меѓу грчкото пристаниште Игуменица на северозапад и Бриндизи во источна Италија, извести утринава грчката пристанишна полиција. Сите патници се безбедни и се качени во чамци за спасување, изјави грчкиот државен секретар за трговската морнарица, Костас Кацафадос, за грчкото радио „Скаи“. „Капетанот на бродот Еурофери ...

Матичните лекари денеска ќе примаат само пациенти на кои им е неопходна итна помош, a за останатите „мој термин“ нема да функционира. Тие се незадоволни поради неисполнетите барања околу малата капитација и финансиските шокови кои можат да доведат до затворање на амбулантите. Велат дека со оваа цена на капитацијата по пациент, не можат да издржат да ги покријат своите трошоци. Претседателката на здружението на приватни лекари, Лилија ...

Алина Паш пред неколку дена победи на украинскиот избор Видбир 2022. Требаше да ја претставува Украина на Евровизија со песната „Tini Zabutykh Predkiv“, но не повеќе. Во соопштение објавено на Инстаграм, таа го најави своето повлекување од Евросонг и јасно стави до знаење дека актуелната сага за нејзината посета на Крим во 2015 година е премногу за неа. „Не сакам повеќе да бидам дел од оваа валкана приказна,“ напиша таа ...

„Една може ве поканува да учествувате и да го поддржите протестниот марш на 13.02.2022 година во Скопје со почеток од 13:00 часот со првична собирна локација од „Жена Парк”. Мирниот маршот ќе се движи регулирано се до Министерството за труд и социјална политика. Со ова сакаме да ја искажеме и прикажеме сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност и сите чинители во македонското општество. ...

Град Скопје поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања против ексградоначалникот Петре Шилегов и поранешната претседателка на Советот, Љубица Јанчева од СДСМ, информира денеска Данијел Апостолоски од прес-службата на Данела Арсовска. Тој тврди дека Шилегов и Јанчева незаконски трошеле пари од градскиот буџет за организирање предновогодишна прослава во кафеана во 2019 година. Поранешната претседателка, тврди ...

Русија соопшти дека повлекла дел од трупите кои учествувале во воените вежби на границата со Украина и ги вратила во касарните, во потег кој се толкува како прв чекор кон можна деескалација на кризата во регионот. Руското Министерство за одбрана во вторникот соопшти дека иако воените вежби на границата продолжуваат, дел од војниците во јужното и западното крило го завршиле своето учество и почнале да се враќаат во касарните. Ваквиот развој е ...

Во експлозија што се случи синоќа во 1.30 часот во зграда во малото гратче ССен Лоран-де-ла-Саланк во Франција, загинаа најмалку седум лица, меѓу кои и деца. Според локалните медиуми, евакуирани се 25 лица. По експлозијата следел пожар кој се проширил на соседните згради. Локалната радио станица France Bleu наведува дека експлозијата се случила во приземјето на зградата, во продавница за храна Во близина на зградата каде што се случила ...

Три лица се заразени со новата подваријанта на омикрон позната како „стелт” од кои две се од Скопје, а едно од Струмица, информираа за МИА од Министерството за здравство согласно податоците од лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институт за јавно здравје. Извршено е секвенционирање на 41 позитивен примерок на SARS-CoV-2 од: Скопје – 13, Тетово – 4, Гевгелија – 4, Велес – 3, Кочани ...

Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1 000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент Од денеска почнува скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на ковид-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки. Тестирањето се планира да ...

Командантот на територијалната противпожарна бригада Скопје, Звонко Томевски, изјави дека пожарот, кој е една од причините што Скопје остана без струја, кај нив бил пријавен во 17:45 часот како пожар во трафостаница во населбата Пинтија. Но, кога пристигнале на местото виделе дека пожарот не е во трафостаницата, туку надвор од неа, а настанал поради искрење на долноводот. „Во 17:45 часот е добиена дојава за настанат пожар во трафостаница ...

Изгаснат е пожарот што доцна попладнето избувна на стрниште спроти трафостаницата во Пинтија при што голем дел од Скопје остана без струја. Од МЕПСО велат дека напојувањето со електрична енергија било прекинато поради пожарот во близина на трафостаницата за да им се овозможи на противпожарните единици да интервенираат. Претходно, од ЕВН изјавија дека експлозија на високонапонска мрежа на МЕПСО е причината што главниот град потона во мрак. Засега ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го намали ДДВ-то за млечните производи, овошјето, зеленчукот и другата основна храна од 8 на 1 отсто. Мерката доаѓа во позадина на највисоката инфлација во последните 20 години – 48% во јануари. Минатиот месец, претседателот го смени шефот на државната статистика по четврти пат од 2019 година. Турските медиуми објавија дека Ердоган е незадоволен од стапките на инфлација објавени од државната ...

За повеќето од овие обвинети судскиот процес пред првостепениот суд ќе заврши со изрекување пресуда на наредното рочиште откако денеска и тие ќе дадат завршни зборови Откако осум од обвинетите во обемниот судски процес „Титаник“ признаа вина, обвинителката Лиле Стефанова побара условни казни за шестмина од обвинетите меѓу кои Гордана Јанкулоска, Мартин Протуѓер и Билјана Бришковска-Бошковски, а ублажување на предвидените казни за ...

Популарниот композитор Тоде Новачевски ја изгуби битката со тешката болест, канцер. Веста дека починал ја потврди Росана, простувајќи се со него со емотивна порака. На јавноста и е познат по многубројните хитови кои ги направи за сестринското дуо, близначките Маријана и Росана, а во ек на најголемата популарност, заедно со Маријана со која тогаш беа во брак се преселија во Австралија. Таму останаа и да живеат и по разводот, и музичарот до ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
34%
1015
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
5.66
26%
1015
weather icon

Загреб

36ᴼ / 34ᴼ
3.6
27%
1015
weather icon

Софија

33ᴼ / 26ᴼ
3.6
23%
1017
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
5.47
17%
1015
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
6.69
40%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
7.72
43%
1012
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
43%
1013
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
4.63
23%
1012
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 33ᴼ
5.14
26%
1016
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 35ᴼ
1.54
24%
1016
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
11.83
100%
1013
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052